Абе сега, што е битно, страната или крајниот резултат? Појма немам кај се, само ми е јасно дека во светскиот криминал сите сложно мрсат. Од овде https://www.swissinfo.ch/eng/swiss-...ring-trial-over-bulgarian-drug-funds/47326514 до онде https://www.politico.eu/article/georgievas-scandal-geopolitics-china-and-data-tampering/
Да, да. Исклучи им го на луѓето, да испоцркаат на ладно, па да видиш колку им е гајле што некој таму во Украина војува. Среќа пак се затоплува времето. Ама како е тргнато горивото да расте, со запрежни коли ќе треба да одиме. Нафта + 10 ден од утре. Бензин + 5 ден. Сите бензиски празни. Колони возила чекаат на ред секаде... Нека му ја мисли власта кај нас и ЕУ како ќе тера со овие цени. А тек допрва доаѓа поскапувањето. Да не им се случи "народ" набрзо.
Нема да испоцркаат. Во Битола сум родена и живеена 25 години. Во зима температурата паѓала и до -30. Само една соба греевме. На дрва. Секаде на друго место беше ладно. Маж ми прв пат ко спиеше кај мене, ми рече: “Ај кажи и' на мајка ти да го отвори длабокото, внатре да си легниме. Потопло е отколку во собава“ Ти не знајш како е да имаш менструација и да ги турниш гаќите да мочаш и крвариш на -30! Со шат ап!
Македонија си ја плати, а и се уште си ја плаќа цената за мирот кој го имаме. Место војна, имаме Рамковен, имаме промена на име. Нато, колку ние да не го сакаме, за нашата држава за жал е нужно зло. Ни треба, особено со вакви соседи. Ве читам дека Украина не треба да потпаѓа и да прифаќа услови од Русија, а заборавате каде и во каква држава живеете. Држава која прифати буквално се и малтене е потчинета на Албанци, добар дел сме Бугари и иселени. Ама еве ќе зборуваме дека Украина треба по секоја цена да се брани, а во меѓувреме Путин ја срамнува со земја, имаат загинати цивили, бегалци, Европа нема гас, нафтата летна до плафон, народ не знае како ќе ја преживее оваа криза и се заради независноста на Украина. И уште верувате дека санкциите ќе имаат влијание и Путин ќе се повлече? Не знам како не ве плаши сиромаштијата која следува. Искрено.
До сега сфативме дека не е човек што едно збори, друго прави. На новинарски прашања уште пред неколку години што му ги имаат поставено - дали гарантира дека нема да ја нападне Украина (кога веќе била почната војната, НАТО ја буцкала Украина итн.), им кажува дека не може да гарантира такво нешто. Дека тоа зависи од НАТО. За секоја акција си има реакција. Задскриени намери тешко да има, си кажува сѐ и објаснува детално зошто смета дека Украина ја загрозува безбедноста на Русија. Не е човек што брзо менува ставови. Не верувам да си пука у двор или од прва дека ќе гаѓа со нуклеарки, ама ако повеќе држави му се качат на глава...
Затоа поддржуваш се што може до ескалација да доведе? И мене војна ме плаши, подобро одма да умрам, него да страдам.
Да може. Пошто никој не сака да си го ризикува комфорот. Шоако умираат луѓе. Кој ги ебаа. Се додека мене ми е топло, ич не ми е гајле. Далеку ќе стигниме.
Па види, ако ескалира, ова сега што го гледаме ќе е ништо во споредба со жртвите што тогаш би ги имало. Тажно, ама вистинито. И немам грижа на совест воопшто што посакувам да заврши што поскоро, за и тие, а и ние да не мора да умираме.
Мислам оти мисли дека со cancel culture ќе падне Русија. Ваљда тоа е идејата што се вози Мислам и Кина може со cancel culture да ја паднеме, само треба да престанеме да купуваме мејд ин прц
Врти заврти, истиот муабет - на темава се перат заканите на Путин! Инаку, за злоделата на НАТО, а не! Не дај БОЖЕ нешто лошо да се каже за НАТО - забрането е! Никако. Сеа се прашувам…. АБЕ кај е нато, да им помогне на украинциве? Бре-бре срамота од нивна страна! Ваљда различно изгледа светот гледан од конференциска сала….