Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Епа земи го тоа што ти кажувал татко ти за 90ти, и спореди со тоа што е Русија денес (до пред да почне војната at least). Светско економска сила е станата. Немаше бизнис што не беше влезен во Русија, нема држава што нема(ше) инвестиции во нафта, злато, гас. За тоа е заслужен Путин. За целото негово владеење, Русија само цветала и мака не видела. Затоа не го тргаат и го гласаат.
    Од друга страна, овој потег со војнава е дефинитивно questionable и го има разнишано кредибилитетот на Путин (на рускиот народ). Али генерално сега се сведува на надеж (од народот) дека има навистина добар план и калкулација.
    После војнава има само два исходи, или ќе се врати Русија у 90ти, или ќе стане уште посилна и подобра.

    А, да. Франција и Германија одамна и се надминати. Да се распадне ЕУ, тие држави сами по себе ништо нема да значат.
     
    Последна измена: 17 март 2022
    На NPN, Feminka22, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки
    Пред Зеленски имаа уште полош лидер, Порошенко. Зеленски дојде на власт затоа што вети дека ќе го испочитува Минскиот договор, ќе ја прекине војната во Донбас и ќе ги подобри односите со Русија. Но, наместо тоа се случи се спротивно.
    Не е народот крив што го излагаа и тоа што ветуваа не го исполнија. Барај ја грешката кај политичарите. Народот е невин во оваа ситуација.

    Плус, Зеленски пред војнава имаше 20%-тина само рејтинг, му падна од 70% во 2019. Значи народот не го сака(ше).
    А кога народот не те сака, правиш војна (кој гледал House of Cards, ја знае мислава)
     
    Последна измена: 17 март 2022
    На M.B., Cka, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  3. JelenaCP

    JelenaCP Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    А гледам па во Украинска и Руска ептен многу се разбираш

    https://btvnovinite.bg/bulgaria/izvedoha-borisov-verojatno-shte-vleze-v-aresta.html

    И Груевски заради Русија го апсеа :bandit:
     
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки
    Го ставив и јас линкот зошто е уапсен. Причината за апсењето се наводни криминали со ЕУ фондови, но кој е поводот?
    Не дека до сега не знаеле дека правел криминали, туку сега има некој друг повод зошто го уапсиле за ова.

    Едвај чекам да ја чујам твојата експертиза за Украина. Сигурно имаш големи знаења чим си се регистрирала на форумов за да ми реплицираш. :wasntme:
     
    На Konfetka, sonuvana, elenaklasik и 6 други им се допаѓа ова.
  5. JelenaCP

    JelenaCP Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Поводот е истиот како со Грујо наш.
    Го сменија на избори и сега ќе одговара за 15тина години што има направено. И тој и тие околу него.
    Нели затоа за Петков се гласаше.
    Или и таа власт е нелегитимна, како Зеленски?

    Ти си експертот тука.
    Копи пасте од телеграм од сите руски профили.
    Само не ми е јасно, како така преексперт си за Украина и Русија, а не за Бугарија.
    Нетипично за експерт.
    Украински и Руски збориш, а Бугарски, не.
    Чудно, чудно, бааѓи чудно.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.636
    @Billy Idol даде супер инфо тука на темава, културно дискутира и нема што да го замарате. Но, јас исто како него мислам дека народот не е крив за ништо. И да го сменат Зеленски, дали Русија ќе се откаже од своите барања? Не. Војните требаше да бидат минато. Русија може напреднала во однос на самата себе, но не може да се спореди со Франција и Германија. Сите учат германски, да одат во Германија, а руски, тоа мајка ми учела на школо, денес каде се учи тој јазик? Франција исто доминира, има колонии, 200 милиони говорители на нивниот јазик. Русија на тие ресурси што ги има паднала на ново да има плати како во Србија и Црна Гора. УУффф, барам редовно за проекти некаде да аплицирам, Франција, Германија растураат со можности, Русија никаде ја нема. Затворена конзерва.

    По вашава логика, нас треба да не збришат од лицето на земјата, па видете ние за каков гласавме, за еден криминалец како Грујо, кој кидна и ги остави сопартијците да ги судат во наредни 10 години. И Заев не е арен, ама нема дела, освен ако го гонат за велепредавство некогаш.
     
