Македонија е клекната на колена само и само од Македонските политичари и никој друг. Зошто увезуваат пченица и пченка од Србија кога на Пелагониските земјоделци им скапува по амбари? За да ја симнат цената? Секако го уништија македонскиот земјоделец и аграр, што повеќе сакаат? Да ги закопаат живи? Македонската пченица беше 15 денари последно кога проверив пред неколки месеци, сега бидејќи е зима сигурно е над 20 денари, цена која што реално не одговата на трошоците. Српската е 20 динари, т.е 10 македонски денари. Ете затоа увезуваат, затоа што им е поевтина и ни е сосед, така да трошоците за транспорт се минимизирани. Кога се прави тендер за јавна набавка особено за надополнување на државни резерви од увоз, се зема во предвид најевтината опција. Ќе напоменам грешка што не даваат предност на македонските производи и државните резерви не ги полнат од наше производство. Нешто што пример го прави Русија и Кина. Поентата ми беше дека Вучич, а и сите останати не сакаат само кога имаат корист. А вие (не лично тебе Кате туку македонскиот народ) ако сте паметни ќе побарате македонски производи да бидат на полиците, а не увезени. Сигурно преферирате да јадетр леб од Пелагонија, а не од Чернобил или осиромашен ураниум од Србија. И пред да почнете со воздухот во Македонија, јас ја имав можноста додека живеам таму да јадам се од сопствено производство, неконтаминирано и без пестицити. И можам да гарантирам за поголемиот дел од целокупното производство кое се произведува таму. Да, немаат изглед и големина како во маркетите (споредено со САД и ЕУ) ама се "вистински". Кога живеев во САД, се што беше од домашно потекло имаше најниска цена но сепак исплатлива за производителот со сигурен пласман. Се што беше увезено иако купено по пониски цени имаше висока даночна стапка, а со тоа и крајна цена, се со цел предност да се даде на домашното производство. И во земјата во која сум сега е исто, ако има вишок на пазарот контејнерите се враќаат назад. Затоа се таму каде што се, а ние сме на дното и секој ден подолу. Извинете што излегов од тема, немав време да прочитам, ова ми падна во око. И истотака се надевам дека конечно и САД и Русија ќе се вразумат и ќе прекинат со фарсава.
Пред 2014 и воопшто не се делеа таму етнички освен Крим каде 99% си се изјаснуваа како руси и си имаа автономија. Другиов дел од Украина, посебно Дњепар и источно од Дњепар луѓето си се изјаснуваа за украинци (најголемиот дел), а си збореа и формално/неформално руски. Најголемиот процент од нив има мешани корени. Или еден родител им е русин, или некој баба/дедо. Не правеа толку разлика етнички, колку што правеа религиски. Имаат 3 цркви: украинска православна црква, руска православна и католичка црква. Освен руската која е поврзана со Москва, другиве две се поврзани со Рим. И обично така на некој начин се знае(ше) кој што е и каде припаѓа ако некој одеше подлабоко да истражува и бара некој етникум. Еве и кои се разликите помеѓу тие два јазика. Македонскиот е посличен со рускиот, а украинскиот има поголема сличност со словачки, чешки, полски и хрватски (месеците). Поради тоа што се отепав од гледање фудбал на руски/украински стримови со малку поголем фокус знам да препознаам кој се зборува. @Elennaa , Секоја чест на постовите. Имаше некои работи пишано што и јас не ги знаев. Секогаш е убаво да се научи нешто ново.
Тоа е она што Русија сите овие години го бара. Но, Америка сака војна и трошење на оружје. Се со надеж дека им успеало многу пати досега. Само се заборава дека на Русија,заби се кршат. Јас ги разбирам сите овие на темава кои се залагаат за глобализам и го посакуваат американскиот сон. Само во поедини се разгоре патриотското чувство и напаѓаат без контрола. Тажно, но човечката природа е кварлива роба.
Сега нема ни производство. Да беа полни амбарите немаше да бараат за да надополнат резерви. Не произведуваме 300к тони годишно, колку што ни е потребно. Зависни сме од увоз на пченица... И во август купивме од Србија.
