Ова е сосема точно. Од искуството на другар ми кога беше Русија лани. Многу голема желба имам да ја посетам уште откако тој ми раскажуваше и прва прилика веднаш би одела на посета. Исто и народот, имам пријател Русин кој е прекул, предобар и преучтив човек, а исто така и другар ми има повеќе пријатели Руси за кои сѐ најдобро имаше да кажи. Патем, русофобијата на западот е пуштена на најјако. https://t.me/rus_mkd/215 Не знам колку ќе се гледа видеото бидејќи е на Телеграм. Им уништуваат имоти, бизниси на обични Руси, булинг кон руските деца, се забранува сѐ што има руско потекло. Ме боли душава за нив, исто како што ме боли за невиниот украински народ. Сите се жртви на интересите на големите. Ама она што најмногу ме нервира е лицемерието на западот. Демек има права, слобода, напредок, а од друга страна омраза, дискриминација, насилство, нетрпеливост кон Русите што ништо не згрешиле. Пу!
Оти, ние не сме капитулирани? Македонија не е на коленици, не бришат под сите со неа? Има некој во државава како победник што се осеќа? Збориме за обични луѓе, партиски ухлебани лебарки не ги коментирам тука.
Па нас и нé нема. Кај бевме економски утепани, држава што не може да се оправи од корупција сме биле и ќе останеме, а сега и тоа малку достинство да се нарекуваме самостоен народ со идентитет и јазик ќе го немаме. Ради таквите ко Зеленски ние сме на ова дереџе, не ради некој што не нападнал. Ние капитулирани сме одамна и без војна. Нивото на автономија што го имаме во сопствената држава е смешно. Не дека има врска со темата, ама споредби Украина и Македонија може да направите само во степен на корупција на државата, и во тоа што и нашите политичари се продадени како и нивните. Народот, фала богу, никој нема да го праша. Утре кога ќе ни дојде на врата граѓанска војна, која е се плашам прашање на време, се прашувам дали исто вака борбени ќе бидете или ќе гледате да спасите жива глава. А да, за разлика од нив ние не граничиме со толкава воена сила, ама ако дојде до сепаратистички движења сигурно нема онаа велесила која кај нас е присутна да е на наша страна
Не поддржувам никакви убивања. Нека се договорат што поскоро. Велиш го излажале, па панирал војна против Русија? А почна ли Зеленски војна против Русија? Ако се АЗОВ проблем, Путин и така си контролирал делови од туѓа држава(му се може на него, цар е), па што не пушти и тој паравојски да ги фатат тие челници на АЗОВ, па врзи, тепај....Што има цел народ да страда? И каков договор им нудат Русите, прифатете се, а ние не прифаќаме ништо? Се сложувам со @Аргентина * кога рече „демек малолетни се, ги излажале“. А тоа причина ли е за масовни убивања, оти некого некаде излажале? Од кога е дозволено „излажани“ да се убиваат, а за нив да не се одговара. Камо среќа да е до Зеленски, ама и тој нема избор. Ќе јаде стапот вака или така. Може ви е смешно, српски астролози предвидеа убиство или самоубиство за него во следните два месеци. Тој преговарачот сместа го решија, го убија око не им трепна, за Зеленски, кој не ни е припадник на украинскиот народ ќе му ја мислат. Украина не е во НАТО, и реално никого не го засега ако не му гори под нозе. Не ми е намерата да се карам, посебно не со тебе, оти цело време културно дискутираш, ама па да ликуваме на некој лидер што убива деца. Со кое право тој амбасадорот се заканува во Босна? Или Русин е, му се може, како и на Американците што им се може, ние малите народ, ај сиромашни, па и кожа нек ни одерат. @Feminka22 не ве сметам за русофили, туку немаме емпатија некако, цело време се нагласува па каква армија имал Путин. Па добро де, 153 милиона се, а Украина е 44. И Вучиќ е добро вооружен, ама треба ли да не гази на пример и некој да аплаудира и да рече „што бе, во право е Вучич, тоа било бановина, па нели вакцини им даде, нели пченица им даде, нека ги убива сега, што му забиваат нож во грб и го поддржуваат Косово“. Пример. Не сакам да се карам, туку ако еден се јави со епматија за жртвите, абе Зеленски го лажеле.
