Па во најмала рака му дадоа причина. Не е ни изговор, не е ни оправдување, причина е зборот што сите го пишаа. Не е фер, светот не е фер, светот го водат моќни луди луѓе насекаде. Со кои немаме исти човекови вредности. Како да не ви е јасно Па не може да се друга тема кога збориме за војна во која се едни од директните причинители. Само ти мислиш на темава и уште 2-3 души меѓу кои и таа со локацијата дека оваа војна е војна на Украина и Русија. Не знам сериозно дали сте толку наивни. Не знам кога ќе сфатите дека баланс во светот на нуклеарните сили мора да има, со тоа, железната завеса која порано беше во Берлин, на овој или оној начин во светот мора да ја има, за доброто на сите. Кога имаш 10 држави поседувачи на оружје за масовна деструкција, нека не е и нуклеарка, тој баланс мора да го има. Не постојат случајно тие неутрални региони во светот. Се правите слепи на факти, ко од вчера да постои светот. Не збориме за оправдување, збориме дека ако како што и сама кажуваш и се согласувам дека притисок вршиш на граница на луд човек, глупо е да очекуваш разумен одговор.
Да, доста шетаат, по Европа најчесто, а во последно време доста шетаат и по Азија, поготово Индокина. И тоа кога ќе видиш како просечни луѓе, со просечни плати таму имаат можност да отидат на одмор во Тајланд или пак во Италија, а кај нас едвај се стискаш да поминеш 7 дена во Грција, сфаќаш дека и немаат така лош живот како што мислиме. Среќа па нас морето ни е на 3 часа што се вика, инаку немаше многу Македонци да имаат можност море да видат во животот.
Единствена причина која постои е нов Ссср во лудата глава на Путин. Анексија прво на Крим,паралелни измислени држави во туѓа суверена држава и сега обид цела Украина под Русија. Ништо не може да го оправда страдањето кое го предизвика токму тој Путин и никој друг. Измислени причини од релативизатори на темава не ме интересираат. Едит Почна напдот на Одеса. Тоа од пт
Толку! Да ја затвориме темава, нема место за натамошна дискусија. Да ја оправдаме цензурата за лажната поддршка на Украинците од удобноста на нашиот дом. Аплауз и овации, се борат и гинат. Сериозно е време да се соочиш со реалноста и фактичката состојба. Не затоа што Украинците се бранат, туку затоа што се дистрибуира оружје на големо. Милиони и милиони поминуваат низ државите членки на НАТО и ЕУ. Затоа што САД го продолжува конфликтот, со цел профит. Америка ја користи Украина за да се бори против Русија. Зелениот е актер во реален живот. И мисли дека е ова филм, кој може да се изрежира со закани за трета светска. Цената за да ја оддржи американската империја на престол, сам нека ја плаќа! Пошто народ му гине и нема крај. Од воена сила како Русија, е премногу наивно да се очекува капитулација. Доволно моќни од мапа да ја избришат Украина. Што не, никако не ја легитимира војната! Туку го покажува лицемерието на Америка, која може да сопре се. Две светски сили се во борба, Украина е само влогот кој се губи или добива. Зарем мислиш дека САД ќе се плетка таму каде што нема корист? Чекај да се изнасмеам! Санкциите пак, се еднакви како сами на себе да си ги дале. Економијата е погодена глобално, не само во Русија. Преинтересно ќе биде за САД, ако на пример се издигне јуанот за светска резервна валута. Да сме живи, па да видиме!
Темава е за војната во Украина. Види Косми, ниту се разбирам во геополитика, ниту пак во финансии, друга струка сум јас. Ама едно знам, дека се што пласираат официјалните медиуми и се што владите на државите презентираат е еден театар за народот да гледа, да коментира и да мисли дека некако е релевантен и дека неговиот глас е слушнат. Што вистина се случува нема никогаш да дознаеме освен ако не се најде некој кој не си го цени животот и ликне некои документи или снимки кои ќе покажат што навистина се случува. Исто како што имаше протечени документи за ситуацијата во Сирија, ја коментиравме дека си се договориле пред народ да глумат непријатели, а големите светски сили уствари таму оружје си тестирале. Нема да ме чуди ни договорено да е све ова само за да се распарчи државата и после тоа рајат да и се црпат ресурси. Нема да ме чуди овај скроз да е заминат со паметот и да сака да создаде некоја голема Русија пред да замине. Нема да ме чуди ни панично да се плаши НАТО да не нападне прв па затоа сака да не се доближува до нив. Ништо нема да ме чуди. Ме чудат само луѓе што мислат дека знаат што се случува, пак ќе повторам гледате театар со кукли, а горе кој ги влече конците не гледате. И да, одговорно тврдам дека овде никој ниту го сака ниту го правда Путин, освен 4-5 шупелки на темава кои више не ни коментираат.