    На NPN, Billy Idol и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Какви опасни аргументи се вртат на темава...

    Првиот е: не смее да се напаѓа самостојна дражава.

    Вториот е: никој не иде да живее у Русија, никој не им го збори јазикот, помали плати зимаат за разлика од западот.
     
    На anastasijaki, Billy Idol и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Заев беше аболициран.
     
    На Billy Idol и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.736
    Допаѓања:
    200.740
    Ах Били Били, get ready to be fact-checked:tmi:
     
    На Billy Idol и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки

    Војните никогаш не се минато. Додека се води оваа војна во Украина, малку појужно, во Јемен се води војна 10 години со ОАЕ и СА во која повторно се вмешани Русија и САД. До пред скоро се водеше војната во Сирија...
    Можеме ние до утре да дискутираме што треба, да ја пееме Imagine на John Lennon и да посакуваме мир во светот, ама таква утопија е баш тоа, утопија.

    Секоја земја денес се наоѓа таму каде што се наоѓа поради низа фактори, најчесто историски и геополитички. Можеме на големо и широко да дискутираме зошто во Русија е економската ситуација таква и зошто е затворена земја, а зошто Германија или Франција имаат поубав живот. Веќе и се дискутираше на оваа тема и ги приложивме сите факти и докази зошто животот на Запад е подобар, и тоа не значи дека ако сега животот таму е подобар, дека и во иднина е.

    Пр. Во Србија животот и платите пред 15 години беа помали од Македонија. Денес е обратно. Во Бугарија животот и платите беа помали од Македонија пред 30 години, денес е обратно. А зошто е тоа така зависи повторно од низа фактори на кои имаме ние влијание како држава, и на кои немаме.

    Кривицата зошто Русија се наоѓа економски таму каде што се наоѓа може да се бара во странското влијание, геоположбата, историјата и секако сопствените грешки што ги правеле низ историјата. Една од тие грешки е и Украина направена во СССР и за времето на Јелцин.

    Ако во нешто Америка е најдобра, тоа е во дипломатија и одлично инсталирање и контрола на држави од внатре. Едноставно најдобри се да ја наметнат својата пропаганда преку медиуми и низа чекори за да дојдат до целта. Имаат супериорна стратегија на разорување и распарчување на држава одвнатре преку пучови и инсталирање на папет влада. Русите не се добри во таа сфера и не знаат како да наметнат своја контрола преку пропаганда, да инсталираат нивна влада, и тука можеше да се види нивната слабост и грешка. Да беа дипломатски поумешни, ќе ја задржеа одамна Украина во својата сфера на влијание, но не успеаа и сега мора воено да го прават тоа.

    А за руската економија нема што да им ја оправаме ние овде. Нека си мислат они самите за внатрешната политика и како ќе успеат да си ја спасат економијата. Ние треба да мислиме за нас и за нашата економија. Треба примарна цел да ни биде да раскрстиме со сите политичари кои не крадат, пљачкаат и одработуваат за туѓи интереси. Треба да бидеме паметни како народ и да назначиме човек на државава кој ќе ги застапува нашите интереси.

    Редно време е и сите етнички заедници повеќе да ја гледаат државава како своја држава, а не како туѓа. Не треба да дозволиме иста мафија да не краде и уништува. Крајно време е да се освестиме и сплотиме сите. Да ставиме прави кадри на право место. Жално и тажно е наши златни деца да се без работа, и да мора да одат по западот, да печалат корка леб додека овде некои полуписмени ботови ни се напикани во администрација, по собрание, министерства, на други клучни позиции... Па ќе гледаме примери и како се приморани по интернетов да шират пропаганда и да ја бранат партијата за бедни пари.

    Ако ние самите не си го решиме проблемот сега, никој друг нема да ни го реши од надвор. Украина нека ни биде лекција што се случува кога други ти ги решаваат проблемите. Да учиме на туѓи грешки, не на свои.
     
