Русија ја бомбардираат или Украина? сеа како гледаат да испрофитираат.А нас нѐ нема ни на Шангајска веќе.А руски универзитети има 9…
Неверојатно е колкава сила имаат овие луѓе, политичка, милитарна, поддршка од западот... Не случајно е покренат овој нацистички покрет во Украина и инсталирани се овакви нацистички структури низ сите украински институции. Баш пред некој ден читав дека единствено немале пристап до ПВО и артилеријата не им била достапна, па и се заканиле на украинската армија да им даде Точка У и Град системи. Чудно е како западната пропаганда гледа на секој начин да ги испере и бришат се поврзано со нацизам од нив. А во меѓувреме на СНН интервјуа прават со водачите на Азов. Википедија пред војната, и сега: @lovestoneddd извор некаде дека е пропаганда и доказ дека е спротивно?
Друга тема ти е Шангајска листа. Таму никогаш немало ниту еден Универзитет од земјава. И нема ни да има. За да имаме треба еден Нобеловец да има од Македонија, а нема. И треба многу пари за истражување да вложуваме како држава. Арно ама ова за тие што студираат во Русија ич не е наивно. Заради проблеми со префрлање пари и слично може да останат студентите без пари таму. Заради различни работи може да не им е пријатно таму. исто како што на пример на Руски студенти во моментов не им е пријатно во ЕУ (предрасуди, недостаток на средства - не можат да подигнат пари и слично). Војна не е само оружје. Другите аспекти ги погаќаат сите.
Да бараш доказ дека Русија не е агресорот е исто како ботовине религиски што бараат доказ од другиве, дека бог не постои. Иста српска реторика со руската од 90тите. Соседите им сами се напаѓале, уништувале домови и бегале по други држави из чистога мира. Они отишле само едно здраво да кажат. Катастрофа сте русофилите т.е путинисти.
Не, јас се изјаснив дека Русија е агресор, што има да барам за тоа доказ? Барам дека Азов не е тој што убива, држи за жив штит цивили и им се заканува со смрт. Пошто, ти тоа го нарече дека е руска пропаганда, а ставивме преку 20 видеа со сведоци од Мариупол кои кажаа што се случувало и случува таму. Каде ти е доказот што ги браниш овака нацистичкиве батаљони? Или во недостиг на докази кога некој објективно ќе ви ја побие про-нато пропагандата што ја ширите овде ќе почнете да лепите етикети и вреѓате. Веќе видено, и ништо ново. Бетер од религиските ботови сте. Они бар веруваат во тоа што го бранат.
Паљачо. Толку. Гајле му е дури му умира народот си прави тимс разговори да прибира аплаузи. Некад толку ми личи на политичар од Македонија земен таму.
Чим постираш некој доказ поврзан со Азов, под дифолт значело дека со тоа потврдуваш дека Русија не е агресорот и ја браниш. Wow, каква логика.
Дали некој видел видео од почести на погреб на некој загинат руски борец во Украина? Го има ли некаде Путин како е меѓу војницие што ги праќа на фронт, ракување, посета на ранети војници во болница, сочувство на мајки на загинати војници?
Не е за смеење, ама се пресмеав на ова. Хахаха, знам дека темава на е за вакви работи, ама најсоодветно е тука.
Не бе па ти, си имаат они пул со таквија, само по потреба ги вадат и ги распоредуваат по држави. Ќе почнам да мислам дека се вонземјани што ни ја киднапирале планетата со ваков поредок, и си играат к..-ташак јер инаку досадно им е
А на што да го сведиме кога ме цитираш дека луѓето што биле држени за жив штит, малтретирани, уценувани и убивани од Азов било руска пропаганда? Како може овакво нешто да кажеш при толку докази, а немаш ниту еден доказ да го порекнеш? Пропаганда ли е тоа што 19 луѓе починаа во Доњецк при ракетирањето на Украинската Армија? Сите ги видовме снимките, ни се отпревртеа цревата овде од гледање на тела на починати деца, жени... Луѓе, обични во град што шетаа, тие беа таргетирани, не милитарни објекти, не војници, туку луѓе, обични, во обичен град каде што нема војна. Во истата држава, своите луѓе, Украинци. 4 умреа по удар на ракета во Мелитопол од УА. 4 Украинци! Ова е како некој од Скопје да го гранатира Куманово. Па вакво нешто е невидено до сега во историјата. Свој народ да си тепаш, свои луѓе да користиш за жив штит. Терористи овакво нешто не прават. Во ОН се разгледуваат случаите да одговараат за човечко злосторство. И ти ова пропаганда го нарекуваш или животите на обичните луѓе се небитни ако се убиени од Азов? Ај на што да го сведиме тогаш муабетов ако не на Азов? Да ги браниме нив и да ја напаѓаме само Русија?
