Не,грешка истиот e и истата вест е , ни ја не гледам што читам од шок. Се уште не се знае точно. Се чекаат огласувања.Добро утро нека е then.
@Bratot , можеби е јако нас'скан со еу идеалот или е платен дебело и притиснат да оди до крај. Тие имаат учено дипломатија, нека ја искористат во правилна насока.
Леле коа почнав од последнава страна и прочитав нуклеарка реков ,,почна третата” Е кога вратив една назад си реков ,,почна почетокот на крајот” Два грама мозок у главата да се немало…два грама еј А јас глупата мислев само Чернобил е нуклеарна електрана у Украина и лабаво цело време Полош старт на викендот, амин.
Ништо немаат научено. Мислам дека е време да дојдат вонземјаните и свечено да се вратиме во среден век, без нуклеарни централи, без струја, со коњски коли.
https://off.net.mk/vesti/svet/amerikancite-baraat-junak-shto-kje-go-ubie-putin он шо не го убие? https://sdk.mk/index.php/svet/ukrai...at-najgolemata-nuklearna-tsentrala-vo-evropa/ се молат да НЕ се пукаат таму!!! сакам да живеам. фала.
А чекај, нели беше на улица, храбро се бореше против лошите, лице во лице, додека Путин од фотеља убиваше луѓе? Од кај сеа у бункер? А пардон, од бункерот кажувал дека неговиот народ нема да се предаде и ќе се бори до последно. Која црна слобода, каква слобода ќе добиете на крај?
Стигна одговор од пријателката од Украина- Со децата 4ти ден живееме без струја, на мање више безбедна локација. Имаме роднини надвор од Украина, но за жал не можеме да стигнеме до ниедна граница, патиштата се бомбардирани, мостовите се уништени и нема бензин. Јебала вас војна и нато и русија и хуманитарен коридор и све по ред
Мене интересни сте ми како ви е жал за Русите што им маваат рестрикции, демек шо се они криви. Игзекли, што се криви Украинците (народот) за НАТО? Решението на збркава е еден ама нема да го кажам, тежок збор е.
Ко има народ да му верва та на едниот, та на другиот. Не можи бе при секој конфликт закани од нуклеарка. То значи ако не сега, по некоја година нема да е само закана, во секој случај ние ќе ја доживееме. Трета смена на форумот ми се прочита ко трета светска. Реков ќе го чекаме и то заедно како Нова Година.
@Elennaa истово дојдов да го кажам. По кој пат повикува на помош од Еу? Овие не го регистрираат. Едноставно игнорираат. Жално и греота, од засолниште секој еден ден да бара помош и да повикува на украинскиот народ за борба и одење до крај?! Па нели му е веќе незгодно и срам да повикува по цел ден и да добива нерегистрирање од страна на Нато и Америка? Или во најмала рака бои од украинското знаме? Сериозно? Боите на ајфелова ќе ме спасат? Потцена чиста. Со кој памет повикува на украинскиот народ да се бори и да губи глава за кого? За земјата? За украина? Ма дај. Или за нато и америка? Јаката подршка сите од топлите домови со кафе во рака што ги “бранат” низ светов. Чиниш од подршка и “топол збор” кон украина се преживува? Или помош во облик на оружје ? Сериозно? Те ви, убивајте се, ние од тука ќе ве тешиме и ќе ви дадеме подршка. Со подршка жива глава не се спасува ниту се преживува. еве маж ми на пример во случај на војна би го повикале прв, ми вика на мене, за кого да одам и да ја ставам главата на тапет за Зеленски или за Путин? За некои двајца тројца па и 50 души да гинам додека истите се засолнети на сигурно, костумисани и со билиони во банка ? не се разбрале во нивните цели, додека народот се бори за имовина цел живот и за парче леб и стандартни услови овие што не гледаат од милионите пред себе нормално дека им е приоритет територии нуклеарки и не знам ти што пошо им се здосадени милионите па немаат друга работа, додека на нас , обичниот народ да се запрашаме што ни е приоритет? Една плата, стамдартна, кров и храна. Да одам да гинам за кого? Пак да прашам. Па и од , херој си, изреката не се живее. Секое чудо за три дена. Фамилиите во црно за цел живот. Путин и зеленски ќе ме отценат нели? Ма нема шанса тоа никогаш да го направам. Под цена на било што. Маронети не сме. Фала богу имаме памет да се штитиме себе си. и овака и онака украина е загубена битка. Проблемот беше што ако запреше ќе немаше жртви, загуби, терор, а вака? стварно не ми е јасно што добиваат? еве зборови од нато еу америка добиваат, ама од збор не се живее. Дали утре зеленски путин нато еу и цела багра ќе ме дигне од фронт ако сум мртов? Не, само статистика ќе си, бројка и ништо друго. крај краева и Русија изгуби, рускиот народ. Ги сотреа финансиски, им сотреа бизниси и кариери за што? За зеленски и за путин нормално. Ја дигнаа у ваздух украина, назад нема. Илјадници мртви? Зошто? Добро, знаеме сите зошто туку најаважното за нас како народ ни беше мирот, и онака стандартиот живот што го живееме и се обидуваме да создадеме нешто. Нешто што овие двајца погоре у секунда без око да им трепне можат да ни го срамнат со земја.
