Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Од одвратностите на денот се издвојува:

    Една од млекарите овде во Шведска го повлекува кефирот од продажба зашто пакувањето многу наликувало на руски мотив :headbang: :@ Па на каков мотив да наликува, на швајцарски ли? :@ Претераа веќе со глупостиве од ваков вид.

    Кај се Монти Пајтон, да заличи работава ко што треба? :doh:
     
    На JuLleE, daylight, deskarada и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.432
    Допаѓања:
    90.778
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали си слепа или намерно уште не го лоцираш вистинскиот виновник.Русија.
    Не го втурна Зеленски народот во војна,не ја нападна Москва.
    Што требаше Европа да не и помогне на Украина?
    Оружјето е да се бранат од агресорот.
    И се бранат или ќе немаат држава.
    Ова не е војна на западот против истокот ко што Путин го претставува во својата пропаганда што ни ја рецитираш ти тука.
    Ова е одбранбена војна на Украина.
    Не знам како тоа не ти е јасно?
    Очигледно е дека имаат единство Украинците.
    Да немаа за 3 дена ќе завршеше.
    И не знам како не ти е јасно и дека не можам јас да дојдам кај тебе дома и да ти кажувам што да правиш.
    И не знам повторно што е чудно војник на 19 год.Ниту реков дека со задоволство некој праќа дете.
    Порано во војска се одеше,сите војници во сите армии с е млади ,кој очекуваш ти д а биде војник?
    Можеби имаат регуларен воен рок таму па се обучени.
    Впрочем и жени во одбранбени војни се борат.
    Секој може да земе пушка.
    Во руската војска се исто млада војска која гине за Путинови идеи за големи држави.
    Мојот агол на гледање е тој.
    Да бидам на страна на агресорот никогаш!
    А ти за твојот погледни се во огледало и размисли.
     
    На Yowannty, Tanjamm и Tea678 им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    Не ми подвалувај предавања за виновник и жртва. Освен ова апсолутно ништо друго и немаш или не знаеш да употребиш како аргумент. Никако не ти станува јасно дека политичка сцена, а уште повеќе геостратешка, не можеш да споредиш со приватен дом, кај шо ќе ти дојде комшијата и ќе те набрка. Реалноста во светот има инаква слика.

    Ох боже, Европа и помага на Украина. Како и помага те прашав. За што служи оружјето? И помогнаа до трае повеќе од 3 дена. Може ќе трае 3 месеци или 3 години. Таман да изгинат што повеќе, да ја срамнат што повеќе. Чија пропаганда е ова? Твојата класична западна и манипулативна, а мене ми сместуваш руска.

    Не е толку чудно колку што не е нормално да го присилуваш народот да се бори. А особено помладата популација. Напишав веќе за обидите преку граница. Да го користиш за жив штит, наместо евакуација. Да го стрелаш, оти сака да напушти. Па, може тебе ти е ова нормално, мене ниту ми е, ниту ќе ми биде некогаш.
     
    На daylight, Konfetka, Leucadia и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.080
    Пол:
    Машки
    Ова сликата што ја стави од Шопинг молот всушност беше полн со артилерија и украинска армија.
    Град системите им ги следеа со дрон од каде пукаат, и прецизно со наведувачка ракета ги уништија. (најверојатно Искандер)

    [​IMG]

    Еве и видео од дронот како им ги откри позициите, и од моментот на уништување.
    Ај оди одбрани се од овакво нешто ако можеш...

    https://files.catbox.moe/5s6xds.mp4
     
    На daylight, vitamina, NPN и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.432
    Допаѓања:
    90.778
    Пол:
    Женски
    Ништо ја не ти подвалувам,нема потреба сама се откри доволно.:*
    Намали со проруска реторика.
    Капитулација е единствено што го везеш со денови.Зеленски е крив.(facepalm)
    Го присилувал населението да војува(facepalm):lol:
    Што да се каже повеќе?!
    А Путин ги присилува ли војниците да пукаат во Украина,а Лиана ?
    Или доброволци сите ко кадировците?
    Еве сега се рчка Русија со Полска,и Полска ли ќе биде крива ?
     
    На Tanjamm, Yowannty, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Значи уште има луѓе што веруваат дека војнава ќе траела 3 дена да не се одбранеле Украинците. Војнава не ја изгубиле затоа што се бранеле, сплотени биле.

    А не дека нема ни 18% од вкупната активна руска војска моментално во Украина.