Човек не заебавај сеа и ти, секој што пишува тука се труди да го објасни своето гледиште на нештата. Интересен феномен ми е како сите се потепуваат за правата на Украинците, дека не смее никој да им наруши суверенитет, дека никој не смее да ги чепка, дека имаат право да одберат што сакаат, а нас овде насилно све живо и диво ни сменија, мајката ни ја ебаа, пред нос ни се губи државата а ние со прстот у нос си дремеме. Истото што Путин им го прави на Украинциве, нас сакаат сите соседни држави да ни го направат со амин од тие што ги браните. Зашто за тоа не се буните? Полесно ви е да работите како црнци за некој струја да не плаќа во државава отколку лош збор да зборнете за одредена политичка идеологија? Па нели ве боли за сета неправдина која ја гледате што се случува околу вас? Не знам, јас ли сум будала или навистина ситуацијава со Украина е многу, многу слична со нашата, со тоа што ние сме неколку станици понапред, каде потпишавме договор кој бај д веј ако на некој му текне да го прекрши ќе не срамнат со земја. За Крим, Доњецк и Луганск епопеи со солзи исткаени, за можно анексирање на делови од Македонија - мукла. Е не бива така другари.
Се тоа е точно, ама оди разбери се, ако кажеш дека струја и данок не плаќаат малцинстава, оопп Македонци те фаќаат за очи „аа ти албанофоб си“. Украинците се борат и држат. Еве Украинката што ја прашав што мисли за Зеленски, не е негов гласач, па не го навреди воопшто човекот. Ние овде Заев, Грујо не чинат, ама Али е добар. Ние сме добро „истрижани“ овци, ќе имаме држава, дури имаме „волна“ да го полниме буџетот и да го црпат со рамковни вработувања. Кога нема да имаме кондиција да го полниме, готово е со нас. Украинците ги прибираат, нас нема кој да не прибере како бегалци. Овде како што пишуваат мислиш САД и Украина војуваат, а не дека Русија ја нападна Украина.
На страна тоа дали го излажале или си има и он ќар некој, ама треба да има коефициент на интелигенција рамно на собна температура за да планира дека ќе победи у војна против Русија со помош на САД и останати, притоа јавно да се заканува дека ќе дошло до трета светска, дур он се замара со нестле факинг чоколатцата у Русија дали уште се продаваат, па така уништена неговата држава ќе ја примат у НАТО и ќе почнат ружи да цветаат, ко што на нас ни цветаат ружи, вака ко нејзина членка. Имаше цело видео каде што збори Трамп, ама го избришале од јутјуб. И тоа ново видео. Украина ја опиша со овие зборови: a huuuge beautiful wall between the West and the East. Е сега на кого ќе му одговара да се сруши тој ѕид...
