Се знае како ќе те сфатиме, значи слика на путко дома имаш и се клањаш пред неа штом вакви невозможни сценарија ти доаѓаат во глава Spoiler Што беше тоа критичка мисла. Во меѓувреме, некои руски извори тврдат дека нуклеарниве централи се таргети зошто во нивен склоп има лаборатории за развој на нова плутониумска нуклеарна бомба. Дали е пропаганда, не знам, можно е секако, ама ме зачуди што го зачитав ова и на западни медиуми. Која е вистината, веројатно никогаш нема да дознаеме. Може само некои фракции... Во меѓувреме, мислам дека ретко на било која вест верувам веќе. Како што реков, тешка пропаганда на двете страни. А убедена сум после сите случувања дека добри и лоши нема во приказнава, не мислам тука на обичниот народ секако, што ќе го јаде стапот на крај. Едит: Тврдењето за бомбата доаѓа од Русија, сега дочитав, да дополнам. Не е потврдено.
*FSB= федерална служба за безбедност на РФ А еве и превод на англиски: Во спојлер ќе ставам нешто, на кој му се чита повеќе, може на следниот линк: https://threadreaderapp.com/thread/1500301348780199937.html (Англиски) Spoiler
Плутониумска бомба? Неее. Па нели тука рекоа дека украинците со помош на САД сакале да прават уште нуклеарни централи (демек овака малце имаат) за да продаваат енергија на Западот. А тоа што нуклеарна централа и нуклеарна бомба е скроз различно нешто и немаат допирни точки тоа е друго. Нуклеарните централи на големо се исфрлаат во Европа и се прави денуклеаризација, посебно во Германија, централна и источна Европа. Украина мислам дека ги имаше 14. После Франција би требало да има највеќе нуклеарни централи (непроверено ми е инфово). А и тоа се големи централи. Таа во Едерходар, Запорожје е со 6 реактори. Така да, на Украина воопшто не и требаат нуклеарни централи. Еден од ретките изотопи кои се употребуваат за нуклеарна бомба, плутониумскиот изотоп Pu-239 се прави во реактор како продукт на ураниумски атоми кои абсорбираат неутрони. Го нема во природата. Се прави од страна на човекот. Украина може да го направи и да има количини на плотониум, но технологијата за правење на нуклеарна бомба ја имаат само неколку држави во светот, од кои и САД, и не само што не може, туку и не смее некоја држава да направи сама. Дали и колку е вистина ова за изработка на нуклеарна бомба ќе видиме на 8-ми Март. Датум во кој ќе се обзнанат доказите кои русите тврдат дека ги имаат и ги доставија до светскиот суд на правдата.
[ Американците го убедуваат зелениот да се повлече од Киев, со можност да има влада во егзил. Многу е битно Украина да има легитимна влада. Ќе ја најдете веста негде, сношти ја прочитав, сигурно не ми се сони. Еве варијација на истата https://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2022&mm=03&dd=06&nav_category=78&nav_id=2116794
@Ahoy @Billy Idol Ве прочитав и двајцата. Ако постои нуклеарно оружје што се развива таму тоа со сигурност е со знаење на САД. Искрено, не можам да речам дека верувам во моментов на било што. Тоа што верувам е дека на двете страни многу валкани игри се играат. Под капата на големите сили во светот, секако.
Ако најдеш сподели. Не најдов ништо. Во дополнување на ова, Русија бара да престанат со мешање/долевање. Двете страни ги читам. Не знам што е вистина. Се со резерва ми е. Селтика пиша убаво мислење. Газење преку меморандумот, Минск 1 и 2. Знаат Русите каде и зошто маваат. Секако, не тврдам дека е вистина, но е многу симптоматично.
Никој не би можел да знае сега со сигурност дали почнало да се развива нуклеарно оружје во Украина или не. Но, за развиток на нуклеарно оружје се користи посебен изотоп на плотониумот, Pu-239, кој е доказ дали некој пробувал да го развива и количини на овој изотоп едноставно не може да се сокријат. Може и тоа е една од причините зошто русите ги насочија нападати на нуклеарните станици и превземање на контрола над нив. Веќе изјавија дека не планираат да ја исклучат струјата и да ги остават граѓаните без неа. Оставија нуклеарните централи да си работат непречено. Сигурно таму ќе ги бараат доказите за постоење на овој изотоп. Секако дека не можат сами да направат нуклеарна бомба и таква технологија им треба од Сад. Инаку зошто би им помагале Сад да направат нуклеарна бомба наместо да донесат свои нуклеарни боеви глави и да ги постават во Украина? Затоа што ако го направат тоа ќе биде преседан од светски размери и повод на Русија да делува со агресија за да го спречи истото. Но, доколку Украина преку својата папет влада развие нуклеарно оружје ќе биде голема закана по безбедноста на Русија, а воедно русите ќе бидат со врзани раце и нема да можат да реагираат воено. Секоја нивна воена реакција кон Украина во тој случај ќе значи директно изложување на Москва. А за тоа е доволно да се има една бомба за да се разори цел град засекогаш. Северна Кореја е доста слаба земја, но никој до сега не се осуди да ја нападне поради стравот од балистичките и нуклеарните ракети. При секој еден можен напад, на таргет ќе биде Сеул и делови на Јапонија. Никој не е луд во таква ситуација да нападне. Затоа на лудакот му ставаат само санкции. Доколку во иднина Украина се припои кон Русија или пак се смени украинската власт од про-американска во про-руска, нема да има никаков бенифит за русите тоа нуклеарно оружје затоа што и онака го имаат во изобилство. А моментално ја имаат и најголемата нуклеарна бомба - Цар бомба. Доколку се докаже развојот на нуклеарните бомби, а како што реков трагите на Pu-239 не може да се сокријат, логично ќе биде зошто русите баш сега се решија да ја нападнат Украина воено.
