Јас се уште сум про ЕУ, и сметам дека квалитетот на животот и она што ЕУ го нуди е подобро и од руското и од американското влијание. Ама еве не можам да прифатам дека цената која ќе ја платат Украинците да биде војна или еве нуклеарна катастрофа, која ќе ја платиме и ние. И Бугарија и Србија и Косово, не можат да се споредат со Русија. Го минимизирате Путин, го потценувате. Он бара неутрален статус на Украина. И се додека не го добие не застанува. Цената е превисока. На крајот не ни знам дали и ќе се исплати ако заврши со нуклеарна катастрофа. И да не е така, попрво Путин би војувал со светот откако да се повлече. Кажи ми дали вреди?
Путин не застанува додека не добие сè што ќе му прдне оти нели, он е најопасен мадафака у светот и може да напаѓа ако така му текне, ама украинците се криви што не се предаваат и се бранат. А истовремено па пола од темава пишуваат на други теми за лошите односи на Македонија со Бугарија и Грција и нивните притисоци врз нас. Оф господе.
Ова е веќе друго. Едно е да речеш, цитирам "Да им *бам независност", друго е да речеш бара неутрален статус. Океј, нека имаат неутрален статус, нека не бидат НАТО. ЕУ ваљда не им смета да биде до нив? Во 2022, кога сè повеќе држави добиваат независност, да бараш држава истата да ја изгуби и да потпадне под некој друг, е апсолутен апсурд. Му *бам идеалите на Путин, не на Украинците. Ама ги потценивте и Украинците. Киев паѓаше 6 дена со ред, еве уште не е паднат. Еднаш планот на Русите нели им беше за два дена Украина да биде нивна, после до 02.03, еве сме за некој саат 05.03, и Киев уште се држи, и Украина уште се држи.
Како не? Нели сите сакаме да заврши оваа војна побргу и да не гине невин народ? Еве ти викаш да не го потпишува Украина договорот и да продолжи да војува. Кој е тогаш твојот план да заврши се ова?
. Не е Путин работата, туку Русија била отсекогаш и ќе биде во топ три воени сили. Знаеме дека не е фер, ама кај што има сила нема правдина. Не знам како не разбирате, не е до вау Путин работата, туку едноставно Украина ко земја нема шанса со воена сила како Русија. Исходот се знае, прашање е само колку луѓе ќе испоумрат и кои последици ќе ги имаат прво они, после и сите ние. Значи, да повториме не е муабетот семоќниот Путин.
Еве гледаш не ја повлекува додека Украина не потпише договор. Како ќе го натераш? Со хаштаг #Putingohome?
Еве ви на македонски видео, сликовито објаснато зошто Путин нема да се откаже. Дечково не го готивам, ама супер објасни.
Абе добро, еве, он ја почнал. Не го менува фактот дека Украина нема шанса во војнава. Мислам, убаво е да веруваме во такви идеали, ама едноставно не е возможно, барем не без трета светска. Мислам и јас не сакам да е така, ама негирање на реалноста никому не помогнало досега. А трета светска ако посакувате, покрвави и од него сте.
Ок. Кажи кај која бајачка да одиме за ова да се оствари? Инстантно Тебе јасно ти е, дека сега веднаш се да запре, страдањето на тие луѓе таму нема да запре? Дека се е исфрлено од колосек и дека враќањето во нормала е се потешко и подалеку? И така се подалеку, со секој нареден ден. Инстантна магија и Путин ќе запрел. Ок
Ама ти не разбираш очигледно дека крив/не крив не им менува НИШТО на тие луѓе што живеат под гранати, а утре леб ќе немаат.
Си има аналитичари, си имаат анализи, кој за што е крив. Си има и суд, нека си суди. И на крај пак се ќе заврши со некој договор. 5 или 10 милиони украински деца-колатерална штета на мудри политики.
Епа така, не менува, светот е таков. Ако го доживуваш така, ко да менува нешто кој е крив, кој е прав, а не кој е помоќен, имаш многу фурни леб да јадеш.
Не знам дали им смета ЕУ, за НАТО знам. Зелениот требаше да биде политичар и да најде начин без војна да направи договор. А не вака, со жртви.