Моите претци, немале проблеми од бугари и германци, имале проблеми од албанците балисти. Долго мачеле две партизанки, на крај ги исекле на делови, ги ставиле во буре со сол и им ги пратиле на домашните. Партизаните од таа бригада збеснале и запалиле албанско село во МК. Додека балистите пееле песни: ќе ги сечеме тие рисјански глави итн, бугарите во овој случај ги спасиле од балистите што инаку ќе направеле покољ во Скопје. Некои од тука се смеат, ама некои работи навистина имаат верска позадина. Он топик: Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави: „Ако не можеме да бидеме членки на НАТО, можеме да изградиме нешто како НАТО околу нас“ Со што ќе изградите?? Што ви остана??? Наместо да го прекинат теророт, свесни дека нема да влезат во НАТО, си праат филмови дека ќе креирале некоја алијанса. Дај нека се освестат, аман.
Мој пра дедо убијан од Балисти, мој дедо убијан од Бугари, мој пра дедо од страна на мајка ми убијан од Грци, дедо на 3ти мој брачед убијан исто од Бугари итн да не набројувам, македонците кој биле рекрутирани во Бугарските војски секогаш се бијале во прв ред, нели ако бевме един народ веројатно немаше така да не делат?
Един народ сме. Еве сега бугарите тврдат дека Путин бил бугарин. Сичко сме едно. https://bulevar.mk/2022/03/11/bugarite-tvrdat-deka-putin-e-bugarin/
Две страни се само, Селтика. Луѓево се однесуваат како фудбалски натпревар да гледаме и ја браниме едната, напаѓаме другата и навиваме. Нема трета, а критицизмот го укопаа длабоко под превезот на медиумската пропаганда. Никогаш не било полошо. Новата дефиниција за слобода на говор, сега е менување на полисата за право на изразување, говор на омраза од највисок степен! Ми се повраќа од ваков демократски прогрес! Светот го држат буквално на дланка и можат да го решат со еден клик, а не можат да постигнат дипломатско решение! Абе ајде, приказни за мали деца. И многу пари за големите! Русија чека да се откаже САД, а овие обратно. И така во недоглед ќе гледаме изгубени животи, родители без деца, деца без родители. Единствениот емотивен наратив кој важи за валидна аргументација во војна. На крајот никој нема да праша кој е прав, а чија е вината, туку ќе прашаат кој останал жив. Двете страни ќе бројат жртви. 20.000 платеници за меѓународна (украинска) легија. Доброволци демек. Каде е крајот? Дупка без дно, додека не ја срамнат со земја и додека не си го извадат профитот. Почнаа од старт со долевање и санкционирање. Уште не почнато, се погрижија да пролонгираат. Кој гарантира дека Русија ова нема да го разбере како провокација за таргетирање нови цели. Санкциите против Русија, де факто ќе имаат значително влијание врз глобалната економија. Како ќе ја намалат на пример зависноста од Русија за гас, нафта, јаглен, без удар по обичниот човек, да ми е да знам. Башка што тоа е процес за кој ќе им требаат години. Народот ќе плаќа, платите исти, цените на плафон! Утре кога ќе се чудиме како да им купиме леб на децата, ќе разбереме можеби дека ова требало да сопре уште пред да почне, а не вештачки да се продолжува. Пошто државите во тампон зона, можат да бидат независни само на хартија. Тешка политика е тоа. Вчера Русите побараа итен состанок за наводите за биолошко оружје. САД на тоа со одговор, дека Русите ќе употребат такво и дека им е ова само изговор. Па и зелениот така го научиле да каже. Ај факавање во здрав мозок! Тешко да излезе во јавност, особено во вакво време на медиумски мрак. Можеби години подоцна. Како и да е, време е да ја сменат реториката и да употребат реална политика со реални шанси да заврши војната. Оружје тоа никако не е. Не сум на ничија страна. Ниту на руската, ниту на храбриот комедијант на кој му ја оддржуваат војната со долевање. Во име на храброста, а скроз безнадежно и без реални шанси за успех. Сум на страната на украинскиот народ и со целата моја себичност, не сакам да искусам ниту дел од она што сега го поминуваат! Тоа никој никогаш не треба да го искуси! Да не ми каже некој дека ги читам Русите. Ограничена сум на западна реторика, блокирано е се.
Одма после американската серија за Чернобил, русите извадија и нивна верзија за Чернобил. Една по друга излегоа сериите.
Леле Бугариве се врв, значи тој левел на колективна делузија ми е фасцинантен @Lianna Anna Немој аман тоа со фудбалски натпревар, еднаш пишав исто и ми рекоа да се разбудам Туку искрено се плашам дека и двеве страни во очај ќе почнат глупости да прават.... Мислам веќе прават кога ќе размислам. На крај сите ќе го јадеме како што тргнало. И да, уште нешто за Украина. Влез на Украина во ЕУ е проблем сега, не беше проблем од Русија изминативе 8 години. Зошто на една таква сиромашна земја со потреба за заедничка европска економија не ѝ беше понуден влез во ЕУ, што уствари повеќе ќе и помогнеше, отколку влез во воена алијанса што однапред се знаеше дека ќе предизвика конфликт, многу веројатно воен? Прашањево за овие презагрижените што веројатно сега дознаа кај е Украина на мапа.
