Рускиот војник, 20 годишен, само 2 пати држел пушка, пред да го пратат во војна- плаче мајка му. Украински млад брачен пар (двајцата по 20 години) сложно влегуваат во територијалната одбрана на Киев. Пушка не држеле никогаш. Ќе го одбранат Киев. Градоначаликот на Мариапул алармира дека неговите жители немаат вода и струја. Живи се, под опсада денес. Се чека хуманитарен коридор.
Источните медиуми се изнасушија од пропаганди. Западните уште повеќе. Кина го зеде дигитронот за да си го напрај своите пресметки. Балканот е буре барут... Или ќе се направи. Конзулката Бесмира наводно наплаќала преку 10 000евра од институции. Отпаднат сегмент од вселенско летало со тежина од 3 тони денеска се очекува да удри во Месечината
Што бара свештено лице помеѓу Вучич и Путин? Србите никогаш не сум можела органски да ги сварам затоа што 90% од нив се националистички настроени. Секоја чест за исклучоци.
Да сте изненадени од Хрватите, Грците, од Германците, ама од Србите? Не знам како стоите со меморија ама САД, Нато ја бомбардираше Србија. И тоа со осиромашен ураниум. Еве кажете ми кој Србин би бил про Нато, а не про Русија? На форумот некогаш си мислам дека живеете на некоја друга планета. Вечерва се надевам дека на Путин нема да му текне да пали друга нуклеарна централа.
А, ја не могу да сварим твој коментар. Еднострано гледаш. Државите и јазиците немаше да постојат и опстојат без нечии националистички идеи. И убаво пишала членка што им направи НАТО (САД).Не можеш да очекуваш да поддржат послушник на САД.
Дајте бе се убив од барање, кој го постираше тоа видеото каде еден дечко на македонски објаснува за ситуацијата во Украина? Ако може да го постира некој плиз енд тенкју.
Ако не повеќе во цела оваа ситуација шо се дешава, барем ќе се види вистинското лице на "демократијата". Ова само во твоите магични светови. Сенилниов ни санкции салам дава на Русија ни пак на Зеленко му помага, а кутриот само на него се надева. #краткаљубовнаприказна Повелеле
Фала ти, леле дечково изгледал видео на јутјуб и преведува на македонски. Мислев нешто wow e. Сељачиште, му ги отворив другите видеа. Како бе вакви имаат по 12000 следачи? Да не е темава, нема да сум во тек, овде ми е наједноставно да прочитам. Има ли надеж за прекин на огнот и некакво примирје?
Toa не е мотив за уништување на цела земја. Барав за Азов, не ги осудиле, нема докази дека вршеле злосторства.
Одбивав да ја отворам темата, ми ствара паники и немир, ме потсетува дека живееме во многу лошо време. Ниту Путин ниту Зеленски ги бранам, исти калапи и двајцата, толку невини загинаа, за дечињата немам зборови, ме крши помислата. Со години Путин се фали за оружјето што го има и војската, за се она што го има на лагер, и јасно ко ден е дека е многу моќен човек, не го оправдувам во никој случај ама овој на Украина што чека, што не потпише она што треба, па изгинаа толку невини луге, земјата им ја рамнат. За каква муда побогу се работи овде, којзнае во каква фотелја седе и чека оружје ќе се тепал. Нека оди сам да се тепа, а не толку млади се ставени во првите редови, мајки што се тресат за своите деца. Пуу ми се згади и од овој. На интернет почнаа да излегуваат и за него некои статии, не е толку наивен како што изгледа, руското население одамна било малтретирано во Украина, имало молби да престанат, никој на ова не реагирал, напротив си продолжиле. Има нешто зошто Путин збесна, мада не го оправдувам, овие двајца што направија со толку човечки животи. Ајде нека потпише оној конечно и да се смириме, како може да биде толку никаков, земјата да му ја рушат, народ да му гине а тој да има надеж дека ќе му дадат оружје да се тепа. Се тепаат други за него, му е гајле Животите на толку луге кој ќе ги врати, ништо нема да биде исто, нашата психа е стаклена, а тие што се таму, не сакам ни да помислам како им е. И кога ќе заврши се, каде ќе се вратат, во пустини, срамнета земја, без домови, многу луѓе заминати засекогаш.. Лошоо, многу лошоо...
Добредојдовте во светот на VPN. Тоа што јутјуб го забранува пристапот во Европа до руски канали за вести, шо праиме?
https://m.dw.com/mk/зеленски-го-нападна-нато-луѓе-ќе-умираат-заради-вас/a-61023585 Нато е свесно и не оди до крај, само Зеленски не разбира и тврдоглаво се фатил за помош па помош.
Мала на нуклеарните централи Уште една гледам на која би оделе, во западна не верувам да стигнат, чернобил и запорожје се веќе под руска контрола. Тоа одењето до крај, ако значи дирекно инволвирање на Нато, значи трета светска. Чисто да повториме што е што. Ах, да, прочитав дека има прекин на огнот и хуманитарен коридор отворено. Дали само за Мариапул или за цела земја, не разбрав.