Пред некое време заврши пресот во белата куќа на кој не се појави Бајден. Најавија дека со партнерите ќе воведат максимални санкции. Последното прашање од новинарите беше: "САД се едни од најголемите купувачи на руска нафта за потребите на индустријата, дали властите ќе им забранат на компаниите да купуваат руска нафта и да тргуваат со неа?" Одговорот беше: "Не може е да кажеме такво нешто, целта е да се притисне Русија и да и се онеспособи економијата, но во исто време, да не му се нанесе штета на американскиот народ". После ова ако некои работи не се јасни... Не знам...
Камо среќа цел свет вака да се побунеше и кога беа војните во Ирак, Авганистан, Виетнам, Либија,.. Колку невидени животи и таму згаснаа а другите беа осудени на пропаст. Сетете се најблиску, колку нашите животи сега се загрозени со еден куп болести.. Зарем и тогаш имаше потреба од бомбардирањето, тие нели беа Хитлеровци или тоа беше знак на милосрдието. Медиумите се чудо. Тогаш САД беше спасителот а сега Русија е новиот Хитлер.
Не само тоа, туку кај нас во дворот да погледневме малку. Денес Ќурка Ќуркосана го дала ПИОН на Алтернатива и тие прославувале со албански песни. Буквално цел финансиски систем го држат во државата, за да Ќурка, Заев и остала багра северџанска сеуште вештачки се одржуваат на власт.
Америка си гледа само за г*зот свој. Да ми извините. Ја намести Украина у случајов. На Англо Американите тоа им е целта, да се уништи православието. Греота за загубата на сите невини животи.
Ако доволно добро истражиш, ќе видиш дека и Америка е таа која апси и убива новинари и други влијателни личности кои ќе се против американските интереси и го пориваат државниот интегритет и стратешката позиција на САД во светот. Пример оваков е Џулијан Асанж, новинар кој отвори страница, Викиликс, преку која беа ликнати снимки од американски војници како бомбардираат и убиваат цивили, жени, деца. Значи обични луѓе, невини. Снимките се страшни за гледање и нема да ги поставам овде. Истиот тој Џулијан Асанж беше прогласен одма за директен непријател на САД и се побара негова екстрадиција. Се криеше во Еквадорската амбасада во В.Британија и не смееше со години да излезе од таму затоа што одма ќе го уапсеа и екстрадираа во САД. Што и се случи на крај, Еквадор после целиот притисок од САД сами им го дадоа. Сега, Асанж, нема да добие фер и демократско судење, туку веќе е осуден на смрт. Да, СМРТ, во 21 век, во Америка сеуште имаме смртна казна за политички противници, новинари и секој оној кој ќе ги открие нивните државни криминали. Не видов никој да земе да стави натпис за негова поддршка или бар ете да пише збор-два на форумов. Во време на Виетнамската војна, која Америка ја водеше отаде светот за да воспостави своја "демократија" над виетнамскиот народ, и изгуби преку 50К американски момчиња, а и којзнае колку жртви имаше од виетнамска страна, американскиот народ се крена на мирен протест во Вашингтон и останатите делови во САД за да се прекине војната, бидејќи тоа што го прават, не е хумано. И знаеш што се случи? Најмасовно апсење во историјата. Од тогаш, за ниту една војна американските граѓани не протестирале, а САД ги водел премногу. Помеѓу Америка и Русија нема разлика. Никоја нема да да толерира нешто што може да и наштети на власта или државата. На тој начин се штитат и опстојуваат како светски сили. Затоа хипокритично е едната сила да се напаѓа, а другата да се брани кога методите им се исти, ама потполно исти. Хипокритично е тоа да го прави Македонец, кој цел живот пател и пати од овие две сили. Низ историјата од Русија, во последно време од Америка која директно му го сјебува животот секој ден. Освен, ако нема лична корист, парична, кариерна, оваква или онаква, во тој случај е оправдано да завзема страна, бар ќе се знае зошто.
