Форумџика на годината

Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    Ние тука си џамкаме а ситуацијата иста е веќе повеќе од месец дена.
    Тешко народот.
    Па со ова votes на инстаграм мислиш фудбалски натпревар е.
    Пак, тешко народот.
     
    На Tanjamm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки
    Уште пред 2-3 дена ја употребија. Имаше и снимки на Телеграм, ја "фатија" во лет. Стандардна бомба беше, како Искандер наведувачките ракети што им се. Така да, не дека беше нешто "невидено".

    Секако дека ја употребија за да дадат до знаење дека располагаат со такво оружје и да се види во "пракса".

    Пишував јас за хипер соничната ракета уште кога овде се натегаа кој е појак, Америка или Русија. И зошто е гејм чејнџер последниве години.
    Едноставно е премногу брза и може да лета во ниска орбита што ја прави невозможна за ПВО одбрана. Не дека нема да ја детектираат, туку нема како да ја сопрат.
    И исто така не дека оваква технологија не можат да развијат САД, туку дека нема такви природни елементи на друго место на планетата за нивна изработка. Ги има само во Русија и мислам Кина.

    А гејмчејнџер е затоа што до сега доминацијата во светот ја имаше тој што го владееше морето, што имаше најголеми и најдобри носачи на авиони. А тоа е САД. Цела воена доктрина им е сведена на носачите на авиони, и авионите.
    Е сега со оваа ракета, носачите на авиони ја губат моќта затоа што може да бидат потопени со 1 ракета од огромна далечина.
    И, секако што со "Кинжал" на домет им е на Русите цела Америка за да може да истрелаат нуклеарки.

    Поради тоа што Сад нема овакво оружје, мора да биде поблиску физички до Русија за да може да има предност при нуклеарна војна. Од Украина, Москва е 4 мин далечина за америчка ракета. Со што, повторно ќе беше САД во предност при една таква војна.
    Секако, Русите не го дозволија тоа и затоа ја нападнаа Украина.

    Истото се случи и со Куба за време на Студената војна кога СССР пробаа да постават нуклеарни ракети таму. Сад не дозволи, а среќа советите се повлекоа без војна. Сега Бајден нејќеше и едноставно Русите беа приморани воено да интервенираат.

    На кратко тоа е причината зошто е војнава.
     
    На BellaBrunetta, deskarada, M.B. и 12 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Одамна ќе пишев ама заборавам.
    Јас имам блиски роднини што одеа во русија на печалба, печелеа добро. За жал синот замина еден ден и никогаш повеќе не се врати дома, загина во морето, се удави. Беше млад, млад, немаше ниту 30 години.
    Приказната ми створа огромна душевна болка.

    познавам и икс други што печалеа во русија од источна македонија.
    Зборот ми е дека не дека не заминуваа во русија на печалба, напротив.
    Јасно е каде одиме сите и кон што се стремиме сите и знаеме каде треба да одиме но, ете имаше луѓе што заминуваа и за русија јас познавам такви.

    вчера баш зборев со братучетката од америка (маж и е роден во америка а таа е над 20 години таму) вика ниту јас ниту луѓето околу мене (а има широк круг на луѓе) никогаш нема да ја оправдаме америка, напротив сме многу револтирани и со ова сме оцрнети многу за народот, за бајден само кажа дека бил сенилен дедо. Толку.
    беше лута лута не и се коментираше за америка до толку.
     
    На deskarada, Konfetka, sonuvana и 6 други им се допаѓа ова.
  4. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Па не е се до платата. И до уредувањето е. Факт е дека Русија е бивша социјалистилка земја и дека има останато многу аспекти од тоа време. Бирократија. Бирократијата е полоша таму и од кај нас. Корупција, мито, врски, и тоа се има. Секој у денешно време би избрал да живее у капитализам каде што YOU matter, not WE. И затоа не е привлечна земја. А и нема политика за имиграција. Не се рекламира, како рестото од светот. Ама дека има пари у русија, има. Многу пари има. Можеби у некое затуцано село минималец е 300евра и такви села има мал милион и тие го влечат просекот, ама развиените градови се друг свет. У москва не се возат коли постари од 5 години. Само луксузарија гледаш по улици. Школување - беспари. Медицина - беспари. Пензионери и студенти - транспорт беспари. Работна сила колку сакаш од таџикистан и сличните станови. Минимум плата за гастарбајтерите, државјанство и резиденс за истите - шипци.
    Зашо никој не иде да живее у русија? Зашо никој не ги вика.
    Кина да не е привлечна за живеење? A ете, светска сила е и деца работат таму.
     
