Војна во Украина

Discussion in 'Политика и настани' started by RainBow, Feb 24, 2022.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Добро, ти знаеш ли што е Точка У систем воопшто или само тролаш на темава?

    30 луѓе се убиени од страна на украинската армија. Од нивен ПВО систем, они го користат, русите немаат таков, Искандер имаат.
    И тебе воопшто не ти е жал што 30 луѓе умреле, туку доаѓаш тука да шириш пропаганда и да ја окривуваш руската армија.
     
    M.B., Lianna Anna, deskarada and 6 others like this.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Еве ја и тракторијата на ракетата. Испалена е од украинското ПВО кон руските сепаратисти од ДНР, ама е пресретната во меѓувреме и фрагментите паднати се над цивилите.
    Како што реков, одбивам да верувам дека Украинците намерно ги гаѓале, туку дека се работи за грешка.

    [​IMG]

    Овакви украински ракети од Точка - У фрчат над Доњецк цело време. Преку 50 цивили починаа од нив.

     
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    Не ми е јасно зошто чувствуваш обврска да ме цитираш.
    И повеќе од очигледно е дека сме на различни страни во военава инвазија.
    Според тебе, русите имаат право да рекетираат, убиваат, силуваат, колат и палат украинци, само затоа што овие се дрзнале да сакаат подобар живот.
    Ги обвинуваш украинците и азови дека се нацисти, дека убивале руси во Донбас, сега дека убиваат украинци само за да ги обвинат русите. Според тебе, украинците се криви што русите така прават. Да не биле украинците вакви, и русите немало така да прават :drunk:
    И секој пост ти е оправдување на русите и обвинување на украинците.

    Според мене, украинците се во своја држава, пателе векови назад од руска чизма и сега попрво би умреле во војна отколку да се пак под руска чизма. Го имаа Јанукович, го кренаа на клоци. Не ги сакаат русите и точка. Со војнава нема никогаш ни да ги засакаат.
    Сега украинците се бранат од оркиве, гинат за таа слобода. Самоопределување е и јас тоа им го почитувам. Нивна држава, нивни правила.
    Ги жалам и украинските цивили и украинските војници кои самоволно или насила, се борат за својата држава да остане каква таква.
    А руските ич не ги жалам.
    Оти сами избрале да појдат во војна, да "денацифицираат" некој, да колат, да силуваат, да рекетираат ...
    Да крадат.
    Прост народ, силна држава.
     
    CameliaMiller and Cosmi like this.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Дали ги жалиш украинскиве цивили што починаа денес? 30 луѓе и 100 повредени од украинска ракета, за која ти тука ширеше дека е руска.

    И ќе те цитирам кога шириш пропаганда на темава и ставаш дезинформации.

    Доблесно е да се извиниш за нешто што си го пишала, а излегло дека не е вистина кога ќе ги видиш фактите, а не да те снема и по 2 дена повторно да пишиш некоја дезинформација.
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    А што, си ги закачи сликите од твитер демек еве доказ дека украинците рекетираат и ајдеее, вистина е тоа :rofl:

    Еве како ти перат мозок русите
    https://twitter.com/francska1/status/1512340125002440705?t=jNZjI2ElFHP0DUdY3Zfynw&s=19
    Убаво заслушај ги што зборат на националната телевизија (facepalm)

    Ааа да, не знаеш ни руски, ни украински.
    Е ќе чекаш субс :?:

    Според тебе, целово ова е големо местење на русите.
    Тие не ни направија инвазија на Украина :drunk:

    Неколку пати спомнав. Не дека и америте се цвекиња за мирисање, ама во случајов русите се лудаците кои се закануваат со нуклеарки на цел свет :fubar:
    Не ти е страв од нуклеарна војна?
     
    Ahoy and Cosmi like this.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Каква врска има ова видео со ракетата во Краматорск?

    Пропаганда има од двете страни, и тоа пуштена им е на најако. Ама овде ТИ ја поставуваш украинската пропаганда. И секогаш кога ќе поставиш, ќе те цитираме со докази дека тоа што си го поставила не е точно, како во случајов што постираше за Краматорск.

    Ако ти пречи да те цитираме, не коментирај, оти форумот е за тоа, за цитирање.

