Така е. Македонија е мала држава, мал народ, економски и воено слаба, полна со имбецилен народ. Израел е мала држава, мал народ, економски и воен гигант со ненормално лојален и солидарен народ. Малите нешта можат да станат големи кога имаш идеја и срце.
Сум запознала и јас. Овде се изненадив колку има. Особено Руси. И кога ги прашуваат зошто се иселиле, сите исто одговараат заради пари и безбедност. Биљо, факт е дека се сиромашни, имаш податоци, не е Русија и Украина Северна Кореја па да не знаеме што се случува. А може да се најбогато население, ама ете политиката им е таква, насочена кон воена моќ.
Киев е моментално опколен. Се шпекулира дека руски воени трупи веќе навлегуваат во приградските населби. Во Киев ќе биде густо и ќе оди споро. Најголем отпор ќе биде во Западна Украина.
Па ако знае цел свет за Асанж, за апсењето на недолжни луѓе, за убивањето на недолжни цивили тогаш каде е некој да го запре ова лудило? Каде е некој да земе и да воведе санкции против САД? Каде е да ги изнесат сите тие пред воен суд што убиваа цивили? Каде се сите тие да ги осудат за сите војни што ги направија? Да прекинат билатерални односи, да им се спротистават? Бар медиумски да ги нападнат ако ништо друго? Оти сите ќутат, оти цел свет ќути и не известува, а и ако известува никакви реперкусии нема по нив? Оти ТИ ќутиш? Каде се да одговараат за злосторства што ги нанесоа на човештвото кога бомбардираа на Косово со осиромашен ураниум па цел регион тука имаат проблеми со тироидна жлезда и рак? Оди види ги во Скопје болниците, Систина, Ремедика, Жан Митрев, полни беа со пациенти од Косово кои идеа тука да се лечат. Го контаминираа регионов со радијација. Кај е некој да гукне против тоа? Не и дека им е прв пат да применат атомско оружје. Они се и единствените во историјата кои примениле атомски бомби над цивилно население и збришале 2 града од лицето на земјата. Еееј, замисли 2 града да збришеш. Па ниту Хитлер ова не го направил. Не дека немало да го направи ако имал атомска бомба на располагање. Ама ниту овие не се подобри од него. И ти при цело ова злосторство невидено во историјата на човештвото немаш ниту еден пост напишано против. Ниту еден. Талибаните... Како група се произлезени како еден вид на директни "наследници" на Муџахедините. Исламистичка група која не им даваше никакви права на жените. Не ги третираше за живи суштества. Тие Муџахедини беа поддржани воено, парично и на било кој начин од САД во војната во Авганистан против СССР. Истите тие Муџахедини кои бегаа сега од Авганистан, ти ги прими со отворени раце овде. #Welcomerefugees. Да не почнеме па за ISIS да зборуваме... Од непристрасност, толку.
Украина забранила 18 до 60 годишни мажи да ја напуштат земјата. 18 годишни се трета-четврта година средно каде правило е да побараат дозвола за во веце да одат. Сега имобилизација. Смешен ми е коментаров знам, само не можам да си поверувам уште, како може да се случува ова, како може деца да гинат во војни и тоа на некого да му е ОК.
Нема цивилни жртви. Ниту деца, ниту жени. Голем дел од населението е проруско и не дава никаков отпора, а и Украинците што се предаваат им следува амнестија.
Уф, оваа техниката ти е позната од искуство? Немав појма дека постои таква. Значи Путин влезе во Украина и му се заканува на цел свет. Ај потсети ме во колку војни била инволвирана Русија во последниве 30 години ? Празна е страната на википедија, сигурно ја избришале руски хакери, оди да ја дополниш. Мене инаку, скроз ми е сеедно дали на руски или на амерички олигарси ќе им се полни џебот со наши пари за енергија. Ама на американците не им е, а и ,,нивната,, троа бааѓи поскапа ќе биде. Ќе видиме а и ќе осетиме набрзо сите.
Пресметка од такви размери, на таква територија и популација, со толкав број на војска би рекол дека цивилните жртви се скоро минимални. Акцијата се изведува перфектно. Тоа е моќта на руската армија. Имаат совршено оружје, дисциплинирана војска и цел на напади се стратешки позиции, а не обични луѓе. Жално е за секој убиен човек, но секогаш постоело и ќе постои колатерални штети кога се во прашање големи геостратешки превирања во светот. Во 2014 година Украина доживеа Шарена револуција и смена на легално избран претседател. Таму паднаа жртви, но не видов тогашните западни медиуми да се трескаат од земја. За жал, се е политика.
Две инвазии во Чеченија Инвазија во Грузија Две инвазии во Украина Малку ли се? И во Молдавија да не ја заборавиме
Зеленски ќе бега, не знае дали ќе остане жив и бил таргет number 1. Среќа негова Англија ќе му даде азил, а народот нека си војува од 18-60 год мажи не смеат да ја напуштат земјата
Зошто на тик ток ми излегуваат видеа од Сараево и од Берлин и таму има пукање, што се случува знае ли некој?
Како помина ноќта знае ли некој? На работа имам колешка од Русија,таа се жалеше од Путин и еднаш кажа Русија изгледа ко богата земја ама народот и живеачката била сиромашна. Таа продала сѐ што има за да дојде во Малта да живее со целото семејство.
На тикток има и многу лажни лајвови, демек од Украина, а воопшто не се таму тие што снимаат. Така да најверојатно и ова не е вистина.