Полни се, мојот во Мкд е полн а не само мојот и на многу други. Не откупуваат наша скапа им била. Ама затоа дојде Катарецот и ОАЕ пред месец дена и купи доста. Пак ќе дојде, нека јадат шеиците и нека ни ја пијат водата. Ние ќе јадеме од Чернобил. Точно е дека немаме капацитет, ама точно е и дека треба на наш производ да се даде предност а потоа да се увези. А не да се увези да се направи лажен вишок и цената лажно и фиктивно да се намали.
Таква ни била судбината Нејсе, цела Европа јаде од Чернобил Оти Украина е најголем производител на пченица во Европа
Точно, Украина е најбезбедна неутрална. Тампон зона треба да биде. И на тоа треба да притискаат. Мислам дека САД од ова ќе извлече најголема корист. Не знам уште колкумина треба да изгинат, за да се убеди зелениот (кој е стварно е зелен) дека во корист на сите е неутралност. Ама не, светот е полн солидарност, одговорност, едногласни за мир и општо добро. И секако во право. Се долева нова пратка оружје. Ќе се долеваат уште многу нови. И ова поминува во очите на јавноста како добро дело, помош за Украина. Додека умираат луѓе, тие ја пролонгираат војната што можат веднаш да ја сопрат. Пошо сакаат да постигнат мир. Уште малку вака, па може и ќе им поверувам.
Нема никаква задна намера во потегот на Вучиќ. Погледни ги земјите кои ги помага, Македонија, Албанија, Босна, Црна Гора. Све се мој до моега, со тотално неспособни и „приклештени“ лидери, и затоа има одговорност да му помогне на народот да не липса за леб, буквално.
Да беше убаво под руска чизма, немаше сите држави да бегаат и назад да не се вртат. Да беше убаво под руска чизма, немаше да сакаат кон запад, туку сами ќе сакаа руско државјанство. Да беше убаво под руска чизма, немаше да се спротистават на руската војска, туку ќе ги пречекуваа со цвеќиња, како што нашите го чекаа Тито. Да беше убаво под руска чизма, немаше да се кренат на нозе и со голи раце да ги запираат тенковите. Ако мислите дела "русите не сакале да ги убијат, а можеле" очигледно не сте биле војска и не знаете кое е првото правило, невооружен не се пука. Ама вие ни првото човеково право не го знаете, право на живот и право на самоопределување. Овие луѓе, ни под артилериски оган и бомбардирање не излегоа да се предадат, туку извикуваат Слава Украини! Ама си има предавници во нашиот род, за жал. Да немаше, ќе успееја востанијата. Украинците викаат дека се украинци, вие од тука им викате руси биле Абе памет им гледај капа им крој
Не ни е таква судбината, немаме разумни политичари. Еве ти прост пример со Катар/ОАЕ/Сингапур, во живо бев пред 3 недели точно во маркет. На пченицата пишува произведено во Македонија, Србија или друга балканска земја, спакувана во Катар/ОАЕ и со Катарско/ОАЕ/Сингапурско знаменце. Исто и за водата Српска. Поентата ми е дека секој паметен политичар кој има 3 чисти во економија првин ќе откупи домашно производство ако има вишок ќе помогне да се најде пласман надвор, а за кусокот ќе го надополни со увоз. Од тоа ќе има бенефит сите, ем земјоделците задоволни, граѓаните нахранети, парите циклично ќе вртат во економијата, трговскиот дефицит ќе се намали и ќе се цели кон трговски суфицит. Пример ги зедов Катар,ОАЕ еве и Сингапур е тука, бидејќи се земји кои се најзависни од увоз и тука некаде сме со независноста (90 ти години на 20ти век) ама се доста итри со паметни лидери. Имаат недостатоци, не дека не, ова од економска страна.