    Инаку не сум јас од кај Русите, како што можеш да видиш делам материјал за двете страни. Пример, вчера споделив видео од аеродромот Хостомел што го ракетираа Русите.
    Против вас сум што ширите НАТО пропаганда овде.

    И кој рече дека не разбирам Украински и Руски? Реков дека не зборувам.
    И разликите во јазикот им ги знам, Хостомел - Гостомел, Шо - Шчо итн. итн.
    Од 2014 сум упатен во војната, за разлика од тебе што пред месец дена не ни знаеше дека имало војна, а сигурно не знаеш ни на мапа да го покажеш Донбас.

    И кое е тоа местење на Русите дека не нападнале? Како може овакви работи да истресеш. Отвори уште во првиот пост пишав дека не ја оправдувам руската агресија.
    Ама, од тебе немам прочитано дали си против украинската агресија на Донбас. :?:
     
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    Епа ајде кажи за Јушченко штом знаеш, ама пред месец дена ко напишав пост со куп прашања, не одговори.
    Ти ако следиш од 2014та, јас следам од 2004та, кога почна портокаловата револуција во Украина.
    Ама тогаш ти беше малиша и поима немаше од политика.

    И дај зуцни нешто за Грозни, за Кадиров, за Грузија, за Авганистан 1979, Естонија, Литванија...
    Без гуглање и со лични примери :whew:
    Тешко а?
    Ама демек јас не сум знаела на мапата да покажам |(
     
    Cosmi likes this.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    За Јушченко кој во негово време беше признат нацистот Степан Бандера за национален херој?
    И имаше план за етничко чистење во Украина од Руси и Пољаци?
    Или за Тимошенко и бившиот претседател Порошенко во кое време почна да се зголемува нацизмот во Украина како Азов, Десни Сектор и другите?

    Па кажувавме де, и снимки постиравме од нацистичките кампови, и деца со оружје, и почитичарите како зборуваат дека секој русин ќе го истребат од Украина.
    Само не знам како затоа што пола украински жители се со мешани корени. :?:

    Така де, кажи си дека поддржуваш папет претседатели поставени од САД и НАТО кои го шират нацизмот, забраната на рускиот јазик и се залагаат за етничко чистење. :clap:

    Од друга страна ниту рускиот папет Јанукович не беше добар, ама барем имаше мир во земјата, иако беше крајно корумпиран.

    Ама еве оди прашај било кој Украинец што мисли за Јушченко, Порошенко или пак Тимошенко. А сега и за Зеленски, да видиш што ќе ти каже.

    И ние имаме две овакви партии кај нас што работат против интересите на државава де, и ја доведоа до ниво на питачки стап, поделена со рамковен договор, со преполна администрација, корумпираност, криминал и секако под команда од Кале.
    А и по твојата поддршка се гледа јасно зошто држиш страна. :)
     
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    Убав одговор, ми се допаѓа како размислуваш.
    Ајде сега кажи кој се обиде да го отруе Јушченко и зошто не успеа да го отруе :$

    И кажи кој ги финансира сепаратистите во Донбас и зошто ги финансира.
    И кој им дава оружје на сепаратистите
     
  10. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Joined:
    Mar 16, 2020
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    3,453
    Gender:
    Male
    Толку да бевте загрижени за Македонија можеби и од нас ќе станеше држава. Не се ниту Русите, ниту Украинците цвеќе за мирисање. Вистината е некаде на половина...
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Кој? Русите? Нема потврдено. Се е шпекулации. Како што е шпекулација за Борис Трајковски. :?:

    Не е ниту скриено дека сепаратистите во Донбас добиваат оружје од Русија.
    Како што сега не е скриено дека Украинската влада добива оружје од САД, Британија, НАТО. А зошто? За независност на Украина? За луѓето таму што гинат? За нив им е жал? Истите тие луѓе и земја што ги експлоатираа Бајденовци и им пуштаа вируси преку хемиските лаборатории кои се косат со човековите права?

    Или едвај чекаат Украина во ЕУ да ја примат како што едвај чекаа нас да не примат? Како беше тоа, уште името да го смениме, и ќе влеземе во ЕУ. :?:

    Каде си со осуда за зградата што ја запалија нацистите во Одеса и умреа 40 луѓе?
    Или насилно што ги задушија протестите во Мариупол, Харков, Одеса, Херсон, Краматорск во 2014 и ставија нацисти во локалната власт?