Епа еве погоре табела од струја,гас, зејтин, итн примарни потреби, горива… смешни цени, и сега види ти колку плаќаат за истите со истите плати како во мк, па напрај рачун колку плаќа мкд за примарни потреби а колку русија со еве како што велите исти плати. Џабе им се… ко мастики од трафика да купуваат… во италија испод 1500 евра стави ги фул за една недела не се поминува на одмор. Истите руси одат баш на најозогласените места, најубавите… е таму испод 3000 евра не си! Скапи се хотелите, скапи се услугите и тоа е. освен ако збориме за бош период или промоции ама пак е скап стандартот не се поминува никако ефтино. да така.
Смири се @Lianna Anna Наративот на Путин Америка и Европа се криви што јас напаѓам. Кажи што треба да направи Зелениот и 40 милиони Украинци? Нагласувам 40 милиони! Да фрлат оружјето и да се предадат?! За тоа навивате во вашите глави ако Украина се предаде ќе значи Америка и Западна Европа се предале. Кое игнорирање на украинскиот народ, срамота и греота што читам. Како што реков релативизатори нит ги читам нит реплицирам на истите. за повеќе истомисленици обидете се на крстарица.
Наративот на Путин ми е целосно непознат. Не знам дали знаеш, ама целосно сум насочена на западниот. Уел, не по своја волја. Затоа што тука владее демократија нели, објективност, право на слободно изразување! Оние за кои мислиш дека се имуни на пропаганда и вести 24 од Хрватска. Уф да, и форум.хр. Чекај пак да се изнасмеам! И мене ми се повраќа, ама скроз! Ми се повраќа од комичарот, кој ја моли Германија да го бојкотира гасот. Затоа што нема замена за него, па ќе треба Европа да ја помоли Америка. Не знам дали ти навистина не разбираш или малку глумиш дека не ти е јасно. Имаш посебна дарба да измислиш реторика која не постои. Ти навиваш! Немој твоите овации за поддршка на долевање и пролонгирање војна да ми ги лепиш како етикети мене! Далеку повеќе сум од класичната нарација за фудбалски натпревар и реториката за негирање на реалната состојба. Милиони раселени, изгинати, без домови! За нешто кое можеше уште многу одамна да се реши. За нешто кое имаа шанса и пред самиот напад. Ама чекај, одлуките не се носат во балонот во кој живееш. Зелениот треба (ше) да престане да живее во его трип и да потпише неутралност. Не да дозволи Русија да му напредува на негова територија и да условува повеќе од првичните барања! Сега, пошто Западот не сопира, господ нека им е на помош!
Во меѓувреме напад на Одеса. https://www.france24.com/fr/vidéo/20220321-guerre-en-ukraine-bombardements-à-odessa-et-mikolaïv @Lianna Anna Смеј се ти,а јас гледам пак не ти е јасно. Јас сум на страна на жртвата,тоа е Украина на чело на Зеленски. Жално и страшно е што виновникот го гледаш во Зеленски наместо во Путин. И за гасот во Германија и за војната ти во него гледаш виновник Како да се реши црна Лиана кога Русија ги нападна?! Можело да се реши. Не може да се реши кога некој ти доаѓа дома и те напаѓа. Неутралност Која неутралност кога бараат анексија Русите. Едит Погледниги хрватските медиуми и бегалците кај нив од Украина,мајки и деца какви изјави даваат за Русија па дојди збори ми дека се во заблуда луѓето. Срамота.
Не знам дали не реплицираш затоа што ти е испод ниво, или затоа што немаш аргументи. Те прашав за извор, од каде дозна дека Путин не ја признава украинската нација, затоа што истото го потенцираш постојано. Јас налетав само на наслови каде што изјавува дека му се братска нација. Во меѓувреме, Зеленски ја напаѓа Швајцарија зошто Нестле уште продавале чоколади во Русија. Народ му гине, до ФАКИНГ НЕСТЛЕ чоколади му дошло????!!!!!!!
Еве, за нецел месец 3,5 милиони бегалци, за 10 месеци може 35 милиони да се иселат. Ама чекај, не може 35 милиони, јер мажите не ги пуштаат, тие весело треба да се борат. Абе ај. Замисли, имаш 19 годишен внук од сестра, и тој, што до вчера учел, играл на компјутер, денес е супер спремен да биде килинг машин. Ќе се бори со молотов коктел против хиперсонични ракети. Топовско месо.
Не, Косми. Вината ја гледам во светските сили, а во Зелениот затоа што дозволи неговиот народ да се најде измеѓу нив. Затоа што не испочитува ниту еден договор. Затоа што очекуваше Западот да застане зад него, а тие само го потапшаа по рамо. Затоа што е пренаивно да веруваш дека светска сила на празно се заканува. Затоа што е преаматерски комичар да води држава, а задкулисно друг да ги држи конците! Во играта за ресурси, ти ја поддржуваш жртвата со аплауз за оружјето кое другиве го тестираат и со кое се убиваат. Ах да, и пари им носи. Фина поддршка. Си реков на терен да не си со калаш до нив, па да знаеш барем дел од она што никако не смееше да се случи! Украина е најбезбедна неутрална. Кога светска сила има апетити и аспирации, од петни жили се обидуваш за компромис, за најдоброто за својот народ. Не за смрт, не за убивање! Извини што не паѓам на хрватскиот наратив. Од друга страна, валиден е емотивниот. Ама го поддржуваш со долевање за војна. Не за мир! По кој знае кој пат, што не, никако не значи дека Русија нападна со право или дека е невина во ова крвопролевање! Престани да измислуваш редови кои не постојат.
