А бидејќи оваа војна треба да се набљудува од повеќе аспекти, па и од духовен, овие земји и од тој аспект не се битни за Русија.
За побрзо да влезиме во ЕУ. Сум за глобализација. Мислам дека е единствениот пат напред, како врста. Кога ќе бидеме доволно зрели, да живееме во планетарна заедница и да не се судиме и делиме и навредуваме оти сме различни; кога ќе почнеме да помагаме на оној кој бара помош; да го гледаме училиштето, или болницата како свои, а не државни; кога ќе имаме доволно механизми за да ги менаџираме сите проблеми кои произлегуваат од нашите недостатоци како врста; кога ќе живееме во хармонија едни со други и со целиот жив и нежив свет околу нас, тогаш ќе можеме да речиме дека сме цивилизирани. Според пресметките базирани на минатото, поголема е веројатноста да се самоуништиме во процесот. Godspeed
Теоретски само Нашите пари идат у државна каса, државата опремува се. На хартија, државата е газда.Не ние, затоа прашав..пошо не се наши ние така може да си мислиме
Епа концептот на општество е дека ние ја составуваме државата или заедницата и заеднички користиме работи во кои сите сме вложиле. Проблемот е што не мислиме така. Тоа се обидува да го каже Вајлд. Утната ни е поентата на системот на уредување. Да, државата е газда на све, ама народот треба(ло) да е газда на државата.
Да да, поентата ми беше дека теоријата е таа, а праксата за жал не. Т.е. е, ама ете не е. Се разбираме
Точно, баш така. Законите ги имаме, само што не се практикуваат. Сите прекршуваат закони, од најдолу, до најгоре на социјалната скала. Кој-колку што може, толку корумпира. Од скината казна, до тендер од милион долари. Затоа и велиме дека немаме правна држава. Само на хартија сме држава. *Ова и за светот важи. Нордиските земји се најблиску до 'идеалот', ама и тие не се сеуште таму. Ни една држава не е.
Не. Се тешам, залагам... зборувам, секое недоразбирање да се реши со разговор (дипломатија во случајов), а не со насилство.
Точно. И затоа Русија се узурпатори и насилници во случајов. Место да седнат на маса и да најдат заедничко решение, тие одлучија да ги убиваат украинците. И сега, кога ќе речите “Зошто Украина не се предаде?“ - е исто ко да ме прашаш мене, зошто сум удрила некој, кој веќе ме удрил. За да се одбранам Украина е жртвата. *На Путин треба да му текни дека е насилник. Були.
Така де, јас еднаш реков, тие политичари, и сите шо ни` ја водат државата, искачаат од народот.Значи народот не чини Ние овде за ТУЃА војна и држава се испокаравме, додека нашава ја срозуваат.Не па за нашава да фатиме да се договараме.Убаво рече некој погоре, не мора да не` колат, сами ќе се убиеме. Заеднички користиме бидејќи општествените добра имаат неекслузивност.Односно користењето на доброто од една особа, не може да го забрани користењето на друга. @Hacon седи, сеа ќе ти кажат дека не е ист примерот.А сличен е доста, и тоа рачунај ние никого не го загрозуваме од комшииве, за Украина сме бајче.. а иаме народ колку Доњецк..сироти
Си ги пропуштила изгледа оние страници каде пишувавме дека 8 години во Донбас и Луганск Азов убива руски цивили.