    Што ќе кажеш за сите невини жртви и деца преку 14 000 што починаа во Донбас од 2014 до денес?
    Знаеш дека уште ги бомбардираат со тие Точка - У што ти горе ги стави прво демек се руски?

    Прочитана ти е пропагандата. Ама терај, пак по 2 дена ќе се вратиш да ставиш некоја дезинформација и пак ќе те цитираме дека не е вистина.
    :)

    Жално само за сите цивили што гинат и се користат во пропаганда.
    Ако се починати од руска ракета, тогаш русите лоши, рашисти.
    Ако се починати од украинска ракета, никому ништо. :)

    Хмм, загрижени како тебе што ги нарече сите украински жени дека се к*рви кои едвај чекаат да отидат во Европа?
    Те памтиме и тебе друже кој подржуваш. :)
     
  12. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Joined:
    May 15, 2020
    Messages:
    399
    Likes Received:
    540
    Gender:
    Male
    Вака требаше да бидат загрижени кога се менуваше името.
     
    shiro likes this.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,155
    Likes Received:
    221,772
    Gender:
    Female
    Од мои извори жените едвај едвај чекаат да си заминат во украина.
    Сама жена со две три деца или бремена тешко дека ќе се снајде во европа сега вака со напливот оти за кого попрво.
    Малку посмирени се жените што имаат овде роднини, зборувам најблиски. Другиве тешко живеат, едни кај фамилии што секако не е удобно да се живее со месеци во туѓи фамилии, други во соби напикани со други 10.
    Ова вреѓањево толку рѓосано изгледа за жал.
    Колку лесни си ставама етикети значи на денешницава….
    Тешка осуда во секој случај.
     
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    Чекај сега, значи според тебе русите во Украина имаат право да добиваат оружје од нивната матична земја Русија и да војуваат со украинската армија? Да се отцепат?

    Па тие во Одеса знаеш кои беа и чии знамиња вееја? И дека и пред тоа имаше пресметки меѓу фудбалските хулигани и имаше 6 жртви во текот на денот.

    Твоето мислење ми е многу контрадикторно.
    Си за русите во Украина да се отцепат а си против албанците и бугарите да отцепат дел од Македонија.
    Или си за? :wasntme:
     
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Е ај да земеме тогаш по твоја логика да ја запалиме општинската зграда во Тетово затоа што се вее албанско знаме.
    40 луѓе починаа во тој пожар. 40 административци кои немаа врска со ништо. И ти тоа го оправдуваш???
    Као, во ред е, руско знаме вееле, ај да ги убиеме сите.

    ДНР и ЛНР не бараат отцепување, туку автономија во рамките на Украина. Бараат и да се симне оваа власт што ги убива, протерува русите со години. 14 000 Руси убија во Донбас. Знаеш колку деца и жени се од тие? Уште гинат, секој ден, од ракети од украинската армија. Во Доњецк неќни загинаа 24 луѓе. Ставивме овде и 18+ слики и видеа со растргани тела. Ги виде ли? Баш тебе те цитираа пред едно време со тие слики зошто негираше.

    Замисли ние овде да имаме политичари кои ќе се борат за чиста Македонија, јавно ќе говорат против албанците и како ќе ги убиваат, колат, бесат, затоа што тоа го правеа Порошенко и неговите во Украина.
    Замисли само да им го забраниме јазикот да го зборуваат албанците или да земеме да им го затвориме универзитетот во Тетово затоа што е на албански. Па знаеш што ќе биде? Ќе гори цела држава за 24 часа.

    Или пак, да фатиме да си ги гранатираме своите градови што направи Украина денес. 30 луѓе починати, 100 повредени во Краматорск. Колку од нив се Украинци? Колку Руси? И дали воопшто е битно што се по националност, луѓе се, цивили, жени, деца, кои не можат да избегаат од градот затоа што не ги пуштаат.
    Ги слушаше траорните искуства од Мариупол? Како жив штит ги држеа...
    Каде е тука конвенцијата за човекови права?

    Ама секако, светот е дволичен и не важи за двете страни истото. :)

    А, некако после доказите дека ракетата што падна денес во Краматорск е украинска не зуцна ништо...

