Кој да не нападне? По која цел? Сфаќаш ли дека за некој да бара некаква независност треба да има некоја автономија? Кај нас државава не е поделена на автономни региони, туку е унитарна со централна власт. Не можеш да ја цепкаш и делиш. И независност не се бара со напаѓање, туку демократски преку референдум. Е сега ние сме држава каде што референдум и право на демократија не се почитува. Еднаш излеговме за промена на името на референдум за да влеземе во НАТО. Народот јасно и гласно си го кажа своето мислење и изгласа ПРОТИВ. Ама ти тогаш не ти беше гајле за тоа и секако поддржуваше промена на име и влез во воена организација. Уште тука ја нарече дека била нужно зло. Нужно зло што уби толку голем број на невини цивили, жени, деца во светов? Лицемерие на ниво. Мрш.
Затоа што е претежно со Албанци, дали предлагаш САД да финансира некоја фашистичка група ко Азов за еден народ, една нација, една раса, без ЛГБТ, исто како кај нив и да парадира низ Скопје како што парадира низ Киев? Треба ли и тука САД да ги обучува и да им доставува оружје?Воедно групава да биде припоена со армијата и да ја има сета поддршка од власта? Дали предлагаш дека и тука треба да се отворат логори за цивили за тие што не зборуваат македонски? Не можеш да ми кажеш дека може да постојат вакви логори во една држава а она да не биде свесна за тоа. Во претходниот пост ставив водео со сведоштва од тие луѓе. аМа Битно РуСиЈа НаПаДнАлА нЕзАвИсНа ДрЖаВа И нАс МоЖе ќЕ нЀ нАпАдНаТ. Не дека Путин го заболе за нас и кој ќе напаѓа, ама гледајте ја пошироката слика. Чисто информативно, има и кампови за деца (за деца околу 8-9 години) што ги учат на истиве работи и нивниот слоган е: Let the Moscow lay in ruins, we don't give a damn! Истите тие деца што мислите вие, како ќе се однесуваат спрема останатите во училиште? ТоА е ИсТо Со НаШе Ќе БиДе и СоЛуНсКо ПоЛе, вО пРаВо СтЕ. Свесни сте какви споредби правите и на што повикувате?????? Гледајте малку подалеку од носот, ќе ве молам. Кај нас е обратна ситуација, кај нас може да не добиеш работно место затоа што не знаеш Албански. Попрво нашиот јазик ќе биде забранет. Да се случи такво нешто, биди сигурна дека САД нема да се замара да праќа војска по копно и 16 пати да опоменува да се заштитат цивилите и да повикува за да заврши војната. Ќе нѐ избомбардираат одозгоре и ќе си отидат. Чао, пријатно.
Си имало референдум во Донбас, само кој да прогугла е работата... Резултатите биле во корист на Русија и не биле признаени од Украина, Западот и САД. Во 2018 Путин му предлага референдум на Трамп за тој регион и му дава предлог конкретни мерки за разрешување на целата ситуација, Трамп го одбива. Минскиот договор не е испочитуван воопшто. *Зборувај ми за влијанието од други држави, тивко, полека...
Следам три блогерки украинки, имаат милионска публика и зборат руски. Не се русинки, може некој корен влечат. Скриншотови од телефон пуштаат, ОС-от им е на руски. Во Украина 90% од населението го збори рускиот јазик од раѓање. Се користеше секаде, во школо, по институции, по политички збиднувања и говори. Во 2014 исфорсираа да се користи само украински. Од Зеленски на времето колку комеди скечови на руски има. Интервјуа гледам во Украина, измеѓу Украинци, на руски се. Така шо Косми, плс.
Каде пишав дека ја оправдувам војнава? Каде пишав дека оправдувам бомардирање? Упорно и упорно пробуваме да ви ја доловиме целосната слика. Воопшто не се трудите да истражите малку. ЛИЦЕМЕРНО и дволично е целово сценарио. Тие што ниедна вода не ги пере, ја осудуваат ситуацијава и изиграваат светци, ко на мравка да не згазиле, цвеќе за мирисање се, а имаат удел во ова сѐ. Да сакаат да прекине, ќе прекине одма! Решение било Велика Британија да ги бомбардира Егејците во Грција? Решение е сеа ради тоа јас да не ги слушам Битлси? Ќе барам сеа дали имам лајкнато некоја нивна фан страна на фб, сместа ќе ја одлајкнам. Разум малце... Камо вака сите поборници да бевте за правдата во сите држави.
Боцинов одби задачи на ЈНА, па лежеше затвор. Мирослав Стојановски не одбил. Наредба, или затвор или ќе бидеш воен злосторник.Тоест за Мирослав немаше докази, инаку сигурна сум дека ќе го затвореа. Но, црната дамка му остана, а Владимир Зец има песна за него „Господине генерале“.
