Ако не гласаш си очигледно за, според новата правна практика, која бојкот не структурира по основ права дефиниција. Ова Заев така го кажа, затоа и таква нарација. Точно така! Ај сега размисли чии 30% излегле? Оние што ја учат новата математика на Заев и ја објаснуваат на форум, во многу погрешна форма. ДИК го прогласи референдумот за неуспешен и не знам што упорно објаснуваш нешто што е факт! Зошто беше неуспешен, ако бојкотот е одобрување? Има правила и закони кога еден референдум е неуспешен. Не можеш да толкуваш ти како сакаш, нити можеш да ја знаеш волјата на мнозинството, која да, бојкотираше со многу јасна порака! Уф, како сега да ти објаснам дека прашањето беше условно. Не се сеќавам точно како идеше, ама нешто во стил дали сте за членство во Нато и ЕУ со прифаќање на договорот? Види сега, некој не е за НАТО, ама е за ЕУ. И ова тогаш отвори многу правни прашања. Условно прашање со условен референдум, нормално дека ќе помине потврдно. Држава како Македонија, одлучува за својата иднина со амин од другите!
1. Референдумот не беше успешен затоа што немаше доволно излезеност за да биде валиден. Беше бојкотиран од народот кој јасно кажа НЕ. Оди сега во штаб да им кажеш дека оваква пропаганда веќе не им проаѓа меѓу граѓаните повеќе. Смислите нешто подобро. 2. Во нашата историја од независноста ние сме единствено нападнати внатрешно од државата и 2014 кога структури од територија која е протекторат на САД, ни ги пуштија терористичките структури да ни дојдат во Куманово за да ни кажат што ќе ни се случи ако не капитулираме. Бугарија со овакви територијални претензии и услови почнаа тек од кога влеговме во НАТО. И не. Не се отвори оваа пандорина кутија сега со нападот на Украина, туку со нападот на Југославија '99 и земање на Косово како американски протекторат. 3. АРМ пред НАТО имаше подобра опрема отколку што има сега. Имавме авиони Су 25 кои не беа сервисирани и останати да се распаѓаат на аеродромот. Хеликоптерите Ми 24-ки ги добивме баш од Украина за да се бориме против тие НАТО структури и американски инструктори кои ни направија војна овде. 4. Од кога сме влезени во НАТО нашата војска тоне и тоне од ден во ден се повеќе и повеќе. Бедно е да се фалиш со купување на чизми. Бедно. Инаку не знаеш или не сакаш да знаеш дека бевме буквално приморани и уценети да купиме американско оружје кое е буквално отпад и не вреди ништо во ек на пандемија за 210 милиони долари. Пример: Наместо да направат еден клинички центар во Скопје или Штип или Битола за тие пари и да спасат народ во државава, ние моравме да ги дадеме тие пари за ѓубре. 5. Од кога влеговме во НАТО, нашето небо е брането од страна на грчки авиони. Замисли колку е деградирачки за цела држава и за АРМ да ти го брани небото непријателот со кој имаше политички спор и ти го кочеше цел твој напредок сега да ти го "чува" небото. 6. Којзнае па колку е деградирачки за сите АРМ чиновници да треба да слушаат наредби од Шеќеринска која го мешаше македонското знаме и знамето на Аризона. Или пак од Славјанка со дебилните изјави за војната. Која парадираше во Англија пред "Јовано Јованке" затоа што ниту химната не ни ја признаваат. 7. Инвестиции имало бе. Болници се граделе, школи се граделе... Оф мори мајко. Ја продадоа цела држава и ја приватизираа. Баш сите клучни сектори ги држат конгломерати од тој САД и ЕУ држави кои црпат ресурси овде и ги држат луѓето како робови да работат како грешни ѓаволи. (истото го правеа и во Украина). 8. Којзнае колку глупо изгледа држава која е влезена во НАТО, да се крсти на добрата волја на Вучич да ни продаде пченица за да ја преживееме годинава затоа што нашиве дебили не складираа пченица и неопходни ресурси кога веќе знаеле 5 месеци претходно дека ќе има војна. И тоа, уште подебилно е што претходно пченицата ја набавувавме баш од Украина и Русија, кои не се земји членки на НАТО и ЕУ. 9. Којзнае колку глупо изгледаше кога народот наш напатен мораше да оди до Врање и Ниш за да се заштити и вакцинира затоа што дебиливе наши ги извисија баш од тоа НАТО и не оставија како да сме треторазредна земја (и сме) да се снаоѓаме како знаеме и умееме и да умираме како глувци. Па моравме да се молиме на Кина (читај, да прават матни зделки за да лапнат пари) за вакцини. 