Мене поверојатно ми е Американците да вадат во јавност приказна дека го молат Зелински да оди на безбедно, а тој како херој кој е спремен да гине рамо до рамо со својот народ, за својата земја... останува на улица да се бори. Ист ПР луѓе работи на сите страни - во сите држави. Од друга страна, задикулисно да го советуваат да остане таму и да ја „држи“ владата и особено сите останати битни структури за пружање отпор пошто, кога би отишол он, никаква влада од егзил не би функционирала, реално. Нема како Америка и Западот да не го разгледале и најлошото можно сценарио на поразена и поделена Украина во која „демократски“ се инсталира следна влада.
Види јас се согласувам дека причината не е еден народ две држави. Никој, ама баш никој на светот нема милијарди воена опрема да фрли во вода ако не е сигурен дека тоа некако, дали финансиски или поинаку ќе им се исплати. Дали е ова, дали е друго, останува времето да покаже. Инаку и јас не верувам на тоа "сака да го обедини царството руско". Мислам приказни за мали дечиња. Не верувам во територијални војни баш во 21 век. Верувам во војна за ресурси или профит. Исто ко што не верувам дека САД и Европа од чисто алтруистички приказни се разбудија едно утро сите потресени за војната и човечкото страдање после толку години мижење на толку војни во светот. Да немаа директен интерес од Украина досега ќе беше оставена сама на себе и немаше ни по медиуми да ја има. Длабоки интереси и длабоки џебови, само тоа ми стои верно за двете страни. Којзнае и дали насетуваме 1% од тоа што стварно се случува.
Не би рекол дека овде се работи за финансиска исплатливост од војната. На Русија сигурно финансиски нема да им се исплати цела оваа операција. Не само што губат огромен број на воена опрема и војнички животи, санкциите им ја стопираа државата на економски план. Во една оваква ситуација Русија ќе изгуби голем број на олигарси, а со тоа и голем број на пари кои веќе ја напуштаат и го пренесуваат капиталот на запад. Ќе им треба време и години после ова да се стабилизираат на тој план. Нив им е побитна Украина како територија, но како територија управувана од про-руска влада и бафер зона меѓу нив и Нато. Анексија и инкорпорирање на Украина во Русија е исто така лош потег за нив. Ајде што треба да примат земја во која е се разурнато, цело производство и патна инфраструктура, туку треба да примат и 30-40 милиони народ кој ги мрази и утре ќе има можност од внатре да им ја дестабилизира државата. Затоа и не сакаа(т) да ја примат Украина во ЕУ, затоа што ќе треба некој да вложи пари да го нахрани тој народ и репарира цела земја. Овде првенствено се работи за безбедност, а не за профит. Едноставно Русија беше приморана да интервенира сега за да се заштити себе си од милитизирањето на Украина и заканата од нуклеарно оружје, без разлика дали станува збор за евентуална изработка на нуклеарни бомби од страна на Киев, или пак на поставување на нуклеарни бомби од страна на Нато. 500 километри е Москва оддалечена. 2-3 минути и треба на една таква ракета од Украина да стигне до таму. Во еден таков случај ниту може да се реагира, ниту спречи, ниту да се изврши контра напад.
Абе битно е командантот да е жив, во вакви услови не може да се избере нов командант, многу е гужва. За војување Кличко ќе војува, и така тој е трениран за вакви операции. Инаку има едно нешто подобро од една украина- неколку Украини, секоја со своја влада по мерка, под контрола на ју ноу ху. Ако од Југославија излегоа 7 држави, колку би можеле од Украина да произлезат? Ама тоа со тек на време...
Биљо, мртов командант и командант у егзил во време на опсада е исто мртов командант. Онака ќе е телесно жив ама, кујзнае дал народот ќе му прости за друг пат да се врати и воскресне политички. Кај нас,пример, се минува. Таму.... шо знам Израел посредник меѓу Русија и западот... https://www.facebook.com/1517577160/posts/10226398322373872/
Ама јас не измислувам, пренесувам вести https://www.washingtonpost.com/national-security/2022/03/05/russia-ukraine-insurgency/
јас не велам измислуваш. Давам свое мислење за веста/информацијата што ја споделуваш. Контрам на медиумот кој, као, од тајни извори дознава и раскажува прича. Кој год медиум да објави,акп не го гледам ко реално,ќе го кажам.
Тоа е секако така. Ама колку ќе биде легитимна таа влада? По други примери, може да функционира и само симболично. Исто така, може да се изгласа и нова, на веќе постоечката политичка гарнитура во егзил. Особено ако народот не ја признава. Или ако падне Киев, да речеме. Интересно ми е што има шанси и да опстане, особено ако поддржана од страна, како во случајов.
Кој смее да не ја признае? Народ шо? Тој миротворецот , овај преговарачот што го убуја вчера, оти бил предавник... Како звучи тоа ,,предавство,,? Како да имаш право да кажеш или правиш нешто спротивно од директивите? Како да имаш право да бегаш, да се предадеш, да си го спасиш голиот живот? Не ги напуштајте градовите, наоружете се со молотови коктели, не ги напуштајте градовите- од прв ден слушаме тоа. Ор елс... - ова ко надоврзување на твоето- или ќе војуваат со кутлачи, и ќе гинат, или ... пак ќе гинат. Гнасна, гнасна, најгнасна политика