Замислете да не беше Путин да ја ослободи Украина... До сега државата ќе беше на ниво на Авганистан, а може и полошо.
За која бедна глупава цел се бори, човече. Кога ќе размислиш подобро, која трагедија, иронија, пародија, бесмислица претставува оваа борба. Украина за во Нато, Русија против Нато. Ако е вистинска оваа причина која нам нѝ се прикажува. Во позадина којзнае што е. Ама сепак, поарно ќе ѝ беше на Украина да си седи во трлото, да си биде со Русија, иста нација, ист јазик. Му текнало на Зеленски сакал во Нато. Не смее не треба во таа формација да се меша.
Ако некој сеуште се сомневаше дека ова не е војна помеѓу Русија и Нато, и дека војната почна пред 20 дена. Од завземањето на Мариопол, идентификувани убиени американски капетани, поручници кои се бореле во Донбас уште од 2018.
Никој не прашува народ за ништо, никаде, никогаш. Народ се инструира како да мисли, од што да се плаши, за што да навива итн. со прост механизам на медиумско перење мозок. Дури да се свести, отишол возот. Се мислам светот е крив што е устроен по патријархат, и момчиња што сакаат да си играат со пиштоли. Може не сум во право, ама никогаш нема да дознаеме. Олав Шолц ја води Германија денес точно 100 дена. Претходно никој не смееше да и писне на Меркел, мислам тука лежи некој зајак. .... Не читав што се зборело баш, ова ми падна во очи сабајле.https://www.index.hr/vijesti/clanak...ija-poljske-ona-je-hijena-europe/2348198.aspx Уште едно во низата медиумско обликување на јавно мислење. А може и да се договорат да си ја поделат Украина, не дека не. ... 3 милиони бегалци and countung .
Па на пр.Во Германија германски си учат и зборат. во Италија италијански,сигурна сум дека руски ни рекративно не учат. Повторно ја промашуваш поентата. Војната ја започна Русија заради територија. Да го поврзе Донбас со Крим и да си го спои со Русија. Е Не знам зошто се препозна па возвраќаш со некој ад хоминем и шарени, не знам за што збориш. Јас сум на страна на Украина,суверена држава,Зеленски како легитимно избран водач и украинскиот народ,јазик и црква. И нивното право за самоопределување. Тој народ има право да се бори за својата држава и нејзините територии. А се бори. Да немаа единство ке се предадеа на браќата Руси. И нивна одлука е каква држава ќе имаат,со кого ќе бидат и дали воопшто ќе дадат дел од својата територија за да се задоволат апетитите на Русија. Ни најмалку одлука на луѓе кои фрапираани од некаква фејк моќ трепкаат на Путин и сметаат дека треба да се предададат побрзо за да не им рипне нафтата ,зејтинот и сл. По количинава на подршка на Русија во Мк би ја раздале и својата територија ако чукне на врата.) Бидејќи нели Украинците треба да им дадат на Русите се што ќе посакаат. моменталната позиција на Русија е пораз и воен и политички и финанскиски. А рускиот народ изолиран и во мрак ќе го носат теретот на својата пасивност и оваа агресија ќе им биде запишана долго.
Да? Па нека,не можам да подржувам агресор и отимачина на туѓи територии. Нема изговор што може да ги оправда ниту да ги изедначи. Во секој случај можеш да ги прескокнеш.
Нема врска со поддржување или не туку со фактичка и реална состојба, можно и неможно. Украина се борела, сплотени биле, уау браво, кај живееш ти?? Цел исток и центар им е срамнет со земја, раселени се еден куп луѓе, умрени уште толку, ама ти тука ко овие што боеја ајфелови кули, поддршка на фемина. Тие што гинат нема врска, битно ти тука на тастатура браво им викаш. Да не беше трагично смешно ќе беше. Да, нема вода на светов што може Русија да ја испере за ова, тоа стои, ама твојот левел на игнорантност за последиците од секој нареден ден војување е фасцинантен. Таман за мис универзум си.
Сте се запнале за тој руски јазик, јазик, па јазик. Па тоа се како два дијалекти. Ајде Турците нека војуваат во Германија, оти ги има 20 пратеници Турци ако не и повеќе во Бундестагот, па не зборуваат на турски. Јазик, па јазик, како да мора сите да се како Македонија, па кој од каде дојде, дај му се, нек те гази. И мене не ми е јасно, ако толку биле малтретирани тие Руси во Донбас, зошто не фатиле пат за големата мајка Русија, па нели велесила биле, поарно ќе им е. И мене некакви си АЗОВ, па читање книги, кампови, не ми се никаков мотив за ваква војна. И јас може да читам некаква литература, ама па убивам ли некого? На крај невин народ ќе плати. Зеленски е на власт од 2019. Тој како обичен комичар очекував да избега, да се предаде, еве го тука е.
Хм. Тоа не е браво. Знаеш,нормално е да бидеш на страна на жртвата. Кое е решението? Да се предадат? Да ги дадат парчињата од својата држава кои Русија ги сака? само така ли ќе допре огнот? Ако не сакаат да го дадат домот,земјата,куќите ти ќе им кажеш дека тоа им е попаметно?