10. Којзнае колку глупо звучи да сме енергетски зависни од Албанија и Косово, земја која е пак енергетски зависна и купува енергија од Грција. Ги уништија плански, првенствено ТЕЦ Кавадарци, а подоцна и РЕК Битола. Па уште и потпишавме договор демек за "зелена енергеија" од 2024 каде што ќе треба да ја затвориме РЕК и комплетно да зависиме за струја од соседите. И на крај не знам како може да легнеш мирно на вечер и да се запрашаш зошто браниш и промовираш воен сојуз како НАТО кој е одговорен за најголем број цивилни жртви во последниве 50 години. Воен сојуз кој има почнато највеќе војни. Уништени безброј животи. Убиени невини деца, жени, мажи... Со снимки, со докази, со се има како ги тепаа во Ирак, Иран, Сирија, Авганистан цивилите на улица како да е некоја видео игрица. Кога ќе го осудиш сето ова злосторство и монструозност што го направија и сеуште го прават во светот, затоа што не, не е само војната во Украина моментално. Има војна и во Јемен, Палестина, Етиопија и Еритреа. Или тие деца моментално што се бомбардирани од САД и НАТО се небитни само затоа што имаат потемен тен? Ете тргни го на страна тоа лицемерие што го имаш, зар не ти е жал за сопствениот народ што гинеше 2001 година поради структури кои беа поддржани директно и индиректно од НАТО со оружје, логистика, инструктори и со луѓе. Зар не ти е жал за сите Македонци кои ги починаа во таа војна и ги оставија своите жени вдовици, а нивните деца да растат без татковци? Зар не ти е жал за мавровските работници? За Вејце? Карпалак? Зар не ти е жал за сите македонски фамилии кои вечно беа протерани од Тетовско и Гостиварско и мораа да ги напуштат своите куќи, имоти и да бегаат во останатиот дел на Македонија? Нели ти иде тешко на душата да браниш овакво зло?
А како не е луд? Како да ти кажам, не сум у тие 30%, no worries. Не ни живеев во Мкд коа се гласеше. Точно, консултативен беше рефендумот и многу подобро ќе беше да има повеќе не, од тој глуп бојкот .
@Billy Idol нит сум член на партија, нит некад сум била, нит ќе бидам. Unlike some of you. Нит сум работела државна работа, нит имам намера. Не зборам за инвестиции, зборам за донации. Државава живее од донации. Све што можеше да се уништи, системски се уништи од двете страни. И сега, кога молиме за трошки, немаме право на збор. К ме боли кој е на власт додека ја молиме јапонска амбасада да реновира болница, америчка да напраи школо, а швајцарска да напраи парк. И после да плукаме зошо напраиле школо, а не бараме одговорност од нашите влади зошто тие не прават. И тој договор што 'ќе го затвори РЕК' е направен со донација од Британците и во согласнот со ЕУ регулатива за оделување од зависност од јаглен и креирање на енергетски ефикасна држава. За сами од обновливи извори да си праиме енергија. А да, и за да не умираат деца од рак. Кога читаш бар читај до крај и не спинувај. Не сме сите тука неуки и неинформирани другар. И зошто апсолутно имам попаметна работа од паламудење по форуми само за ова ќе ти одговорам зошто лично бев засегната и погодена. 'нашата историја од независноста ние сме единствено нападнати внатрешно од државата и 2014 кога структури од територија која е протекторат на САД, ни ги пуштија терористичките структури да ни дојдат во Куманово за да ни кажат што ќе ни се случи ако не капитулираме.' Во таа година, нашето МВР и нашата Гоца ги пушти нашите деца да гинат. Ги пушти низ вода со наводна 'акција зс разбивање на група која работи трговија со дрога'. За ништо умреа децата, а со релативизирање продужи до утре. Ај продужи сеа на темата за Русија и au revoir.