Наши студенти истово го потврдуваат што се/беа таму да студираат. Руски јазик генерално се користи неофицијално скоро секаде, украински формално, на факултет и слично. Исто од Киев. И аман пред да ме обвините за нешто, не значи дека се руси или дека ги мразиме, туку едноставно наметнат им бил тој јазик во минатото, се пренел во секојдневниот живот. Нормално е дека после некоја генерација ќе знаат и говорат веројатно повеќе украински отколку руски, особено со последните случувања. Ама дека стои како факт дека руски говорат, стои. Барем луѓево што живееја таму така велат, изненадени дека повеќе се користи руски во неофицијална комуникација. Не знам дали зависи од етникум. До толку не сум упатена. Во официјална, нормално украински.
Затоа велам, од читање по интернет, не можеме да знаеме дали имале соживот или не. Од една страна мешани бракови, од друга страна покољ. На што да веруваш? Да сме живееле таму неколку години, ќе знаевме. Вака нагодуваме. Инаку и ние најново е дека „малтретираме“ Бугари во Македонија, а Бугари на прсти да изброиш ако отидеш во некој град, и тоа дел од времето на бугарската окупација се тука, доаѓале да не освестат дека сме Бугари, да ги школуваат нашите баби, а други се омажиле тука, и ние сега ги „малтретираме“. Приказните си имаат две страни.
Па нормално дека имаат две, три, повеќе страни. Ќе знаеме ние што се случувало точно пример во 2001, за две три генерации кога нас ќе не нема, ќе се учат други факти. Историјата не е егзактна наука, така што може да се искривува, зошто пишаните документи никогаш не ја даваат целосната слика на случувањата.
Кога ќе ги читаш и двете страни, кога ќе истражиш подобро, ќе сфатиш како да ги филтрираш вестите. Целосната вистина невозможно е да се дознае, ама приближната слика може да се оформи. А доколку само одиш со главата во ѕид и немаш никакви аргументи освен - кој кого го нападна? а за Путин си? колкави им се платите у Русија? нема далеку да стигнеш...
САД го замрзнаа рускиот имот затоа што Русија ја "нападнала" Украина, а дали САД исто така ги замрзнаа своите средства затоа што САД го нападна Виетнам и Авганистан и за тоа шо извршија воени злосторства на други земји? Зошто руските медиуми се забрануваат ако западот е светилник на демократијата и слободата на говор? Или ако е руски/кинески, не важи тоа?
Абе со рускиов е као кај нас Додека не го стаија албанскиот задолжителен Сите албанци збореа на албански, македонски да не збореа? Ете ви паралела И факт е дека руски многу се збори И кај другите комшии на Русија Колку постари уште зборат на српски? На тв коа праат анкета Доста пензионери на српски зборат.Им останало од СФРЈ
Да ми речеше некој пред 3/4 години оти ќе го фалам Вучич и дека ќе речам оти препаметно игра ќе го правев будала. Пола држава ни ја вакцинираше, еве сеа и ова ни го дава. Ако ова не го прави со некои задни намери, секоја чест. А нашиве... Од донации живееме, не можам да си поверувам колку е на колена клекната Македонија.
Не знам за Вучичов се трудам да не размислувам на темата и да гледам само гафови, ама ние имаме генерален проблем со пченица, т.е. немаме пченица. На сиот памет извезуваме во Косово пченица плус.... Беше пред некое време ова актуално, стоковите резерви на државно ниво ни се за нешто помалце од месец да има државава. Што би рекла ти гревови гревосани, за нас важи. Да фати војна или друга неможност за увоз, за храна ќе поцркаме, буквално. Ништо сами не произведуваме.
Значи само што отворив да пишам дека овие до вчера шо го исмеваа Вучич од утре ќе јадат српски леб, пошо друг нема. Која иронија... Пс: Ја купуваме, не е донација. Али сепак... друг не продава...
Bajden I Putin da se dogovorat deka vo Ukraina NEMA da ima nuklearno oruzje kade rusite bi bi bile zagrozeni. Voena neutralnost da se dogovorat I Ukraina da prifati. Kiev da si ostane pod kapa na Ukraina ,doneck lugans moze da ima prorusko vlijanie,krim pod rusks kontrola. Da sednat I amerika da se soglasi da ne pravat tenzii so NATO. Da se sopre ognot da se spreci ubiva he na vojnici,civili. ,ekonomski se slabee.m Spored Mene vaka bi se sprecilo vojna.n
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222951810121226&id=1157734884 Focus on this men, what he is doing, that no president has ever done, no president! Фокусирајте се на Путин, он е прв претсетател што започнал војна. Ова е прва војна у цел свет!!! Моментално ова е единствена војна што се води! Оф, бе...