Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    На многу места е така... само што ова војна не засега ... еве листа од војни, и таму деца гинат.
    https://worldpopulationreview.com/country-rankings/countries-currently-at-war
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    И ова е битно во темата заради што?
    Се обидуваш да споредиш ОНО со воени/паравоени структури или како? :D
     
    На Bratot, happygirl, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    14.205
    Ги учеле да ракуваат со оружје. Обука како обука. Ако може секс кампови да има, што е толку лошо да научат нешто и за оружје? Не гледам во тоа како некој мотив за да оправдаме војна. Демек еве од деца ги учеле да пукаат, и сега? Тоа мене не ми е никакво оправдување за војна. Не можам да најдам оправдување за војна. Русија уште 4 дена којзнае дали и Киев ќе го заземе, а сите очекуваа за 2 дена Украина да признае пораз. Каде е поразот по 17 дена? Никаде.
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Едно мислење на темава немаш, што има врска со реалноста.
    Очобол човече
     
    На M.B., happygirl, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    14.205
    За мене и Путин испадна смешен. Тоа ли е тој лидер цел век во политика, страв и трепет, а се крсти во Чеченци, Сиријци, а видовте ли дека и меѓу заробените 20 годишници имаше не Руси. Што е реалноста, еве просветли ме? Да не падна Киев, да не го убиле Зеленски, да не капитулираше Украина? Јас се ова го очекував, а не се случи. Ако си била на терен, пиши, и така не знаеме дали CNN и REUTERS прават делумна или целосна пропаганда.
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    Додека дел од украинскиот народ е избеган, друг дел се крие во бункери/подруми, руски пластични инфлуенсерки полнети со амерички силикони си прават хехенца и заебанции за санкциите од америка за KFC, McDonald's и слично, и си собираат по 400.000 лајкови на инстаграм генерално од руси и русофили. Ете, до толку им е гајле за тоа што Русија прави мооментално и изгубените животи од двете страни. Си се забавуваат со мизерен хумор и животот и продолжува најнормално, навидум недопрени од било какви санкции.
     
    На BezglasnaBukva, Cosmi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Војнава, паравоени структури како азов, воени структури како војската обучувана за војна, врска, ама баш врска немаат учење да ракуваш со оружје, што луѓе и за забава го прават или како хоби. Не ми се верува што збориш искрено:D
     
    На M.B., Lianna Anna и Mnik им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    41.120
    Пол:
    Машки
    Македонија е членка на Нато против волјата на сопствените граѓани кои јасно и гласно одбија да кажат ДА за промена на името на демократски референдум и да се приклучат кон тој воен сојуз.
    Ама "демократијата" на Нато убаво ја осетивме ние и ја осеќаме моментално со растот на цените на се. Тој Вучич што го зборуваш, ако не ни продадеше пченица, ќе немаше леб да јадеме, 100 ќе го качеа.

    Од кој да те брани Нато? Од Бугарија која е во Нато? Онака како што се замешаа и го бранеа Кипар од Грците и Турците? Смешки. Од Бугарија ќе не бранеле бе. Од Бугарија. :rofl:

    Ако не бранеше, немаше да дозволат ниту они, ниту ЕУ, да не условуваат за лична определба, идентитет, историја и име. Замисли еј, во 21 век некој те условува политички, економски, и воено ти се заканува преку агресивни говори да смениш име, идентитет и ти спори јазик и постоење. И сето тоа со поддршка и амин од Нато и ЕУ. Демократија на дело. (facepalm)

    Русија не ни помогнала, а Нато ни одмогнува. Затоа треба да си ги гледаме нашите интереси, а не туѓите.
     
    Последна измена: 13 март 2022
    На elenaklasik, sonuvana, Bratot и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    14.205
    Добро, еве нема врска. А кој гарантира дека тие деца ќе се вклучат во војна? Се вклучија ли? Да не ја нападнаа Москва случајно? Не. Не гледам дека некои си таму деца биле закана за некого.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    На elenaklasik, sonuvana, Bratot и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Ја не сум била на терен, ама и ти не се понашај ко да си била, а не си, жити се прочитај што пишуваш на темава.
    Ништо од ова што ме праша не е реалност и ја нигде не пишав дека е. Ама овие глупости погоре што си ги пишала, Господее... (facepalm)
    Иначе на чичко Путин многу му е гајле каков испаднал за тебе, еве го чита Фемина и се загрижи што еден ваков ум, упатен во политика мисли дека е смешен
     
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    20.184
    Пол:
    Женски
    Ох боже! Ај врати се назад на мислењата и најди ја поентата!
     
