Еве од нас вино и јабуки зимаат. The main products exported from North Macedonia to Russia were Packaged Medicaments ($16M), Apples and Pears ($9.07M), and Pitted Fruits ($7.16M). i ova
https://www.thedrive.com/the-war-zo...rested-in-transferring-its-mig-29s-to-ukraine Сепак, Полска засега не праќа авиони. Иако вчера имаше од САД некои најави, денес демантираат.
Слабо ми се верува ова да се случи на долг рок. Мислам дека генерално на двете страни нешто многу не им одговара таков поларизиран свет. Искрено, не верувам да потраат санкцииве после завршувањето на војната. Од економски аспект, не им се исплаќа ни на едните ни на другите да се дистанцираат од другата половина на земјината топка на долг рок. Барем така мислам, може грешам. Ама ми стои како баш привремено. Ако САД отидоа во Венецуела да бараат откуп на нафта, земја со која немаат никакви дипломатски односи од 2019 наваму и да разговараат со диктаторот што не го признаваат, и која не може ни во целост исто нафта да им опслужи колку Русија, значи стварно им гори под нозе. И од спротивната страна, не верувам дека лесно ќе се откажат од европските и америчките пазари. А и САД од рускиот/кинескиот пазар. Како што реков, ова еден ден ќе заврши, они повторно ќе седнат на иста маса, ќе се сликаат, ќе се ракуваат, ќе кажат ова е за доброто на сите земји и ќе продолжат со бизнисот како и обично. Обичните луѓе, најмногу во Украина, после и во Русија, а на крај и во светот (особено во сиромашните земји) ќе ги трпат последиците на војнава, без разлика на исходот на истата.
За компјутерската индустрија ги има неколку каде што Русија држи маркет од 40%, 50%, 60% за некои суровини. Најбитната од нив е паладиумот кој 45% од светската побарувачка го надополнува Русија, а е клучен за изработка на чипивите. Уште еден битен редок материјал е Скандиумот кој најголемите количини му се во Русија. После имаш неколку гасови кои се користат за семи - кондукторите и се клучни за семикондукторната литографија како C4F6. Неон и Хелиум се исто така гасови кои се користат за семи-кондуктори, а освен што најголемиот процент од нив се увезува од Русија, Неон-от најмногу се увезува од Украина. Пр. Во 2014 година кога почна војната во Украина, на неонот му порасна цената 10 пати и направи хаос во компјутерската индустрија. Инаку Неон гасот е клучен за процесот на компјутерски чипови до 10 nm, како што беа минатите генерации на Интел. Веќе за чиповите што се 7 nm, 5 nm е исфрлен од процесот на изработка, но повторно е битен. Најголемата фабрика пак за изработка на семи-кондуктори и чипови е TMSC од Тајван со 54% од пазарот, па потоа доаѓа Самсунг со 17%, па повторно тајвански помали компании и неколку кинески. Сите чипови кои ги користат Епл, Интел, Амд, Нвидиа , Snapdragon се прават всушност во TMSC кој ги има најнапредните процеси на изработка. Samsung исто така имаат меѓу најнапредните процеси, ама каскаат малку позади TMSC со што се гледа оваа година, како и години назад дека чиповите што се произведени таму не се со ист квалитет како во Тајван. Цел свет за семи-кондуктори зависи од овие две држави. Русија за материјали, Тајван и Кина за изработка.
Фала му на Бога па, нашиве пред 129 години не размислувале дека леле, турците се појаки, или во 1940 леле фашистите се појаки, благодарение на нив, на многу изгубени животи, денес можеме да живееме во каква-таква сопствена земја. Да размислувале како некои од вас, можеби се' уште ќе бевме турски вилает, а можеби и Бугари, не знам. Утре да е Македонија нападната, од било кој, да видам дали ќе викате ама свиткај кичма нека се предадеме, што ќе ни' е независност. Секако дека Украинците ќе се борат, и секоја им чест. Исто како што секоја им чест на нашите им викаме секој втори август. Мислам, ваљда знаете дека не е ден само за скара вртење.
