Што очекуваш ти од воена сила како Русија? Птици писмоносци да прати? Зошто, ќе објаснам подоле. Реалноста вика дека Русија е светска сила, речиси секогаш во првите три на листа по рангирање. Значи од воен буџет, воен арсенал, бројност, спремност, супериорност на војската. Украина не е ниту во првите 20. На украинска територија, Русија е со околу 200.000 војници. Украина има помалку од тоа редовна војска. Задржаа машка популација од 18 - 60 што значи дека можеби моментално водат во бројност над Русите, ама вториве пак напредуваат и првите се под опсада. Затоа што Русите се многу поспремни. Сега, ги помагаат со воена опрема, ете и платеници. Ама на тоа стои фактот, дека одговор од Русија може да биде поголем воен арсенал и уште војска на фронт. Украина да извојува против Русија, е можно само со трета светска војна. Шансите во ваква ситуација, им се нула. Ќе ја тераат години, ќе губат животи. Затоа и треба да престанат со лажната и лицемерна реторика за долевање и пролонгирање. Да направат договор и да престанат да уништуваат животи! Ова е реалност и ваквите податоци се јавно достапни. Од другата страна стои желбата за победа на Украина, што е и нормално, ама е многу нереално. Сликата ти е одличен пример за трагедијата што може да и се случи на Украина. Од мапа да ја снема. Биди реален, светот не функционира според нашите желби! Од пинувани новини: Русија е агресор, Украина жртва. Никој никого не оправдува. На банер да прикачат, за да не се повторуваме. Пошо изгледа не треба ништо повеќе од ова да се пишува. Демократија и право на слободно изразување и онака добија нова форма на банирање и цензура.
Феминка, Не мора да пишеш буквално Браво Путин, разбравме и вака. Зеленски е крив, Нато се криви, цивилите се криви, Путин си враќа територија и брани цивили. И да.. па тоа такви анализи правите, свака част. Врз основа на читање на еднострани fake news кои нели се сигурно точни. Нема деца бегалци Нема бомбардирање болници Нема разрушени градови Се е тоа пропаганда. Да ве предложиме советници у влада кај нас, такви генијални аналитичари и умови што со скен на текст познаваат дека е фејк њуз. А и многу ме интерисира што сте сите со анализиве по професија, такви анализи мора ра има некој солиден бекграунд. Масовно се апсат интелектуалци од Русија кои апелираат на прекин на војна и смена на Путин и се апсат луѓе кои протеститаат. Демократоја на најјако, не како во папет владата на Зеленски. И за крај, Македонија е членка на НАТО, сакале вие или не. НАТО гарантира за територијалниот интегритет на нашата држава и за нашата безбедност. И ние како држава имаме права и обврски со тоа членатво Во превод утре Вучич да прати војска у Куманово зошо таму народот се осеќа како српски народ, или Бугарија да си го земе Делчево, зошто тие се бугари,НАТО ќе го заштити нашиот територијален интегритет. До утре зборете колку сакате, нас Русија нити нешто ни помогнала у животот, нити некад ќе ни помогне нешто.
Стајте се едни со други на игнор. И едните и другите знаете што ќе пишете. Пропаганда и лажни вести има од двете страни. И никој од нас не може со сигурност да тврди што е вистина, што не.
Кукличка, крив е Зеленски, пошто не знае да се повие.Сега не е време кога треба да изиграва херој и маШ.Му гине народ.Едно беше додека траеа преговорите и не остапуваше. Криви се и Русија и Украина.Едниве пошто не попуштаат, другиве пошто се служат со крајно нечовечки мерки т.е војна. Значи можеше уште пред 24ти февруари, овој Зелениов да се откаже од помсилата за НАТО.Путин имаше кажано дека не сака војна да има, ама дека ако мора, ќе има.Појаки се од Украина, знаеше дека може да си го дозволи тоа.А НАТО не би си дозволило Трета Светска. Зашто не гаѓаат во САД Русите сега? Само цивилите НЕ СЕ КРИВИ овде, тоа и ја го иам кажано.Они се најзагреота уствари, шо на нивен грб големиве си ги мерат.Затоа реков, нека идат негде у пичку материну, сите со по едно пиштолче и нека се пуцаат. Така е, гарантира од НАДВОР, а тоа шо ни` ги наместија ВНАТРЕ и не` натераа на Рамковен, го плаќаме веќе 21 година по ред.А последниве години со масовно брцање Македонци, со бутање на министерски позиции а уште не знае македонски чисто да збори ( со чесен исклучок на Османи на пример, и на Сали алал да им е), со тоа шо Џафери на Европска Конвенција каде по УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА он МОРА ДА ЗБОРИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, он збореше на албански.Па кај го има ова бе? Дискутирано е ова поназад, изгледа не читате сите. Џабе шо не` бранат од надвор кога не` уништуваат во друг поглед како стигнат. Аааа, така независна земја а? па што искочивте у 2018та на референдум и се потпишавте да смениме име?Тогаш не бевме независна земја?Ама ЕУ сакавте, така? Еве после 4 години, кај е ЕУ бе Кукличка?На вести само го гледаме Ајде жити се, ја сфаќам дека се фејка на форумов и дека ако грото е ПРОТИВ ПУТИН или ЗА НАТО, дека мора сите да се, пошо иначе ќе бидат судени на клада, ќе треба да се караат со цел форум, ама некогаш се претерува.И претходно иам кажано дека доста членови овде тераат фејк либерализам и дека се приметува
Од целата ова воена состојба најголем проблем е што не можеме да купиме резервни делови за москвичите и ладите, а и нашите млади не можат да одат повеќе на печалба во Белорусија и Русија.
