Ништо не советувам, и ништо нема да фатиме. Во мое село рубљи се забранета валута, нит се купува нит се продава. И онака не е ова игранка за малите, ова е војна на сите нивоа, за големите. Почнете да садите жито, тоа е ваљда полесно. Или во краен случај, компири.
Аууу, каков шах-мат е ова. Затоа Амерот е полуден, како не би бил, ќе го ничкосаат тоталка. Не знам како би испливале во ваква ситуација, ваков предизвик немале мислам откога постојат. Трамп дури беше во мандат изгледа ја насети работата накаде иде, па затоа си го гледаше само сопствениот двор, не се осмели да погледне накај истокот, а не пак да ровари пред туѓи врати. Вујко Вања излезе велемајстор во "играва". Туку, ние овде како ќе испливаме? До кога реално Европа може да издржи со санкцииве што ги наметна?
In 2015, New York Times Calls Ukraine's "AZOV Regiment" Openly Nazi; Today NYT Calls Same Regiment "Far Right"
ДОКУМЕНТИТЕ НА ВИКИЛИКС ОТКРИВААТ: АМЕРИКАНЦИТЕ УШТЕ ОД 2008 ГОДИНА ЗНАЕЛЕ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ВОЈНА (ВИДЕО) Извештајот на поранешниот американски амбасадор во Москва од 2008 година, објавен од Викиликс, покажува дека САД биле и тоа како свесни за последиците што може да ги предизвика членството на Украина во НАТО. Извештајот го напиша поранешниот американски амбасадор во Москва Вилијам Барнс на 1 февруари 2008 година, по изразената намера на Украина да бара Акционен план за членство во НАТО. Тој покажува дека американската страна била целосно свесна за сите можни последици, вклучувајќи го и избувнувањето на војна, во случај да не се почитуваат интересите на Русија и нејзиното противење на проширувањето на Алијансата на исток. По благата прва реакција на намерата на Украина да бара Акционен план за членство во НАТО (МАП) на самитот во Букурешт, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и другите високи претставници го повторија силното противење, нагласувајќи дека Русија ќе гледа на натамошната експанзија кон исток како потенцијална воена закана, се вели во неговиот извештај. Понатаму се наведува дека Украина може да се подели на два дела, што би довело до насилство, па дури и до граѓанска војна, што би ја принудило Русија да одлучи дали да интервенира. Брнс јасно наведе дека Лавров на 22 јануари 2008 нагласил дека Русија мора да гледа на продолжувањето на проширувањето на НАТО на исток, особено на Украина и Грузија, како на потенцијална воена закана. Лавров истакна дека одржувањето на руската „сфера на влијание“ во соседството би било анахроно и призна дека САД и Европа имаат „легитимни интереси“ во регионот, но исто така рече дека Украина и Грузија мора да го имаат в предвид влијанието на нивните одлуки врз соседите. Лавров потоа нагласи дека Русија е убедена дека проширувањето на НАТО не се заснова на безбедносни причини, туку на наследството од Студената војна и дека „растечкиот тренд е новите членки на НАТО да прават и да кажуваат што сакаат, како што е обидот да се ревидира историјата и да се величи фашизмот.“ „Радикалното ново проширување на НАТО може да доведе до сериозни политички и воени промени кои неизбежно ќе влијаат на безбедносните интереси на Русија“, рече тогаш Лавров, нагласувајќи дека Русија е обврзана со Договорот за пријателство со Украина од 1997 година и дека двете страни се обврзале „да се воздржат од учество или поддршка на каква било акција способна да ја загрози безбедноста на другата страна“. Лавров тогаш рече дека „веројатната интеграција на Украина“ ќе ја принуди Москва да „преземе соодветни мерки“. Во врска со изјавите на Сергеј Лавров, амбасадорот Барнс во својот извештај напиша дека НАТО аспирациите на Украина и Грузија не само што и штетат на Русија, туку предизвикуваат сериозна загриженост за последиците за стабилноста во регионот. „Експертите ни велат дека Русија е особено загрижена што силните поделби во Украина поради членството во НАТО, во кои голем дел од етничко-руската заедница се противи на членството, може да доведат до големи поделби, насилство или во најлош случај граѓанска војна. Во тој случај Русија би требало да одлучи дали ќе интервенира, а тоа е одлука со која Русија не сака да се соочи,“ пишува меѓу другото во својот извештај поранешниот американски амбасадор. ЛИНК од видеото каде можете да ги погледнете доказите на Викиликс!