Se slagam so tvojata teza I mislam deka AKO Azov koj I da se namerno koristat ziv stit e katastrofalna za toj narod. Tie treba da odgovaraat pred sud xavoeni zlostorstva. Verojatno ima pozadina zosto toa go pravat I Ukraincite toa javno da go kazat.ili se platwni od zapadot no toa nikoj ne bi go opravdal. Da ima vina I Rusija Sto napagja inajdobro vo interes e Dane se idovlekuvat razgovorite megju Putin I Zelenski.ako sakaat da nemavojna.m
Путин им наложил на ЕУ да плаќаат гас и нафта во рубљи. Што би значело ова од економски план за ЕУ и поготово САД со овие нови договори да се плаќаат енергенсите во рубљи или јуани како што договорија СА и Кина. И рубља-рупии помеѓу Русија и Индија. Дали ова ќе значи пропаст за петродоларот? На еден друг форум, економист предвидува тешки времиња за ситуацијава, посебно за еврото и доларот. Не знам колку има вистина во неговата анализа и што ќе следи, ама ќе ја ставам во спојлер, па кој е поупатен може да каже нешто повеќе. Spoiler Па Европа и САД ќе мора да дојдат некако до рубљи. Во нормални услови тоа би значело поголем извоз во Русија на роба за да добијат рубљи кои после би ги искористиле за да купат гас и нафта. Е сега зошто забранија какви било финансиски и економски врски со Русија, тоа би значело дека САД и ЕУ ќе мора да купат рубљи од трети земји ( Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, итн.. ) кои извезуваат роба во Русија за после со тие рубљи да го купат гасот. Ова ќе доведе до поголема економска размена на овие трети земји со Русија и нормално зголемување на вредноста на рубљата. Е сега се јавува еден екстра проблем, а тоа е дека Русите воопшто не увезуваат многу.300 милијарди годишно им е вкупниот увоз, наспрема извоз од 400 милијарди. А и од тие 300 милијарди увоз скоро 60% одпаѓаат на ЕУ и Америка. Увоз кој сега ќе биде прекинат. Па така ЕУ и САД ќе мораат да најдат рубљи за некој 200+ милијарди евра увоз на суровини, а сите преостанати извозници во Русија немаат обрт поголем од 120 милијарди годишно. Ова ќе доведе до експлозија на вредноста на рубљата, а ако направат слични договорри и со Индија и со Кина + трговија на валути. Многу набрзо може да почнат и некој други сојузници како Венецуела на пример да почнат да ја тргуваат нафтата за рубљи ( може и рубљи подкрепени со злато). Ако и Саудиска Арабија и Емиратите почнат пак да ја продаваат нафтата на Кина за јуани или некоја нова валута дали дигитална дали подкрепена со злато, тоа би било катастрофа од епски пропорции за Америка и последователно за ЕУ. Има да почнат од цел свет да им се враќаат доларите назад во Америка и еврата во ЕУ што ќе почне таков циклус на инфлација и после хипер-инфалција, што на Венецуела и Зимбабве инфлацијата ќе изгледа како шега. А Американците се толку заглавени во долгови ( скоро 50% од буџетот годишно им се состои од позајмици) и зависни од кредити со каматни стапки од 1-2% што ако ја дигнат каматата ситуацијата набрзо ќе отиде комплетно во аут. Целиот државен буџет ќе им оди на одплаќање на долгови. Моментално плаќаат 450 милијарди долари годишно само во камати на каматна стапка од 1.4%. Буџетот им е 6.6 трилиони долари од кои 3.3 трилиони долари се ПОЗАЈМИЦИ. Значи имаат приходи од само 3.3 трилиони долари. Они веќе имаат "официјална" инфлација од 7%, иако реално е најверојатно 20%+. Дури и со официјалната инфлација да се справат би значело дека треба да ги дигнат каматите на 8%. Или тоа би значело дека ќе треба да плаќаат по 2.5 трилиони долари или накратко целиот буџет скоро што е невозможно. Е сега видите колкава треба да им биде каматната стапка за да се справат со реалната инфлација + инфлацијата која би се појавила од дотурот на долари од целиот свет назад во америка. Тука збориме за трилиони долари. Најверојатно каматната стапка ќе треба да биде 50%. А тоа не е возможно. Грешките се веќе направени и нема излез од оваа ситуација.
Ме мрзи да ја читам анализата, еве моја- кога има побарувачка за рубља, ќе јакне валутата А гледам ептен им се сака да ја рашират војната по цела Европа,нив им се плаче за војна, мене ми се плаче од војна
Дали тоа не советуваш да си купиме рубљи со време додека се евтини? Франците што ги испуштивме, ги испуштивме. Бар овој бран да го фатиме?