Војна е.Такви се војните.Мажите се мобилизираат. Секаде.И на 18 се борат во војни.Ништо не е тоа ново ниту чудно. Ако се под присила како што кажува руската пропаганда тогаш се предаваат,а како што гледаме тоа не се случува во Украина.(се случуваше во југословенските војни кога не сакаа да бидат дел од туѓи војни) Тоа го направи Путин.Сите сегашни и идни генерации ќе го носат товарот на оваа агресија и Путиновото лудило на свој грб. Ко Германците. 4 милиони бегалци и разрушени градови. Мртви цивили и голобради војници. Затоа што реши да ја нападне “братската Украина”
Не се разбирам јас во војни, дипломатија ми беше фах. Русите за Руси, нив не им го берам гајлето сега. Ова е тотален крах на дипломатски и политички перформанси, од кој стапот го јадат украинците. Или украинките посебно. Јер еднаш се загинува, а тие што се закренаа со деца и баби, да спасат гол живот, тие ќе го јадат стапот со години, ако не и со децении. Да русите се криви, ама не ми е гајле кој прв почна, гајле ми е кој прв ќе заврши. Ќе им праќаме оружје во фаза на распаѓање (да ова е официјална вест) овде ќе ги дочекаме жените и децата, за да станат робови на украинската мафија, или полошо. Еве една вест, едно чудо ги има https://www.upi.com/Top_News/World-...-harassment-luring-trafficking/1181647128154/ И кога отприлика ќе профункционираат ,,мерките од западот,, за да заврши ова срање?
Во темава сфатив дека ако не си за Украина тогаш по дифолт си за Путин. Многу е напредно ова логичко мислење, нема што, посебно за такви интелектуални единки како што се сметате. Нит сум како слепа за стап за Зеленски нити пак за Путин. Стварно ви е бедно и ниско мислењево дека сите тука се русофили и како на сите да ни е мерак што се убиваат невини луѓе по Украина. Аргументов ви е минус милијарда, дно и ниско. Зеленски да беше толку храбар ќе превземеше нешто, а не вака да моли од сите страни скриен во некоја дупка и со HD камера да се снима.
Гледаш вина во светските сили при јасна агресија на една држава? Зеленски не го почитувал,а Русија го почитуваше договорот? Па си направи две пара-држави во туѓа држава со своја власт и руски пасоши. Зеленски доби подршка и од западот и од народот. Не знам каде гледаш ти само тапшање,или сакаш да видиш. Се е до аголот на гледање.
Ај малку историја... Русија става ракети на Куба. САД вика не или војна. Русија се трга. САД сака да стави ракети во Украина. Русија вика не или војна. САД не се трга. А се останато ќе судат некои идни генерации. Малите народи секогаш ќе бидат пиуни на големите играчи. А пак Европа и Африка, шаховското поле. Никој не си пука во своите граници.
Па треба да сум целосно слепа при очи за да не гледам! Не го потапшаа, лошо се изразив. Му дадоа оружје за деескалирање на ситуацијата. Сега те молам објасни ми, како ваквото западно долевање е валидно решение и за што конкретно е решение? За мир сигурно не е. А, ако мислиш дека е, објасни ми на кој начин се постигнува тоа. Вложија енормни финасиски суми во оружје кое освен деструкција и смрт нема друга цел. Колку повеќе долеваат, толку повеќе смрт, толку повеќе Украина ќе ја порамнуваат со земја. Ти стварно мислиш дека ова не го знаат? Не вложија во хуманитарни проекти, аман. Ја играат Европа, а Русија сакаат да ја победат со украинска крв. Ова, се читаш ли? Не, не е нормално, ама никако не е нормално! Затоа што не постои дете на 18+ кое до вчера играло фифа, дота и кантер, да оди со задоволство да го ризикува својот живот. Не постои мајка, која своето дете го праќа на фронт со задоволство. Видовме со Азов како е, ако сакаш да мавташ со бело знаменце. Те рокаат во грб или во чело. Украинки кои се обидоа мажите преку граница да ги префрлат, пошто сакаат да се борат, нели. Никако не смеат да го присилуваат населението на тоа. Нема поголема трагедија од тоа, да си го жртвуваш сопствениот народ, во играта која големите сили ти ја приредуваат. Безнадежно е! А, аголот на погледи, дефинитивно треба да си го преиспиташ.