Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Овие нафта пијат, буквално :drunk:
     
    На monpan, KateKane, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Ганџа свуда ганџаа, ганџа свуда ганџа.
    Сакам кажам, не знам речам.
    Абе нас од Фемина да нѐ стаат политичари, поарно ќе е.Овде ќе се договараме шо Че праиме
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Претседателката на Европската комисија ќе бара од Бајден да ја снабдува ЕУ со плин, за да не дава пари на Русија во наредните 2 години.

    Само строго, ако треба ќе банкротираме, автобуска карта Скопје - Куманово ќе плаќаме по 5600, само да не зимаме нафата од Русиштата.
     
    На Amellie13, marchi-cool, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.081
    Пол:
    Машки
    Еве ја и Г-ѓа Урсула. :)

    [​IMG]

    @Feminka22 , одбивам да верувам дека не промислиле на ова кога беше толку очигледно што ние тука, лаици, го прогнозиравме пред 2 недели. Ама во какво општо бунило се со изјавиве и потезите, не ме чуди и да не очекувале овакво нешто.
     
    На Waverly Raven, Amellie13, sonuvana и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Гледав снимки од Марипол. Изгледа како Вуковар. Страшно што се случува со Украина. Се држам до мотото no brothers wars. Во овие тешки времиња треба да се игра паметно, да бидеме на земја, а не да се залетуваме како шарлатани, па после како Бугарија да молиме за гас.
     
    На daylight и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    А сеа молат за житото а хахахахаха
    Нестабилни се жими се..
    А намерно неќат да седнат и да напраат договор.Ја не знам како НАТО и Крим му се побитни од луѓето.
    И ние така напраивме со Рамковниот.Капитулација.
    Немаш средства, неќеш народт да ти гине, ќе се повиниш шо ќе праиш.
    Мрзам да ми кажува некој шо да праам, и тешко почитувам авторитет, ама на душа да носам милион и кусур луѓе на душа? Не фала.Или ќе отстапам од функцијата, ако веќе до толку сум егоист.
    За к ќе им е после НАТО на сите шо изгубија роднини и пријатели у војнава.Кузнае колку години ќе се реставрираат градовите, Русиве се крајно одлепени, сол ги напраија.
     
    На sonuvana, Billy Idol и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.139
    Пол:
    Женски
    Доста мори Русофилке една!!!!

    Јас што сум дупка со економија и политика, значи нема поголемо тенџере од мене за овие две теми, знаев дека ќе не ебат у гз со ова што ем пуштаат оружје за Украина, ем не превземаат ништо, туку само лупаат некои санкции наместо да седнат и да се договорат.

    Будали не правеа овдека кога косата ни побеле првите денови, страници се изнапишуваа кај што се објаснуваме зошто војнава е ужасно нешто што можеше да се задеси, ама не, ова ко RedAlert 2 да игравме, па ај чија база е појака, дали Американската или Руската.

    Не ебаа у гз без лубрикант и тоа. А ние ништо не направивме буквално, како црнци рмбаме оти овие не знаат да се договорат.
     
    На green.eyes, Waverly Raven, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Бугарин

    Бугарин Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали мислите дека војната во Украина ќе заврши до 16-29 октомври?

    (за 60-годишнината од кубанската ракетна криза)
    https://en.wikipedia.org/wiki/Cuban_Missile_Crisis
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.430
    Допаѓања:
    90.777
    Пол:
    Женски
    Навиваат нашиве на фејс исто ко и тука,ете Путин наредил плаќање во рубљи и е најсилен преЦедник на светот,не тоа другиве што ја продале душата на Сатаната.:rofl:

    Во меѓувреме додека нашиве се радуваат на продавање магла на Путин русите имаат отворени девизни сметки каде примаат $и € за плинот.
    Не ги затвори султанов.
    Среќа во Европа не се толку глупи колку што ги мислеше.
    А покрај толку русофили уште другаров бугарофил фалеше.(facepalm)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Баш денес, италјанската амбасада во белград била осветлена со украинското знаме, кога, нато ја бомбардирало србија на денешен ден FED70D63-BC61-45BA-AD00-46C35721621F.png
    Е претходно ја немаа осветлено.

    коментарите од италјанциве се дека немаат мозок нивните италјанци што прават, загубиле секаква свест и совест, ги плукаат политичарите и се прашуваат зошто баш на овој ден е осветлувањето.
    Искрено ме изненадија италјанците што пристапија така одбранувачки спрема белград за овој ден со коментари дека дали се сеќаваат на војната во белград на денешен ден.
     
    На Feminka22, sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Почна да се исплати трудот на Зеленски за Нестле чоколатцата!
    Сигурно му е полесно сега.

    Nestle објавиле дека ја запираат продажбата на некои од своите популарни производи во Русија, вклучувајќи ги KitKat и Nesquick. Тие додаваат дека нема да заработуваат, ниту да плаќаат данок во земјава, туку дека ќе продолжат да ги плаќаат вработените во Русија.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Многу држави во Европа се комплетно зависни од руската енергија. Процесот за друга алтернатива, ниту е брз ниту е едноставен. Ќе ја делиме истата економска болка со Русија, ако не и полоша, поради прилично промислен потег и сите останати последици од војната на економско ниво.

    Економска војна, која може да биде почетокот на крајот на доларот. Нов мултиполарен поредок, кој би можел да го стави крајот на доминантана моќна структура во светот, американската империја. Може личи безначајно, ама намерата е скроз домино ефект и економска декаденција на сите нивоа.