    На senjorita-v, Waverly Raven, shiro и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Веќе ја учиме ние лекцијата, 31 година по ред.За другото се слагам, баш си русофил :P :rofl:
     
    На Tanjamm, Summerbaby и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки
    Русофил што користи војна наместо специјална воена операција? Да бев во Русија, во зандани ќе бев до сега, бел ден немаше да видам. Ќе заборавевте дека постојам. :P:rofl:

    И новиве профили се слагаат со тебе, ама брзо испаруваат. :D
    Ајде утре нов ден, нов профил. :D
     
    На senjorita-v и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Нека спијат бе, утре се у школо.Џаци
    Во апсана бре
    Ќе нѝ праќаше некако инфо од таму ти, паметен си
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Путин: Некои луѓе се спремни да ја продадат и сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на “вишата каста” – Европската Унија

    Ова и за нас ко да важи. :wasntme:
    Неповрзано со темата, ама секоја година Путин го честита 24 мај на сите Словени и посочува дека писменоста и во Русија дошла преку Македонија.
    Нормално секоја година Бугарите се бунат, плачат дека писменоста дошла од Бугарија и бараат извинување од Путин. Само што он не ги рецка баш за тоа.
     
    На Kanya, Amellie13, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Важи само за неписменото население.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.636
    Аболициран, а другиот избеган. Терористиве непресудени. За нив нема ОЈО, нема Хаг, нема ништо.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.636
    Ние нема да научиме ништо, и нема да најдеме лидер во вистинска смисла на зборот. За ниту едно прашање Македонци со Македонци не сме сплотени, а не пак со другите да градиме заедништво. Јас и терористот од УЧК кој зема плата од мојот данок, ме краде во ПИОМ, па ние немаме и нема да имаме заеднички интереси. Да сакале квалитет, немаше да се борат за седење дома и земање плата. Нека живеат како сакаат Русите, бедно, богато, не ми менува, ама војни не оправдувам. Има војни секаде во светот, и многу од нив се во муслиманите земји, а тие таму и без војни, не знаат да живеат убаво и во мир. Нив ред и крај не можеш да им фатиш. Македонија само Господ ја чува, од политичарите и од народот одамна е пуштена по вода.
     
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ај што не ти е точно тврдењето, туку и исламофобија и расисам е :D
    Војни се водат насекаде низ светот, не зависат од религијата, туку од профитот и од интересите на големите сили, а и војните кај муслиманските земји на блискиот, средниот исток и северна Африка не се предизвикани од религиозни побуди, баш се работи за војна за ресурси.
    Уште помалце се предизвикани од самото население.
    Гледам уште убаво ве возат на национализам, дури постојат вакви ко вас и ко тие од исламските земји што ги спомна, па и кај нас што ќе ги возат на национализам, ќе има и војни.
     
    Последна измена: 18 март 2022
    На Waverly Raven, Lianna Anna, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.636
    Кој просперитет го очекуваш од земји каде образование е забрането, нормално е женско обрежување, и нормално е малолетничка да ја омажиш за старец. А каде реков дека војните се предизвикани од верски побуди? И без војни не би биле подобри. А знаат ли да живеат убаво по тебе? Еве за пример Саудиска Арабија, богата земја, имаат нафта, ресурси, ама таму нема податок колку жени биле родени, затоа што мажот може да ја убие поради некои строги верски правила, и убиваат (Читај Принцезата Султана, таму има се кој хорор е земјата). Во Авганистан пред некоја година, Авганистанци фатија туѓа жена на улица, и ја убија затоа што сама излегла од дома, а тоа беше снимено и објавено јавно како лекција за другите. И без војни, тие сами со себе не можат да се справат. Па нели во Ирак муслимани со муслимани се убиваа? Контактирав некое време со Алжирец кој студирал во Париз, и џабе е, Франција не им го пегла тој фанатизам и лош однос кон жената. Кај сака нека оди, не може да се култивира, и крај. Наброј ми некоја цивилизациска придобивка што тие му ја дале на светот?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Ова што ти го пишуваш нема врска со дека не знаеле да живеат без војна.
    Скрос ти се испомешани поимите, а Принцезата Султана не гледам зошто да ја читам, не сум несвесна за религиозен фанатизам. Ми смета во секоја религија, впрочем, тоа е само моќ одржување преку превез на религија, нема врска со вистинска верба во нешто.
    Уште се мислам како во мозок ти влезе да пишеш не знаат да живеат убаво и без војна...
    Се гледа дека премалце знаеш за војните изминативе 30тина години на истокот.
     
    На Lianna Anna и Billy Idol им се допаѓа ова.