Украина треба да остане неутрална за доброто на сите. Да има независност секако, ама да е неутрална. Мора да има баланс меѓу двете светски сили, инаку полошо ќе е. Мене ме чуди како тоа повеќе емпатија се има за туѓи држави отколку за својата. А не сум ни некој голем патриот, и јас еднаш наивно мислев дека името го менуваат за наше добро. А ако сме реални повеќето од тие што сакаат влез во ЕУ сакаат за полесно да ја киднат од тука, не дека им е гајле за државата да се подобри.
Убаво си рече Селтика, во една тема истите што исмејуваат македонски патриоти сега се ептен загрижени за независноста на Украина...да бевме ние во таа ситуација друго ќе зборевте ама ај.
Зошто сте толку умствено ограничени? Завршувате по два факултети и пак немате опус за критичка размисла. Дај сфатете, Украина е независна земја, меѓутоа сите најважни одлуки во минатото биле носени преку главното Собрание, или батаљон во Киев. Русија и Украина секогаш носеле заеднички конвенции, договори, и работеле на заеднички цели. Што било добро за едната држава, било во корист на другата и vice versa. Артилерии, оружје, стратешки планови, се, ама буквално се` било под лупа од СССР. Впрочем, во минатото, за време на постоењето на Советскиот Сојуз се гледаа како еден народ кој управува од две републики. Не може Запад да ги разурне столбовите на двете заседавачки ложи на Истокот кои историски и епохално функционираа во синергија до пред 15 години и да очекува тоа да нема последици. Апсолутно ќе има последици и треба да има последици. Пак ќе кажам, кој студирал антропологија и археологија ќе сфати. Се` oстанато е млатење празна слама на темава. Никој не сака да ја заземе Украина, тоа е мит. Учете Светска историја, не читајте про - западни brain washed медиуми и не заземајте страна.
До сеа сфативме дека кога во војната од 2014 па навака жртвите се директно цивилното население, тоа не е битно. 8 години војна не значи ништо. Битно да нема цивилни жртви во оваа војна. И тоа не е ич лицемерно.
Не можете да споредувате, Нато, Русија, Косово, Украина, Србија, Македонија, Босна. Сите се со различни политики и интереси, така да...Она во Мк во 2001 беше изрежирано намерно за да се исплаши народ и да си легне на брашно побрзо. Албанците т.е Косоварите се кучиња на Америка и тоа е тоа.
Вајда поентата не беше да се прави паралела. Поентата на тие горе кои цитираа беше да укажат колкав притисок знае да прави Западот, подло, за да ги оствари своите стратешки цели на сите четири страни на Светот. Како последица на НАТО интервенциите денес немаме вистински независна и слободна држава. А, овде сеуште гледаат на Истокот како единствено зло.
Абе, како знаете кои Украинци се вистинските и дека треба за нив да навивате? За кои Украинци уствари се навива сега? Нешто као Вмро, вистинска, највистинска, тајна, јавна https://puls24.mk/киев-го-обвинува-украинскиот-пратени/ Една јадна поделена земја, толку познато ми изгледа сето ова
Глупости. Кога НАТО ни се заканил дека ке не бомбардира, ? Колку години си имал тогаш 5? Може да го хејтате колку сакате. Нато е гарант на граници и тоа значи дека мечката нема да заигра во наш двор. А да бевме во Нато и немаше да игра 2001 кај нас. Тоа што имавме безрбетници политичари кои немаа храброст за ништо,не им се ризикуваше , затоа потпишавме договор. И затоа денес немаме држава туку сме заробеници на тој рамковен. Тебе ко од Кремљ да те пратиле. Значи украинциве се сами криви ,сами дошле до оваа ситуација Русија да и изврши агресија. Така е,жртвата е сама крива. Имаат некомпетентна влада полтронска која не знае да се спогоди и да ги прифати барањата на Русија. Агресијата на Русија отвори и други прашања, во БиХ се зголемуваат бројот на безбедносна војска. Да не им текне на Додик и србија по пр.на Русија https://avaz.ba/vijesti/bih/723484/...ledajte-novi-konvoj-koji-je-stigao-u-sarajevo https://avaz.ba/vijesti/bih/723703/vojnici-eufor-a-na-ulicama-sarajeva Snage EUFOR-a danima već pristižu u našu zemlju kao pojačana operativna patrola za podršku bh. partnerima. Kamionima su dovezena američka Hamvi vozila, a prošle sedmice u Bosnu i Hercegovinu stiglo je 500 vojnika EUFOR-a. Iz EUFOR-a su ranije poručili da bi pogoršana sigurnosna situacija na međunarodnom nivou mogla potencijalno uzrokovati nestabilnost u Bosni i Hercegovini te da je raspoređivanje ovih snaga mjera predostrožnosti. @Biljarkata Нема поделеност колку и д а навива некој за тоа. Да имаше немаше д а имаат ваков отпор. Што стана со рускиот конвој од 64км.? Заглави ко возот в снег или расипан автобус на школска екскурзија.
А зошто да остане нерешено македонското прашање? И покрај сите задоволувања, сепак нешто смрди, не дава надеж дека ќе нѐ остават на мира така? Тоа е така, од нашите претставници полтрони кои си ги избравме, им дадовме отворен пат за да прават што сакаат. Тоа една работа. А друга од тоа што народот веруваше во "Европска Македонија", а всушност гласаше за промена на име. Мене ме боли името, не сакам да бидам граѓанин на РсМ. Самите полтрони нѝ го одзедоа чувството на припадност, љубовта кон татковината, вредностите, и оттука природно ви е на сите што гласавте да го оправдувате таквиот став и глупите изјави "името да не ни даваше леб", А секако дека нема да запрат. Со името се започна, некој ќе го доврши и еден ден севернава ви ќе ја поделат. Кога порано ќе зборував со млади луѓе, се смешкаа, демек нешто измислено, теории, ама еве сѐ повеќе кон тоа се оди. Ама нема народ на кој да му криво. Сите до еден ќе се иселат, сите до еден ќе ја раздадат. Пак ќе речам, полтрони нѐ водат, нѝ го откорнаа патриотското во нас, затоа нѝ е страв да искажеме чувство топлина почит кон нашава измачена земја.
Се чудам како воопшто можело да ни падне на памет таква невозможна идеја стварно, дека НАТО може и да помисли да не бомбардира Пошто наративот на меѓународнава заедница во 2001 беше прво терористичка организација, после наеднаш борци за човекови права Ама ајде Косми, знаеме дека само ти имаш ексклузивно право да знаеш што се случувало во 2001 Демек не бевме притиснати на тој договор, јеа рајт. Така ги мрзеше на сите.
Бреј Косми, толку те сакам, ама кога те читам на темава се прашувам дали можеби си пратен касапник од инквизацијата. Ти сериозно и понатаму на НАТО гледаш како на 'евроатлантски мировен пакт'? Бараш формален договор oд западњаци со испорачана закана/ембарго до Мацедонија 2001? Лол.
Јас ги гледам нашите интереси. Ние мора да бидеме во Нато,баш поради членот за гаранција на граници оти имаме многу мечки кои би влегле,од секоја страна.
Не се чукај толку у гради дека НАТО ни е гаранција дека никој нема да влезе, тоа ке го покаже времето.
Твојава американофилија и натофилија... Само во розов свет може да важи воен сојуз да е гарантер на граници.Во реалноста не е така.