Тоа е тој западен мајндсет што го имаат. Ќе го тргнат Анастасија од Дизни+ и ќе набркаат некој што имал баба од Русија од филхармониски оркестар и ќе го натераат Путко да се повлече од Украина. Мхм. Сигурно. Денешниот лет од Токио до Лондон. И овие санкции ќе ги тргнат во најбрзо време по престанокот на војнава затоа што овака цела Европа е отсечена од Источна Азија, дел од земјината топка кој е најгусто населен. Сами се изолираа Европјаните со овој потег. Вендовер многу убаво ги имаше објаснето овие санкции во едно видео пред 3 години и какви потешкотии имале Западна Европа да воспостават врски со Источна Азија поради тоа што СССР не дозволувал летови на нивна територија. Од тогаш до денес зависноста од Источна Азија е милион пати порасната и ова е потег рамен на пукање во колено.
Ова со воздушниот простор верувам прво ќе се тргне секако. Еве јас работам поврзано со транспорт, технолошки продукти пример имавме случај (чипови, компјутерска техника) од Кина и општо Азија викаат сите дистрибутери во земјава барем нема да стигнат наредни 3 месеци најмалку. Индустријава во меѓувреме трпи загуби зошто без тоа не може да продаваат други работи. Ако е тоа кај нас така во олку неразвиена индустрија, можам само да замислам дека во развиени индустриски земји ударот е поголем. Инаку од почеток на кризата, скоро се оди или копно или брод, затоа ќе каснат. Пратките по авион се минимизирани на најприоритетни, баш заради неисплатливоста на летовите сега. Економски секако сите ќе го осетиме ова, зошто ќе влијае на цената секако...
И не само што ќе каснат, туку и ќе ги нема на залихи. И онака со пандемијава и крипто револуцијата имаме shortage на чипови и компјутерски компоненти. Сега уште толку нема да може да се задоволи побарувачката поради тоа што клучните елементи за изработка на овие semi-conductors ги има само во Русија или пак Русија е таа која го држи најголемиот дел од колачот. Не се сфаќа дека со тоа што ќе им се стават санкции на русите за Ајфон, значи и дека ќе нема материјали од кои ќе се изработува тој Ајфон. Денес светот е премногу зависен од сите земји и ако се прекине таа трговска размена на суровини и продукти сите ќе страдаат. Позади сето ова, се крие и војна за чипови и технологија. Затоа е многу битен Тајван во цела оваа игра. Ама да не одиме офтопик. А во случајов колку и да страда Русија, сепак има домашни ресурси во сите битни сфери и ќе може да ги преживее санкцииве. Од друга страна Европа е крајно зависна и ако се продолжи овака до недоглед прво нас ќе ни се случи крах.
Не знам кој им ги смислува санкцииве , ама се погубни и неиздржливи на подолг рок.А и како што гледаме не даваат никакви резултати во повлекување на Путин. Многу лошо ,не смислено а ваму се фалат дека знаеле уште од ноември за нападот и промашиле само за три дена.
Русите имаат 100% подршка од Кина. Санкциите нема да ги погодат до толку пошто имаат огромна соработка со кинезите (како и алтернатива за swift) Овај медиумски напад од сад не поминува кај кинезите. Се е владино медиумски забрането во кина против русија. Само Европа ќе си трпи последици, но тоа нема да се случи секој на крај игра како шо најмногу му одговара
Неспособни лажговциии Леле какви идиоти.. А баш викав, и дома им реков дека нема да е трајно ова @Cosmic Girl жими мајка, пред некој ден гледав лајв од Киев и си реков ,,замисли дур гледаш да ги рокнат, кој шок и кајнд оф траума ќе имаш” и не пуштив од тогаш.. Живот скапан
Не го сфаќам ова со летов де објасни А уште едно прашање Тие шо имаат АИДЗ имаат систем да ги блокираат или одвратат летовите шо не се вољни?
@Billy Idol Ќе добијам ли на лото? Криптото ќе ми расте или ќе пропадне? Со маж ми ќе останеме ли до крај заедно?
https://www.notizie.it/guerra-russi...1Fa7Y-xpf7tkgFO_nE4vhsbjQ677knkfF8cFZBkJIcNDs еве, ќе им биде дозволена евакуација за да ја напуштат украина.
