Јас уште се чудам како може да не е свесен што значи no fly zone. Повикува буквално на ескалација надвор од украински граници. Требало да си остане на старата професија дефинитивно.
Јас мислам дека на тие што не ги сфаќаат протестите во Србија, треба да им се оддржи презентација што е осиромашен ураниум и кој ги трпи последиците. Вака веројатно мислат дека само се мачка на леб, друго објаснување не знам.
Зелениот уште мисли дека големите сили ќе ризикуваат војната да се прошири заради него? Мисли на филм е, херои ќе глумиме. Му ракоплескале Еу и САД, на тоа и ќе остане.
Да повикаш свесно на трета светска, не знам дали имаш функционална клетка во мозокот. Ќе продолжам да верувам дека е комедијант и целосно несвесен.
Илон Маск одби да ги блокира руските информативни извори. Се залагал за слобода на говор и демократија.
Оваа изјава значи дека му гори под нозете и му се гледа крајот. Ти да изјавиш јавно дека Нато е крив за сите жртви во Украина што умираат значи дека си свесен дека те пуштиле низ вода. Туку ај што Нато се криви што ги насамарија да војуваат, туку најголема кривица треба украинскиот народ да бара баш од Зеленски кој е директно и највеќе одговорен што му ја разурнаа земјата и невини луѓе умираат. Умешен лидер немаше да дозволи такво нешто во никој случај и ќе знаеше да го реши сето ова со преговори, посебно што имаше доста шанси до сега за такво нешто, дури и од кога почна војната. Ама не, изгледа не сака да заврши лудилово и како паѓа, гледа што е можно поголем хаос да вовлече со себе. Ќе биде запаметен како еден од најнегативните лидери во Европа, а сигурно црна личност во украинската историја. Инаку ова ќе заврши на два начина. Или ќе избега Зеленски на крај во ЕУ и ќе глуми влада во егзил, или ќе му пресудат неговите, таму, во бункерот каде што се наоѓа. После вакви изјави и како се повеќе го пуштаат низ вода натовци, се поверојатна ми е втората опција. Нема овој да дочека руски сили да го елиминираат, неговите ќе се погрижат побрзо.
Јас те разбирам како идеалист. Ама пак, зависи кој му е спонзорот и со какви идеи е. Јер не се десило во историјата, случајни луѓе случајно да се најдат на позиции. Да не испадне дека скапиот гас што треба Европа да го плати не е доволна цена. Инаку сеуште не верувам дека ќе се случи ескалација на конфликтот надвор од Укр, барем не сеуште. Или, подобро речено, не денес. За утре ќе видиме.
Коректна одлука на Илон Маск: Маск одбива да ги блокира руските информативни извори За разлика од него, македонска филхармонија го откажа концертот на руски романси. Добро, разбирам дека филхармонија може да биде под притисок, ама на живци ми оди тоа откажување и демонизирање на руската култура. Некни во слаткарница здогледав убав колач, кога видов дека се вика „Москва„ се мислев дали да го изговорам името или да речам „дајте ми од овој...„ А домаќинките да ги откажат руските салати? Тоа е покојниот патријарх на СПЦ (1990-2009) Павле. Се заложувал за српските интереси, понајмногу на Косово, Хрватска и БиХ. Демек сите тројца биле православни. Многумина срби веруваат во митот за братскиот словенски руски православен народ. Во реалноста православни руси има одвај 40% прашање од нив колкумина ја практицираат верата. Србите исто така забораваат (свесно или не) дека и украинците се исто така словенски и православен народ (додуша околу 10% се унијати) со свое кирилично писмо. Современа Русија освен за деловна корист и не е нешто особено заинтересирана за Србија, би ја збришала како и Украина доколку би имала потреба. Но моментот со Косово и противправното НАТО бомбардирање 1999 (ООН не даде одобрение) ѝ се добредојден аргумент (ако сте можеле вие, зошто да не можеме и ние?!). Во книгата на српскиот историчар М. Томаниќ „Српска Црква у рату и ратови у њој„ цитиран е еден од поранешните водачи на краишките срби, психијатарот Јован Рашковиќ кој непосредно пред војната во Хрватска 1991 рекол: „Србите се луд народ!„ во разговор со хрватскиот престедател Фрањо Туѓман.
Ту има трагова од игле… Луѓето умираат ради НЕГО пошо не знае да седне да напраи спогодба Не сфаќа дека НАТО нѐ користи како алатки и си собираат војничиња против Русија Мора да го сменат овој и да стаат поискусен некој, иначе отиде државата Прашина ќе им остават само..
Србија го мрзи НАТО, а крстовиве се пошо и Русија и Србија се православни Не знам што се чудите https://faktor.mk/se-pojavi-tvrdenje-deka-putin-saka-da-go-destabilizira-balkanot ФАК
А можат да подржат русин кој во смрт праќа свои руски деца од 20 години? Еве наклон до под за нив. П.с. ајде сите да бидеме националисти, за да може да ни опстојат јазиците.... А јас цело време во заблуда да сум била, мислев дека е потребно баш спротивното од национализам .
Секој гледа кој му наштетил повеќе. А САД и од нив контролираното НАТО заслужуваат наклон? Не! Реков поназад, и Русија и САД се зла.
Симптоматично како на темава сите без исклучок ја осудивме и осудуваме Русија за агресијата, ама кога ќе дојде време да се осуди Нато, е тогаш сите овие путинофобциве или ги снемува, или почнуваат да релативизираат... Па кружеа овде поими како Нато биле нужно зло, спасител итн. итн.
Или ти у превод: секој за свој газ гледа. Дивна нација, нема шта. Ако утре некој ги нападне турците, немој некој од македонците да не излезе со подршка за агресорот.
На жалост нема да дојде такво време. Сите со сила се прават глуви и слепи за нивните злосторства. Нема докази за тоа според нив. Очекуваат НАТО пропагандата да им даде докази против НАТО. А они баш не знаат како да се информираат и шо да праиш...
Тоа се тие двојно стандарди, тоа што им го направи нато на Србија им го прави Русија на Украина. Ама браќа руси се бре, другите не се луѓе. Не мора никој да поддржуваат, ниту да протестираат. Нема Вучиќ вечно да биде на власт.
Сте се запнале деца па деца, во нормални услови над 18 години се смета за возрасен, а не па во воени 20 години. Ако не се сеќавате и кај нас на 18 години одеа во војска, што мислите ако беше време на војна дома ќе ги пуштеа? Во секоја држава за во војна се бара мажи од 18-65, и зошто 65 па ваљда зошто штом е способен да работи може и пушка да држи. Нас ни изгледаат млади, ама па и секој син и ќерка на мама и тато се за цел живот деца.