Форумџика на годината

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Веројатно поради високиот стандард што им го пружи инсталираната влада од страна на демократска Америка.
     
    На Bratot, СуперДевојка, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Леле да :D
    Иако воопшто не се согласуваме, пре би тебе да те читам него таа со локацијата, локацијата, локацијата :D:drunk:
    Не гледам поента само со вреѓањево, побогу форум е ваљда очекуваш спротивставено мислење, ама голема си ти си знаеш.
     
    На simoncelicius, Konfetka, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Ајде вака да разјасниме што точно значи тоа no fly zone. Кога има конфликт во некоја земја IATA ги повикува сите авионски компании на meeting и во зависност од ситуацијата се донесува одлука. Небото над Укарина и Русија е проценето со R (највисока можна опасност на едно небо).

    Како личност која работи во оваа индустрија и последниот месец бев над 70 часа во небо, нити јас нити било кој не само од мојот тим од било која компанија на светот ќе прифати да лета над небо каде што има конфликт, без разлика дали тоа ќе прогласи официјална авио заедница или некоја држава како санкција.

    Кога почна конфликтот и кога беше поставено прашањето дали да се лета воопшто или да се направат нови траектории, не само пилотите и инженерите, сите бевме едногласни за 2рата опција.

    Тука, авио компаниите во просек имаат над 8 000 пилоти, башка инженери и останат екипаж, да не зборувам за флотата, типот, големината, и бројот на седишта.

    Ако направиме проста математика само пилот со први офицери и заменик офицери се над 50 000 вработени кои кажуваат ако сакате да летам во зона со R ознака јас давам отказ. Нема компанија на светот која ќе најде обучени лица од овој ранг за толку кратко време. И не е само екипажот.

    Од друга страна, патниците при најмали турбуленции паничат, а камо ли да им кажеме сега ќе летаме над воена зона. Нема едно седиште да се продаде, а камо ло да кренеме еден А380 во воздух.

    Истотака, случајот на Malesia Airlines во 2014 и KLM се учат во првите денови за пример како не треба. Првиот случај беше 50 километри надвор од курс (тој што е во авијација знае дека над 12 км некогаш може авионот да излезе надвор од курсот 50/60 км заради мала турбуленција, на небо тоа се неколку метри, на земка се во километри), long story short беа погодени од руска ракета над Доњецк, 317 мртви цивили 24 екипаж. Сличен е и случајот на KLM.

    Како економист чија задача е да се пронајде најефината, најсигурната и најбезбедната опција за секоја задача, стојам зад секој не само во мојот тим, туку и колега, од чистач па се до CEO, и сите сме едногласни, најважни се животите на нас и на нашите клиенти, па макар патувањето траело неколку часа повеќе.

    А, чичко Путин, Бајден и незнам кој, може уште денес да ме стават на црна листа. Ако можам да бирам, попрво би умрела од куршум, отколку од декомпресија на преполовена кабина и слободен пад од 12 км.

    Ќе повторам, сите повикуваме егото и комплексите да си ги остават дома и да вклучат разум, за доброто на цел свет.
     
    На Ivan4e04, simoncelicius, Priroden и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Тука станува збор за овие no fly zone што Нато со ОН ги воведува, генерално значењето е за милитарни авиони, т.е. ако е декларирана таква банирана зона од НАТО и ОН имаат право да срушат било кој авион кој би ја нарушил. Пример, Босна во еден период.
    Тоа би значело нато авиони да го обезбедуваат тој баниран простор за летала, т.е. да влезат во директен конфликт со руски авиони, што би значело ескалација на војната во меѓународни размери.

    А за комерцијални летови, секако дека е така како што пиша.

    Не можам да се согласам повеќе.
     
    Последна измена: 6 март 2022
    На zhap4e, Waverly Raven, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    No fly zone, бара зелениот. Тоа, во рамките на НАТО, би значело забрана за руските летала на украинска небо и директно учество на НАТО во војната. Читај трета светска. Бидејќи, авионите на НАТО ќе се судрат со руските, поради банот од претходно. Од тој аспект и зборував. И ова го знаат и едните и другите. Колку (не)свесно размислуваат, имаме на дело. Страда обичен народ! @Kanya
     
    На Ivan4e04, Idedemja, Bratot и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    И, што кажа поврзано со нејзиниот пост?
    No fly zone во случајов е тотално небитно за патнички авиони. Се мисли на воени.
     