Овие вака Овие онака Секој мора да застане на вистинската страна со вистински гестови, овај на страната што ние ќе кажеме дека е вистинска Вие не туку тумачете многу многу со своја глава, само вежи коња где ти газда каже
Мојот пара-дедо бил насилно и не по своја волја регрутиран малолетен од Бугарската, а потоа од Српската војска, неговиот син т.е мојот дедо на 14 години бил Македонски партизан кој се спремал за Солунски фронт и завршил со 6 куршуми во нозе (среќа не фатално). Потоа бил влечен по затвори од страна на другарот Тито. Од другата страна, другиот пара дедо бил еден од организаторите и водачите на Крушевска Република кој не го убиле Турците туку Бугарите (т.е Македонец платен од Бугарите). Неговиот син се борел против фашистичка Бугарија во 2ра светска. Пра-бабата и бабата од едната страна е пребегната од Егејска Македонија, а другата на млада возраст ќе настрадала од Балистите и Бугарите. Факт е дека Албанија и Бугарија и во првата и во втората светска војна беа фашисти на страната на Германија или подоцна Нацистичка Германија. А Тито воопшто не ни бил другар и пријател туку си ги следел Српско-Хрватските интереси (затоа и ја чувал Македонија како најслаба, најнеразвиена и најсиромашна). И оддеднаш денес 12 Март 2022, 21 век, слобода и "демократија" веќе не постои минатото, не сме биле ставани во првите борбени редови од сите соседни земји за туѓи идеали? Најмалку што можете да направите е да се извините. Мене, а верувам и дека повеќето тука нити некој не плаќа нити пак постои сума на пари која може да ја добиеме, за да плукаме и газеме преку мртвите тела на моите/нашите предци и сите оние кои живот дале за слобода. Ако има нешто поголемо и ако можат да видат каде е и како размислува народот и иднината, потомците за кои се бореле ќе бидат многу, ама многу разочарани, во најмала рака. Офф топик мислата ќе ја завршам со една друга мисла на еден многу попаметен и поголем деец на Македонскиот народ и борец за слобода, кој по 550 години робство сакал и се борел не за монархија туку ДЕМОКРАТИЈА - „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот.“ А он топик мислата е дека од една страна го разбирам Украинскиот народ и неговиот револт, бидејќи во сите битки на Руската армија биле во првите борбени редови. Многу пати украинците биле во слична позиција како и Македонците во текот на историјата оттука е и таа емпатија.
@Celltica Затоа што нема ништо тука за навивање. А темата е многу покомплексна од класичниот наратив "а за кој си ти". Нема смисла паралелата со натпревар, ама класиката баш така звучи. Мое скромно мислење, колку повеќе напредуваат Русите на украинска територија, толку повеќе ќе можат да условуваат. И толку повеќе на Украина ќе и паѓаат шансите за на преговарачка маса.
Нема ништо за навивање, ама се навива. Појма немав што е Азов, нели руска пропаганда, а мене ништо руско не ме интересира. Сум преспала 8 години, се дешава де. Арно ама Азов не е веќе руска пропаганда, тоа е сега украинска гордост. https://www.index.hr/vijesti/clanak/ukrajina-ima-sluzbenu-vojnu-postrojbu-neonacista/2345315.aspx Спојлер: шорткат-Видеа од западни медиуми Фаст форвард- 16 ден од војна (или кој и да е по ред)- коментари на рандом читатели од западни медиуми: Кои и да се, што и да се, супер се пошто се борат против Путин. И сега, рековме, за кој си ти? Вести нема веќе, само реклами. И една долга агонија на милиони луѓе, која е тотално небитна
Лажна надеж и инвестиција во воената индустрија. САД сака да биде победник во војната, ама со украинска крв. Ги заболе нив за обичниот народ. Демократот Бајден на твитер: https://mobile.twitter.com/POTUS/status/1502353759455821833 I want to be clear: We will defend every inch of NATO territory with the full might of a united and galvanized NATO. But we will not fight a war against Russia in Ukraine. A direct confrontation between NATO and Russia is World War III. And something we must strive to prevent.
https://kanal5.com.mk/bajden-i-odobri-na-ukraina-odbranbena-pomosh-od-200-milioni-dolari/a520748 бравооо Блаво за дедотоо http://www.rts.rs/page/stories/ci/s...at-ukrajina-izbeglice-balkan-nemacka-rad.html лагано.Арбајтен зи http://www.rts.rs/page/stories/ci/s...4736618/andrej-meljnicenko-jahta-zaplena.html Продужетак
Да. Украина направи монтажа и ја сподели накај Франција да им покаже демек утре кај вас може да биде ова. Доста реално монтирано и вклопено. Доказ колку ги бива за монтажи.
https://www.facebook.com/reel/1155443708536816?fs=e&s=cl еве пак Не е тргнато може кај тебе швабите не даваат да се гледа ова уште стаике у позадина дете како липа..језиви се жими се