Како што ви е жал за засекогаш изгубеното детство на децата што се кријат по подруми од војната, треба да ви биде жал и за тие што ги соблекуваат на бандери, ги фарбаат плаво/зелено и ги тепаат. Или и тоа е руска пропаганда и оправдување на војната?
Во Бердјанск гранатиран и погоден руски брод со Точка У од страна на Украинска Армија. Copy - Paste А нас не примораа да капитулираме и да се сложиме на сите бугарски, грчки, албански и какви се не услови. Име ни сменија, знаме ни сменија, историја ни сменија... Војна ни направија и не само што никој не гукна, туку и странските медиуми беа, и се против нас. Едното агресија, другото демократија. Двојни аршини?
Многу ме интересира за вторава слика шо ќе речат сите шо плачат за Украина сеа. Ај баш да видам, ја и уште 2 членки се разтрубивме овде од зборење. Ќе кукам ја за Украина, а за нас никој не кука.Жал ми е шо им се дешава, ама на тоа останува кај мене.Како шо за нас немаат милост и сочувство, неам ни јас за другите. Дур го читав текстов за нас, очиве сто пати ми отидоа позади, чекај да се мавнам да се наместат
Што ќе речат кога они ги поддржаа договорите со Преспа, овој со Бугарија и промена на името. Сега ќе дојдат пак и ќе стават линк како со донација на УСАИД поправиле кров од некое училиште во Брвеница. И дека треба да сме среќни.
Мене ми е нејасна улогата на НАТО...освен што разгоруваат омраза меѓу соседни држави ,сејат смрт надвор од сите меѓународни рамки и крадат ресурси, нивната улога е и уништување на независноста на државите. Со распаѓањето на Варшавскиот пакт,беше логично да се распадне и НАТО. Немаше да се случува денес сето ова,сета оваа омраза меѓу блиски и сродни народи.
Ај да објавиме нешто додека го чекаме Зеленски и денес да кажи за кој е, дали за Американците или за Русите, оти изгледа на која нога станва таква одлука и носи.
Леле значи санкцииве еј. Конечно почнаа да делуваат како никогаш досега. Каков бумеранг! Ги исклучија од swift и што мислеа дека ќе биде резултатот. Па секако, шах - мат! Скроз логична последица за такви санкции од екстремни размери. Си ја свртеа Русите играта и вредноста на руската валута рипна само со најава. ЕУ си упуца во самата себе. Сега не знам, ќе си ги заобиколат сопствените санкции или како. Да видам како ќе ги исплатат нафтата и гасот. Иначе нема за поевтина цена од руските. Да научат прво шах да играат. Која им е реакцијата, живо ме интересира. Како и да е, сериозна економска криза на повидок, (можеби војна е правиот збор) последователна инфлација, масовна невработеност. Нека ја пролонгираат уште војната и нека закачат уште по некоја санкција на самите себе. Да потонеме сите комплетно, ама со стил и јасна порака - долевање за мир! И имам едно прашање, како е можен референдум во услови на војна? За Зелениот прашувам.
7 март: 1 долар = 139 рубљи 24 март (откако Питун објави дека гасот ќе го наплаќа со рубљи): 1 долар = 98,5 рубљи Ова е разликата помеѓу добро промислени санкции и санкции од типот на цензурирање на Јуриј Гагарин. Ај по милионити пат да разјасниме, не се дивам на Путин. На Русија ѝ требаа недели и недели за плански да ја осмисли санкцијава (сигурно има повеќе санкции под ракав кои ги планира ама не избрзува да ги објави). Нашиве прв ден откако почна војната се истрчаа ко прле пред магаре - нема веќе патлиџани за Русија. Само посочувам дека не е поентата да се лупнат ретардирани санкции и да се подмочува од среќа како Русија ќе пропаднела и онака била бедна држава. Ќе видиме уште колку ќе се крева рубљата во наредниот период и кој ќе зајакне уште повеќе, а кој ќе остане со прстот во уста.
Е? Мислам референдумот е за да не прифати капитулација . Абе што ви е, нема капитулација, уште не е ни почнато ова, нели планот е со години да трае? Војна до последниот украинец, ако треба и до последниот источноевропјанец, се дури Путин не падне, this way or another...
Абе и ние нејќевме да влеземе во НАТО, ама влеговме Ептен борбени ова Американците не се даваат, изгледа стварно ќе се борат до последен Украинец