    На deskarada, Pea и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.873
    Допаѓања:
    42.536
    Пол:
    Машки
    @Kanya ако те разбрав точно, мислам дека зборуваш за комерцијални летови, а @Lianna Anna зборуваше за воени летови и такви коишто ја бомбардираат Украина од небо.

    Иако, слично е. Вака на прв поглед, има само индиректно мешање во војната, но ако НАТО го затвори небото, треба да стојат НАТО авиони во воздух кои ќе го штитат небото над Украина. Во случај на непријателски авион, истите мора да се спремни веднаш да го срушат, со што автоматски и директно би биле вмешани во војната. Ако не грешам..
     
    На Lianna Anna и Bridget им се допаѓа ова.
  8. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    За сите кои ме цитирате, Путин мисли на no fly zone за комерцијални авиони, бидејќи кога комерцијалниот авион лета над одредено небо плаќа одредена сума како данок бидејќи нели ја користи ATC на земјата домаќин. Во превод, Русија како земја со најголема територија и небо, губи голема сума на пари, а со тоа и буџетски средства.

    Точно, Зеленски бара авиони на НАТО над небото над Украина како подршка, но не бара Falcon или некој друг производител од НАТО алијнсата туку бара од Руско производство.

    Ако Зеленски најде вакви, ве молам известете ме, и јас сакам да си купам еден MIG по можност 29ка.

    Во превод, секој бара кај што го боли, а сите се без разум.
     
    На Resana, LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Путин мисли на no fly zone за Украина и за војнички авиони и за тоа се збори овде. Русија сама може да си стави no fly zone како санкција за оние што прекинале со нив соработка. Пошто повеќе ќе изгубат финансиски тие што ќе летаат околу Русија отколку преку неа.
     
    На Ivan4e04, senjorita-v, Bratot и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Не, и Путин мисли на тие, над Украина.
    Превод од германскиот текст на Лиана е дека Русија ќе смета дека воведување на no fly zone над Украина ќе е директно вмешување во конфликтот. А за санкциите останати, стои дека има остра реторика.

    А за другото, гледам дека пробуваат руски авиони да им даде Полска на Украина, а НАТО да и даде после амерички на Полска, да си ја надополнела флотата. Луд, збуњен, нормалан...
     
    На Lianna Anna, Bridget и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Да со ова секој ден се "закануваат" ама тешко дека ќе им запали.

    Тешко дека губат големите превозници, за малите не знам. Ако губи некој во случајов тоа е Русија.

    Чекај, вие сериозно мислите дека САД ќе однесе нејзини пилоти и ќе ја брани Украина? Јас не верувам дека било кој американски воен пилот ќе прелета над руска територија, исто е и од страната на Русите. Она што знам е дека руските пилоти летаат само над прогласените руски територии во Украина што е легитимно според договорот.

    Она што е важно во R зона во војна еве настрана комерцијала, иако и на за неа Русите секој ден пуштаат делегации, без разлика кој на кого ќе влезе во воздушен простор (Русин или НАТО), тој почнува војна, а од она што се гледа војна во воздух нема да има. Бидејќи НАТО, т.е САД по катастрофата во Виетнам а и Middle East не води веќе борба на копно, бар не во главен дел, пушта авиони и останатото се знае. Ако сакаше САД да помогне ќе помогнеше, нејзината најголема воена авио база е многу блиску до Украина.

    @Celltica значи од Полска да барам,tnx. Полјациве бар да седат мирни, немаа добро искуство со НАТО и Русија, први настрадаа.
     
    На Celltica, Biljarkata и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Многу интересно. Главниот слоган на сите станува "воведете зона на забранети летови". Дури и на протестот денес во Скопје, со толкави букви беше напишан таков транспарент. Никој веќе не спомнува "седнете и најдете решение/договор".
    Зеленски вчера на видео - средба со конгресмените на САД. Му пружиле силна поддршка, |( еден дури го нарекол "вистинска инспирација". За во Холивуд изгледа.
    Друг му рекол ќе направи се' што може за да издејствува воена поддршка (тоа авионите) за да им прателе одма на украинските војници. Ама не од Америка, туку од Полска, балтичките земји, Романија... Па и јас знам вака да поддржувам.
    Америка пак ја трти Европа, сите нека изгорат, само нејзе никој да не ја рчка.
    И сега Европа што? Ќе си игра"нека бие, нека бие"?
    Уште не сум на сигурно дали е возможно некој да пукне под притисокот на чичо Сем, па дури тогаш да се направи "големата".
     
