Баш сега слушав локални експерти, немале да влезат во НАТО, дополнително ќе ја продлабочат соработката што и да значи тоа. Ќе се продлабочела соработката и со САД, нормално Од друга страна, расте поддршката за влез во НАТО меѓу народот и во Шведска и во Финска. И да влезеле во НАТО немало тоа да значи директно дека ќе растат несогласувањата со Русија. Ја посочија за пример Норвешка која долго време е во НАТО, а имала добри политички односи со Русија. До пред некое време преовладуваше мислењето дека Шведска и Финска не влегуваат во НАТО за да бидат некој вид тампон зона меѓу НАТО и Русија. Некако во последниве месеци го снема тоа тврдење Како и да е, ќе биде страшно ако почнува накај запад да се поместува воениот интерес.
Русија ќе продолжи да ги плаќа девизните обврски кон своите доверители кои се на "црната листа", ама во рубљи.
https://www.faktor.mk/voen-analitic...raina-ushte-15-dena-a-potoa-sledi-presvrtnica Сега ова го читав. Може некој ќе се сложи, некој не.
Е за оружје проблем ли е жабо, оружје овде има колку сакаш Не за џабе котираат доста високо на листата со производство и продажба на оружје. Со оглед на тоа што многу слабо стојат со број на војници и двете држави, претпоставувам првенствено во таа насока ќе биде.
На Шведска и не и треба баш оружје. Си произведуваат они самите, дури и извезуваат. За авиони го имаат Saab. Gripen-от колку е елегантен авион. Како добро би ни легнала една ескадрила нас. Спојлер
https://justall24news.com/русија-об...AsoWIlLFrylVnZ7lC1qgUO-ugddha1wEkBj6kAYZOpjrI Ќе се нафрлат и на нас сега?
Кои вртидупевци се бугариве. Ц ц ц. Сигурен сум дека во прва прилика како ќе се шири руското влијание на Балканот ќе сменат страна и ќе бидат од кај Русите. Влажен сон им е Санстефанска Бугарија. Влажен. Колку ни се намерачени во прв момент да има немири овде ќе влезат да не поробат и анексираат. А и Нато и Русија работат во нивни интереси, не во наши. Буквално никој не не брани. Грци ни чуваат небо, Срби не ранат, Бугари не условуваат. Сами на себе сме оставени...
Сеа од кујната ќе се направи една мала војна на Балканот ако потпаднат под надворешните рецепти. Ако се деси тоа за брзо ќе занемариме што се дешава накај Украина. Европа си турна неколку контингенти во Бих. Некој ако знае повеќе за трупањето војска нека каже. Ваков епилог мислам повеќе ќе не засега во периодов што доаѓа.
Ох бој!!! Повели, растурен ти е митот. "Во разговорот Цвилев тврди дека ниту војниците не си ги знаат својте цели." https://justall24news.com/видео-нашите-синови-во-украина-гинат-а/ И како на прашањето кај е неговиот син да се бори за Русија ладно одговара на факултет, студира.
Били, сонот за Санстефанска Бугарија им го подгреваа тие во Брисел. Затоа и си ќутеа за сите нивни барања. Кога ќе го снема тоа влијание, ќе го снема и влажниот сон.
Јас да сум ЕУ, скроз ќе го прекинам увозот на гас. Норд2 ја прекинаа изградбата, ама јас би го прекинала и Норд1. Ако ги стискаш доволно долго, од внатре луѓето ќе му се свртат на Путин.
Еве ја пак со вртење ко киша око Крагујевца. Девојче,на Европа пред десет дена и се закани Путин со нуклеарки! мислиш дека ако споменеш се што Нато правел ќе ги испереш заканиве на Путин. Ке ги оправдаш? Еве сега читам еден Србин вели мали нуклеарни бомби ќе мавал Путин,само радијација ќе направел со нив.
Ти да си еу, со паметот како ус Ај седни изгледај еден филм од Сокуров да видиш малку поинаква перспектива
Уште си ќутат. Како што си ќутат за пасошите. Системски не уриваат и подготвуваат терен за идна инвазија и анексија. Сигурно очекуваат и народот да не се противи толку туку да си легне на брашното. Туку ме плаши што бугарите се секогаш блиски со русите. А после овие сите збиднувања, дефинитивно ќе добијат поддршка и ветар во грб и од Русија при нешто такво во иднина. Сепак Санстефанска Бугарија била направена од Русија. Нема да се случи тоа набрзо, ама полека ни ја кројат капата. Лошо е што уште еднаш, наместо да работиме за сопствени интереси, ние правиме огромен непријател кон себе. Ти да си фактор, ќе испоцркаме сите, та и ние, та и ЕУ. Гасот и нафтата рипнаа рапидно. Литро нафта над 2 еур. Струјата се качува. Цела ЕУ дипломатија е во паника, не знае од каде да набави гас. Се молат по Ирани, Венецуели. Она и Норд1 ќе го сопирала. Сега кога ќе дојдат мартовските сметки од Топлификација и ќе стигне горивото 2.5 еур за литар, луѓето попрво ќе се дигнат на протести низ ЕУ. Како што се кревки владите, има да паѓаат како кула од карти.