Страници и страници испишавме овде за жртвите. Линкови споделивме од прва помош кој сака да донира од кај нас, кој не сака. Имаме тука членки кои се наоѓаат во Европа и секојдневно ни даваат информации за ситуацијата со луѓето кои пристигнуваат таму. Емпатија имаме сите и сите не боли за украинскиот народ, посебно што тој ни е братски народ со кој делиме слична судбина. Буквално она што им се случува ним, ни се случуваше и нас. Со таа разлика што ние капитулиравме и бевме недемократски, спротивно на референдум примени во НАТО. Они ете моментално војуваат, и ја губат војната. На крај повторно ќе капитулираат и ќе бидат под руска контрола. Ама, да го прашаш таму обичниот народ дали сака да војува, не сака. Да ги прашаа на референдум пред еден месец "Дали би прифатиле неутрален статус како Финска, или Русија да не нападне?" Сите ќе гласаа ЗА. За тоа и го гласаа Зеленски во 2019. Затоа што ветуваше дека ќе го исполни Минскиот договор. Дека ќе изнајде решение со Русија, и ќе ја сопре војната во Донбас со ДНР и ЛНР. Тоа му беа главните точки во кампањата. 70% од Украинците гласаа за него. Огромна поддршка доби за да го променат Порошенко и неговите политики. Подоцна кога увидоа на каде оди ситуацијата, Зеленски немаше ниту 20% поддршка. Го прелажаа народот таму како што не прелажаа овде нас со Заев. Дојде на власт со ветување за подобра економија, департизација на институции, фер судство итн. итн. Ветуваше дека нема да смени име, нема да стави двојазичност, нема да го потпише договорот во Преспа, договорот со Бугарија. Излезе скроз обратно. Излезе дека е обичен папет на САД и НАТО и прави се што ќе му кажат од Кале. Е исто такво нешто е и Зеленски. Човек донесен на власт за да го исполни тоа што ќе му го кажат од НАТО, а тоа е наместо да изнајде мирно решение со Русија, да ја втурне намерно земјата во војна. И не, не почна Зеленски војна со Русија, туку Путин со Украина, и не го правда никој Путин за ова. Не знам зошто мора ова повторно и повторно да се напоменува. Ако не ај да го ставиме во потпис за да не мора цело време да трпиме ад-хоминем напади. Секоја војна има повод и причина. Како на пример WW1, повод за нејзино почнување беше убиството на Франц Фердинанд, па Австро-Унгарија и врачи ултиматум на Србија која секако не можеше да го исполни и ја нападна. Причината за WW1 всушност беше незадоволството од колонијалната распределба помеѓу Англија, Франција, Русија од една страна и растечките сили Германија, Италија и Австро - Унгарија од другата. Значи, само си чекаа некој повод за да почнат да војуваат. Во Украина, поводот за почеток беше започнување на преговори за членство во НАТО, со што добија ултиматум од Русија да се придржуваат до договорот од Минск и да прифатат неутрален статус. Па, на тоа следеше прогласување на автономија на ЛНР и ДНР, и воената инвазија на Русија. Причината за почеток на војната од друга страна е планот за поставуавње на нуклеарни ракети во Украина од страна на САД, биолабораториите, непријателска НАТО земја на нивните граници. Крив и прав во случај на војна, нема. Сите страни се криви. И сите страни свесно се подготвуваа за оваа војна од 2014 уште (од тогаш и трае војната во Донбас). Така да, да се завзема страна, правда Зеленски и НАТО и да се напаѓаат сите оние кои покрај што се против Путин, се и против другиве две страни после испишани 250 страници веќе не вреди. Како и што не вреди веќе да се објаснуваме за тоа, да ставаме овде информации и аргументирано да ги побиеме црно-белите ставови на проНато поддржувачите. За истите да ги снемува секој пат кога ќе се соочат со фактите, за по 2 дена повторно да се вратат со истата реторика, нападнат и испоплукаат се овде и повторно да се објаснуваме. Не вреди, стварно веќе. Се вртиме во круг. Наместо тоа може да се задржиме на делење информации во темава за војната и сите последици од истата, да ја следиме и мониторираме состојбата и да дискутираме како тоа се рефлектира на светот, а посебно на нас овде во Македонија.
