Сѐ е топ, ама компарацијава не држи вода.Осум години и три недели? За осум години, ако иам пари, пола ако не и цел град ќе го реставрирам.Кинезине за 6 дена болница направија.
Кинезите имаат огромна работна сила, имаат посебен систем. А ако имаш работна сила и индустрија ќе имаш и економија, тие не зависат од Ротштилд и Рокфелер, имаат своја банка и свој банкарски систем, работат за свое. Плус азијатите, кинезите и јапонците се најтрудољубива и најдисциплинирана раса.
А кој не го обвинува овде Путин? 200+ страници се испишани со осудување и обвинување. Сите беа против инвазијата. Прочитај да видиш како се изјасни и Витамина и сите останати уште од самиот почеток, наместо овака да напаѓаш. Ама додека има осуди за Путин и Русија, камо се вашите осуди за Нато, за папет владата на Зеленски, за нацистите Азов? Ги имаш ли ти осудено некаде? Не? Зошто?
И што значи ова? Дека нѐ лажат и немало никаков геноцид врз Русите што живеат таму? Немало малтретирање и убиства од страна на украинските нацисти? Гледаш и денес што се случува на Руси што не живеат Русија? Мета дозволи повикување на насилство. Тоа е таа демократија која толку ја сакате?
Следам Varlamov News, познат руски независен новинар (финансиран од донации од народ), има пуштено две анализи за случајов со родилиштево. Генерално, не можат 100% да тврдат поради недостаток на инфо, али мост лајкли не е фејк информацијата. Еве ја анализата, ако ве интересира со гугл транслејт да ја прочитате https://provereno.media/2022/03/12/...li-reportazh-ob-obstrele-roddoma-v-mariupole/ Има видео од 4 минути кое ја покажува целата ситуација у тој момент. Ја има типката на носилката и се гледа дека не е таа блогерката шо ја зборат дека “позирала”.
Не. Имало и убиства, и малтретирања. И за апсолутна осуда се. Ама немало разрушени градови и тотално нефункционален живот каков што сега предизвика Путин изминатиов период. Поентата е дека Русија направила далеку повеќе штета за 3 недели во споредба со Украина 8 години и тоа што Украина го правела НЕ е оправдување за моменталната војна која ја започна Русија. Русија ги цензурира своите граѓани од сите социјални мрежи, за да не знаат што се случува. Казнувани се и санцкионирани за секоја изјава, макар и минимална, која не е во согласност со мотивите на Кремљ. Тоа е таа демократија и тоа лидерство што неуморно го поддржувате?
Епа тоа е… Кога ќе се спомне Зеленски, “зошто само тој се напаѓа”. Важно, геноцид немало зашто зградите и патната инфраструктура се зачувани на сликата.
Вие сите на куп.Никој не го обвинува. Кој перфидно се измотава,кој отворено. Па не сме глупави. Искрено многу од членовите ме разочараа. Го обвинувате Зеленски. Нешто не е во ред со логиката на оваа тема. Нит па вреди да пишуваш на оваа тема на форум каде најмногу се напаѓа жртвата. Не вреди. И повторно прашања за осудување за владата на Зеленски И повторно изедначување. Одлична е анализата на Михајловски која ве илустрира сите вас подржувачи на агресијава на Русија. Да им се ситиш на Американците затоа што Русите тепаат Украинци. Суверена држава го нападна комшијата – друга суверена држава. Оправдуваш агресија на голем сосед со империјалистички амбиции, во ситуација кога и дома си опкружен со такви соседи. Русија е во право што изврши агресија на Украина, а Украина е виновна затоа што се брани. Најлесно е да кажеш – мирот да надвладее. И – да запре војната. Имаше еден плакат на протестите за поддршка на Украина, „Ако Путин престане да напаѓа, ќе запре војната. Ако Украинците престанат да се борат, ќе останат без држава“. Како да надвладее мирот кога некој ти влегува дома и те тепа? А другите во маалото ти викаат „Ај предај се, дај му ја куќата, тој е појак, да не ти страдаат децата“. Па уште и ти попуваат: „А на Петко кога му влегоа дома и му ги силуваа децата, тогаш зошто не се бунеше“. За дијаспорците веќе постираше Кукличка. И смешно и тажно во исто време.
@RainBow Извини, морам да те повикам.Земи опомени. Поради неколкумина не може убаво да се дискутира во темава. Значи, милијарда пати е кажано дека никој не ги оправдува Путин и Русија и милијарда пати е кажано дека има злобници на сите страни.Ама, кога некој се обидува да објасни зошто дошло до конфликт и вмешаноста на трета страна, одма го напаѓаат дека е русофил додека тие самите држат страна на некој кој исто така е познат по зло.Со извртување темата иде во погрешен правец. Вака не се дискутира.
Ти како некој што директно се изјасни дека го поддржува НАТО, и сите злосторства на НАТО, па и негирање на злосторството на својот сопствен народ во 2001. Зборуваш за осудување на жртвата од агресорот.
Никој не поддржува што прави Русија, милиони пати е кажано на темава. И дека пропаганда има од двете страни. Ама затоа јасно се изјаснуваат тие го поддржуваат НАТО и Зелениот како најневини да се во ситуацијава. Пошто еве очигледно досега им одговарале дејствијата на неонацистите и не ги спречиле. А чув Зеленски имал еврејско потекло, која иронија, само за да дојде на власт и да е марионета на западот. Нема невин, не знам кога ќе сфатите. Само обичниот народ си го добива од двете страни.
Каде? Еве цитирај некој многу ме интересира.Кај пишавме Браво Путин, сѐ да срамни со земја, само напред бравооо
Ова беше извадено во контекст на Мариопол и болницата и трудницата. Има слики кои незнам колку се валидни за утврдените сили околу болницата и видео од дрон како се гледа и кровот на болницата на кој има воено утврдување. И дека таа страна тврди дека уште на почетокот од сето ова болницата била меѓу првите евакуирани. Непроверено секако. https://infomax.mk/фото-видео-страшна-манипулација-дал/
Логиката на темава. -Не ја подржувам Русија ама и Украина е крива. -Не го подржувам Путин ама и Зеленски е крив и плус е комедијант,будала и амерички платеник. -И треба да се предадат Украинците! Тоа е се што треба да се знае за “неподржувачиве” на Путин тука. Срамота за форумов.