    Лицемерие. :)
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,173
    Gender:
    Female
    Нема што да се отцепат, иако убаво ти објаснија дека не бараат отцепување.
    Секако со цела држава управуваат, нивна е, еве сега и устав ќе менуваат за поголеми права после пописот.
    Лека полека си ја земаа, со амин од САД и Западот, не само дел, цела ќе си ја лапнат.
     
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female


    Еве ти едно француско филмче за пред и по настаните во Одеса.
    Убаво се гледа таму кој е кој.

    Во Буча, Ирпин и другите градови масакрираа илјадници, ама ти си се фатил Донбас та Донбас.
    https://twitter.com/visegrad24/status/1512232396632039425?t=PKej7RnWKayOQC5W7qpD1w&s=19

    Ето, вика дека е етнички русин ама се бори за Украина. И тој лаже? За тебе сите лажат, само Путин е прав.
    А прав е оти прати 20 000 руси да загинат, додека "бранат" и "денацифицираат" во туѓа држава, спашаваат луѓе кои не сакаат да бидат "спасени".
    Во меѓувреме убија, заклаа и силуваа десетици илјади украинци кои што се цивили. Ограбија домови, бомбардираа болници и училишта, праќаат дома украдени ствари од украински куќи.
    Дури убива украинци, се заканува на цел свет дека ќе почне нуклеарна војна.
    Те прашав, не одговори, не ти е страв од нуклеарна војна што твојот љубимец сака да ја започне?

    И зш не гукна за Грозни и Кадиров :?:

    А кај е доказот?
    Дека ти пушти слика од твитер?
    Еве доказ?
    Како што ми пушташе линкови од википедија?

    _119811087_utkin4.jpg
    Лепотанов ќе го кажеш кој е?
    Ќе гукнеш нешто за 20тина илјади уапсени руси заради "протестирање против воената операција"?
    Заради забраната за зборување против војната?
    Имаш пријатели руси да ти кажат искуство како се живее во Русија?
    Или екс совиетски државички што сега се членови на еу и нато?
    Зошто сите ставови ти се градени од читање на проруски страни?
    Зошто толку ги мразиш натовци и америте, а живееш во нато држава?

    Кажав претходно и сега ќе повторам.
    Од овие две луди сили, Русија е полудата. И другите не се цвеќиња, ама овие ептен забегаа, заканувајќи се со нуклеарки на цел свет :drunk:
     
  18. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,093
    Likes Received:
    17,410
    Gender:
    Male
    Со бомбардирањето на Југославија нека почне судењето за воени злосторства, порача Захарова
    marija-zaharova-750x430-339181.jpg
    Реагирајќи на барањето на американскиот претседател Џо Бајден да се изведе претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин пред лицето на правдата за воените злосторства во Украина, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на апликацијата Телеграм напиша дека „повикот на Бајден за судење за воени злосторства е одлична идеја“.

    – Одлична идеја, нека почнат со бомбардирањето на Југославија и окупирањето на Ирак. Сè уште може да се најдат главните режисери на тоа што се случи во Сребреница, напиша Захарова, со очигледна алузија дека во Сребреница не се случил геноцид, иако има судски пресуди кои недвосмислено го утврдиле тоа.

    – И, се разбира, во Косово постоеше трговија со органи под маската на американски официјални лица. Штом ќе завршат со тоа, веднаш можат да започнат и со процесот на нуклеарно бомбардирање на Јапонија, додаде Захарова, а на крајот напиша „Run, Forest, run“ на англиски јазик, алудирајќи на сцената од оскаровскиот филм „Форест Гамп“.

    Њујорк Тајмс: Објавена е снимка која покажува како Украинци убиваат руски заробеници
    ukrainci.jpg
    Снимката објавена во понеделникот чија автентичност ја потврдил Њујорк тајмс, прикажува група украински војници кои убиваат заробени руски војници во село западно од Киев.
    „Уште е жив. Сними ги окупаторите. Гледај, уште е жив. Едвај дише“, зборува маж додека на снимката се гледа руски војник со јакна навлечена преку главата. Русинот, по сè изгледа, е ранет, но сè уште дише.

    Покрај жртвата може да се видат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грбот. Сите носат униформи, а тројцата имаат бела трака на ракавот која по правило ја носат руските сили во Украина. Околу нив има расфрлана опрема, а на главата на руските војници се гледаат дамки од крв.

