Гранатирање на градовите. Ќе ги срамнат со земја. Нема светска. Каква светска? Они за какви не случаи не направија светска, па сега ќе прават за Украина. @Peanut Butter , и за Балканот јас не очекувам ништо специјално. Да, ние сме буре барут, посебно БиХ, Косово и Македонија. Ама во скоро време нема да има ништо тука. Сега за сега нема никакви индикации за некакви воени случувања. Само економски ќе колабираме. Инаку мирно ќе биде, не се плашете. Освен за тоа како ќе плаќате декемвриска сметка за струја.
И тоа е веќе дискутабилно. Се е отидено у мајчина. Секаде. Секако тука ние сме со мисла тревата е позелена кај комшијата ама врти сучи живот е живот. Битно е лично колку си снајден и колку имаш и колку си среќен. Други ништо.
Ако некого го интересираше повеќе за Азов Батаљон. Свастика беше знак на мир во светот, така? https://mobile.twitter.com/vicktop5...^1498935371333316611|twgr^|twcon^s1_&ref_url= Се изненадив колку вакви постови ми се појавија на линкдин, без да пребарувам, без да се трудам да најдам нешто. Само на почетна. Се надевам дека повеќе луѓе ќе се освестат дека сечиј живот е подеднакво важен и никој не смее да има право да одзема туѓ. Зеленски во кој паралелен универзум се наоѓа не знам...
@Celltica сега следи тоа што наназад зборуваме, во превод Русите ќе ја срамнат Украина. За жал. Иако некои очекуваат дека Путин ќе ја повлече војската.
https://centar.mk/blog/2022/03/03/blokirani-onlyfans-vo-rusija-zvezdite-na-platformata-ochajni/ ја мислам ова е најтрагично од се... жал за Деспина биле очајни пошо нема да лапаат пари за п*тките да им ги гледаат..а овие у Украина живи среќни бомби шо им паѓаат врз глава.Ееее Господи златен, кому се даваш интернет
Стварно треба да прекинам да пратам, Иви беше во право, не знам зошто не можам да ја тагнам. Да ја повлечат војската не верувам искрено, иако тоа би било идеално сценарио за нас можеби, освен ако Украина не прифати се од нивните услови, што знаеме дека нема да се случи. Обрачот околу Русија се стегаше многу изминативе 20тина години и мислам дека ова е детално испланирано и предвидено. Плус, се една од најголемите воени сили во светот, мислам, затоа сме и сите исплашени ако ескалира. Инаку за срамнувањето со земја, вчера баш тоа го дискутирав, последниве 20тина години тоа се војните, едноставно војната е таква, да не речам очекувано е. Не се користат други начини за војување. Со стратувањето на таква војна во земјите на Блискиот Исток, таа тактика другиве земји многу брзо ја прифатија, зошто е лошо кажано, ама, најуспешна. Пред 20ти век војните траеле со децении и векови, сега траат месец дена и штетата е неспоредлива. Никој веќе не војува на копно, војната се сведува на гранатирање, еве не знам една војна во последниве години која не била таква. Ама не знам што е полошо, децении агонија или толкаво разорување на нештата кои постоеле и се граделе стотици години за да ги снема во еден ден. Жално, премногу жално за народот. Да продадеш куќа кај што си живеел не ти е сеедно, па не да ти ја срамнат со земја со целиот живот што си го градел што не можеш да си го вратиш. А да не зборуваме за инфраструктура, за жал ова ќе ја врати Украина години години назад дури се обнови. Ќе има ЕУ фондови, ќе има помош, ама пак, ќе треба време. За изгубените животи па да не зборуваме.
Сега го гледав на Тв и прво што прокоментирав овој се начукал и излегол да зборува. Баш така делува на снимката.
Сега ми пратија слики од мојот град, полнеле само до 1000 ка, ред и колони, овде пак букираат бункери за разлика од таму Луѓево ојдеа со паметот
Многу читање вести не е на арно.. у Хрватска со јод се мачкале..против радијација Балканче него копам на руски на The Moscow times да видиме тшто вика
Секаде, од а команда бензинските до к вода, редици се одгромни, повеќе од 1000 денари неможеш да ставиш. Јас немав време толкава колона да чекам со бебе. Јбг...
Пина малко, не е важно Па богами, ја на негово место би пиела и те како...ама сеа МОРА да е трезвен и прибран.И претставителен ај у дуксерче шо седи, ама пијан? срамота е