Другари многу сме оф топик. Отворам да прочитам нешто ново во врска со конфликтот, а добивам некои сосем други информации. Дискусиите за пченицата, пченката, како и Воените злосторства меѓу Србија и Хрватска немаат врска со темата. Повеќе имаат врска со 'залихи во време на Војна'. Или со категориите за национализам. Да не бидам бумер, ама преместете си ги постовите таму. Meѓувреме, еве една нова вест. https://www.foxnews.com/us/loud-explosion-heard-in-d-c-near-russian-embassy-report
Тоа што Украинците велат дека „Украина е над се“, и „Да живее Украина“, или „Украина на Украинците“, па тоа не е никакво зло. Проблем е ако убивале Руси, ама за тоа требало да се фатат виновниците. Не се сите народи како Македонците, па секое село свој јазик ќе користи, кој што сака ќе прави. И ќе се борат до крај. Ако капитулира Зеленски, зарем нема да го убијат неговите? Податоци на интернет има секакви. Во „Код“ нашата јака „истражувачка“ емисија, кажаа дека Крим е со 60% Руси, а @Billy Idol даде податок од 99%. Значи ние само претпоставуваме, а не сме во право. За Киев некој спомна имале 30% Руси, а на Википедија стои дека во 2001 биле 13%, па има и голем број Евреи, не се само Руси. Не сум за војна, а ќе страдаат и обичните Украинци и обичните Руси. Тоест Русија може и да банкротира.
[QUOTE="Acronia, post: 60414]Другари многу сме оф топик. Отворам да прочитам нешто ново во врска со конфликтот, а добивам некои сосем други информации. Дискусиите за пченицата, пченката, како и Воените злосторства меѓу Србија и Хрватска немаат врска со темата. Повеќе имаат врска со 'залихи во време на Војна'. Или со категориите за национализам. Да не бидам бумер, ама преместете си ги постовите таму. Meѓувреме, еве една нова вест. https://www.foxnews.com/us/loud-explosion-heard-in-d-c-near-russian-embassy-report[/QUOTE] И овие ли ќе отидат
@Cosmi ќе одмори три дена од темава. Дискутирајте без лични навреди, ако некој сметате дека „пишува глупости“ или одговорете без навреди или едноставно прескокнете. И ве молам пишувајте во соодветните теми, оваа е конкретно за моменталните случувања и нека остане за тоа, испраќајте ги постовите во соодветните теми. Потоа е сè премногу преплетено и не можам да ви ги делам постовите бидејќи ќе немаат смисла, а ќе се буните зошто е избришано. Затоа, дискутирајте во соодветните теми.
Точно. Тоа се официјалните бројки. Моите 99% се однесуваа за јазикот што го зборуваат таму, но во брзање и толку куцање го згрешив тоа и лошо се изразив. А и тоа не ми е точно. Еве како зборуваат: 82% Russian. 10% Crimean Tatar. 3% Russian and Ukrainian equally Населението таму на референдумот за независност и приклучување кон РФ гласаше 95.5% ЗА официјално со 83% излезеност. Фала ти на поправката и се извинувам за грешката.
Ме чуди од Балканкан уште што немаат искористено некое сличе за на твитер, митер и такви ми ти "релевантни" медиуми. Замислете вака: Украински маж и неговата украинска жена покрај мртвата украинска баба, отепана од раката на рускиот агресор!!! ахаха Мислам сериозно.... искористија видеа и слики од српски филмови, од игри, од други војни на истокот, нашмнкани мисици во војничка облека, еве од Балканкан нека приземат... има таму доста материјал! (смајли што се крсти)
Верувај бидејќи е вистина. Украинскиот нацистички батаљон Азов е одговорен за нападите на цивилите. Прочитај подетално за летото 2014, масакрот во Горловка, меморијалниот комплекс алејата на ангелите во Доњецк, Мадона Горловка ( така ја нарекле) млада мајка убиена заедно со 10 месечната ќерка во еден од нападите. Навистина потресни и вознемирувачки слики може да се најдат од нападите. Има и информации и за давената бремена силувана русинка за која спомена @Frestonia мислам ти беше ако сум смешала, сори. Друго, нато е дволично олицетворение на злото. Кога Србија си го бранеше Косово зашто косовските албанци сакаа да се одделат тие ја бомбардираа, истото што Србија го правеше го правеше и Украина можда и бетер со нацистите од Азов, по истата глупа нивна логика требаше и неа да ја бомбардираат . Ама не. Двојни аршини. Мене не ми е јасно само зашто толку време е дозволено руското население таму да се теророзира и убива. @Billy Idol ти како најупатен во темава можеби знаеш зашто 8 години таму страдало руското население и никому ништо за тоа, геноцид се вршело таму, толки жртви, грозоморни слики од мртви луѓе се покајав што воопшто отворив да пребарувам