    Мажите лежат на пат во близина на оклопен транспортер БМД-2, какви што користат руските десантни сили. Подолу по патот може да се видат други уништени возила.

    Снимката е направена на пат северно од селото Димитровка, десетина километри југозападно од Буча.

    Снимката, пишува Њујорк тајмс, веројатно е направена на или околу 30 март, кога Украинците од заседа нападнаа руски конвој додека русите се повлекуваа од помалите градови западно од Киев. Таму во последните недели се водеа жестоки борби на Украинците и Русите. Оз Катерји, слободен новинар, на Твитер на 2 април објави снимки и фотографии од уништена колона возила и напиша дека украински војници му кажале дека ги нападнале Русите од заседа пред 48 часа.

    И украинското министерство за одбрана објави твит за уништување руски конвој. Нападот го нарекоа „прецизно дејство“ на украинската војска.

    „Тие воопшто не се луѓе“, зборува украинскиот војник на снимката додека оди меѓу уништените возила и додава дека заробиле двајца руски поручници.

    Украинските војници носат сини ленти на ракавите и на снимката во повеќе наврати кажуваат „Слава на Украина“. Не е јасно за која единица станува збор, но на снимката која го прикажува убиството на заробениците еден од војниците зборува за другите како за „момците од Белгравија“, веројатно мислејќи на местото оддалечено неколку стотици метри од инцидентот.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,468
    Likes Received:
    41,078
    Gender:
    Male
    Си ги вртиш ад хоминем постовиве со нови и нови видеа кои се неповрзани со старите
    напаѓајќи ме за нешто што немам кажано.
    За се што си фатена без одговор, игнорирај го, како да не постои. Како украинската ракета во Краматорск од која починаа 30 Украинци. :|

    И џабе ме напаѓаш за Русија, демек ги бранам.
    Пак ќе ти пишам, немам проблем да ги осудам јас Русите. Ги осудив во повеќе наврати и ако треба пак ќе ги осудам за нападов во Украина, и за сите цивили кои се починати поради нивно гранатирање. Не ми го дава мене Путин лебот па да го бранам. Далеку се од цвеќе за мирисање. Ама да пишеш дека колеле, силувале или вршеле масакри, НЕ. Пошто за такво нешто докази нема. Ако има, бујрум.

    Проблемот е што ТИ не смееш да гукнеш и да ја осудиш украинската армија и НАТО за сите злосторства и докази што ти ги ставаме овде. Зошто? Леб да не чекаш од нив па што не смееш ништо лошо да кажеш? :?:

    И ти реков, за секоја лажна вест и пропаганда што ќе ја ставиш, ќе те цитираме со докази. Од кога е почната војнава сееш лажни вести овде. Дискредитирана си многу пати, и уште толку ќе те дискредитираме ако треба. :)

    Тоа што прашуваш зошто не го сакаме НАТО како Македонци, доволно говори за тебе.
    Ги преспа ли последниве 20-30 години па што прашуваш? :drunk:

    Зошто ти го сакаш НАТО, кое поддржуваше терористи и директно ти се закани со бомбардирање и ти ја стави државата пред капитулација?
    Македонец да го сака НАТО или треба да има спиено под камен, или дебело да го вади лебот од таму за ревносто да го брани. :?:

    И не живеам во нато држава, туку живеам во држава "окупирана" од нато, каде присилно, противуставно и против волјата на народот ни го сменија името и не пикнаа таму.

    Од нуклеарки не се плашам. Не верувам дека се толку луди и двете страни да ги употребат. Иако не сум сигурен баш за САД, пошто еднаш веќе ги имаа употребено. :?:
     
    christinnn, sonuvana, shiro and 8 others like this.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,130
    Gender:
    Female
    Цел пост ти е за мене :inlove:
    И ни едно прашање не одговори.
    Ваљда дека не знаеш да одговориш, дека не го пишува тоа по руски страни на англиски :wasntme:

    Нема потреба веќе да ме цитираш. Дискусија се води со личност што знае да дискутира, што има познавање од историја и знае да се издигне над се и да најде нзс. Ти тоа не го можеш, дури сега укапирав после 45 дена цитирање.
    Твоите трауми од детството не ти даваат да мислиш со ладна глава.
    Мешаш баби и жаби.
     
    Cosmi likes this.