@Feminka22 не ти ја разбрав поентата со тие Грците што пишуваат. Секогаш и секаде ќе има напалени глупаци што може сешто да пишуваат по социјални медиуми. И тоа е тоа. Тоа нит можеш да го контролираш нит можеш да го спречиш. Нит па треба. Колку помалку внимание добиваат толку подобро. Битно е ние да сем вистински патриоти, да не играме мајтап и да не се вреќаме сами себе си (како на пример сами за себе да си користиме погрдни зборови од типот Северџани и слично), ама за жал некој тука работи од внатре констранто упорно и веќе болно опсесивно да ја сјебе државава (и тоа се под превезот на големи Македонци). Жално ама вистинито. Ех инаку од други теми. Економски изгледа се ова со пораст на нафта беше договорено. Не може да расте стандард на народ. По кризата во 2008 сме можеле помалку бензин од сега да купиме. И логиката може да трпи народ пикај цена нагоре. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ-Сега можеме да купиме повеќе литри бензин отколку пред 10 години! - Pari.com.mk. Ова е кај нас, а и секаде во свет верувам е така. Нема зошто да оставаме вишок пари кај народ. Све кај нас ќе си дојде (и се смеат големите корпорациски шефови). Капитализам е брутална работа човечиња. Освен пари ништо друго не е битно.
Каква пропаганда? Сакаш да кажеш дека луѓево што бегаат и се кријат се е тоа наместено и преувеличено, на тоа алудираш?
Дали е вистина не знам. Ама не ме чуди ништо. Користеа жив штит, зошто да не направат и вакво нешто, за да се жалат на повеќе цивилни жртви? Девојката која успеа да побегне од Мариупол, сведочи за тоа како украинските војници пукаат во граѓани (ВИДЕО) https://antropol.mk/2022/03/09/devojkata-koja-izbega-od-mariupol/
https://www.themoscowtimes.com/2022...-evacuation-corridors-ukraine-official-a76837 се празни.. @JoyJoy поентата е дека сите не` хејтаат, а ние ни самите не се сакаме.Поточно, нам шо ни` зборат, не не` прифаќаат како држава, а ние Украина ја жалиме.Чисто успатно и информативно беше. Пошо некои овде убедуваа дека НАТО не` чува и се, а џабе кога ни` се праи денационализација
Па Украина не ги пушта да избегаат граѓаните пошо се свесни дека одма ќе бидат бомбардирани празните места. Ги држат ко заложници. Туку сакав да прашам кај читате руски вести сега? Значи не пропаганди и тикток глупости туку саглам известувања?
Moscow Times јас.Колку е релевантно сега не знам, имаш опција да ги пишува на руски вестите, и искачаа поинакви од тие на англиски, ама ноу мор.Друго може да е Спутник Русија мислам?
Цел живот истражувам идентитет. Ако сам не си го смениш никој со сила не може да ти го смени. Како држава сега сме примени во УН со име со се. Тоа што сами си го правиме на себе и што некој се труди да ни смени идентите од внатре и што се труди да разнебити се е срамота. Нема да се разбереме. Ти си на другата страна од мене по тоа прашање. Јас не мислам дека некоја будала у Грчка што си нема попаметна работа треба да биде битен. Ти мислиш. Толку. Украина е во моментов скроз друга приказна. Инаку двата соседи што спорат ни се „пријатели“ во НАТО па не би требало да ни прават проблем. На јужните и те како им е битно да сме економски стабилни зашто имаат бизниси тука што им се прилично вносни. Источните се будали внатрешно во моментов разединети па ние им треаб за да решаваат сопствени проблеми. Ние сами на себе сме си поголем проблем. И големците во ЕУ секако со нивната хипокризија. Хипокризијата на ЕУ е всушност она од што Украина пати. А дека Украинците во моментов се за жалење се и те како. Ние од тој аспект не сме. И не ни треба да влечеме паралели.