    На Feminka22, sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.634
    Oд ова што тука го пиша, татко ми кој работеше во Русија во 90-те, како позитивно го истакна тоа што претпријатијата кои ги снабдуваат со струја, вода, и слично се државни, и ако дојде до некој дефект, ништо не плаќаш, сами санираат без доплати. Москва тогаш била три пати поскапа за живот од малите места, веројатно и сега е така. Тогаш продавниците, месарниците во муслиманските државички биле со мал избор на производи со не така добар квалитет. Демографската слика кажуваше дека имало повеќе жени од мажи. Ова не знам дали официјално било така, тој зборува од око, немал интернет да чита нели. И ги пофали за тоа што и жени работеле машки професии, молери на пример, но и дека пијат многу. Дали денес е така, којзнае.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски


    Капа им симнувам на новинари што си ја рискираат кариерата кога јавно зборуваат а притоа не се водат по тоа што ќе им наложат да објават.
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На Feminka22, monpan, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.479
    Допаѓања:
    18.647
    Пол:
    Машки
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.663
    Допаѓања:
    92.507
    Пол:
    Женски
    Колумна на Горан Михајловски уште еднаш.
    За оние кои уште не сфаќаат или не сакаат да сфатат дека Русија е агресор кој нема никакво оправдување.


    Русија ја нападна Украина. Изврши брутална воена агресија врз суверена земја. Тука нема две земји што војуваат. Има земја што нападна и земја што се брани. Агресорот бомбардира станбени згради, болници, театри… Има веќе илјадници загинати цивили. Има три милиони бегалци за три недели.

    И ако во овој случај не можеш да разликуваш добро од зло, сите дебати, анализи и мудрувања не се ништо друго туку чамче муабет за пред кооперација. И држење пиксла на слава.
     
    На Tanjamm и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.452
    Кој негира дека Русија е агресор и ја нападна Украина?
    Никој.
    Туку дека причините поради кои доведоа до тоа и положбата на Украина, како и мешањето на САД и предизвикувањето на војна. Тоа го коментираме.
     
    На Konfetka, elenaklasik, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Оваа новинарка,а има и други со години се обидуваат да ја кажат вистината. Проблем е што никој не сака да ги емитува нивните прилози.
    Можеби со напредокот на руската војска,напредува и вистината која очигледно сеуште со сила мора да се освојува,за жал...
     
    На Feminka22 и Elennaa им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.663
    Допаѓања:
    92.507
    Пол:
    Женски
    Сите кои наоѓаат оправдувања со кои ги оправдуваат постапките и причините на Русија.
    Предизвикувач на војната е еден.
    Русија.
    Толку.
    Се друго е беспредметно да се дискутира и дегутантно.
     
    На Ahoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.452
    Секако дека предизвикувач е еден.
    Не знам на кое уво спиете и како не ја гледате целата позадина и вмешаноста на САД.

    И мене срце ме боли за бегалците, за цивилите, па тек за кризата.
    И што стана со притисокот од санкциите во кои се крстевте и бевте убедени дека ќе го сопрат Путин?
    Еве гледам, се споре.
     
    На Konfetka, oblace1, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    64.347
    Пол:
    Женски
    Така е бе Косми, никој не го негира тоа. На форумов дали двајца го правдаат Путин и она што го прави. Не знам зошто мислиш дека некој овде го сака или сака да му успее планот.

    Коментарите за лицемерието на западот не го оправдуваат Путин, две различни работи се.
     
    На Konfetka, M.B., Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Се повеќе се шушка дека биолошките лабаратории во Украина,кои биле раководени од Америка се окидачот. Кина наводно излегла со списоци на држави во кои се вршат експерименти. Еј Кина,која е самата преполна со лабаратории...
    Многу информации,дезинформации уште повеќе,незапамтена хистерија,што е само доказ дека големи влогови се во игра.
     
    На Konfetka, Feminka22, Leucadia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Во животот нема само две опции, црно или бело.
    Не можеш сите злосторства да ги бутнеш под тепих, а тоа најновото што е у тренд сеа да го осудиш, без да се потрудиш да ги најдеш причините.
    Без разлика што тие причини ти се чинат бесмислени и не ги сметаш за доволен повод, ништо не се случува без причина.
     
