Форумџика на годината

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се ограничи или забрани увозот и извозот на одредени производи и суровини од Русија во 2022 година до крајот на 2023 година од списоците на производи што ќе ги дефинира владата.

    На здравје нека ни е.
     
    На buba4e89, prashinka, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  2. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Русија и Белорусија се во сојуз од 99 и должни се да си помагаат едни на други. Украина не е во сојуз со никој, за некој да и помага. И секоја екстерна помош би се рачунала за вмешување.
     
    На sonuvana и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Знам.
    :|
    преска прочитав за овде најавија најверојатно од април струјата од 55% што беше покачена во јануари ќе биде покачена уште 15 20 % не сеќавам баш, гасот од јули :|
    Нафтата видовме, 2 евра е кај нас и над две.

    ова многу ме плаши.

    ме плаши и зеленскиот што јавно повикува на трета светска, боцка, утре кои држави следни ќе биле украина.
    :|
    не била само украина

    и овде народот исто што збори што и ние овде, моли буквално за крај .
     
    На Ivan4e04, Lianna Anna, senjorita-v и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.019
    Пол:
    Машки
    Тоа нека му ја мислат владите наши што се истрчаа да стават санкции и да нарушат односи со Русија.

    @KateKane , го пофали овде Вучич, кој како лик беше исмеван поради глупите политики што ги водеше. Ама еве го веќе 2 години српската влада секој потег што го прави им оди во корист на државата.

    - Први вакцини и тоа од сите земји.

    - Најниски кредити за автопати поради тоа што се договараше и со кинезите и со ЕУ.

    - Влез и на кинески, и руски, и еу капитал.

    - Еве сега најевтин гас, нафта, а и повластици со ЕУ проекти.

    Тоа што нашиве влади се екстремно глупи, наместо да носат одлуки во корист на својата држава, они слушаат што ќе им кажат од преку барата. Е сега ќе цвикаат.

    Што ќе биде следнава година не ни сакам да претпоставам. Тек почна да има покачување, а долгорочен импакт ќе има ова. Ќе има огромен број на протести низ цела Европа, а ако не направат нешто, не знам како планираат да преживееме.
    Дали е ова почеток на падот на ЕУ?
     
    На Ivan4e04, BellaBrunetta, Lianna Anna и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.758
    Допаѓања:
    200.941
    Ај прочитај се уште еднаш.
    Навива за Украина- Украина 2 милиони надворешни бегалци за 14 дена, башка окупирани градови, башка рушевини, башка колку милиони по скривници без вода, греење.

    Шведска и Финска демократски потписи за петиција во Нато, среќа па шведите уште имаат малку здрав разум и не тераат дипломатија според ,,стручното,, мислење на популацијата. Well, fuck it, нема доволно информации, образование и стручност популацијата, за да решава кое е помало зло. Не е ова избор на евровизиска песна, малку поозбилно е, може животи да кошта.

    И спикинг оф животи- колку животи и уништени човечки судбини вреди идеалот да падне Путин? Не навиваш за војна, ама војна е. И да повториме, пак ќе заврши со договор на некоја маса. Колку животи, градови, држави, треба да одат курбан, дури да биде постигнат тој договор? Колку време треба да трае оваа војна и кој има корист од ова? Има ли некој што ќе излезе од ова како победник, освен можеби Кина?:?: И некои непознати воени профитери, секако.
     
    На Ivan4e04, do-re-mi, prashinka и 21 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Погоре напишаново баш ја замислував војнава, не сум баш сигурна дали “ќе пукне покрај границите на украина” ама сум сигурна дека одиме кон дното како народ.
    Истово ќе го кажев за нашиот премиер, плука секој ден по русија зошто? Абе кучиња се прават на америте? Каже америка каже драги овде, истото. Улизување до бесвест.
    Можеле они без руската нафта гас и тако даље. Шипки можат. Силење побогу на кого?
    Не можам повеќе лигите да им ги гледам на телевизија.
    Нашите во македонија барем немаат чести изјави на плукањето кон русија, овде на секој саат ја плукаат и понижуваат.:|

    Прост пример, маж ми е камионџија, гасот оди до плафон, утре по дифолт цените во маркетите каде што носи ќе бидат пута дупло. Оти камионов е на гас.