Јас се снаоѓам од секаде по малку со оглед дека во темница го ставија Истокот да не види светот што има тој да каже.. Затоа на 100% западниве медиуми перат и перат. Во британска тв неколку новинари дадоа отказ заради двојните стандарди и имаше статија за првите 3 дена од војнава дека дека нивната тв објавила дури 7 монтирани работи и видеа за да се почне кампања против Русија. Ако ја најдам ќе ја пратам. А коа зборуваме за пуштање граѓани зависи кој си и што си... Или ќе поминиш или ќе се паркираш. Едитет: Видеото го избришав зошто сосем друхо видео пратив кое е буквално не за луѓе со слаба психа.. Има такви сцени и за тоа може слободно и бан да добијам затоа го повлеков)
http://sitel.com.mk/stranskite-drzh...HqsVaRSR2K8_KrQveMAuptM7rJeBwMXZIWd3OOTMAe4Kw и? шо ќе им е украинско државјанство?Ни у ЕУ се, ни во НАТО, сите ги испозаебаа, комшијата им е најјака нуклеарна сила, шо ќе им е? https://l.facebook.com/l.php?u=http...vT-ZPOloG8LlHcmTpCaxhqNyn2TigsoKUIOWrHyJpE--M будала работа.
https://fb.watch/bEgjwko445/ Ова го барав за пуштање граѓани зависи кој си што си или ќе те паркираат.
“There are biological research facilities in Ukraine, and we fear that Russia will take control over them.” - U.S. Deputy Secretary of State Victoria Nuland at a congressional hearing. https://mobile.twitter.com/RT_com/status/1501299583133134857 Значи си признаа дека правеле био експерименти.
Дискутирајте вие кој е во право, кој е виновен, кој има корист од војната. Народот сигурно нема корист. Многу невини ќе загинат во војната, деца ќе растат без родителите, родители ќе тагуваат по чедата, многумина ќе ги изгубат саканите. Луѓето ќе останат без тоа за што вложувале цел живот. Ако размислите за тоа што губи обичниот народ, тешко дека може да се најде било каква причина да се оправда војната.
Не. Боже сачувај. Ама ваква пропаганда немаше за други војни.. Тоа ми е муабетот. Ако на УСА и ЕУ им одговара ќе има се да се види, а она што не им одговара не се десило.
Зеленски како глумец во сопствената серија “ Слуга на народот “, за која освоил награди и во која глуми претседател, си влегол со истата улога и во реалноста,па си формирал партија со исто име и освоил 70 посто од гласачкото тело и бајка во сопствениот живот. Американски сон итн. Народот восхитен , нема врска стандардот,сонува за слобода некоја имагинарна. Се е ова сценарио. Короната беше увертира, затоа и ја нема повеќе во оние колони од илјадници избеглици и војници. Потресена сум и огорчена се повеќе.
За ова баш вчера на VOX гледав дека уствари Зеленски си имал своја комична серија каде што станува претседател и после иста таква кампања водел на изборите. Онака, од нигде никаде се кандидирал во 2019 без некои реални проекти или планови. Добил 73% од гласовите, што е огромна бројка. Од тогаш до почетокот на војната рејтингот му паднал и под 25%, народот бил страшно незадоволен од неговото владеење, а и офшор компаниите кои ги поседувал и си вадел пари од Украина. Класично увалување на папет, сценарио извадено од комедија.
И си направи војна да си го врати рејтингот....слобода, независност и слични во овој случај и повеќе од очигледно излижани флоскули....додека со години се убиваат луѓе, народот во Украина живее комедија,која прерасна во трагедија преку ноќ.
Ако се поремети централава, нема да може од дома да искочиме така? да си купам опрема со време. некогаш, си викам дека се` ова е замислено.И искрено сакам некој со дрво да ме мавне, да станам во 2020, нема пандемија, нема војна, нема маски, на журка сум, се гушкам со сите и среќна сум.