Ниту пак ќе штити ако дојдат во конфликт две членки на Нато, пример Бугарија и Македонија. Така да...
Ја никаде не кажав дека не штити од граѓанска војна туку допрва ќе видиме дали ќе не штити некој од надвор ако не нападне.
Загрижувачка е количинава не знаење . Нато е гарант на граници си има во членовите,прочитајте. И значи стабилност во држави опкружени со волци ко нашава. Пр.Србија или Косово.
...така што Македонче мора во нешто странско нешто однадвор да верува, отколку во себеси. Ем нѐ ограбија арамиите 30 години ем духовно нѐ соголија. Толку беше дотука. Досега. Отсега натаму мислите новите генерации ќе ги задојуваме со нешто македонско? Ние веќе не знаеме кои сме што сакаме. Ние имавме голем потенцијал за да сме своја прибрана земја, ако не нѐ пљачкаа, сега сме голтари со надеж за надвор. Македонија додека не се подели и не се откорне сѐ што стоеше во учебниците, ќе боде очи. Дури и малите деца сфатија зошто сме црнка во окото на другите.
И на Бих и Албанија,дава т.е продава одамна. Па во Бих само чкорче фали да пукне,а нашиве албанаци прават залихи. Ти вака патриотски од дијаспора со адреса во Нато држава кажуваш Нато не ни треба ич?
Фала, имам учено за тоа.Убаво знам што пишува. Ако слепо веруваш во тоа што е пишано, тогаш немаш поим од меѓународна политика. Во пишана теорија е едно, а во пракса е друго.
Да не цитирам посебно... Јас не би се нарекла ни патриот, а камоли националист и да, не би го ризикувала животот за државата, попрво би гледала да избегам на сигурно во таква ситуација (скраја да е). Сметам дека никој неспремен не треба да биде принуден да се бори, ниту полнолетни и здрави мажи - не знам колку беше точно тоа дека им било забрането на мажи од 18-60 години да ја напуштат Украина, но такво нешто воопшто не поддржувам. Сосема ги сфаќам сите што бегаат, затоа и сум за пружање помош на мигранти цивили од секоја војна, не само оваа. Ама ете, многу луѓе и по свој избор остануваат да ги бранат домовите, и колку и да сметам радикално дека држави се социјален конструкт во својата суштина - во вакви ситуации сум за послабите и нападнатите. Патем, не знам кои сè теми мешате, ама јас не гледам никој да исмева Македонци кои се против бугарската иредентистичка политика со која конкретно јас го споредувам Путиновиот империјализам, поприлично согласни се сите разумни луѓе за тоа.
Бајден има изјава дадено дека секогаш ќе се бори за правата на Албанците, во која и да било војна. Бомбардирањето на Југославија било во 1999та. Албанија влегла во НАТО 2009та. Практично, бранеле земја којашто не е нивна членка. Сега кога наводно сакаат Украина да влезе во НАТО, не се осмелуваат да ја чепнат Русија. Вие мислите ако Албанија нѐ чепне, НАТО ќе ни ги брани границите?
Член 5 прочитај го уште еднаш. Епа колку бе Бриџит? Или е потребно членство или не е. Да не бевме сега член,а и Албанија знаеш што ке беше? Истово ова во Бих сега што се случува.
https://tocka.com.mk/vesti/403888/r...ki-drzavi-listata-e-dolga-na-nea-i-makedonija И нашиве вести .. ко радост да ги отепа оти на некоја листа сме ..
На многу јака листа сме.. На Шангајска паѓаме, на листа на непријатели нѐ додаваат Абе милина Ја коа рекви да ќути кокошкана