И Бугарија мислам дека отворено излезе дека ги прима сите кои имаат потреба. И Молдавија, ако не сум грешка.
Дали мислиш дека американскиот народ некогаш ќе направи нешто паметно, ќе излези и јавно ќе се огради или ќе даде поддршка за нешто? Па тие се најдебилниот и најфлегматичниот народ во светот, прости се како грав. Битно им е оној кој го гласаат да биде либерален и отворено да ги тапша по рамо за се’ шо не е баш најприфатено од страна на другите. Дали им беше битно шо во времето на Трамп беше помирно, без бомбардирања и војни? Не, Трамп беше зло оти беше поприлично конзервативен. Американците не се мерило за тоа колку политиката на нивниот лидер е добра и дали ја прифаќаат или не. Не ги интересира ништо, буквално ништо. Шо пак ќе речам не го прави Путин светец во никој случај. Ама дека Америка е најголемото зло, е. Во се’ досега има замешано прсти директно или индиректно и после тоа ја нисам одавде.
Се случи овакво нешто со Кипар кога војуваа Турција и Грција. Не помогнаа на никому, само беа неми посматрачи и одржувачи на мирот. Бар, официјално. Неофицијално застанаа од страната на Грција. И така го поделија Кипар. Ова треба да го имаме на ум ние како држава дека НАТО не ни е никаква гаранција, посебно пак од НАТО членки, од кои ние сме опколени.
Од секогаш ми било неописливо жал за дечиња, дури и кога станува збор за измислена приказна на филм. Ама сега од кога има мое дете, таквите приказни ми ја дрмаат секоја молекула у мене. Инстант солзи. Преголема болка у гради. Денес на вести даваа новороденчиња, некаде напикани во соба, во ќебенца, ги држат сестри, им даваат кислорот со пумпуцана. ХОРОР. Некој си родил детенце вчера, завчера... и ова им се дешава.
Сосила ги тргаат и ги носат да се борат. Истово ќе им го прават на децата на политичарите кои се над 18?
Вака е работата, пример: На Вевчани и Вевчанци им прекипело од работата на владата на Северџистан, која работи против народот и решила да се отцепи од државата и да си создаде своја енклава, но северџанот на власт му вика, не може ти да се двоиш од нас и воено ги напаѓа. Вевчанци немајќи каде да бегаат, паѓаат жртви, трпат и водат војна со власта веќе 8 години, побарале помош од некој поголем да ги брани. Доаѓа тој ,,големиот" да ги брани и му се пуштаат Северџаните заедно со целиот Запад и Нато и му викаат на ,,големиот" ти си терорист, убиваш, освојуваш територија и ќе ти воведеме санкции за тоа. И ,,големиот" им вика, па вие направивте 100 војни, убивте 2 милиона сиријци, неколку илјади срби и македонци, многу авганистанци и јеменци, отцепивте територија на суверена држава (Србија) и направивте протекторат...и овие викаат, ама ние бевме ослободители, ние го ослободивме и спасивме народот и ,,не убивме" никој. Ние не сме злосторници. Вевчани мора да се врати кон државата. Накратко, ова е ситуацијата во Украина. Во Украина ги води претседател-комичар што до вчера правеше стенд ап шеги за тоа дека ,,УКРАИНА БИЛА РУСКА ЗЕМЈА". Претседател што го пушти својот народ низ вода и го тера да гинат за него и политичарите што ја расипаа државата и ја доведоа до ова ниво. Не ги бранам русите, не сакам да гине народ, ниту пак сакам војни, но тука украинските политичари намерно си ја создадоа ситуацијата. Не го испочитуваа договорот од Минск, напаѓаа цивилно население 8 години во Донбас и Луганск и ред други работи. Ситуацијата кај нас и кај нив е истата, само разликата е што кај нас нема војна.
Јас само едно имам да кажам. Пред тоа "ама Русија НЕЈЌЕ да Украина да биде во НАТО" сетете се дека Украина е СВОЈА ЗЕМЈА и има право каде сака да биде член. Русија НЕМА ПРАВО да бара од соседните земји да и' удоволуваат каде да членуваат. Исто како што нас не' дриблаат сите комшии, само не смеат да војуваат и можат на мирен пат да ни го нач*каат како сакаат. Ниту една држава не е должна на комшиите да им поднесува отчет во кој сојуз членува, Русија мајке ти не сакала НАТО во комшии. Мижи асан да ти баам, колку што знам Литванија, Латвија и Естонија се членки на НАТО и комшии на Русија, колку што знам и Финска има аспирации кон НАТО, а машала граница со Русија дели. Русија има право да се брани КОГА ќе биде нападната, а не да врши инвазија на други суверени држави оти и' се може. И не, не сум про-америките, еднакво зло се, кај не ги сееш таму никнат, не постои конфликт каде не се директен причинител, секогаш по правило кај сиромашен народ, посаден национализам, па секако, комшијата е крив што нас не ни' оди, ајмо чичко амер ела да се пукаме. Нема што да и' се удоволува на Русија, ако НАТО навистина даде такво ветување дека Украина никогаш нема да стане членка, огромен преседан е и буквално надвор од секој разум и било каква светска (европска) демократија. Народот е тој што одлучува кон што ќе се стреми, како што овде одлучуваме дека СМЕ про-Еу и про-Нато на секои можни избори. Сигурно нема Србија да ја прашаме кон што треба да се стремиме, ниту пак Србија има право да ни' каже кон што треба да се стремиме. На крајот на денот ќе изгине народ од двете страни, ќе изгине народ ЗА БАШ НИШТО, а светот ќе продолжи да функционира. Само како жител на една мала и немоќна земја, многу добро го разбирам револтот на Украинецот. И да, во ова лудило, Русија Е агресорот и Русија Е за осуда и Русија треба да ги сносни сите можни санкции, вклучувајќи и воени.
