Па то е оспорување на независност. Сакаат да им кажуваат со кого смеат, а со кого не смеат да соработуваат.
Она што го прави Путин на Украина ни го прави моментално на нас Бугарија само без пушки и бомби. Само дел по дел, состанок по состанок се ни грабаат. И на крај територијата и то е то. Се под превезот на дипломатијата. Ама нели глупо македонче е тогаш, хехе. Што знаеме ние, се е за наше добро.
Пишав понапред ама ај пак. Нато е дволично олицетворение на злото. Кога Србија си го бранеше Косово ја бомбардираа, кога Украина го прави истото, па и бетер со оние лудаци Азовци по нивната глупа логика треба да ја бомбардираат и неа, ама не, двојните аршини се тука. Сите војни последниве години на блискиот исток ги направија тие, ама алал да им е, секогаш се оние спасувачите и добрите дечки.
Да де. А истите тие кои навиваат Украина да се предаде, уште немаат преболено што ни го сменаа името.
Ако мислиш на мене, мене ми е баш гајле за името, баш мислам дека кад тад ќе се сменеше секако. Мене ми е повеќе од јасно дека македонското прашање засекогаш ќе остане нерешено. Поентата што ја промаршувате е дека исходот на војната се знае, ние може да продаваме идеали, ама вистината е таа. Страшен исход, или уште пострашен.
Тоа е друга тема, ако сакаш, би било добро да не одиме офтопик тука, таму цитирај ме и кажи ми на кој начин на полошо се промени нашиот живот овде со промената на име, односно додавање на географска одредница.
Добивме нешто важно откако ни сменаа името? Влез во ЕУ пример (како шо обеќаа)? Преговори имаме уште од предминатата деценија, ама влез?
Не мислев на тебе. Мислев на тие кои припаѓаат оти сме Северна Македонија Ако ова е крајот на светот, нека дојди побрзо и џа у пичку матер. Страв ми е. Ама ништо не можам да сменам.
Ако успеат да си ја задржат независноста и да се ориентираат по свој избор каде сакаат (односно, про-ЕУ), нивно право си е. Можеме и ние да не се тепаме да влеземе во ЕУ, ама па така на секои избори одлучуваме. Двете главни партии наши и албанските, сите се про-ЕУ, упорно за нив гласаме сите.
Па нека се предадат, нека се преименуваат Русија и готово. Стварно... што драмат толку многу за едно име. Важно мир ќе имаат. Спојлер Или така нешо беше за сите измени што ни ги приредија. И пак ќе кажам, најжално за народот во Украина. И браво за нивната борбеност! Скроз ги разбирам оние што се горди што се Украинци.
Да ја задржат независноста не можат без ескалација. Не знам еве не можам да замислам сценарио ама реално во кое Украина воено ќе ја порази Русија, без нива светска војна. Јас го разбирам поривот, сосема, ама едноставно светот не е идеален. И јас сакам свет кај што е се фер, ама кај што има сила за жал нема правдина.
Затоа што невини луѓе гинат поради страни интереси и папет влада која наместо разумно да преговара и да извлече максимум што може за земјата, поради својата некомпетенција е дојдено до оваа ситуација што е. И ај што е дојдено овака, туку со секој изминат ден украинците губат се повеќе и повеќе. Моќта за преговорите ја губат и уште толку ја турнуваат земјата во провалија. Ако ние во 2001 не решивме да потпишеме рамковен договор кога ни се закани Нато дека ќе не бомбардира, ем што ќе бевме разрушени, многу луѓе ќе починеа, 10 пати повеќе ќе ја напуштеа трајно земјава, ќе го изгубевме и западниот дел од државата. Ако сега не потпишевме капитулација за промена на име, ќе ни се случеше исто воена интервенција од страна на Косово под директива на САД. Куманово во 2014 беше закана за што ќе ни се случи ако не слушаме. Лицемерно е сега да барате од украинците да гинат, да гледаат како им се разурнува земјата, а вие тука први бевте што се предадовте на Нато.