Да бе @Cosmi, еве како што кажуваат тука, нека дадат и отповеќе од што бараат. Ај па следна година и Белорусија нека ги нападне, ко што сега предавнички им заби нож во грб, и секогаш нека даваат отповеќе, по македонски терк, па без држава ќе останат. Таа земја е Украина, и припаѓа на Украинците, и јазикот е украински, а тие Руси се доселувани со намера во Донбас за време на СССР. Колку цивили изгинале не знаеме, има многу лажни вести, ама гинат и Руси. И во секоја војна се уништуваат градови. па Босна на што личеше? Мостар каков беше, Бихаќ, Зворник, мајко мила, па само куп камења беа по центарот, па еве ги постојат, дури и добро котираат со туризам.
Па лесно им е од удобноста на својот дом во Мк или во Германија да викаш нека се предаде Зелениов нека даде што сакаат русиве. Тоа украинците си знаат. Попара беа градовите (Сараево на пр.исто)во војните во екс Ју. И се издигнаа пак и луѓе таму живеат пак. И во Украина еден ден повторно ке се изгради срушеното,Русија мора да биде осудена и обврзана да им плати за војна штета или други држави ќе помогнат ,Кина денес вети дека финансиски ќе ги помогне. Ама Русија и русите после ова злосторство никогаш веќе никаде нема да бидат респектирани. Освен кај нас кај одредени поединци.
Леле колку лош пример. Босна никогаш не се опoрави од таа војна. Си живеат тие луѓе, свашта, они си знаат како си живеат. Познаваш уопште некој од Босна? Да знаеш како живеле, а како живеат сега? Им смени нешто на загинатите судењето на Милошевиќ, им го врати животот, на фамилиите им ја намали болката? На раселените им се вратија домовите? Војната во Босна ја зема за успешен пример, не ми се верува. Игнорантност на ниво.
Па и опсадата на Сараево која траеше 4 години, многу луѓе ја прежиеаја, живи сведоци се, ги има по документарци. Светот има дадено пари за обнова на Мостар и многу други градови. Паметни се Словенците, веднаш го викнаа рускиот амбасадор, му врачија нота, бараат извинување и да им се плати за конзулатот во Харков. Сите треба да постапуваат на тој начин. И нормално дека Русија ќе урива градови, има многи понапредно и современо оружје. Тоа е Русија, велесила што се крсти во затуцани Чеченци, и Сиријци, радикални исламисти. Украина не е приватна нива на Зеленски. Таа е на сите Украинци, и на оние што допрва ќе се родат. Сегде во светот протестираа Украинци, и сите побараа затворање на небото на Украина, притисок врз Русија да запре, а никој не рече „аман нека капитулира Зеленски, и пола земја да им дадем, оти ни срушија две згради, еден театар, и две странски амбасади“. Јас никаде не видов некој Украинец да го нападна Зеленски. И самите граѓани порача дека веќе во нивната земја не сакаат да видат Руси. И јас би рекла така да сум на нивно место. Го прашав татко ми за Русија во 90-те. Беда. Бетер од овде. Во цел град, 80% муслимани, 20% Руси, еден вид леб, кој патем е кисел, не се ни јаде, за никаде, па на пазар купувале шверц пресни лебови со соса, тие ги продавале муслиманките, Туркменки и Узбекистанки. Велам за јазикот како, ми вели „па си зборуваме македонски пополека и тие не разбираат“. Значи разбираат Македонци, ама страшно навредени немале право на јазик во Украина.
Да го симнат ,,Украинскиот Заев" од власт. Требаше порано на ова да им текне, а не сега кога е веќе касно. Зеленски сам ја направи војната. 70% од украинците се проруски настроени. Запрашај се зошто населението не протестира против руското ослободување и зошто не се бори против нив. Во светот се 5ти најголеми извозници на пченица и ај погоди кои им го води/превзема тоа...
Не ја сфати поентата или не читаш со разбирање. Материјалното се гради е поентата. Меѓучовечките односи не се враќаат. Знам и во контакт сум со лица од Сараево,Тузла,Јајце и Мостар. Етнички Срби,Хрвати,Бошњаци. Не ја земав за успешен пример,затоа што не е,ниту најмалку. Политички па ич. Туку дека градовите е факт дека се обновија и лиѓето живеат и работат.
A можеме ли да кажеме обратно, Русите се криви, да беа паметни ќе го тргнеа Путин досега, а не 115 рубљи да се тргуваат за еден долар. Да беа паметни ќе се мереа со Франција и Германија економски и ќе ги надминеа. Зошто не е така? Или нив нема кој да ги нападне засега и по автоматизам се паметни?
ПРИВЕДЕН БОЈКО БОРИСОВ – голема полициска акција во Бугарија Не знам дали е за темава, затоа што наводно се приведени за корупција со средства од ЕУ фондови, но Бојко се испостави дека е дупли агент и руски шпион. Дали има тоа некаква врска со Русија и ситуацијава? Во Бугарија се одржаа и големи протести за поддршка на Русија. Дали стоеле структури на Борисов позади организацијата? Не се разбирам многу, и не пратев толку бугарска политика, знам дека се криминалци до коска таму, ама нели сега и сменија еден министер што не сакаше да ја осуди Русија?