^ Интересно како некои се тотално неинформирани и сметаат дека Русија сака да им ја одземе независноста на Украина.
Можеш и да означиш кога веќе на конкретен член се обраќаш. Еве не знам, прогласување на две територии на друга земја за независни и инвазија на истата земја, како друкше да се протолкува. Мировна мисија?
На страна тоа што не се читаат никакви вести (освен про-западни) и не се гледаат видеата што се постираат тука, па ни гугл транслејт не се користи. Не се однесуваше само на твоето мислење. Наназад на некоја страница уште еден член го имаше пишано истото. Нејсе. Мински договор ви значи нешто? Кој го има потпишано?
Сакаат да имаат независност тие две територии, за да се тампон зона меѓу Русија и Украина.А оваа ако влезе у НАТО, да не им дое пред врата на Русите. Каме, тие што умреле за нас, еве конкретна особа, сите ја знаеме, денес Бугар го нарекуваат и го чествуваат како нивен да е.И ради тие истите сеа ЕУ го гледаме на вести само, ептен сме независна држава.Си ќутиме на се` живо и диво.Тогаш се бореле, ама сеа да ме извините, муда на тастатура само.
https://www.businessinsider.com/put...pire-says-ukraine-not-real-country-2022-2?amp Putin said in a Monday speech: "Ukraine has never had its own authentic statehood. There has never been a sustainable statehood in Ukraine." He argued that Ukraine was a creation of the Soviet Union under Vladimir Lenin, its first leader, despite extensive evidence of a distinctive Ukrainian culture before that. Ај еве објаснете, што е ова ако не непризнавање независност? Вториот дел е патем исто срање како Бугарија што тврди за нас дека сме креација на Тито. Ама да, нас кога нѐ боли тоа сме патриоти, а Украинците се нацисти. Логика пар екселанс.
Фала ти. Своевремено работев за компанија која беше тесно поврзана со Хуаеви, и иако не работев ништо поврзано за чипови, ова што го кажувам е common knowledge и секој кој е во оваа сфера го знае. Да додадам само дека после TSMC и Samsung (и UMC, исто од Тајван) доаѓаат GlobalFoundries (USA) и SMIC (China) за производство на чипови. Колкава е разликата помеѓу овие другиве е тоа што производството им се одвива со 14 nm технологија која е 10 години стара. Тоа во светот на процесорите е огромна разлика. Интел има некое производство во Америка за нивните х86 серверски чипови со 10 nm технологија и толку. SMIC е иначе исто така на црна листа од страна на Америка. Од тогаш кинезите се трудат од петни жили да го достигнат TSMC и Samsung по технологија, ама сега за сега не им оди баш. Трамп тогаш правеше се да успее производството да го префрли во САД за да не зависат од овие компании и Кина, ама не успеа. Русија пак нема никакво производство на чипови, ниту пак архитектура. Имаа нешто античко што пробуваа да произведат ама не им успеа, и зависат од САД, Кина и Тајван. Се е тоа еден магичен круг каде секој од секого зависи. Ако го банираат Епл во Русија, а Русија го банира Епл да користи нивни материјали за изработка, Кина го банира за производство, а Тајван за чипиви, нема да може Епл првенствено да направи телефон за да го продава. И како што рече @Celltica , во најбрзо време ќе седнат на маса да тргнат санкции оти овака сите губат. А кога двајца се караат, највеќе користи третиот (Кина).
Не сум сигурна, мислам дека го постираше некој видеово но еве пак ќе го постирам јас. Воопшто не е пристрасно, туку објективно и со факти. За подобро информирање вреди да се изгледа. За сите кои мислите дека Путин еден ден се разбудил и решил да ја нападне Украина оти му е досадно и дека е единствен гладен за моќ.