    На Bratot, Konfetka, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.784
    Допаѓања:
    201.080
    АмИ да, ако вреска погласно ќе го чујат. Политика на мало дете во игранка на тешкаши|(
    The doomsday is close- Ја и Бриџа исто мислиме:worried:

    Ако се разбравме што уствари бара ( и ова е барање од вториот ден, од новинарката што му се расплака на Борис), и знаеме дека тоа значи Нато да им го чисти небото од руски авиони...а истовремено има анализи дека русите не ни почнале да ги летаат нивните авиони (стратегија која ги изненадила американците) , што уствари бара?:?:
     
    На senjorita-v, JuLleE, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.980
    Јас читам дека напаѓаат и со авиони, не знам. Да се таму, да чуваат, да бранат.
    Уште со Косми остана да се сложиме на одредена тема, ај може кога ќе заврши ова и ќе почнат зомби да излеваат од земја и да напаѓаат, ќе најдеме заеднички јазик :D
     
    На senjorita-v, Konfetka, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Не верувам искрено, ама за тоа се збори во тоа од Лиана цитираното.

    Чекај вонземјаните се следни, за зомбиња не знам дали се на агендата :DАма верувам во вас :muscle:
     
    На Waverly Raven, Lianna Anna, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    801
    Зеленски и од порано бил со нестабилен став (имаше во дел од изјавите на Марија). Деновиве не видов човек со толку сменети изјави како него. Или едноставно е гениј за во своја професија, па најдобро да си остане на она што претходно бил.

    Мене најмногу ме плаши она затишје. Некако ми е премирно за деновите што одминуваат.. :whew:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.805
    Пол:
    Женски
    Wow subtile, на ниво на 16годишник.|(Still holding a grudge дека некој ти покажа дека не си во право?Кој его до плафон си ти човече :DА и на друга тема да не сме ај види:D

    Вака едноставно звучи.Сега додај ги џиshenanigans-ите на САД во Украина и приметуваш поинаква слика нацртана ? Нео нацистите во Украина кого го сметаат за непријател? А во Русија кого? Тука е клучната разлика. Како идеше она the enemy of my enemy is my friend?:mm:
     
    Последна измена: 6 март 2022
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    И Зајко наш така си менува ставови. Исти се.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Очаен е. И нормално е да бара. Вие да бевте реално на негово место и една Русија да ве тепа од небо, нели ќе баравте? Оти сте се фатиле за тоа дека не знае што значи no fly zone. Па не го смислил он. Некој попаметен му објаснил што значи и му рекол да бара баш тоа оти во моментот им се гледа како добро решение да не трпат толкави загуби - инфраструктура разрушена, војници, бази, оружје, луѓе. Бомбардиран од небо, како уопште да се бориш на копно? Вака, Русија ќе е оставена на копно да се бори, а веќе фино си знаете, ни една УСА не води копнени битки. И да, повторно се зависи од тоа колку САД и останатите кои ги тегнеа за нос Украинците, сега се спремни да стварно заржат или ќе се седи и ќе се чека цело време Путин да ржи и тера дур он смета дека треба да се тера. Пошто еве, денес слушам господинот изјавил нешто во стил, кога Украинците ќе престанат да пружаат отпор, ќе престанела војната. Кога украинскиот тим ќе бил поразумен или што годе рекоа, ќе завршело сето. Извинете малку ама, и јас сум за мирно решение и се тоа ама, у војна и преговори работите се менуваат во секоја секунда и се прилагодуваш на промените. Што си сакал пред пет секунди, не ќе сакаш и бараш сега или после пет секунди. И во ситуација во која ти ја роварат државата и ти наметнуваат, многу веројатно, мегаломански барања, скроз нормално е да очекуваш дека истите тие кои те влечеле за нос сега нешто и да направат. Многу конкретно. Трета светска војна дал ќе избире? Путин оти не се сеќира за тоа?
     
    На CameliaMiller, senjorita-v, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Машки
    Зајко немаше да чека олку долго да избега ако имаше воена состојба овде. Па не само Зајко, туку било кој кај нас, се сомневам да остана некој храбар.