    Кажи ми дека ќе се договорат. Таман помислив зеленски се откажа сега боцка со нови изјави за трета светска. Ако зеленски е без два грама памет и крајно неодговорен за пропаѓањето на неговата држава и доведување до степен на просјачки стап на неговите граѓани зошто побогу сите ние да страдаме?!
    Ни на крај памет не го оправдувам путин но се повеќе сфаќам дека не можеме едноставно плукајки по него и по русија едниствено нешто што постигнуваме е да останеме на просјачки стап сите ние.
    А како им е само на украинското население се прашувам што ги донесе на раб до дното, или до дното поточно?
    кај ќе одат тие јадни луѓе што дега спијат по сали кревет до кревет, немаат ништо, или полошо де кријат по подруми и гладуваат. Зошто побогу? Сигурна сум дека не сакале да изберат ско се прашувале тие ваков живот, ваква судбина.

    За србија истото го збореше маж ми, кај нив нема покачување. Вучич ваков онаков бил, изигра мудро што велиш. И јас ги подржувам неговите одлуки. Одлуки што утре нема да го уништат и да го осуромашат уште толку колку што е денес српското население.

    се смеам, ќе го слушнам маж ми со неговите изјави па ќе се вклучам тука тебе истото ќе те прочитам како телепатија некоја :D
    Па му викам чекај, сто посто на фемина го има твоето мислење.

    На никого не му оди од корист ситуацијава, народот ќе излезе и ќе протестира да, ова што ни се случува е навистина многу загрижувачко, на долгорочно многу брзо ќе го допреме дното како просечни граѓани, ќе останеме сиромашни и ќе гладуваме, многу јасно ми е дека се ова е синџир и дека истиот не смее да се скине, зависни сме од русија само не ми е јасно која е играта кога го знаат исходот од истата?
    Политики, моќ, вишак финансии, време… сто пати сум те прочитала дека кај што има моќ нема правдина.
    И се ова ме/не плаши.
    Не плаши утре. Дефинитивно.

    не можам да го сфатам европскиот феномен на изреките од страна на државата
    “нафтата поскапува”
    “Шок цени”
    “Рекорд цени”
    Итн.
    И продолжуваат со силење кон путин и нивните глупи и безвезални европски санкции!!!

    аман нека запре заленски, ја втурна свесно украина во војна и смрт зошто побогу сега дака сите да не втурне?!

    Пс: и ајфонот ми е глуп и не ми ги куца убаво буквите, арно цел живот со самсумгот во рака си бев. Што ми требаше овој “луксуз” да ми је знати :^)
     
    На JoyJoy, senjorita-v, Summerbaby и 10 други им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека Шведска не би имала корист ако сега влезе во НАТО. Во случај на евентуален напад (многу веројатен во случај да добијат членство) би требало НАТО да притрча со помош во одбрана.
    Чудно е што екстремните десничари бараат итен влез во НАТО: Се надевам дека тоа им е ради политички поени да соберат (има избори во Септември), пошто мнозинството од народот сака Шведска да влезе во НАТО, ама Магде не се дава. Бараат референдум да се гласа, Магде вика немало потреба.

    Јасно им е на Швеѓаните дека не е баш паметно сега да влегуваат во НАТО, зашто одма ќе се пренесе жариштето кај нив. Немаат добра армија, имаат оружје, да, ама слабо се спремни. „Дури“ 41000 војници би ја бранеле државата ако е нападната. Без резервисти и доброволци е бројката. Мислам дека се надеваат дека ќе се вразумат сите и дека ќе застане Русија таму кај што е и дека нема да ги чепка.