    На Amellie13, GirlRose, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Машки
    Не сум бил во Русија, ама од тоа што ми го кажале, не е далеку од вистината ова и денес. Секако во 90-те биле во огромна рецесија, безработица, буквално на дно. Денес е многу подруго. Имаат далеку повеќе можности, подобар живот, повисоки плати. Државата е модернизирана и големите градови не заостануваат со ништо зад западните градови. Тоа што мене ме изненади е колку се чисти, урбанизирани и средени. Не очекував такво нешто. Но кога ќе го споредиш Скопје и Ростов на Дон или Краснодар, нашиов е бетонска џунгла, додека таму има тон дрва, пространи булевари, плански изградени градови, паркови буквално на сите страни. Луѓе убави, средени, љубезни. За жени пак да не зборувам... Русинки, Украинки, Белорусинки... Која од која поубава.
    И точно е дека се во поголем број и имаат недостаток на мажи. Тоа е така поради WW2, каде имаат многу мажи починато.

    И за пиењето исто така не е мит. Поготово за постарите мажи. Пијат водка како да е вода. Има некои кои се стално пијани и буквално не ги бива за ништо. Може и затоа имаат огромен број на разводи. Буквално секој втор таму е разведен или е во втор брак. Изгледа руските жени не трпат многу.

    Москва е многу убава, и многу скапа. Огин е сместувањето и животот таму, ако е платата дупло поголема од други места. Впрочем, сите такви градови се скапи, Лондон, Париз, Њујорк...

    Инаку градовите им се одлика на европската култура. Убави грандиозни градби, богати, чисти, стари и сочувани, дворци, палати, музеи... метрото во Москва е како бајка...
    И луѓето се такви. Крајно учтиви, паметни, многу речити, никогаш не директни и дрски. А, да. И сите се нашетани, што многу ме зачуди. Туризмот и патувањето им е на прво место.
     
    На Amellie13, NPN, monpan и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.663
    Допаѓања:
    92.507
    Пол:
    Женски
    Мешањето на САД и Европа не се изговор и оправдување зa Путиновота агресија и желба за возообновување на СССР.
    Не е изговор за Путиновото негирање на Украинците како нација и Украина како држава и нејзиниот суверенитет.
    Што требаше да му кажат?
    -Потполно сте во право,господин Путин.Ние сме Руси ,а Украина треба да биде Русија.

    Ако е фер Путин да ни се заканува на сите дека ке го стисне црвеното дугме (нуклеарка)тогаш е фер или да му се каже дека и и други може да стиснат или со санкции да ги вратиш еден век назад,изолирани од секаде.

    Најсилната армија војна сила|( која за 2 дена стигаше до Атлантик,месец дена не може да ја завземе Украина,затоа што Украинците се бранат.
    САнкциите ке го завршат Путин,има уште интелигентни и образовани Руси,кои знаат колку е ова погрешно мислам освен овие што му ракоплескаа н а стадион на нарцисоидниот лудак.
    Никој не го негира?На темава?:o
    Толку е очигледно само зависи кој со каков целофан пакира.
    На други форуми обратен е процентот тука на темава има огромна подршка.
    Читај меѓу редови.
    Лицемерието на Западот,ЕУ,САД се друга тема.
    Ништо од тоа не ја пере Русија.
     
    На JelenaCP, Yowannty и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.831
    Допаѓања:
    264.452
    Изговор не е, ама причина е. Ти уште веруваш дека војната е заради територијални претензии и негирање на Украинците?
    Ох бе Косми, санкциите ќе имале плод. Да, секако.
    Уште стојам на фактот дека за 5 минути може да ја збрише Украина.
    Изгуглај малку што оружје има Русија и која моќ.
    И уште муабет за санкциите кои како бумеранг ни се одразија на нас, за жал.
     
    На Konfetka, oblace1, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Може да пратиш линк каде што Путин целосно ја негира нивната нација и држава?
    Значи не линк каде што кажува дека Украина ја создал Ленин, туку линк каде што комплетно ја негира Украина како држава и нејзиниот суверенитет.

    Фала.
     
    На Feminka22, monpan и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Имам читано овде уште во ера на ковид пред 2 години соопштија дека изгубиле многу турсти Руси… така да… шетаат луѓето..
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.