Мхм гинеле за да им се помочаме сега ние на нивното гинење со нашава каква таква држава со договориве прифатени за да бидеме во воена алијанса. Прекрасно. Не знам за тебе, не сум те читала таму и знаеш дека ништо лично немам против тебе, баш напротив, ама ми се повраќа кога истиве што ги читав како ау бау, да се смени името, да влеземе што поскоро во ЕУ/НАТО, нужно зло, битно е економски да сме јаки и да бегаме од државава, пасошот да ми е европски, тука ми продаваат муда за бубрези и некој патриотизам. А во другите теми ги имам читано како луѓе со национално чувство ги исмеваат како дека биле конзерви и не знам какви, националисти. Не е ништо лично спрема тебе, се надоврзувам само, ама искрено никогаш нема да сфатам да не те боли за твојата, а да скокаш за туѓа држава.
А за нас вака да се буневте? Не ќе беше лошо Спецке.За туѓи држави ептен не` бива и сме душички.Затоа сме на ова дереџе. Не вика дека се сите Украинци нацисти, а постои неонацистичко движење во Украина Азов батаљон на пример.Од кога ги сакаме нацистите? Нели Хитлер не чинеше? А тоа дека сака да ја земе Украина под свое, и да направи голема Руска република, е уште кога бил прајм министер.Не е нешто ново Пола држава се пиша како Бугари, а ги плукате овде Отворете у темана да видите колку членови се пишани ко Бугари, за они да ни` демантираат, јазик, идентитет, историја и историски личности. Ама Македонија никој не ја жали.Зашо ја да корнам коса за Украина? тоа е, слаби сме, ќе си ќутиме и тоа е тоа
Моите мислења во темата за промена на име стојат, јас гласав на тој референдум за промена на име на држава, затоа што лично јас не го гледав и не го гледам како преголема цена во однос на приемот во НАТО. Истово го имам на широко таму образложено. Патриот не сум, ниту се декларирам како таква, но да, ме боли и бугарското и грчкото и српското присвојување на нашата историја, на пример атеист сум а страшно ми смета непризнавањето на МПЦ од страна на СПЦ и сите опструкции кои од нив ги трпи МПЦ. Никој освен Албанците своевремено (во модерната наша историја) немал територијални претензии кон нас, можеме да живееме во оваа држава и да ја нарекуваме своја, да, каква-таква, и да, многу ќе имам против било кој од комшиите да сака да признае дел или цела територија од оваа земја како своја. Украинците се терористи колку што бевме ние терористи 2001 и пред тоа, разликата е што ние се помиривме и не изгубивме територија, Македонци се` уште живеат во западна Македонија, се` уште е нивна земја, така што, изгубивме доста, но не ни отцепија дел (а со тоа и народ) од нашата. НАТО е нужно зло, со комшии како нашите, апсолутно е нужно зло. Така што, можам да зборувам само за себе, не знам за другите, во однос на нашите прашања имам различни мислења за различни теми. Лично немам бг пасош пример, имам многу против имање на истиот, сметам дека е голем проблем тоа што наши граѓани вадат бг пасоши, затоа што утре исто така Бугарија ќе си рече еј си имам малцинство, дај да си го приберам во наша територија. Затоа НАТО ни` е битно, и тоа многу.
Не е поентата моја кој е во право, за мојата поента е ирелевантно. Не сум ни јас некој патриот. Си ја сакам земјата, ама повеќе си го сакам животот и просперитетот. Јас кажав да пукне, прва ќе заминам. Муабетот ми е многу повикување на патриотизам од луѓе кои исмеваат македонци и други народи за патриотизам по други теми. Т.е. немање став.
Поентата е дека нема да имаш живот и просперитет ако те пороби било која од соседните земји. Она што го прави Путин на Украина. Колку што рускиот народ просперира, толку ќе просперираат и Украинците под капа на Русија. И на крајот, секој народ има право да си бара целосна независност, тоа го баравме ние со векови, тоа сакаат да го задржат и Украинците. Не верувам дека постои земја која туку така ќе рече - ок, нвм, ајде од утре се спојуваме со комшијава.