Претажно...прегазени, поради туѓи ( Англо- Саксонски ) интереси...и уште ќе бидат виновни што ја " фрлија " Русија во прегратките на Кина...сите европски вековни вредности кои ги познаваме и кои ни се блиски, си ги предадовме. После се, ќе гледаме некој нов свет...но, прво да дојдеме до тоа после....
Подобро немој,ќе се разочараш само Ова за маж ти можда и има шанса, најбитно вистинска љубов да е,тогаш и пишана е у ѕвездите 100% ќе ја најдеме
Што мислите дали бегалците во Европа ќе го пореметат пазарот на труд, тоест дали може да ги загрозат македонските гастарбајтери? Ако заминат во Германија и други земји, каде се бара работна сила, ќе работат, зошто да не? А и не се знае кога ова ќе заврши. И да заврши, ќе им треба многу време да се вратат во нормала.
Ова моментално е најмалку битно. Секако дека ќе се снајдат и ќе работат (тие не се како нас со по сто паузи, ова де пуш-пауза што е најчест изговор). Ние па една работна сила што сме, па за да не' загрозат..
Денес од кај училиштето на син ми добивме известување кој сака да донира облека за децата бегалци кои се овде. Души. Наместо во училиштата да се, они сега бегаат да се спасат. За што? Да им *бам и независност, и идеали и се.
Не е најголем проблем, ама веројатно и на тоа ќе се одрази, покрај цел целовен шок кој ни следи. Многу луѓе како бегалци заминале некаде, и никогаш не се вратиле во матичната земја. Мене не дека нешто ќе ми смени, ама некој што планирал да оди во Германија, може да дојде до сопки на патот. Војната ни покажа дека ништо во животот не се знае и не може да се испланира.
Што ќе им се независност и идеали кога ги оставија на питачки стап, со едно кесе од лидл под рака и децата и фајрон. Кој знае каде, со кого и како поматаму после граница. Само они знаат како им е. Кога ќе се вратат можеби и куќите и становите ќе им се разурнати, заглавени во кредити за истите цел живот, коли на сред улица оставени.. имовини… се што си се борел цел живот, пепел. Какви идеали, каква независност, каков патриотизам видовме дека од тоа не се живее, кој знае колкумина на работа ќе се вратат, кај ќе се вратат? Од друга страна и овде, каков е тој живот бегалски по камп или собичка напикани 20 души внатре, и да се снајдат после колку години би се снашле и застанале на нозе после се ова? Животот им е секако пепел заврти од која сакаш страна… идеали, што викаш ј*** ем и идеали и се. не, Зеленски ќе им застане кога ќе заврши ова и на сите ќе подели по 50 000 евра за покрив над глава за егзистенција и за се општо во животот утре замисли да си го спакуваш животот во торби од лидл и со деца, што треба да бидат деца наместо да се “бегалци” заминеш кој знае каде и како. За кого за идеали патриотизам и за независност? Никогаш!!!
Срце ми се кине, цела се потресов. Ќе спакувам и јас облека, ќе видам од син ми што има. Се тешам дека низ ЕУ ќе се сместат, ќе најдат работа, па може и подобро ќе им биде од таму.
Од сега секако ќе им биде подобро. Да земеме се со резерва што ни сервираат оти еве Украинците друго зборуваат. И Русите и Американците ги користат, убаво нема ни од едните, ни од другите. Ама добро би било да сфатите дека се додека Украина не ги прифати условите на Русија, Путин нема да застане, ниту да се откаже. А ништо не е повредно од децата кои се раселени насекаде.
Па добро, едните сервираат вака, другите онака, нзс им нема секако. Имаше дечко на Твитер (со резерва информацијава секако), споделуваше дека мајка му која живее во Русија не му верува дека градот во кој тој живее во Украина е постојано бомбардиран иако тој таму живее. Многу ми е интересно и чудно да прочитам нешто вака од тебе, која си про-ЕУ. Украина и истите тие деца се стремат за истата таа ЕУ некогаш и за таков живот, а со губење на независноста, ќе ги изгубат и тие минимални шанси за таква иднина што сега ги имаат. Не знам, според оваа логика, еве нека дојде Србија, нека нè нападне, потпишуваме и чао Европо. Или поинаку е кога е за свое? Исто така добро би било да сфатите дека Путин нема да запре ниту после прифаќање на условите од страна на Русија. Следни ќе се некои други деца, можеби и сегашни Европски, на пример Естонски, Фински или сл.
Чекајте малку другари. За какво губење на независност збориш поточно? Знаеш кој беше тригерот за војнава и што сака да постигне Путин?
Немаме кристална топка да видиме дали Путин ќе запре. Исто така амерички аналитичари имаат зборено- не дирај лава док спава. И исто така, ние што имаме куче од 5 кила, знаеме дека нема да победи во касање со пит бул. И разни други животни мудрости.
Точниот тригер на војнава не знам дали некој го знае, само претпоставуваме и ова што ни се пласира не значи дека е точно. Небитно од тоа, муабетот почна со тоа што @JuLleE смета дека Украина треба да ги прифати условите на Русија, да заборави на независност и ете цветови ќе почнат да цветаат.
Да, меѓутоа многу се!! Верувам дека оние кои што имаат овде роднини и пријатели ќе се прилагодат и ќе се вклучат во нормален живот многу побрзо, на пример веќе кажав, кај мене има многу ама многу повозрасни жени украинки што се грижат за стари и изнемоштени лица, овие жени верувам дека ќе им помогнат на најблиските. Дури мислам дека и самите газди ќе им помогнат околу нив за да ги згрижат колку можат. Со работа, со стан со документи. Но, за жал има многу луѓе што се во кампови или под шатори овде, се прашувам кој ќе им помогне. Не е така лесно толкава маса на луѓе да биде комплетно згрижена под државата за целосна животна егзистенција. Еве вчера им го одбија барањето да ги ставиле годинава по хотелите бидејки има дефицит, категорично ги одбија. Само тие и тие знаат како им е, се спакувале во кеси и се прашуваат каде, зошто, како и што понатаму! Еве, ќе поминат во некои собчиња овде или под некој камп, ама недела, две, три и што потоа? Овде имаме многу пребегани од југословенската војна, од косово, на ист начин како украинците. Имав пријателка србинка од босна, дошле во време на војната, им дале азил, со кратки зборови им направиле услуга за да се иселат, одлични се, но, како било, што било и зошто било, како живееле тогаш овде како дошле до нешто само тие си знаат најдобро. Исто имам жена босанка пребегана со азил во америка на маж ми другар, женава е со висок статус таму нема збор. не знам како одат овие работи, вака размислувам лаички дека е претешко додека се снајдеш овде оставена сама на себе, не знаеш јазик, немаш финансии, немаш никого, со деца в раце и три торби? Кога помислам ми се ежи кожава од жал. а замисли во украина си имале живот, убав живот на пример, просечен, и денес од нигде никаде бегаат и остануваат на нула. Се затекнуваат во странска земја, странски јазик. многу жално.