Каква врска има Ленин, доста ве фарба тој Тупин веќе. Украинскиот козачки лидер (хетман) Бохдан Хмељницки (1596 - 1657) создал држава (фактички независна Украина) уште по востанието против полската власт во 17 век. Таа држава се нарекувала и Хетманштина или Хетманат, но таа ја загубила својата независност откако склучила штетен сојузнички договор со „браќата“ од Москва (Перејаславскиот во 1654), по што тие лека-полека ја лапнале Украина. Онака, „братски“. Украинците се осамостоиле дури по распадот на Царска Русија во 1917 година, кога била формирана Украинската Народна Република. Тоа била независна украинска држава со сите атрибути: собрание, влада, знаме, грб, химна, армија, флота, парична единица, дипломатија итн. Таа држава дури била признаена од повеќе земји: Австро-Унгарија, Германија, Османлиската Империја, Бугарија, Романија, Британија, Франција, Аргентина и на крај дури и од Полска (иако таа си имала свои судири со Украинците). Значајни политичари на таа самостојна Украина биле: премиерот Володимир Виниченко (1880 - 1951), претседателот на Радата (Собранието) Михајло Хрушевски (1866 - 1934), министерот за одбрана и главниот командант (атаман) Симон Петљура (1879 - 1926) и др. Пред да стапи на власт, Петљура дури имал контакти со историското ТМОРО/ВМОРО, поконкретно со војводата Христо Шалдев, кој се образувал во Полтава, Украина. Украина ја загубила независноста откако ја нападнал Ленин од соседна Советска Русија, кој притоа воспоставил марионетски режим - Советска Украина. Ленин истото го направил и во други земји кои се осамостоиле по распадот на Царска Русија, при што ги соборил нивните легитимни влади и наместо нив воспоставил: Советска Белорусија, Советска Грузија, Советски Азербејџан, Советска Ерменија итн. Во 1922, под негов диктат, овие ентитети „доброволно“ го создале Советскиот Сојуз (СССР). Украина се осамостоила од него дури во 1991. Тупин е екс-агент на репресивната советска служба КГБ и како таков, тој не може да излезе од таа тоталитарна матрица и сака Украина да ја врати под јаремот на Москва, т.е. да создаде нешто како СССР 2.0. Тупин е идеолошки наследник на Ленин и Стаљин, додуша малце модернизиран. Нема во причава никакво НАТО, никаков Бајден, никакви „лаги на Западот“. Тука има агресија врз Украина од страна на Москва и тоа е тоа. Таа секогаш сакала да ја пороби Украина. Дури и да не постои денес никакво НАТО, Москва секако ќе ја нападнеше Украина, под еден или друг изговор. Ова се повторувало повеќепати низ историјата. Не е првпат. П.С. Мешање во причава на бомбардирањето на Србија и отцепувањето на Косово нема благе везе. Украина не го признава Косово, таа ни помогна во 2001, таа не е членка на НАТО и нема што да испашта за тие бомбардирања. Но како што тргнало, Украина нема да има друг избор, освен (еден ден) да се приклучи кон НАТО. Зашто, на крајот на денот, досеа не се десило НАТО да убие Украинец, а милите „браќа“ Москали досега убија илјадници Украинци, што во царските времиња, што во советските, што во сегашниве. Од украинска историја кај нас луѓето немаат благе везе. Па еве еден видео-клип од Украинската Народна Република (1917 - 1920) како вовед за едно понатамошно истражување:
Ако Војната заземе посилен размер, нема да биде тоа Војна меѓу Русија и Украина. Ова ќе биде Војна која ќе ги стави на кантер старите и новите вредности кои започнаа со воспоставување по II С.В. Сите оние кои се занимаваат со геополитика ќе сфатат дека оваа Војна не е стрикно во цели на територијална придобивка/определба. Потребна ќе биде централизана точка која ќе ја има апсолутната моќ во иднина. That being said, останатото е историја. Не можеме да знаеме дали стоиме на губитничката или победничката страна, но мора да признаам дека малку ми е смешно кога некои од вас по инерција на суета, заземаат страна декларирајќи ја како ,,помало зло". Во Војна не постои ,,помало зло", постојат само жртви и Воени профитери. Првите се луѓе, вторите не се.
Конечно едно реално мислење на темава. А не само кој бил про америка а кој про русија. Нема што Русија да ја интересира дали Украина е членка на Нато. Исто како нас да не нападнеше воено Грција за спорот со името, иста ситуација е.
Ukraina ich ne mi e simpatichna zashto sledev pred 7-8 godini i znam kakvi dzverstva vrshea nad civili, ama tipov ja koristi voenata nadmokjnost na Rusija za da upati zakani kon celiot svet, t.e. do site nas, vo video poraka so nekoja zlobna faca ko na film, i sega toa se relativizira?! Prvo, ova kje ja srozi evropskata ekonomija, drugo, od kade taa doverba deka so Ukraina kje zapre ruskata agresija? Do pred nekoj den lazhea deka ne planiraat da napadnat, neli zapadot gi klevetel? I aman prekinete da tropate biseri kako kje si pominela Rusija protiv Turcija. Samo ushte toa ni fali, Rusija da napadne NATO chlenka ili obratno. Educirajte se pred da napishete neshto.
Војна е не знам што очекуваш, во секоја војна имало мобилизирање на народот… Не викам дека тоа е во ред, туку така било од секогаш не е ништо ново тоа