Е ова ти се вика политика: "America first". И овака треба секоја земја да постапува и да си ги брани првенствено своите интереси. Ама затоа на вазалите од ЕУ ќе им наредат да стават санкции, да укинат Северен Поток, да набавуваат гас од кај нив за х3 поскапа цена. Што им е гајле за европската економија и за европскиот народ. Ај бар пролетва ќе јадеме домати и краставици по 20 денари, а не по 80 како лани... А и зелен ќе ни стане Скопје, пошто со 100-ка за бензин, сите ќе се префрлат на точаци.
Инаку, Крим после 8 години доби вода за пиење откако руските сили ја презедоа браната што го снабдеваше Крим со вода.
Ниту некого интересира да истражи, ниту па може нешто многу да се истражи. Само историска меморија и малку непристрасност треба, ама тоа тешко. Стално е матрицата или си СДСМ или ВМРО, или си за Русите или за Американците. А јас сум за Европа, јбг Мака ми е, оти на оваа тема немам извор до непистрасни вести. Само помали и поголеми папагали на америчка пропаганда. Добро, може Чомски да се чита за малку разбирање, јер подлогата е таа. Ама деталите- магла. Чекам инаку дирекно инфо од Украина. Ако дочекам
Која непристрасност? Ги научивме веќе кои за кои се. Не сме од вчера. Што ќе им сервираат, такво мислење ќе имаат. Критичко размислување не е дозволено. И јас сум за ЕУ, ама ЕУ не е за нас. А, и црно им се пишува на ЕУ со оваа политика. Затоа од денес сум за Западен Балкан. Србија, Албанија, Косово и ние. Тие сме тие. Д Р М А М Е.
Неколку пати повторив дека воопшто не ги сакам американците, нивната политика и демократија. Дотолку што шанса да имам, не би живеала ни под разно таму. Ама не сум ниту русофил и еве не можам да сфатам како некој може да го подржува Путин, да го воспева, а спомнав и зошто. Не може народ да ти живее во сиромаштија, а си богата држава која вложува само во воена индустрија. Да не зборувам за диктатурата и немањето на основни човечки права. Ама сум за Европа. А Европа ќе го јаде.
Па, и со нив сме. АРМ цела е под нивна ингеренција, барем воздухопловниот дел. Израелски инструктори имаме. Не дека некој ќе не праша нас да бираме со кој сакаме да сме. Како што сега не не прашаа дали сакаме со НАТО, ниту утре нема да не прашаат дали сакаме во БРИКС. Кој ќе дојде, со тој ќе сме. Сакале, нејќеле. Нешто како Бугарите. Влегле нацистистите во Софија, излегол народот да вее знамиња со свастика. Влегле по нив СССР, вееле нивно знаме. Сега веат европско и американско. Утре Русите или Кинезите да дојдат, и нивни знамиња ќе веат. Секогаш се они од победничката страна.
И, јас не можам да сфатам како некој може да го поддржува Заев и СДСМ, да гласа за промена на име и идентитет, а да се исели од Македонија во време на најголема економска благосостојба.
Лол. Цел свет знае за Асанж, како и Виетнамската војна, сѐ ова што го напиша е common knowledge. Да, Америка е зло, но премногу стана во тренд да се третира како единствено зло, занемарувајќи, па дури и поддржувајќи диктатори во други земји. Дури и за факинг Талибан има доста луѓе по светов кои со цел памет ги сметаат за реформирани и ослободители наспроти Американците, додека они ги враќаат жените векови наназад. Во конкретнава ситуација Путин е агресор, никој немал олкава храброст (во најнегативна можна смисла) да излезе и да се заканува на цел свет во 21 век во Хитлеров стил. Толку.
Не знам доволно за да тврдам дека знам. Сум запознала неколку Руси и неколку Украинки, и ни едните ни другите не се чувствувале нешто дека се загреота или дека нешто им фали. Една од тие Украинки пред некој ден пиша од Украина на линкедин, веројатно уште е таму, не замина во ниедна од минативе 20 години, не дека не можеше. Многу се измешани таму работите, за да разберам. Еве сега читам вести, украинци од Европа ќе тргнеле за Украина да одговорат на повикот за мобилизација. Оди разбери ги.
Дај бре откачи ми се, еве тебе требаше да те прашам што да правам Се иселив од такви ко тебе што ги има по државата. Игнор дечко.