Искрено и мене ми се смачи да го вергламе истото пак и пак, поготово кога знам дека џабе им се побиени ставовите, утре ќе се вратат и пак истото ќе го пишат. Не им е дојдено до тоа аргументирано да дискутираат, туку да си го постигнат дневниот квантитет на постови со про-западната реторика. Ама знам дека темава е читана буквално од цела Македонија и не можам да се воздржам, а да не реплицирам на сеење лаги, пропаганда или пак ширење на реторики да го заплашат народот овде "леле, готово, Македонија е следна". Од овакви лаги со сестра ми со часови зборував зошто беше крајно уплашена дека Путин ќе не нападне следно нас или дека ќе има нуклеарна војна. Не знам зошто воопшто администрацијата дозволува овакви деструктивни ставови да се шират овде за да се јавува страв и параноја. И на фејк вестиве и сликичкиве како оваа денес пример дека бил разрушен трговскиот мол во Украина, не можеш а да не одговориш дека во тој мол е складирана муниција, артилерија и се наоѓала украинската армија од каде што пукале. Затоа е уништен. Треба да бидеме објективни, а не да делиме лажни вести. А знаеш колку има интересни теми за кои може да дискутираме? Витамина е секогаш убаво да се прочита со искуството на бегалците во Италија. Интересно е да се дискутира за каков импакт ќе има во Европа ако дојдат уште 5, 10 милиони. Чешка пр. изјави дека капацитетите им се фул и не можат повеќе луѓе да згрижат. Германија денес склучи договор со ОАЕ за продажба на гас. Од друга страна ОАЕ и СА одбија соработка со САД склучи С.Арабија договор со Кина за продажба во јуани, со што дефакто го заобиколија петродоларот. Денес повторно беше уште еден штаб со платеници гранатиран во западна Украина и починаа преку 80 странски војници. Во Херсон народот се крена на протест и беше растеран со димни бомби и пукање рафали во воздух. Две лица се полесно повредени. Ама ај оди дискутирај за ова кога се вртиме во круг...
Сликата со молот не е никаква лажна вест. Можеш до утре да обвинуваш дека постирам лажни вести а еднаш не се јави со доказ дека тоа што го постирам е лажно. Еве уште неколку лажни вести. Лажни вести се пошто не се про руски од руски телеграм канали, тоа ми е јасно.
Буквално пред две страници ти реплицирав со целосната слика за Молот и зошто беше гранатиран. И снимка имаш, и слики имаш од Град системите и останата артилерија како е складирана таму и пука. Не знам што очекуваш во војна да се гранатира, ако не воени цели? Ставав инаку јас вести за гранатирање на цивилни објекти од руската армија, и видеа со цивилни жртви, од Киев, од Харков... Не ги виде? И од Доњецк ставив што украинската армија ги гранатираше. И денес гранатираа повторно и покрај цивили, беа убиени и репортери од Кина. И Мелитопол го гаѓаа со Точка У ракети, 4 цивили починаа каде што удри ракетата во зградата. Има еден тон исповеди од Мариопол како биле држени како жив штит и убивани жителите од страна на Азов. И за тоа ставив линкови. Ај да речиш русите се агресори, па гаѓаат цивилни објекти, а зошто гаѓаат Украинците? Свои луѓе убиваат. Малку абсурдно, нели?
Виде некој Азов и територијалната одбрана шо прават во Киев? За било кој шо им е сумљив го врзуваат за бандера им ги соблакаат панталоните и ги тепаат со што стигнат. Стотици луѓе. Дури и на жени! Крајно понижување на обичните граѓани и изживување над нив. Да не ставам линкови, ептен е вознемирувачки. Само ми е смешно дека некој не коментира дека азов и паравојски ги лишуваат сограѓаните Украинци од основните човекови права.
Океј, не е лажно. Ама еве, по твоја логика, моловите се бомбардирани додека Украинци и туристи нормално си шопингувале, а внатре имало вработени у втора смена за време на војна? И Русиве им рекле ние неаме McDonald's, вие имате, ќе ви го пукаме сеа, од љубомора. Или училишта се бомбардирани додека учениците во време на војна одат секој ден на училиште? Не, туку на овој начин се бранат Украинските војници и Азовците, на тоа е толку горд Западот.