    И сѐ ќе беше многу поедноставно ако не продаваа толку многу оружје......:(
     
    На CameliaMiller, Resana, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    64.347
    Пол:
    Женски
    А да знаеш колку го имам хејтано, леле мори мајко мила. Сите гомна што ги кажував си ги изедов сега како попче. Освен ако директно не ја загрози некогаш во иднина Македонија ќе имам почит за човеков. Пола фамилија Србија ми се вакцинираше, пола пријатели Ниш и Врање беа пречекани и ниту еден не беше вратен. Не е светец ич, ама е преитар и си напраи пари од патарини, рестораните си заработија пари во криза од наши луѓе што ручаа таму, некои и гориво ставаа и ете ти. Со негова донација и јас сум вакцинирана, кога ништо живо немаше вакцини кај нас, а јас више бев почната да идам на работа, преплашена од страв со милијарда маски на мене. Коа се боцнав, тогаш више почнав да се опуштам. Нема Србија олку екстремни поскапувања. Се слушам со колегиве цело време, не дека е идеално кај нив, утепани се и тие, ама олку екстремно дерење на кожа нема.
    dwdwdw.jpg

    :l::l::l::l:

    Сме седнале ние овде Путин го коментираме, а ако случајно се помисли на тоа дуи да се тргнат има сите да не потепаат овде, ама ај, си праиме бајрам на паметот, колку нешто интересно да ни е да си коментираме.
     
    На Ivan4e04, senjorita-v, Summerbaby и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.019
    Пол:
    Машки
    Мислам дека нешто што најбрзо ќе се случи е да омекнат санкциите, бар овие за гас и нафта. Ќе се спогодат ЕУ и Русија, тоа е сигурно. Дали и како ќе има спогодување во Украина, сигурен сум дека ќе има и ќе се договорат, но дали ќе биде тоа договор помеѓу Путин и Зеленски или пак Путин и Х-особа е прашањето на кое ќе чекаме одговор.

    Но, дури и да се симнат санкциите, или во најмала рака омекнат, мислам дека никогаш повторно нема да ги добијат Европа истите услови од Русија како што ги имаа претходно. Новите склучени договори нема ниту да се приближно со истата цена како што беа старите и сигурно цената нема да се врати на таа што беше претходно. После 2014/5 кога се достигна пикот на нафтата и гасот во светот, преку вештачки пат пробуваа да ја урнат таа цена Американците преку Саудиска Арабија која пумпаше поголеми количини на нафта за цената да падне. На ист таков начин беше турнат и Советски Сојуз во минатото. Но, еве сега имаме контра ефект.

    Лошо е што од цела оваа рецесија, каде што економиите беа најкревки од Ковид кризата и цените беа во константен раст, сега растот ќе се дуплира поради војната. Највеќе ќе се изрази ова на Балканот и источно-европските земји кои не знам како ќе успеат да го преживеат овој шок без финансиска инекција од западот и Сад. Да ги исклучиме банана републиките како нашата, други земји кои се во слободен пад се Романија, Бугарија, Полска, Унгарија итн. итн. Во овие земји или ќе има страшни протести и менување на власт, или власта ќе ги менува ставовите и ќе почнува да соработува со Русија за подобри услови при трговска размена. На тој начин Русија ќе има бенифит и на некој начин ќе ги привлече овие земји кон својата сфера на влијание, иако истите политички ќе останат со западот. Се повеќе и повеќе ќе гледаме примери на политичари како Вучиќ кои ќе знаат мудро да играат и седат на две столици.
    Моќта не се манифестира само воено, туку на многу други начини. А мислам дека во иднина баш на овој начин ќе ја манифестира Русија. Освен, секако ако нема некои други планови...

    Под други планови мислам на оние кои се шушкаат на интернет за поделба на Украина и јужниот дел да биде Новорусија, да се спои со Транснистрија во Молдавија преку Одеса и да се продолжи влијанието кон Молдавија и цел тој крај.
    Се надевам дека овакво нешто нема да се случи.


    Мислам дека немаше здраворазумен човек што не го хејташе Вучиќ и неговите ала мини Грујо политики. Но, ете успеа да не ги направи истите грешки ко Грујо, успеа некако да го сокрие криминалот и лоповлукот што го прави и да го издржи притисокот од страна на Нато и Еу. Во оваа криза несомнено е дека највеќе ќари баш Србија.
    А ДУИ ако сакаат да се тепаат, слободно може да тргнат за Украина. Со тапани и зурли ќе ги испратиме. Наместо да гледаат дека и албанскиот народ во Македонија го донесоа на питачки стап и да не им праќаат гастарбајтерите пари овде да го прехранат семејството ќе немаат за леб. Тетово е станато најголемо дувло на криминал, корупција и безредие. Пропаѓа на секој можен начин. Сите можни трагедии се случија баш поради таа мафијашка политика на ДУИ каде што закон не важи за нив, и пак не им иде паметот дека ако сакаат да си ги задржат фотељите треба малку повеќе да мислат на народот. И кај нив има млади еманципирани Албанци кои ги увидуваат проблемите и не сакаат да живеат под водство на мафија која им ги руинира животите. Не е веќе 2004, не палат толку национални политики. А како ќе се продлабочи економскава криза, само тие што ќе понудат социјална политика ќе останат на власт.
     