Никаква опасност нема од Нуклеарна катастрофа. Влегоа и удрија каде што треба. Немаше врска со напад на Погоните и Реакторите. Имаше лајфстрим ноќеска на јутуб. Нападот беше чист како солза и безбеден за таков комплекс. Очекувано беше да излезат како и досеа западниве медиуми со стилот нападната е нуклеарката во запорожје. На други им стојат уште наслови дека засега е стабилно кај нуклеарката. Русите не давале да влезат пожарникари. Пожарот беше далеку од погони и што не.. Што се наоѓа под земја. Нападната беше административната зграда каде што бранеа Украинците. Кој нашол видео ќе види дека се борат од само 50 метра растојание и тоа без артилерија и гранатирање како што опиша западот.Дури и на нивните јутуб канали ги исмеваа самите американци додека беше лајф преносот. Мислам дека заземена е централата уште ноќеска.
Ја не знам вие на кои дроги сте. Нуклеарна централа не е обична куќа или дуќан или било каква зграда па слободно да гаѓаш со надеж дека ништо нема да тргне наопаку. Да, сега немало опасност. Ама треба да си огромен глупчо со празна тиква да бомбардираш/пукаш уатевр во или во близина на нуклеарна централа, без разлика било во покривот, реакторите или дури и близу самиот објект.
Каков бункер којзнае во какви фотелји е евакуиран. Со шарена револуција го донесоа на власт, со шаренила и го поддржуваат.
Чисто сумњам и јас дека е во бункер. Евакуиран е на најбезбедно, кој знае каде. Си ги има сите услови пута 200 та. И струја и кавијар и топол туш со се олл инклузив. И нормално, секој ден повикува да не се откажува народот Украински. Да се бори до крај !? погоре, ќе го видиме постот на @Biljarkata каде објаснува за Украинска жена колку е безбедна и колку услови има сокрина в подрум. две страни. подршка знаеме сите дека имаат, со боиве Украински низ Европава. Така се помага при војни. И нормално се дотура оружје да се истепаат до мољи воље и назад. Многу се хуманитарци они и солидарни. свесно да срамниш земја во една држава, цела инфраструктура градена со години и години, да срамниш и облееш народ во црнила, да го оставиш остатокот на питачки стап. Хорор. Зеленски, “за херој”!! Сад и Нато утре цела Украина ќе му ја рекоструриаат, и ќе ги оживеат сите паднати војници, да не зборам пак за животот на граѓаните после војнава!! Јазк.
https://think.mk/2022/03/amerika-se-otkazha-od-ukraina-vo-nato-ќe-јa-prifatat-odlukata-ukraina-da-ostane-neutralna/ Мааалце светло у оваа темнина. А зошто сега вака? Некој инфо повеќе за ова?
Значи нема начин како да се излезе од Украина. Нема. 500 километри од Киев до Полска (што ми изгледа како најкратка рута) не се одат пешки. Да, во глобала како општество, бар во мојов регион, супер сме се организирале за многу кратко време. Организирани да помогнеме на бегалци (настрана од поединци воени-профитери), ама ОД оваа страна на границата. Како да ги донесеме ДО границата, не знам. Жени, деца и старци седат негде сокриени. Мажите којзнае каде. Без бензин, без патишта, од глад ќе умрат не од друго. Али битно ќе светат зградите во жолто и модро. Мрш.
Не знам кој конвој. Значи имаме вработени од Украина. Пораката е дојдете, ќе ве прифатиме. Нема упатство како да дојдат. Секој сам ли? Ако нема пруга до Киев, ако е сол напраена, стварно не знам како. Од прв ден, што гледам, им прават невозможно да заминат. Ако памтите, ко ги организираа нашите од амбасада со бугарите, имаа некое место на собирање па заедно да тргнат. Вчера разбрав Индија праќа автобуси да си ги земат своите, нив па греота ни на Полска ни на Словачка не ги пуштаат да влезат. А има индиски студенти таму, илјадници. ... Еве, гледам, од Лвив до првото полско место, 80 километри пат, со воз 26 саати. https://newrepublic.com/article/165534/przemysl-poland-ukraine-border-60-mile-train-trip Они ни до Лвив не можат да стигнат од Киев. Не знам, ако имате некое инфо или идеја кажете.