А зашо забранил мажи да ја напуштаат Украина?? За да се пукаат? па тие се нечиви браќа, татковци, синови, роднини Како така? кога си се фатил на орото, ќе си го тераш до крај! А не да врбува цивили.Знае дека ќе го јаде.Уштре денес им е и толку. Не го сфаќам и овој Зелениов..стварно.Зелен во мозокот
Какво сакање? Станува збор за его и нарцизам. Ако дојде до трета светска војна, голем дел и од рускиот народ ќе загине. Мене тоа не ми личи на сакање.
Zalno nevini luge i deca zaginuvaat pred nekolku casq procitav deka 140 vojnici go zagubile zivotot zalno.. i tie se nevii brajka sopruzi tatkovci... Za svoj korist.. poginaa i ke poginat nevini luge...
И јас не го разбирам жолчното бранење на едните или другите. Но во војна, сите бираат страна. И додека тука се дискутира кои се подобри или полоши, реалноста е дека македонците со самото тоа што што се во нато, се со Америка. Исто како што никој нема да ме праша мене за кого сакам да бидам, така никој не ги прашува ни русите што неуморно и храбро протестираа против војна, па никој не ги прашува ни американците дали Америка треба негде следно да спука. Биле ние реални или не, на сите нас ни е унапред одредена страна. Разочарана сум од коментарите што ги изначитав на интернет. Зеленски бил предавник. Ете македончето знае дали Зеленски бил предавник и дека требало рака да му баци на Путин. Хехенце. Па сите коментари заедно бре не достигаат ај кју на собна температура. Што знам. Бар ние балканците би требало до сеа да научиме дека никој не е за нас. Никогаш никој не бил. Ние секогаш сме искористената страна за туѓи цели. И сега најмногу ќе бидеме погодени, оти сме и најсиромашни и земја без никаква стратегија и резерви за помош. Ситуацијава во Украина многу ме вознемири. Сеуште ми предизвикува немир и мака ми е и криво ми е и тешко ми е. Најмногу поради фактот што се препознавам и не препознавам нас во голема мера во она што ним им се случува и наметнува, ни криви ни должни. Веќе не ми е ни гајле ни како ќе заврши, посакувам само да заврши за да нема жртви повеќе. Тешко ми е само да помислам колку разделби се случија овие 2 дена.
Мене па нашиве прејаки ми се. Сите до еден биле на страната на Украина, како навиени се два дена. Е арно, ама ако случајно НАТО го извади кубурот што мислат дека ќе се случи? Дека ќе се војува на терен на Америка? На богати земји? Дека Ајфелова кула ќе ја бомбардираат? Дека ќе се уништува Берлинскиот ѕид? Дека ќе гори Бакингемската палата? Аха важи. Ќе си најдат сиромашна, корумпирана, држава со спуштени гаќи, држава што изгорена е да игра со големите кучиња, држава што за пари родената мајка ќе си ја продаде. Ви текнува на какви држава мислам? Една ја кажуваат срце на балканот, со одлична позиција да биде battlefield. И кога ќе не потепаат сите тука, ќе си седнат на фотељи од кожа, ќе си запалат по некоја пура, ќе турат скапо виски и ќе си се договорат толку тебе, толку мене и ајде чао пријатно. И едните и другите, пошто нема поневин и повиновен. А тука ќе биде масивна гробница и илјадници фамилии завиени во црно.
Зеленовски има издадено повик за општа мобилизација на која треба да одговорат сите полнолетни украински мажи, вклучително и тие во странство (ако сакаат). А вчера пишав дека и такви има, што се враќаат во Украина да одговорат на повикот. Од вчера до денес е различно што русите влегле во Киев, а украинската одбрана им порачала на жителите да седат дома и да спремат молотови коктели. Зеленовски е инаку по професија комичар, мислам пред да биде претседател. Ама градоначалникот на Киев е шампион боксер, може он ќе ги нашиба сите. Глава ме боли, на кое дереџе се дојдени некои држави, односно повеќето од нив, со изборот на политичари кои треба да ги водат и да им ја трасираат иднината. И Украина и МК се во истиот кош.
Путин им испрати три предлози а тие не му одговорија. Ради Бајден е целава ситуација,каде е сега да испрати помош за Украина? Сфаќате дека членството во НАТО е голема грешка? А инаку Србија се оградува од Украина, не сака да ги расипува односите со Русија и Кина, изјавија дека “ЕУ ќе не притисне за санкции кон Русија и тоа е навистина проблем, нашиот став е дека доста веќе се боревме за други време е да си ги гледаме своите интереси.”
Самиот обичен руски народ си го презира лидерот и диктатурата под која пати и се срами од тоа што се случува, ама битно тука се македонските експерти да расправаат дека Америка е најголемо зло и во оваа прилика. Браво.
Жими се отворив на Википедија откако го дочитав мислењево..па стварно бил комичар... па може се шали со молотовиве кај моеш да дадеш на необучен чоек молотов да фрла бе..тоа рока одма Боже ме сачувај.Па они биле бетер од нас
Па history repeats itself. Ќе не најдат некоја ваква вукојебина, ќе не испокараат вие вакви вие такви, ќе ни ги фрлат бомбите да ги истестираат и после супер, заврши мировната мисија и ќе си идат и едните и другите во својата земја. Ќе останат иљадници фамилии завиени во црно од војна која не ја ни сакале, ќе умрат уште еден куп луѓе после од радијација. Веќе видено и тоа не така далечно, тие што се нешто над 30 сигурно делови од ова памтат како деца дека баш на овие простори се дешаваше. Може не директно во Македонија, ама ете, на педа до нас.
Што зборуваш, од Бајден подобар нема. Само тој е единствениот што не мисли зло на никого. Ако кажиш нешто против него автоматски му се поклонуваш на Путин.
Ме заболе патка и за путин и за бајден и ним сличните. Ако има карма да ги снајде секое можно зло, оти ништо арно не заслужуваат. Туку кажете дали имате инфо дали таткото што се испраќаше со девојчето на станица се споиле пак? Ме прогања сликата како плачеа од вчера, имам грутка у грло и мир не ми дава. Милион пати ги преплакав.
https://twitter.com/UkraineLive2022/status/1497106536828710912?t=XvhcbZbkR076B04bfnGk7Q&s=19 Сепак, испаѓа дека Полска е единствената која понуди помош на украинските бегалци и ги прими на своја територија. Киев ќе падне за некој час. Зелински ќе избега како најголем херој во приказнава. Секое чудо за 3 дена
И Словачка и Молдавија, па и Унгарија се отворени за бегалци, ама само за во Полска имам прочитано дека стигнале. Ваљда најблиску се полските граници, барем до Киев. Еве и Молдавија https://globalvoices.org/2022/02/24...-at-the-borders-with-moldova-slovakia-poland/