Очаен е оти на еден или друг начин, САД ќе го извисат. Ако евентуално не го докрајчи истокот, на крај ќе му пресуди западот. Тој ти е еден небитен пиун ставен измеѓу, на кој кога-тогаш му доаѓа крајот.
Јас не верувам дека тие што го влечеле за нос му рекле -не се секирај, ако избие војна ние сме тука да те браниме. Ако не друго би барал на писмено, мада сам знае кои држави ги бранат. Си сакал слободна Украина, про европска, америчка, лгбт знамиња, како цел цивилизиран свет така и он со Украинците, се е тоа ок, кој не сака, ама...да било така лесно само со сакање сите ќе сме биле одамна, не да се трпиме со секакви во држава и да бегаме по бел свет. Никој не му се сити, само се прашуваме колку од ова е и заради неговиот аматеризам во политика. Без нели, да изземеме вина на Путин. Ваљда тие што го пратат ликот и делото на Путин низ годините процениле дека ако се вмеша Нато со авиони нема да остане само на пресметка на Украинска територија, како што и тој се заканува. А да ризикуваат дали стварно мисли или само се сили...не знам колку е паметно.
тоа веќе го кажав во некој од претходните постови -колку Зелински е аматер и бла,бла. Тука ама збориме за но флај зона за што сите се „нели знае што значи“... „трета светска војна“... И Путин можел да размисли пред да иде со сета сила да ја освојува Украина, пардон, не ја освојува само се бори против нацистите треп-треп и сака да донесе демократиија треп-треп во Украина. Ама пресметал дека никој нема да се вмеша. И да се вмеша,се спремил и за тоа. Сто посто. Истото можеле да го сторат и оние од Запад. Ама приоритети. Да сакаат, да се толку на страна на кутриот украински народ, не ќе гледам смотани постови на фб за колку силно Бајден му се заканил со економски санкции на Путин. Него ќе се заржи ко Путин што заржи,нуклеарките ќе ги активирал. Не знам, дал само Путин смее да се заканува со нуклеарките или што?
@daylight Ми истече времето за редактирање морам нов пост за истото @Billy Idol убаво има поопширно напишано во пост од вчера мислам.
Можат сите што имаат нуклеарки да се закануваат, прашање е кој е понесалам и кој колку има да изгуби и за кого. За Украина едноставно не им се гине. Не мора да е со нуклеарки, еве и да немаат нукеарки, не им се влегува во конфликт едноставно пошто загуби огромни ќе се, што финансиски што човечки. Ваљда пресметан ризик им е, штознам.
Па руси ќе кажуваат, кој друг?! Чудно, царот Путин супермен први што јава мечки,се бори со тигрови,а што пречекува гости на маса 10 метри подалеку од себе да се уплаши од еден “комедијант” па му прави атентати и вади “пропаганди”дека противникот скрил во Полска.
Тогаш требало да си стојат на страна и да не си го пикаат носот каде не им е местото и каде „немале интереси“. Т.е. им пропаднале интересите и знаеле ќе им пропаднат. Инсталираат кловнови ко еден куп прости, корумпирани и сумљиви ликови и после жалопојки. Муабетот е... негово е да бара. Каков год бил он. Колку и да е крив за сето тоа што се дешава сега. Нема лошо во тоа што го побарал. Доволно драмење има на темата за зелениот и сл. и но флај зоун што значело. Јасно е. Има лошо ама во отсуството на соодветна реакција. И редно е светот да се освести за последиците што оние што инсталираат „демократски“ мај ес, избрани лидери... не се спремни и да гинат за тие народи што, као ги оправаат.
Јас па мислам такви прости ликови баш им требаат. Има причина што све такви ги бираат. Во право си, има право да бара, ама од друга страна со извесен исход, не знам колку смисла има.
Сите се освестуваме по малку во вакви ситуации и после толку. Ќе не залажат со светлечки реклами и пропаганди нас обичниот народ а со пари кловновите нивни и пак по старо. Не само Америка, Европа исто искористуваат и експлоатираат во сиромашни земји а им нудат трошки. Затоа и се богати. Тоа е.
Нас тука би требало да ни е најјасно зошто и како се бираат такви. Ги имавме и ги имаме и жално ама, ќе ги имаме. Сите демократски избрани, исто. И видовме, ако не победат на демократски избори, онда коалиција не ќе формираат и па демократски формираат мнозинство, прогресивните, исправните Кучињата лаат, караванот си врви.
@zhap4e истата шема со инсталирање „демократски и прогресивни“ политичари одамна ја гледаме на многу локации низ светот. Позната приказна, малтене исто сценарио секаде. Ама никој до сега не се опамети. Жално е само што еден куп народ пак за џабе ќе изгине, од двете страни.
Мене ми е нормално да не е таму. Сепак е претседател и комендант на војската и мора да е на сигурно. Аман не скокај одма со Путин. Кошмар ти е чоекот. Кога сме кај Зелениот https://a1on.mk/world/otvoreni-sme-...-vo-nato-veli-glavniot-ukrainski-pregovarach/ Дошло им из дупета у главу. Ама по која цена.
Ајјј лелее јаболкото на лаптопот и телефонот значи дека си најјјачи и најбогат у маало, врвна технологија значи чоек, нема боље. Ако немаш ајфон а имаш телефон од Кина значи гревче си.
Само да не биде и овој бивш преговарач до утре Друго нешто сдк https://telma.com.mk/2022/03/06/макрон-и-путин-се-договорија-маае-да-се/ Телма вика се договориле нуклеарките да ги обезбедува меѓународната атомска агенција, појма немам колку е вистина, не барав по други извори.
Да, го имаше ова мислам францускава администрација објавено, дека зборувале претседателите и Русија е спремна за состанок меѓу агенцијата, Русија, Украина, ама да е или видео конференција или трета земја за да се договори обезбедувањето на истите.