    Ама добро, се брани битно Украина...
    Небитно е тоа што кога тогаш ќе биде приморана да капитулира.

    До кога ќе се бранат? Дур не влезат у НАТО ваљда...
     
    На JuLleE, vitamina, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    После распадот на СССР, пред 30 години, Русија два пати има побарано да стане членка на НАТО....навистина била економски слаба, но неможно е да не се знаело колкави се нејзините капацитети и богатство.

    Дали тоа требало да се даде џабе, како што дадовме сите ние малечки и расцепкани државички?

    А замислете колку би бил моќен тој сојуз кога и Русија би била дел од него...

    Или на некого му одговараат војни или трет ќе искористи....
     
    На vitamina и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.080
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    The Ukrainian Mir Hotel, which, according to CNN journalists, was ruthlessly bombed by the Russian Armed Forces.

    Oh no, wait. This is the Serbian resort Zvonachka-Banya, awaiting reconstruction. By the way, they are looking for an investor. Send CNN a thank you for the ad.

    Добро бе, кај е границава во фејк њузот што го шират западните медиуми? Па децата од Велес се подобри од овие...
     
    На daylight, vitamina, NPN и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    14.175
    Добро, сите вие што навивате за Путин убиецот, дали ќе бидете пресреќни ако прати една таква ракета со домет од 2.000 км во Скопје, и ве срамни со земја? Нели гледате дека рускиот амбасадор во БиХ се закани на Босна, Хрватска, Полска, и Унгарија? Зошто да не ни се закани нам, ние ја имаме „паметна„ Славјанка. Само сакате да сте на страната на посилниот, како деца кога се тепаат во школо, па од слабост, ќе навивам за насилникот.

    Патем денеска прашав една Украинка која ја имам на Фб, што мисли за Зеленски, дали го обвинува. Вели „Не сум гласала за него, не сум му фан, ама тоа што му се смеат дека бил комичар, нема врска, тој е легитимен претседател на земјава, тоа е демократија и не е за критика, прави што може“. Има роднини на Крим, и планира да ги отпише од животот, засекогаш. Не ми рече „еејеј, будала, да се предаде бе, да не гинеме“. Мажот и останал во Киев, таа отишла во Европа и веќе работи таму, оти пари секако ќе и требаат.
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.080
    Пол:
    Машки
    Кој навива за Путин? Посочи пост некој што пишал дека навива и го поддржува Путин?
    А знаеш колку има постови каде што навиваат и го поддржуваат НАТО и Зеленски?
    Па види сега кој е како дете и кој поддржува овде некоја страна.
     
    На JuLleE, daylight, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    14.175
    Не мислев за тебе. Што се пронајде? Цело време требало да попуштат, па Зеленски бил зелен, па ваков, па таков, абе Путин се сили на пола Европа, и ќе го бранам? Не го бранам НАТО, и тоа НАТО прави злосторства. Ама не можам да речам „абе го подвеле, го излажале Зеленски, па еве го налутија Путин“. Чекај, па нели Русија војуваше против Чеченија, а сега се сили со Чеченци, и нели отцепи дел од Казахстан. Да му ја подариме Македонија ако реши после Украина да нападне некоја друга земја? Уби ли некого Зеленски, или најголем грев е да си бивши комичар?

    Сега ќе го најдам на социјални мрежи Путин и ќе му пишам „Путин, злосторнику, терористу, цела Македонија те мрази, месец дена не можеш една Украина да ја заземеш, една Славјанка има појака армија од тебе, фрли ракета ако смееш во Скoпје“. (ууффф црн хумор)
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Жал ми е за Господин Кличко...преку 50 % имаше акции во трговскиот... А тие внатре веројатно плаќале кирија за гаражата.
     
    На vitamina, Billy Idol, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.080
    Пол:
    Машки
    А чекај, не го излажаа Зеленски според тебе?
    Му ветуваа влез во НАТО и воена поддршка, а од сето тоа доби само помош во оружје за да гинат се повеќе и повеќе цивили.
    Земјата му ја уништуваат, народот му умира, се крие, страда, преку 4 милиони ја напуштија земјата. Другите да можат, уште денес ќе ја напуштат ама не можат затоа што многу ги држат како жив штит Азов, во Мариопол, додека тој е сокриен на сигурно во некој бункер или којзнае каде и си снима видеа пред green screen?

