Страшна работа, летаат глави секој ден и никому ништо. Како тргнаа, ништо чудно војнава да трае со месеци.
Па нели санкции имавме спрема Русија.. оти отварат што прави Путин или како. Ова излегува ние ке читнеме и ке ви прераскажеме.. офф бе. Ај нека ги има барем на некоја нека се радуваат .
Абе доволно е да ти секне гас, да не ти откупува зеленчук и овошје веќе, било што што значело некаков бизнис или соработка до сега!
Знам, иронично ми беше прашањето Дека пред објавувањето на листата со ЕУ или со УСА најдобри другарчиња беа па може изненаден е некој што се налутиле Ако ова се продлабочи и не дај Боже се прошири и во други жаришта, многу лошо ќе биде. Економските последици ќе бидат катастрофални за сите, и за тие што директно биле инволвирани и за тие што не биле.
Токму ова мислење е најреална слика како размислуваат Европјаните денес...долго се работи на тоа. Украинците не се исклучок. Но,им се случи војна и се сруши нивниот лажен свет, дека и тие се дел од современото западно слободарско братство. Некои од нив се гневни сега и им се разгорува патриотизмот,но поголемиот дел гледаат како да се спасат. Човечки и нормално. Еден ден сепак,ќе им се отворат очите и ќе сфатат колку само изманипулирани биле. Од НАТО сојузниците и од целиот свет,кој за месец дена ќе ги заборави, ако ова во иста насока се продолжи. Единствени вистински патриоти во приказнава се украинските Руси,над кои со години се иживуваат и кои не припаѓаат никаде.
Вербално.ку*чење по основ закон на посилниот.Европа му покажува дека не му се плаши ,а и така треба. Парите од продажба на гасот нему му требаат. Ова би значело дека следи и повлечување на амбасадорите на сите кои ги прогласи непријателски држави.
Ке звучам сурово.. ама мене и мило ми е со ке почнат бизнисите да им цркаат на луѓето. Оти се дигаат со пари од маките на другите. Им откупуваат за ниски цени .. ке малтеретираат за ситна пара . Ние што си работиме нормално, што рмбиме да речам ке се снајдеме .. научени сме да немаме
Зависи кој од Европа. Овде се преплашени од Русија по дифолт, од секогаш било така. За Финска исто важи. Е се надевам дека нема до толку да забега и да почне и други држави да чепка, тие непријателските де.
Тоа ти кажувам, они се спремни по цена на трета светска да си бранат територијален интегритет. И знаат дека можат, затоа што Путин првата секунда чим чепне НАТО комшија на Украина, да, објавена е војна на сите членови на НАТО. Освен тоа, набројав претходно, Литванија, Латвија и Естонија се исто така независни по распадот на СССР, сите три се во НАТО и ЕУ, сите три се соседи со Русија. Ама Путин не ги чепка. Така што, агресијата кон Украина е многу повеќе од "не го сакам НАТО во двор".
Они и да се спремни, џабе им е пошто никој друг не е спремен тоа да го ризикува. Како што гледаш, воено никој не сака да се инволвира, зошто не им се ризикува да си ја носат земјата во војна заради трета земја и тоа е сосема разумно. Да се надеваме for all of our sakes, така и дека ќе остане. Фала богу дека не е за тоа Kaко што кажав, прашање е и дали насетуваме за што е војнава. За територија и его сигурно не е.
Не знам дали знаете дека Советскиот Сојуз сакаше да инсталира ракети на територијата на Куба кои може да досегнат до Сад,тогаш за влакно беше избегната нуклеарна војна.
https://360stepeni.mk/rusija-gi-soopshti-uslovite-za-prekin-na-voenite-dejstvija-vo-ukraina/ за три територии ли е работата? де бе https://a1on.mk/region1/kosovo-kje-gi-primi-semejstvata-na-ukrainskite-vojnici-koi-sluzhat-vo-kfor/ не бе не ги вртка НАТО Косово и Украина, таман посла
https://makfax.com.mk/svet/11-годишно-момче-побегна-само-од-украина/ Како успеа жтс? Сам со само 11 години. Секоја чест за момчето.
На Били му спомнав дека горе долу некаде тоа ќе е. Барања: 1.Неутралност. 2.А двете Доњецк и Луганск да бидат автономни зошто како дел од Украина ги јадоа двата краја од стапот.
https://blogs.lse.ac.uk/europpblog/...tonia-and-latvia-into-the-russian-federation/ не се политички ни територијално ни никако значајни за Русија.Не им се битни уопште.А и не завземаат дел у Русија