Кина до вторник ќе изведува масовни воени вежби во јужно кинеското море во близина на Тајван како одговор на американските провокации. За напад на Тајван не мислам дека ќе има, Кина ќе се обиде да го придобие Тајван како шо направија со Хонг Конг и Макао, бидеќи во Тајван живеат хан-кинези и така се декларираат исто како хан-кинезите во Кина, истиот јазик го зборуваат. Но ако САД не запрат со провикации, мислам дека многу брзо би ескалирала и таму во воена операција. Тајван е клучен стратешки партнер на САД но не раскинлив дел на Н.Р Кина, Пекинг баш води таква политика за "една Кина" а не две Кини, Н.Р Кина и Р. Кина (Тајван). Доналд Трамп е најголем хејтер на Кина и кинескиот народ и пред некој ден нагласи дека Тајван е следен за операција ама не ми се верува, самите САД и западот во иднина ќе го намалат притисокот врз Тајван бидеќи Тајван е најголемиот производител на чипови од кои зависат многу индустрии и тоа би било фатално за западот. Пекинг води мудра и смирена политика, но до кога не се знае бидеќи САД нон стоп продолжуваат со провокации, последно беше испраќањето на американски воен персонал на остров близу Кина. Кина се стреми на стане број еден светска сила а тоа за многу брзо ќе дојде бидеќи нивната економија од ден во ден расти се повеќе, имаат речиси економија поголема и од ЕУ. Доколку во Тајван има операција а на тоа би реагирале и САД, значи дека ќе се стремиме на светска војна бидеќи е најавен нов поредок на светот, прво се почна со Ковид 19 а сега и војна. Останува да видиме како ќе се понашаат светските сили, САД, Русија и Кина а тука е и Британија и ЕУ.
Почнаа да им се отвораат очите. Вицепремиерката на Украина | “Крвта на убиените цивили не е само на руските раце, туку и на НАТО” Таа се извини што “дипломатски не бирала зборови” додека давала интервју од засолништето.
Касно палат. Ама крвта е и на раце на цел државен врв. Можеа да ги смират работите и воопшто да не дојде до ова. Најдоброто што може сега да им се деси е Зелински стварно да ја напуштил Украина. Непотребни загинати, непотребно раселени, уништени цели животи со генерации... Сега ме интересираат следните чекори на западот за да го соборат Путин.
@Biljarkata Ќе има евакуација. Пишуваат и Германците. Ама не знам ништо детално, пошто не можам да најдам ништо конкретно околу ова. Се надевам дека нема да остане само на зборови. Зелениот не ја напуштил државата, тврдат германски извори. Исто така, ништо официјално дека НАТО ќе влегува во Украина. Германија продолжува со долевање воена помош. Од други официјални новости, Русија донела пакет економски мерки за ублажување на санкциите. (Кои многу веројатно дека биле спремни одамна, само чекале на време). Скоро пред нападот на Украина, Путин беше во Кина. Верувам дека меѓудругото, се осигурал како ќе стојат работите натаму. Иначе, една анализа на германски воени експерти, вели дека најкрвавиот тек би можел допрва да доаѓа. Киев. Од она што се следи на фронт, велат дека Русите имаат голем дел воен арсенал, кој се уште не е употребен и од тоа се стравува. На градот ќе му следуваат тешки опсади и се плашат дека цивилите ќе одбијат да напуштат за да се борат. Во таков случај, ќе се сметаат за непријател. Прашање на време е кога ќе падне Киев. Многу ми е жал. Општо познат факт беше, на кој многу наивно му пристапија уште пред нападот.
Па забрането е да лета низ руска територија пошто нели и русите им ставија санкции на Европа и сега мора да прават цел круг преку Анкориџ, Аљаска. АДИЗ е за идентификација на авионите што минуваат низ одредена територија/зона. И ги предупредуваат дека се навлезени во забранета зона, ако не го сменат курсот, праќаат воени авиони да го ескортираат цивилниот авион надвор од таа забранета зона. Доколку не соработува ќе го соборат. Имаше оваков инцидент во Студената војна. Имав веќе пишувано овде за Тајван и ситуацијата таму, гледам веќе и други го ставиле видеото и пишале. Ако сакате да развиеме дискусија може е подобро да се отвори нова тема. Посебно денес после зборовите на Помпео дека треба САД да го признаат Тајван ќе има што да се пишува. Хахаха. За ова подобро да прашаш во темата за Магии, Бајачи и Врачари. Евентуално во таа за Астрологија. Таму се знаат.