Не си член на партија ама затоа зборуваш како референдумот бил успешен, а згора на тоа и консултативен. Народот кој го врти за најбитното прашање: "името и идентитетот". Yeah, sure. Кои црни донации? Трошки не ни даваат. Трошки. А патем ни ги цицаат сите природни ресурси. Државата живее од КРЕДИТИ, не од донации. А кога ќе дојде време кредитите да се вратат, тек тогаш ќе почне забавата. Знаеш ли дека сега земавме нов кредит за да го "издржиме" овој ценовен шок? А знаеш зошто е настанат овој ценовен шок? Затоа што мораше да ставиме санкции на Русија поради тоа што ни наложија од НАТО. Доволно е само да се знае дека ние сме 100% зависни од рускиот гас, во најголемиот процент увезуваме гориво од Русија. Најголемиот дел од пченицата го увезувавме исто така од Украина и Русија. Репро материјали и суровини се увезуваа од Русија. Нашиот извоз на сите градинарски култури одеше за Русија и Украина. Сега ќе ни пропаѓаат краставиците и доматите на нивите. И тоа ќе се уништи како што се уништи системски пченицата. Ќе почнеме за некоја година да не ги произведуваме. Гоца ги пушти да гинат за да војуваат со група терористи намерно пуштена од Косово, аминувана од американската база Бондстил затоа што почна Груевски да застранува од патот и да привлекува кинески инвестиции, повторно, не за народот, туку за својот џеб. Ете, затоа. Инаку секако ние сме системски како држава уништувана и од СДСМ и од ВМРО, и тоа под директна директива од НАТО, од каде што ги добиваат сите наредби. Ние иако сме независна и демократска држава, дефакто сме протекторат на САД и мораме да ги слушаме наредбите од Калето. А состојбата во која што сме сега, е баш состојба поради НАТО, и поради нашите папет политичари, секако. А сите ни се такви од 2001. И не знам зошто упорно ја спомнуваш античка Македонија. Ниту е спомната овде, ниту ти држи вода аргументов за мене. И повторно, лицемерно е да ги напаѓаш своите патриоти, а да ги повикуваш украинците да се патриоти, да ја бранат својата држава и да гинат во војната како глинени гулаби. И сега затоа што имаш попаметна работа од ширење на западна пропаганда овде, избегни ги и овие аргументи. И онака не може да се реплицира на нив. Знам. А толку е едноставно. Осуди ги и НАТО (и папет владата на Зеленски) покрај Русија за сите злосторства, па може да разглабаме понатаму за војната, за цивилите кои умираат и таму, и во Јемен, и Етиопија. Ако ништо друго бар ќе изгледа дека за момент си станата алтруистична. Овака си само лицемерна. Ама што повеќе да се очекува од личност која наместо да ги брани интересите на својата држава, ги брани интересите на својот робовладетел.
Ние сме влезени во НАТО за ако утре почнат да се рокаат од било кои ним познати причини да имаат земја каде можат да го прават тоа. Нема у Њу Јорк или Москва да се тепаат, секако дека утепани од Господ земји се за тоа. Јас имам 30 години, во овие мои 30 години ниту еднаш не сум добила некаква помош од државава, ниту пак сум видела некоја правдина. Само ми е грабано и плус гледам како партиски лебарки земаат работни места, специјализации, места како директори на навистина спремни луѓе. 30 години мајка ни ебаа, јас стварно не знам како некој верува во политичар.
Шта је ово рекла сам? Иначе, ќе те биде за пишување емотивни статии/книги, ептен знаеш да ја извртиш секоја ситуација во твоја корист, само со користење емоции наместо фејк њуз.