    На Feminka22, nextredstyle, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Чекај може ќе не бранат од Бугарија, ако Бугарија се сврти со Русија :D
     
    На Feminka22, anastasijaki, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    14.205
    Да, Путин падна на ниво еден комичар секој ден му прскоси и му порачува дека не му се плаши. На силниот Путин ова му се случува. Русија веле силата. Не е важно што јас мислам, имаше експерти за безбедност уште првиот ден кога почна војната кажаа дека утре Украина ќе се предаде, и наши и странски експерти така кажаа. Еве 17-18 дена не мислат да се предадат Украинците.
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Тоа што еден дрон од дедо Ное помина 3 држави е ненормален скандал за Нато а да не биде регистриран.
    Колку објавија западниве за тој дрон?.... Нула...
    Одма се турка тоа под теписон.
    Скандал или вистинското лице на Нато.

    Или како што говореа гласноговорници кои се замолчени дека антиракетен штит не постои туку рампи за балистички рАкети со поголем дострел накај блискиот исток или Русија и Кина.
    Тоа го отвора прашањето дали е тоа дефанзивна опрема или напаѓачка.
    Ако беше дефанзивна зошто дронот со големина колку еден слепер се прошета а не беше ни регистриран од Нато.

    На пример:

    Преземено....

    Сигурно повеќе се разбира личноста х 100 од мене.

    Веројатно, со последнава ситуација практично се докажува дека во Полска и Романија е инсталиран офанзивен систем, а не дефанзивен( дефанзивниот реагира, а офанзивниот не може да влијае како одбрана) . Да не детектираш летачки објект од 6 тона, кое лета на висина од 1300 метри и прелетува две НАТО држави во должина, е прашање кој кого е*е овде. Орбан, неколку пати спомна меѓу редови, во случај на напад, НАТО нема да ги спаси.



    ⚠️ Најновото "паѓање" на стар советски произведен дрон во сред Загреб, е бруката со која се соочува НАТО.
    Тупољев Ту-141 Стриж на украинската армија прелета територија од околу 1200 километри и удри во урбан кварт на Загреб (Хрватска). На својот пат, ниту едно воздухопловство ниту контрола на лет не детектираше летало кое се движи високо подзвучно околу 1000 км/ч. во зони кои се високо мониторирани воочи кризата во Украина. Покрај мониторирањето од земјишно базирани радари од страна на антибалистичкиот штит во Европа, односно од базите на системот Aegis Ashore во Раџиково (Полска) и Девеселу (Романија), од почетокот на операцијата во Украина на западните граници на Украина од НАТО земјите постојано во воздух се "на стража" и американските авиони EC-135W Rivet Joint, E-8 Joint STARS, и секогаш присутните E-3 Sentry (AEWC, AWACS) кои обезбедуваат целосна контрола и мониторинг на состојбата во воздух и на земја во НАТО блокот.

    ▶️ Системот Aegis ниту е способен ниту дава некаква безбедност на источно европските земји од било каков воздушен напад на земјите на НАТО...

    ▶️ Стариот советски дрон не е стелт и е добро видлив на радарски сигнал, и во краен случај би бил детектиран на базичен воен радар како крстосувач проектил, хеликоптер (брзината му е далеку поголема), или истиот би бил детектиран од цивилен радар како непознат летечки објект, (имајќи в предвид дека не емитира сигнал од транспондер на цивилен патнички авион)... од сето тоа последица е дека ниту системите за контрола на воздухот, еуроконтрол, ниту надлежните државните (оние чиви воздушни простори прелетал -Унгарија и Романија) не се интегрирани со Системите за Цивилна заштита на кои толку пари се трошат за своевидна заштита од закана...

    ▶️ Комплетно затаи системот за NATO Air Policing, кој побогатите земји од НАТО кои поседуваат ловци пресретнувачи го наплаќаат како услуга на "тазе влезените" во алијансата...
    (Меѓу нив и Македонија која плаќа "лихва" на Грција за контрола на Македонското небо од цирка 120-180 милиони долари годишно)...

    Европскиот антиракетен штит (наводно изграден да ја штити источна Европа од иранската ракетна закана) базиран во Романија (Девеселу) и Полска (Раџиково е своевиден доказ дека не се работи за дефанзивен систем.

    Системот Aegis Ashore на земјишни радари и лансирни контејнери Мк-41/44 (во кои наводно има сместено антибалистички и противвоздушни проектили RIM-161 SM3) има краен дострел од 1500-2500km. Далеку е помоќен од MIM-104 Patriot PAC3 и PAC4 верзиите кои исто така ги поседува Романија на свое тло. Овие системи се способни да пресретнат мети во воздухот со димензии и карактер од големокалибарска топовска граната од 200мм калибар, крстосувачки и балистички закани од секаков вид, до мети со димензии и перформанси на орбитален сателит во вселената...