    Ако Русија не добива платежни средства од Европа и престане да снабдува, тоа би значело уште поголема инфлација и можна рецесија во Европа и светот. Кој при здрав разум се радува на ова и навива? Воопшто не ни е во корист. Ова е најбруталната економска криза која можеше да ни се случи. Алтернативата на ова е отворена светска војна. Пред која стоиме од пред еден месец.
    Ги сеќавам твоите радосни коментари, пишувани во најголем елан, како паѓа руската валута, дека ќе не можат ни млеко да купат со платата. Нема тука ништо за радување. Тој народ не е виновен, за да ја плаќа цената на дегенерираниот наративен конструкт за војна и конфронтација меѓу големите сили. Не знам во која серија на Нетфликс си уфилмана за падот на Русија, кога цел свет го допре дното! Целосно си несвесна за последиците.
     
    На green.eyes, Konfetka, Waverly Raven и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Мислев на воените услови. Треба да прекине огнот од двете страни. Тие еден коридор за евакуација влечеа неуспешно. Исто така, притисок за дипломатско посредништво, а не референдум и тоа во услови на војна.

    Во врска со референдумското прашање, мислам дека е целта друг наратив. Бидејќи фокусот никогаш не бил на дипломатски преговори. Туку е насочен на касата за воена индустрија. Многу добра логика иначе, ама се плашам дека дека ќе спакуваат воено пролонгирање во ваков конструкт.

    Да се допишам новини. НАТО ќе влезе во директна конфронтација под еден услов, ако се употреби хемиско оружје од Русија. Сакам да кажам, ако сакаат војна, можат и ова многу лесно да го спакуваат.
     
    На Waverly Raven, Feminka22, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    Или трета опција- знаеле,само се прават на тошо и има нешто што (мислат дека) можат да добијат од овa.
     
    Последна измена: 25 март 2022
    На Feminka22, sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.350
    Допаѓања:
    190.238
    Далеку е дното, уште не сме ни почнале да паѓаме.
    Сега лето иде, од есен ќе видиме колку е саатот:o:. Без греење, без храна, не знам на кај тераме:|
     
    На JuLleE, sonuvana, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Во економски колапс со еден резултат, многу висока инфлација! Ударни бранови на високи цени за секојдневни производи. Што поради ограничен број, што поради отежнат или оневозможен транспорт. Енергетска криза, намалено производство, зголемени цени. Гас, нафта енормно нагоре и дали ќе има навремени резерви.

    Мислам дека најлошото е што од Украина, Европа буквално, во правата смисла на зборот јаде леб. Некои држави се и целосно зависни од Украина. Санкциите кон Русија, посебно ја погодуваат Европа. Плус земјите од Источна, поради изолацијата на Русија, ќе имаат екстремна стагнација на економскиот развој. Можно е и еврото да изгуби на вредност.

    Русија има што да понуди и ќе најде начин. Може да направи договор со Кина, не знам, Индија, Пакистан. САД исто може да се извлечат, а што ќе прави Европа. За се ова ќе плати обичниот човек. Не знам, тонеме сите комплетно. Се чудам на народов што навива и аплаудира на санкциите и оружјето. Со секој нов изминат ден од војната, цената станува се повисока. Прво во човечки животи, а после економски! Не знам ни дали питачки стап е правиот збор. Дали има подоле од ова?

    Сепак, многу повеќе ме плаши ескалација на меѓународно ниво. Еве не знам од каде им се сомневањата дека Русите ќе нападнат со хемиско оружје. Донесоа одлука дека ќе си земат за право да интервенираат. А има решение, се вика дипломатски преговори.
     
    На green.eyes, Konfetka, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.350
    Допаѓања:
    190.238
    Индија веќе пројавува интерес8-|
    https://www.voanews.com/a/6493140.html
    Тие земјите што се држат по страна не се баш небитни, пола светска популација живее таму. Путуј Европо...:|

    ....Е, има ново. Може ќе се договорат во биткоини да си плаќаат.
    https://www.cnbc.com/2022/03/24/rus...ayment-for-oil-and-gas-as-sanctions-rise.html
    @Billy Idol фати се за новчаник(facepalm)...
    Уствари чекај (како што читам вести, си го апдејтувам коментаров)(facepalm)... тадааам. ..сад и еу потпишале дека амерички гас е патот кон светла иднина:party:...ако може да му се верува на сител:?: https://sitel.com.mk/sad-i-eu-potpishaa-za-snabduvanje-so-gas-od-amerika
     
    Последна измена: 25 март 2022
    На orevokrsacka, Lianna Anna и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.081
    Пол:
    Машки
    Денес руското министерство за одбрана за прв пат даде извештај за операцијата и целите кои ги има Русија во оваа војна.
    Најбитната точка што ја кажаа е дека немаат во план да ја освојуваат Украина, ниту да влегуваат и да ги завземаат градовите, туку целта е да се освои Донбас и да се утврди суверенитетот на ЛНР и ДНР.
    И, првата фаза од планот им е завршена, а сега почнуваат со втора фаза.


    Мапата што држат под контрола изгледа овака:

    [​IMG]

    Исто така има и бројки за загуби на армиите.

    Починати се 1351 и 3,825 ранети од руската армија.
    Украинската армија пријавила 16 000 губитоци, од кои 7000 изгледа починати. (бројкиве ги земам со резерва)

    Има и секакви други информации за опрема што ја добиле Украина од запад, уништена опрема од двете страни, инфраструктура, број на војска во одредени региони, платеници, итн. итн.

    На кој му се чита детално, еве линк на англиски:

    https://eng.mil.ru/en/special_operation/news/more.htm?id=12414735@egNews
     
    На Waverly Raven, Feminka22 и sonuvana им се допаѓа ова.