Ај пак... кажав дека бојкотот беше глупост и постирав анкета од ноември 2021 дека 80% од луѓето се за членство во Нато. Со референдум или без. Никаде не ја спомнувам Америка и не коментирам дека тоа што го прави е исправно, не ми ставај зборови кои не сум ги кажала. Ако кажам дека сум за членство во Нато заради тоа што немаме друга опција и не можеме ништо сами, а успат и сметам дека Путин е лудак кој окупира суверени територии, не кажувам дека НАТО и Америка не се криви за х други работи кои се случуваат на светско ниво. Ама секој чита како што му одговара, односно мора да си за еден или друг, не може никако поинаку. А дека не дале денар, а ни цицале ресурси, те молам не ни почнувај. Швајцарска амбасада само дава 30 милиони годишно помош. Побарај си сам за другите.
Деца, пак оф топик заминавте. Значи Нато. Пред 3 дена мислев- фала богу, бар Македонија е во Нато, инаку ќе беше полошо. И фала богу, без уништена држава и илјадници жртви поминавме. Сега, после ова во Загреб, прашањето е што е Нато и што работи? Мислам освен остварување на империјалните интереси на САД? Летечко тело постаро од многу од вас овде, лагано шета во Нато воздушен простор. ВТФ? Комотно можело да носи било што и да го фрли било каде, и не збориме за некоја ворп технологија, збориме за летечки објект од времето на студената војна. Кој до кое дереџе е дојден и зошто во друга прилика. Сега би било вистинско време малку секој да си го варди својот двор. И да се посматра пошироко и подалеку од Русите и Американците, пошто ниту на едните ниту на другите, му е гајле за било кого, освен за себеси.
Ти набројав 10 точки погоре кои работи се полоши после членството во НАТО, а директно влијание на нив имаа баш НАТО. Да не зборувам колку пари даваме за членство во Нато, а за возврат што добиваме? Безбедност? Од кого? Никогаш не сме се чувствувале по не безбедно од 2014. Директно ни се закани претседател на членка на НАТО по нашиот интегритет. Нас не примија во НАТО не дека им е многу гајле за нашата безбедност. Туку да си осигураат уште една територија која дефакто беше под нивно владеење веќе 3 децении. Онака, да си ја обележат на мапата дека е нивна. За кои Х работи се криви НАТО и Америка? Те прашувам за Украина, не за Македонија и други Х држави кои им дадоа "демократија", да не одиме оф-топик на темава. Помошта што ја добиваме не е ниту трошка од тоа што ни цицаат ресурси овде и системски не уништуваат со години. Сите кредити што ги земаме се со огромна каматна стапка која ни ја водат државава во пропаст. Некој да зборува за помош преку ЕУ проекти, УСАИД и слични организации и со тоа да се фали, е во најмала рака мизерно и срамно. Оди кажи им го ова колку е извртување на сите што настрадаа 2001, изгубија некој во таа војна, и на сите оние кои моментално страдаат и не знаат како ќе го поминат месецов. А сега врати се на темава со нов мим или фејк твит.
Извртување со ЕМОЦИИ а не ФЕЈК ЊУЗ, прочитај пак што имам напишано. Кој фејк твит сум го постирал овде, цитирај ЕДЕН. Русофилијата ви тече низ уши, прво сум поддржувал хомофобични нацисти (вотефак) а сега сум постирал фејк њуз твитови...
Кое е тоа извртување со ЕМОЦИИ? Посочи еден факт што не е така и не е вистина? Како може да кажеш русофилија кога да земиш да ја извртиш темава ќе најдеш најмалку 10 постови за осуда на руската агресија и Путин од моја страна, а и на секој овде кој не завзема страна. Баш денес пишав за ситуацијата на терен и ја фалев Украинската армија што успеа да ослободи области и уништи руски конвои. Колку ќе се најде со осуда на НАТО и Зеленски од ваша страна? Пари да не добивате од фонд што не смеете да гукнете против нив?
Одбивам да верувам дека не ме сфаќаш што сакам да кажам. Ајдеее сеа и ме плаќаат да пишувам анти Русија Соросоид мме.
Повели, осуди ги НАТО и Америка за сите злосторства, не мора во другиве држави, доволно е во Украина. Докажи дека не си.
Били бој се изгуби на темава. Сите по ред да осудите се од Нато што направил досега и да изедначите со агресијава на Русија,па после друго! Уште не ти е јасно дека темава е агресијата на Русија? За офтопици и твојата опсесија со Нато отвори си тема.