    На Ivan4e04, sonuvana, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.404
    Допаѓања:
    136.323
    Пол:
    Женски
    Да креваат паника. Многу видеа по интернет се монтирани така да помислиш готово дојде крајот на светот.
    Сега Зелениов и Путко ќе седнат тет а тет во Турција кај Ердо и мое мислење е дека Путин ќе му каже некои работи на малиов и како попче ќе си потпише се.
     
    На sonuvana, senjorita-v, NPN и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Насловот горе долу треба да гласи:
    "" Како Сад и Британија ја насанкаа Европа со санкциите. ''

    Ете тие две мислам горе долу максимум 20 % од увозот на деривати го имаат од Русија ни толку.
    На подолг план можат да тераат убав период ако не се случи нешто неочекувано.
    За Европа бројката е многу понезгодна.
    Не ми е чудно што остапи Борис од Европа што си тера со Сад во име на Нато.
    Ќе имаат месеци стабилност и доволно време за сценарија да урнат уште влади и да си направат уште војни за да ги покријат и тие 20 % дериват кога ќе дојде време.
    Голема е планетата има доволно жртви за црното злато.
     
    На JoyJoy, Resana, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    12.401
    Пол:
    Женски
    Којзнае...
    Зелениов голем бунтовник бил. И нема почит кон повозрасни.
    Кога некој ти вели не го прави тоа, упорно те предупредува, и пак си тераш по свое, тоа е тврдоглавост.
    Плус и прекршуваш правила на веќе склучен договор.
    Нема играње со Mother Russia, треба да го разбере тоа, а не со главата во ѕид.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    На Summerbaby и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    18.654
    Пол:
    Машки
    Еве ја и емисијата која е снимена пред неколку години, доста работи можат да се видат и слушнат, кој за каде се определил, кој кого напаѓал, кој на кого му наштетувал...

     
  15. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    18.654
    Пол:
    Машки
    Во целава оваа збрка има многу и лажни вести, во клипов ќе видите доста видеа кои беа актуелни периодов дури и по медиуми, за на крај да се испостават дека се лажни.
     
    Последна измена: 9 март 2022
    На NPN и ушко им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    До кај е работата
    го утепа од реклмирање
    Хахахаххја


    Шо се дешва?
     
  17. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    https://infomax.mk/видео-руското-ми...nBelVW5a-BtDxIA8JmKqP9c288IGkgVeRwfBXa7MXcuFA

    Ова е зезнато ако е вистина во текстот:

    *Се што е потребно за спроведување на овие програми е изнесено од Украина, одделот на началникот на трупите на РКхБЗ постојано ја анализира биолошката состојба во земјата, нагласи Кирилов.*
     
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    18.654
    Пол:
    Машки
    Малку да му кренам рејтинг :D

    Добро е шо бил на лице место и гледајќи ја емисијата и изјавите изнесени во неа само се потврдува она што и тука го коментираме, а тоа е дека одамна е војната почната само сега дојде до нејзина ескалација.
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Не го отварам видеото
    Пошо го знам
    И не ми се сфиѓа дечкото
    Ова му е мислам прво и последно квалитетно видео
    Бар шо го фалите вака
    А ужас е

    опа
    А ова не кажувате
    https://www.dw.com/mk/дали-полските-миг-29-ќе-стигнат-во-украина-преку-косово/a-61059192
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    18.654
    Пол:
    Машки
    Јас мислев ме цитира на видето од Миленко за него ти одговарам, нема врска се разбравме :D
    Инаку за Мандар да иритантен лик е, ама ова му е на место видео.

    Еве и нешто од легендарниот Лазански.



     
    На sonuvana и Feminka22 им се допаѓа ова.