Секој што дотура оружје е учесник во војна. Индиректен поддржувач на немирот. И вие што пишувате да се борела Украина, имала право на тоа, како навивачи сте. Украина не смее да се стреми кон нешто за кое потпишала договор. Путин е агресор, ама Зеленски е прав маж што го повикува населението да се бори! Сега вашата поставеност е како на двобој Путин vs Зеленски или сепак се грижите за обичниот човек кој страда? Бидејќи со досегашните коментари, како да навивате да биде нокаутиран Путин, украинскиот народ* да се борел, имал право на тоа, а сето тоа е аплаудирање и незапирање на војната. Како да посакувате да се борат за божем да го соборат агресорот. А кога велиме да се запре војната, Украина е слаба во споредба со Русија, ние сме нетокму. Ма, јок, нека се бори до даље. Русија тукутака не напаѓа, имала сигурно доволно мотиви за ова. Се надевам тукашниве препирки ќе траат подолго од војната, дури да се решиме кој е кој. Ама едно е сигурно, политиката не е егзактна наука, туку задкулисна игра. *(патем украински се пишува со мала буква, во случајов е придавка, а Украинец се пишува со голема, националност)
НАТО веројатно нема ни да постои. Јака Америка со своите сателити од Канада и Британија наспроти Русија и Кина за почеток и дел од Блискиот исток. Сите држави што ги распарчаа ќе ги лепат по ќејф и договор. Европа којзнае каде ќе ја одведат можните граѓански војни ако продолжат со санкциите. Балканов ќе си го поделат. Ќе потрае ова изгледа Најочигледно најјаките добиваат секако,токму овие што ја парчат Украина. Останатите во зависност од тоа колку имаат мудро раководство. Кина можно е и да смени страна,во зависност од пазарот. Се на се засега сме небитни,а подоцна да се надеваме дека уморни ќе бидат.
Добро луѓе од каде таква омраза меѓу овие два народи, не ми е јасно? Најдовте ли некој податок од кога почнува таа зла крв, ако не е 2014 година, од кога е и зошто?
Не знам дали правилно ќе се копира линкот Оо па неќе.Ќе морамда влезете у групата за да видите.Не знам шо треба да е ова, али пена е.
Па кога се глупи, нека ги распарчат. Следни сме ние. Нас на два дела ќе не делат. На Илирида и Западна Блгариа.
За ова видео кажуваш? Стави го Телеграм линкот. Ги има многу денес цивили со сведоштва од Мариопол како што се евакуирани. Викаат дека претходно не можеле да го напуштат градот преку сигурносните коридори затоа што не ги пуштале Азов. https://t.me/intelslava/22589
Не сака Пошо е со заштита.Напраив копи ама не можам пејст Еве и овој твојов, не носи на видео него на каналот. Иам уште за постирање, ќе се стаам од лаптоп за у спојлер да ги ставам И нагоре кузнае колку ствари има Влези у овие шо ги постирав да видиш..има еден чоек без глава Од памет се извадив
Омраза меѓу народ немало.. али отсекад имало некое "недосакување" меѓу државите. И едните и другите имаат погрден збор за украинец/русин. Конфликтите почнаа 2004+, првин имаа некои конфликти со гасот, вклучи исклучи. Русија отсекад сакала да остане настрана од запад, своеглава; додека пак Украина почна да се врти кон Европа. 2013 има внатрешна револуција за смена на поруската влада на прозападна, и од тогаш почнува официјално bad blood-от. Им дадоа сила на нацистите, па одеа по улица и тепаа руси во Украина, рандом. Скинаа и јазик руски кој секаде се збореше. Зеленски, на пример, рускојазичен е. Он на стари години научил украински. И ете, од тепање руси по улица, премина у војна. И тоа трае од 2014. Не е ново, не е од сеа.
За тоа црно НАТО за кое се бори Украина сега преку војнава да влезе у него. А ќе влезе на куково лето.
не знам од каде идејата дека снајперист е за во војна тој е да го ангажира човек за мета што не пука и бомбардира. Ај тоа ама, толку слики, статии..најавување со фанфари. Уште да се чекирал кај е.
Да повториме за тие што преспаа. Рускиот претседател во својот говор при почеток на агресијата,го негираше постоењето на Украинците, го одрекна постоењето на Украина,и постоењето на украински јазик,си даде за право за пишување Устав во друга држава,и избор на власт. 1.Русија нападна суверена соседна република. 2.Држава која воопшто нема никакви територијални претензии кон Русија,туку е обратно. 3 Русија од агресијата и анексијата на Крим постепено плански работи на откинување дел од нејзините територии. Се води територијална војна . Во новиот говор на Путин,збори за предавници,петта колона,отпадници..тешко на Русите кои нема да се сложат со него.Помрачина ги изеде веќе. Сосема јасно дека поразот му е блиску. Украина се брани од агресор и го штити територијалниот интегритет. Украина не се бори за да влезе во Нато! Нато е само изговор на Русите кој папагалски го повторува секој латентен подржувач на Путин. Главниот мотив и цел е да ја цепкаат Украина и припојат кон себе. Голема Русија. Ама македончето кое гласа за Аспасиев се става на руска страна и ја оправдуваа оваа агресија. А во меѓувреме живее во ЕУ/НАТО држави,летува,вози нивни коли,збори нивни странски јазик,а копнее Путин да ги води.
Аха, значи цел свет не збори на универзален англиски јазик, збори на ЕУ/НАТО јазик, аха, ете, дознав нешто ново. Јас до сега не сретнав говор на Зеленски каде што се буни за Донбас. Напротив, од уста не го вади НАТО, ама Украина не се борела за таму да влезе. Важи. До сега дознавме дека си од шарените, не ми јасно што се чудиш доколку некоја држава не го признае јазикот/црквата или цела друга држава. Шарените парампарче ни го направивте нашиот устав, а преку тастатура се борите за украинскиот устав. Не знам какви шарени наочарчиња ви даваат од партија, ама спуштете ги малку.
Во Реп. Српска, во БиХ, ЕУФОР воените единици патролираат на терен покрај институции. Брчко, Соколац, Зворник... Мариопол изгледа дека е готов. Разбиено и последното упориште на Азов кај индустриската зона. Моментално се елиминираат и последните нацисти. Народот може да се забележи како излегува од бункерите. Многу се префрлени на сигурно преку коридорите. Има многу слики од градот... Се е руини. Се. Како Алепо во Сирија што беше.
Колку што е лош Путин во играва, исто толку се лоши и оние лудацине од Азов кои наоколу убиваат се живо и диво или користат за свој штит невини граѓани, а сите тие се нивни сограѓани кои можат да се евакуират во многу поголем број. Ама не, Азов и Зеленски се храбри, си ја сакаат земјата, нека се борат и натаму.