Никој не рече дека нема лоши меѓу Украинците. Ама во ситуацијава, Русија напаѓа, Русија ќе ја осудам. Вие упорно барате начин да ја оправдате оваа војна, нарачана од Путин, на најразлични начини. Кај мене нема да ви успее, кај други можеби. @nena2010 Украина е демократија, барем по дефиниција. Зеленски си победи регуларно на избори, и тоа со огромна разлика од останатите 39 кандидати. Не знам што ви смета неговата етничка позадина, тоа што дедо му бил човек кој го преживеал Холокаустот. За време на кампањата на Зеленски, тоа ниту било спомнато, ниту некого го интересирало, дури ни за премиерот на Украина за време на изборите, кој исто бил Евреин. Инаку да, за Украинците сум!
Ахој, аман... Милион пати е кажано дека никој не го правда Путин, а ни војнава.Путин е злобен. Можеа да си решаваат по дипломатски пат, ама има злобници на сите страни.Тоа го збориме. Од војна се профитира, од мир не. За Зеленски не смета тоа, туку тоа што е инсталиран.Кој би сакал неискусен комичар за претседател? Баш како Евреин од него се очекуваше да се бори против неонацизмот во Украина.Ама, ништо од тоа.
Па ако прочита горе убаво, а затоа те тагнав, пишува дека баш Азов батаљон и другите неонацисти се тие кои напаѓаат невини луѓе од 2014 година, пљачкаат, убиваат, стрелаат и прават "чиста" Украина каде нема место за други народности: Руси, Роми, Муслимански татари, ЛГБТ лица. Како истите се инфилтрирани во власта и го оправдувале тоа насилство цели 8 години во кои повеќе од 14 000 лица се убиени. Како два Ресена. Истите сега спречија да го напуштат цивилите Мариопол затоа што знаат што ќе им следи ако не се кријат позади нив. Во Киев сеуште оперираат како специјални банди каде што убиваат цивили кои се спротиставуваат да војуваат и доста им е од се. И ова е тоа што се знае сега за сега. Којзнае какви свирепи злосторства ќе се дознаат кога ќе бидат поразени овие нацистички групи, посебно во Мариопол и Донбас и ќе се открие се. Затоа не треба да се гледа црно - бело и единствено што треба да се поддржува е обичниот украински народ кој страда, покрај тоа од Русија, директно и од овие неонацистички батаљони. А поддржувај ги ти ако сакаш и понатаму. Само добро е да знаеш што всушност поддржуваш.
Ама народот ја избрал власта, на демократски избори, власта е народот, власта е Украина Леле мајко каква трагедија се случува и сите си свиркаат Инаку Украина веќе не добива струја од Русија, се прават напори да добијат струја од ЕУ, преку Полска.
Во Марипољ нема вода, топат снег да пијат вода!! @Ahoy на се веруваш што ќе прочиташ? Кој знае колку напади на овие батаљони се припишани на Русија? Путин ти се јави да ти каже дека нападнал?
Кој знае... баш така. Како што мене Путин не ми се јавил да ми каже што нападнал, така ниту тебе не ти се јавил да ти каже. Зошто не демантираа од Русија ако не го направиле тоа?
Војната не трае од неќни, туку од 2014. Во регионите во Донбас не беше престанато пукањето цело време. Тоа што ти од неќни почна да следиш, не значи дека тогаш почна. А за мемориалот на Холокаустот... Не знам како ја замислуваш војната, ама чим се војува и гранатира ќе бидат рушени секакви објекти, и што треба, и што не треба. Кога ќе ги повлечат сега цивилите, цел Мариопол ќе го разурнат како Алепо. А, и треба да се воздржиме од непроверени информации. Неколку твита што ги постна овде како таа цивилната зграда што ја погодија, дедото во колата што беше прегазен од оклопно возило, гаѓањето на полициската станица во Харков излегоа после дека се всушност погодени со украински ракети.
Ахааа, а па јас така дека Путин и Кремљ тврдат дека прецизно таргетираат одредени објекти кои ќе ги нападнат. И така им трубат и во Русија, народот во заблуда им живее. Мариупол веќе го разурнаа, , Суми, ЖиХарков исто. Да не зборувам за Бородјанка, Ирпин, Житомир, Волноваха, Гостомел...
Политичарите меѓу себе си јавуваат, не на обичните луѓе. Конфликтот е стар.Нерасчистени issues го влошија. Путин и Зеленски да беа асални луѓе дипломатски ќе си ги решеа и немаше да дојде до ова.Ама, не се. Едниот лудак, а другиот кукавички послушник на САД. Пак ќе ти речам, злобници има на сите страни. Обичните, невините луѓе се гревота.
Не знам што велат. Среќа па не сме во Москва и не сме ограничени на руска или пак на украинска пропаганда. Достапни ни се сите извори од каде што може да се информираме и да дознаеме кој и што лаже, наместо да шириме дезинформации. Во војна не се користат само наведувачки ракети за да се гранатираат одредени цели, туку и ненаведувачки, тенкови, артилерија, ПВО итн. итн. Овие ги имаат и двете страни и ги користат. Таму каде што се војува, сите тие места ќе бидат срамнети со земја. Од двете страни пукаат со ракети, не дека се гаѓаат со камења. Жално за цивилите кои се меѓу двата огна. Не гледам овака како поддржувач на украинската армија нешто тешко да ти паѓа што ја гранатираа цивилната зграда или полицијата во Харков како што ти падна за меморијалов. @staycalm ЛГБТ
Зеленски излегува се фали према неговите тврдења дека досега убиле 10 000 руски трупи. А повикува и дека сето тоа можеше да се реши на понаков начин. Колку години месеци ги молеа да се реши поинаку. Стегаше западот ги силеше. Во 2021 заклучно со овие 2 месеци од 2022 уште околу оружје и опрема во вредност од 1 милијарда беше истоварено во Украина. Дури и во конгресот на Сад имаше огромни конфликти за ова. И дојде....