А дека идат да ринаат у Русија па.Таму минималецот е за некои 200€ помал од нашиот. Нешто си ја утнал работата.Германија е land der Arbeit
@Feminka22 како бе да се повлече? Лудддиот Путин решил да бомбардира друга држава, со некаква си замисла, и тој што е нападнат да не се брани? Од каде му право да каже друга држава дека не смее да стане членка на НАТО??? Исто како да кажеш дека силувана девојка треба да се повлече и да не се облекува во провокативна облека. Нејзино тело, може што сака да прави, ама силувачот може затоа што е диминантен, да прави што сака.
Иронично е напишано. Сите знаеме каде се парите, каде е убав животот и каде е слободата, а тоа е западот и земјите на НАТО, сакале да признаеме или не. За иселеници во Белорусија и Русија сеуште немам слушнато. И повеќе руси живеат во САД отколку американци во Русија, тоа се кажува.
Дронот кој падна во Загреб носел бомба која експлодирала – леталото е извадено од земја и префрлено на истражување
@Billy Idol италјанците навистина им помагаат на украинците колку можат НО како што читам има исто толку осуди од страна на истите за реакциите на Зеленски. Истото го пишуваат што и ние овде, огромна маса на луѓе.
Државите, а особено оние кревките, меѓу кои и нашата и Украина, се независни само на лист хартија. Светот функционира поинаку, а особено кога станува збор за политика. И затоа Украина ќе одлучи за својата иднина, еднакво на одлуката на Куба, притисната од светска сила. Светот игра на лоши карти, лицемерие и сензационални наслови за обичен народ, за да имате аргументи за лични преписки. Ова не е арката на дедо Ное, ниту коњаницата на Македонски, ајде јуриииш! Или замислата на НАТО формациите, кои бараат причина да срчнат, за светските ресурси! Во корист на мирот и општото добро. Војни не се прават туку така, од денес за утре. Има меѓународно право, кое функционира колку толку. Има закони во рамките на меѓународната политика. Има договори кои треба да се почитуваат. Нема гаранција и никој не знае каде ќе се сопре. Ама тоа никако не е причина вештачки да се поддржува!
Експлодирала, не експлодирала, кај и да е ќе се договорат https://www.index.hr/vijesti/clanak...03.aspx?index_ref=naslovnica_sredisnje_teme_d Нато што не брани, ваљда спиело, за да лета ова саат време во Нато воздушен простор и да се урне во Загреб . Од друга страна почнаа да си грмат во Ирак. Ќе се префрлиме со муабетов набрзо во трета светска војна, се така ми изгледа.
Незнам како само според вас Путин е луд.. Во демократија се бара решение.. Колку земји се неутрални а, многу богати само за да има мир. Да беа толку добри Виницуела .. Саудиска Арабија и итн. ке им отворија врати во ситацуијава за нафта ги гас ама не нема ...
Затоа што за многу НАТО им е поим за ЕУ. И сите ја сакаме таа ЕУ. Многу се водат по тоа дека таму одиме да печалиме и таму бегаме. Дека таму со чистење соби и служење добиваме подобра плата за живот отоколку тука. Народов меша појми. Подолабински ако е загледа за војната и ситуацијата на МК и многу други држави, реалноста е друга.
Ама веле силата Русија веќе 18 дена не може да го заземе Киев. Украинците се држат, што многу ме изненади. Сигурно имало малтретирање на Руси во Украина, ама па добриот и моќен Путин сега се засекира за своите во Украина. Путин не е во право, а Украинците колку и да не се во право, си бранат своја земја. И тие региони со Руси, биле населувани во времето на СССР. Вештачки си создал руско малцинство за да си командува. Мене тој камп на АЗОВ воопшто не ме засекира. Па и ние во средно како дел од настава, одевме на гаѓање. Тие што имаа среќа на полигон надвор од градот, а јас гаѓав со една крива пушка во школски подрум. Имав 10 куршуми, и требаше да биде испукано што поблиску до центарот на метата. Ама џабе нишанење, пушките беа криви, па и во метата на другиот погодувавме. Да не требаше да не срамнат со земја, еве не учеле со пушки да ракуваме? Добро Украинците среќлии, со убави пушки си пукаа.