Не мора Македонија да е следна, и не плашам народ, ама ако така „запалуваат“ држави со 44 милиони, што не чека нас. Ние неповикани се силиме. Ај сега да ни речат „чекај бе, па двојазичност има ли во Берово, има ли таму преведувач, а ветивте, ајде сега ќе војуваме, не почитувате закони“. Замислете, плус ова е јазик различен од нашиот, не како руски и украински. Ич не го бранам НАТО. Лажни вести вести сигурно има, ама па кој договор во светот се почитувал во целост, па и Минскиот договор. За Косово и Република Српска, Каталонија на пример, едни правила, а за Украина други. Тоа што Русија свесно населувала руски народ во Украина, сигурно било плански и се гледа дека е. Не оправдувам никакви населувања на народи, со цел некаква контрола на територија во иднина. Не за сепаратизам. Па и давале државјанства. Па исто како Бугарија што ни прави нас, па сега ни бара 120.000 Бугари да види во Устав. Јас видов еден куп коментари на ФБ дека „Украинките морале нешто да работат“, а се зборува за проституција, тоест макроа ги поведувале, народот македонски се радува „Путин ќе правел паштета од Украинците“, па „требало да го силуваат Кулеба“. И ќе се радувам, како тоа Путин имал многу војска, ќе паѓам во несвест. Па нормално, огромна држава. Црна Гора и Србија имаат напнати односи неколку години, а по вашава логика, треба да владее посилниот, па веројатно мислите дека Вучиќ треба да ги избрише Црногорците од лицето на земјава, да им објави војна, и така има таму 31% Срби кои немаат никакви загарантирани права и да ја спои Црна Гора со Србија, оти „тие ја создале“. По вашите тврдења така треба. Нас и со паника и без паника, црно ни се пише. Не мислам дека Путин нас ќе не нападне, не му значиме „толку многу“, ама еден дрон да ни пуштат како тој во Загреб, и да запали една зграда, за загинат 10-20 цивили, ќе биде проблем.
Се зачудив, како можат Украинците во срцето на Украина, Киев да си чуваат ракети. Мислам преседан. Ок ќе беше да ги истрелале во некој руски град. НАТО не убива ни во Украина, ни во Русија во моментов, туку Путин убива во Украина. А кој се побуни нешто против Путин, затвор. Демократ нема што. За што се бореле Украинците? За себе, своето семејство, државата. Утре ако ви дојдат војски на врата, веројатно ќе се преселиле во соседниот контејнер и ќе ја оставите куќата, станот кои едвај сте ги стекнале или уште ги отплаќате. Стара селска финта е населувањето на народ во соседна земја, со цел команда. Во 2001 загинаа 100 луѓе за да денес Македончето се сити на насилници, и узурпатори на територија. Само НАТО, Запад па Запад. Задник ги боли и НАТО и Западот за Украинците. Па колку ја глорифицирате таа лажна и скоро непостоечка врска, само да се оправда Путин. Тие што војуваат и вака се однесуваат, и каде се живее под диктат, ни за 100 години нема да личат на Запад.
Еве ги овие, москва пред неколку дена им се закани, океј, петти пакет санкции за русија за да ја ослабнат руската економија, значи пред неколку дена имаа јака закана од русија, руски рулет ова. И нормално дека сите не фаќа страв, некако ми изгледа се ова како провоцирање, какви вести има провокаторски тоа чудо, човек за глава да се фати. и сега што праиме со заканите од русија? @Billy Idol еве и овој денес се појави провокатоски говор, да ја замислиле џенова со ракети и слично како би била бомбардирана и такви ми ти ствари тоа се случувало во мариупол, и што? Ние сме криви ? Зошто треба да ја замислиме џенова бомбардирана не ми е јасно Мислам стварно не знам што е целта за ваквите говори. Одоздоле еден куп коментари против зеленски нормално. Не знам што очекува да кажеме, да зеленски, џенова можеме да ја замислеме бомбардирана или што не знам стварно што е целта на ваквите негови говори?