    Што предлагаш ти да направи Зеленски? Освен што не ги пушта сите мажи од 18-60 години да ја напуштат земјата и ги присилува да војуваат, да ги задржува и жените?
    Еве кажи кое е твоето решение на војнава, пошто велиш дека потпишување на примирје не требало да направи.

    Иначе, да е до него, и ќе потпиши, да смее.
    Денес Лавров изјави дека САД и НАТО се тие што не му дозволуваат на Киев да потпиши договор.

    Еве го главниот советник на Зеленски кој уште во 2019 изјавува што ќе се случи за 2-3 години, и повикува на војна против Русија.
    Значи, за ова се спремале сите страни со години. И сите страни свесно и намерно влегоа во војна.
    Цел украински народ е свесно пуштен да гине од владата на Зеленски.




    "So, on balance, which is better? "
    "Of course, a big war with Russia. And joining NATO on a basis of victory over Russia."
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На daylight, vitamina, NPN и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    14.175
    Значи ако некој тебе те излаже, тоа му дава за право на некој трет да те убие? Зеленски е Евреин. Со кое право ќе одлучува тој за Украинците и добра е идејата за референдум. Војуваат Украинците, не Зеленски. Покажаа многу висока национална свест. Еден џин тепа џуџе и кажувате дека џуџето ќе загуби. Па нормално, ама тие се борат до крај. Украинката ми кажа дека во Донбас Украинците се избегани во 2014 година, мал број има таму. Па фино така, населувај народ кај стигнеш, и тепај се после, сепаратизам, или Русија е голема, па за неа е дозволено? Ајде нека ја тепаат пола Европа. И Естонија, Латвија, Летонија, Молдавија имаат Руси, дај нека завојуваат и сите ќе молчат. Еве нашиве се силат, Славјанка, Милевски денес од што се глупави. Дај нека ни направат војна Русите, чим се силат на пола Европа, и Балкан, нас нека ни направат војна? Нема делиумно негирање на нација, или негираш или не, а тој повеќе пати ја изнегира украинската нација „еден народ сме“, вака рече Путин. Што повеќе докази сакаат тука на Фемина и ја напнуваат @Cosmi; ко да женава земала оружје и пука по деца. Не бе, Путин тоа го прави.
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на 2-3ца ви е чудно шо повеќе плукаме кон НАТО, него кон Путин па затоа сте у фазон дека сме русофили.Мене пример војнава многу ми ги отвори очите.А и другиве искрено ги немав пратено.За таа у Донбас везе си немав сѐ досега, за тие во Сирија и тие ли ми ти земји не се замарав пошо бев помала.Е сеа сфаќам, дека нас НАТО не нѐ штити.Му требаат пиуни и војничиња.
    Ако ја згусти, Ковачевски, Макрон, Бајден да не ќе се тепаат?Абе нив ги заболе за нас.Сите вадат пари од обичниот народ.Они ќе издаваат наредби ние ќе играме како шо ќе нѝ се рече.
    Имаат тони пари, ај нашиов може не толку.Другиве, да ја згусти кај нив, ќе ја здуваат у прва прилика.Хитлер шо ја закла пола Европа, заврши криејќи се у бункер, шо е побудала од овие сите заедно.Мислите овие ќе плачат за нас?
    А и од друга страна кажав зашо не го сакам НАТО.Пошо нѝ ја поебаа државава, и сегде кај шо се имаат замешано напраиле бетер па после некој си ,,договор”.Јебем ли ти договор.Сте се фатиле за тоа НАТО, Косми па поготово, ко животот да ѝ зависи од него, НАТО не ни знае која е Косми она 243 страни по ред труби НАТО па НАТО, аман више.
    Не ми се коментира веќе на темава со некои факти, вести и сознанија од шо сте досадни.Секоја тема мора у карање да ја свртите и да има поделба.Затоа нѐ дупи кој стигне.Ние меѓусебе не сме сложни, не па да дое да нѐ изрока некој.Сами ќе се убиеме као шо тргнало.Раздели па владеј, сте чуле??
     
    На NPN, Billy Idol и sonuvana им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.139
    Пол:
    Женски
    Путин нема претензии кон Македонија, ниту имал некад. Ама баш ќе видиме после попис кај нас што ќе се дешава, односно како ќе се одмотува клопчето на други земји кои и те како сакаат парче од неа. И тоа сето поддржано од Калето, во име на демократијата, туку ај.