    Проблемот е што сите овие системи иако распоредени на патеката на стариот Ту-141 Стриж дрон, иако имале можност да го соборат и во најмала рака да го детектираат, истите затаиле и се доведува во прашање нивната ефикасност но и намена.

    Сосема јасно е дека се оправдани руските негодувања за стационирање на истиот систем во земја како Украина (при евентуалното нејзино зачленување во НАТО).

    Јасни се стравувањата дека европскиот антибалистички штит е всушност вешто изготвена ПиАр маска на стационирање на крстосувачки проектили во Мк-41/44 контејнери близу границите на Русија со намена за "прв удар" врз нејзиниот нуклеарен арсенал, кој го поседува исто како и САД со намена за одвраќање на тотална нуклеарна војна.

    ⚠️ Се уште "угледниот" американскиот Jane's defence тврди дека SM3 има дострел од само 250-500 км кои покрај тоа што и чавките знаат дека тоа е класична лага и дека дострелот е многу поголем од декларираниот...
     
    На sonuvana, Bratot, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Какви ефекти мислите дека ќе осетиме во иднина? Можно ли е и ние да сме нападнати еден ден?
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.302
    Допаѓања:
    28.070
    1. Неизлегување на рефендум (избори) е еднакво на одобрување. Така да, немате баш право на коментар, нити на етикетирање.
    2. Кои се нашите интереси? Сами што можеме? Примерот за Бугарија ти е нацртан, за да сфатиш што праи русинот на туѓа територија на која има негово малцинство. А да не сме членка на Нато, после ова со Украина, и после погазување на сите можни конвенции, дадено е зелено светло да секој тргне у оавојување на туѓа територија


    3. Знаеш колку пари странска помош влегуваат во земјава? Колку милиони? Знаеш АРМ каква опрема имаше пред Нато? Вреќи за спиење немаше, и имаа искинати чизми.
    Знаеш кој реновира школи, болници, кој дава пари за старт ап бизниси итн, итн?
    Русија секако дека не.
    Вода во очи немаме, свои интереси ќе гледаме.

    Иди развеј го Вергина знамето, и јачај се у гради дека сами нешто можеме да напраиме. Може само да упропастиме.
     
    Последна измена: 13 март 2022
    На Tanjamm, mkdvesna, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    20.184
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно го напиша ова? 8-|

    Референдумот беше неуспешен, бидејќи процентуално не исполнуваше услови за истото. Потребна е излезеност од 51%, а имаше околу 30%. Новата математика на Заев, па затоа и нова дефиниција за референдум. :rofl: Не сум слушнала за бојкот кој едначи со одобрување. Особено затоа што е јасно како ден од која причина се бојкотираше, оти истиот имаше и мото. Ама ајде, така малку ќе глумиме сега.

    И бидејќи беше неуспешен, а знаеа дека ќе биде, го направија и од консултативен карактер. Што значи, владата и Заев, донесоа одлука спротивна на онаа од граѓаните и го потпишаа Преспанскиот договор.

    Промената на името не е затоа што народот сакаше, туку затоа што други кажаа дека така треба да биде! Тоа беше услов и дај да не глумиме сега.

    Во другото не навлегувам.
     
    На elenaklasik, zhap4e, sonuvana и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.434
    Допаѓања:
    190.711
    И тој што не отишол да се вакцинира е (транс)вакциниран:wasntme:

    Чекај, да разберам убаво- значи ако не гласаш си за, или си против, нештото што се гласа? И во кој случај важи правилото?:smirk:
     
    На elenaklasik, Feminka22 и Resana им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.302
    Допаѓања:
    28.070
    Како да ти кажам, над 50% од луѓето во Мкд не се членови на ниедна партија и не гласаат, така што да, молчење за сите работи кои се случуваат значи тивко одобрување. (Бојкот? На кого уствари? На сам себе?) Точно, името секако ќе се сменеше, ама бојкотот беше невидена глупост .

    Во врска со Нато и членството на Нато, повели истражување.

    80% од народот поддржува членство во Нато, со сите услови под кои влеговме.

    Screenshot_20220313-202736_Office.jpg

    Еве уште еден за мислењето на народот за ЕУ, Русија итн, итн.
    И да, ова е иста анкета која кажува дека вмро ќе тепа на следните избори.

    Screenshot_20220313-202754_Office.jpg
     
    На Cosmi, Цобра и Ahoy им се допаѓа ова.