    Зеленски може да е по професија што сака и астрофизичар да беше пак истите мислења што ги имаат луѓето за него ќе ги имаа. Ни јас не го сакам, исто како што не го сакам ни Путин.
     
    На JuLleE, Konfetka, Ugly Duckling и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    А како би било ти за промена да престанеш да повторуваш исти редови. Имаш ли капацитети на друго ниво, за да оди дискусијата напред или цело време ќе пишуваш исто до бесконечност. Ми подвалуваш реторика која воопшто не ја оправдувам. Намали со манипулативниот и лицемерен наратив на западните. Многу се загрижени за украинскиот народ, затоа ја пролонгираат војната.

    Капитулација е разумно решение, особено кога е јасно дека губиш. Само така може да се поштедат животи и да не се уништи Украина целосно. Зелениот сигурно нема разум, затоа е контролата кај други. На Украина и е потребно сценарио за излез, а тоа не е оружје никако. И секако дека и Зелениот е крив. Во оваа војна нема невини, освен народот кој страда! Тоа што Путин нападна, не ги исклучува другите виновници.

    Како оружјето ќе донесе мир? Украинците ќе бидат и натаму гранатирани, градови срамнети со земја. Нема да влезат ниту во НАТО. Ќе траат преговорите години и нема ништо да им донесат. Луѓето гинат со секоја измината минута и ќе гинат со додека не си ја исполнат квотата за испорака на оружје.

    Не, не го присилува народот на војна никако и не потпиша закон за да не смеат да ја напуштат држава. Чуму законот ако сами сакаат да останат?

    Одам филм да гледам. Ти биди така со Западот. |(
     
    На JuLleE, vitamina, NPN и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    14.175
    Епа ќе видиме по пописот што ќе биде. Еве сите навиваат за капитулација. Ајде и ние да капитулираме по 31 март, чим е така? Јас не сум фан на Зеленски, во 2019 кога беа изборите бев во регионот, и секој ден на Ал Џезира Балканс во живо јавуваа како се гласа во Донбас(не знам што телевизијата финансирана од Катар имаше интерес секој ден да информира за украински избори, не е САД, ама сигурно имало нешто). Ништо посебно не ми значи, ниту сум му адвокат, ама тој не пратил војска да убива деца во Москва. Да беше така, ќе го осудев. Абе го излажале, бре, па и нас 100 години датум ни ветуваат, досега требаше по таа логика на „лажење“ нас да не нема, и да бидеме 10 метри под земја, како што сме неспособни.
     
    Последна измена: 21 март 2022
  19. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    9.836
    Пол:
    Женски
    Од почеток на војнава се чудам што се запнаа поединци секој ден Зеленски да го коментираат. Тој не смее да се предаде и да сака, еве да ја оставиме настрана Америка, тие наци Украинците таму едвај чекаат некој Евреин да распнат. Еден преговарач веќе убија. Зеленски прави како што му е наложено, само така и ќе извлече жива глава на крај.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.080
    Пол:
    Машки
    Чекај, полека малку. Мешаш баби и жаби.
    Го излажаа Зеленски дека може да победи во војна со Русија. Го излажаа дека ќе го поддржат воено и ќе влезат во војната на негова страна. А не го исполнија тоа.

    Зеленски и неговиот врв свесно одбрале уште години претходно да влезат во војна со Русија. Ете ти интервју од 2019 од десната рака на Зеленски горе како свесно вели и повикува на војна со Русија, а потоа влез во НАТО.

    Свесно и намерно ја вовлекоа цела земја во војна. Свесно и намерно го пуштија својот народ по вода. Само бедни 20% поддршка имаше Зеленски од својот народ.
    Кој стои зад тие Азов нацисти? Кој ги интегрира во украинската армија, во владата, полицијата во сите државни органи? Кој ги спонзорира?
    И ти го поддржуваш тоа што се прави?

    И пак не ми одговори, кое е твоето решение за да прекине војнава?

    Зошто решенија има само две:

    1. Да седнат и да потпишат договор на маса.

    2. Да падне владата на Зеленски.

    Или пак предложуваш да не се заврши војнава брзо, туку да трае и трае и трае, а невин народ да гине?

    Хммм. А на кој му одговара тоа? Па, на НАТО, секако. :^)
     
    Последна измена: 21 март 2022
    На daylight, Waverly Raven, vitamina и 12 други им се допаѓа ова.