Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Си кажавме јас и @Cosmi дека не плаќаат по минимум 200 евра дневно. И сеуште не цитирате за тоа.
    Изгледа само вие за ич типкате тука, па затоа сме ви "агресивни"

    Ама ко ќе ви дојде мечката да ви игра во двор, ќе се чешате тогаш.

    Џонсон се прошета низ Киев, тоа што сакаше Путин да го направи. Ама немааа.
    Со ќотек љубов нема.
    Полека се прават два табора.
    Русифили и русофоби.
    Ќе биде изгор лето. Европа ќе гори.
    Сега е затишје пред бура.
     
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Германците и Италјанците зборат и маваат санкции и се тоа како Англичаните нели ама барем ги згрижуваат. Англичаните не сакаат….
    Ем боцкаат ем војна ем нема украинци у англија. Најди им нзс.
    Кои двојни аршини и неправди ми се гади искрено.


    овие твоите фрази уште со години наназд ти се за секоја тема која се разгори, затишје, ќе гори, пекол и така натаму.
    И не те разбирам што всушност со тие зборови постигнуваш.
    Се сеќавам исто и со корона беше така.
     
    На Amellie13, oblace1, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    9.831
    Пол:
    Женски
    Не е можно да сте свесни дека бомбардирањето на Србија не беше во ред, а за нападов над Украина да гледате изговори во облик на нацисти (8 години делуваат таму, не од пред некој месец). И во Србија имаше националисти кои пред 1999 год., постојано некаде планираа етнички чистења, но тоа не ја оправдува НАТО интервенцијата. Вие мерите според двојни аршини, за Русија едни, за Америка други. Јас не мислам дека некој треба да го загуби домот, животот или семејството, затоа што се наоѓа во иста држава со некои кои "провоцирале". Рачунај дека Украина е во далеку потешка ситуација и многу долго ќе се опоравува. Можам да замислам допрва колку ќе ги засакаат Русите.

    “O lepe devojke, zaljubite se, ali ne u Moskalija.” - Taras Shevchenko, Kateryna (1838 )

    800 години пред оваа војна датира нетрпеливоста. Почнувајќи од 13. век, Киевската држава (првобитната Русија) најмногу настрадала во монголските инвазии и оттогаш не се воздигнала како земја и е под некаков јарем, а Русите се повлекле на север и нивните нови центри доживеале процут.

    Украинците се патриоти какви што ни на Балканот не можеш да замислиш. Од мали ги учат на национална гордост и се знае дека тоа неизбежно повлекува негативни чувства кон другиот кој изгледа како препрека до изградбата на силна татковина. Сега е доцна нешто да се промени, Украинците требаше од време да се сконцентрираат на својот вредносен систем дома и да се фатат за работа, наместо вината да ја лоцираат на други места. Но, мора да се забележи, не е само Украина таа која се плашеше од руското влијание и прибежиште побара во западните сојузи, туку и останатите источно-европски републики, кои знаеја што значи советска чизма, а сега гледаме дека имало нешто реално зад тој страв. Искрено, не верував дека рускиот врв ќе отиде олку далеку, да разгори војна во Европа, но она што беше русофобија, стана реална закана која се обистини.
    Ова дефинитивно не е начин, кои и да се интересите. Убедена сум дека доколку се имаше волја, можеше да се најде мирно решение, да не беше така сите ќе преживувавме константно во војни.
     
    Последна измена: 14 април 2022
    На Tanjamm, sonuvana и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Он поинт, само со оглед на тоа дека светот живее константно во војни како и отсекогаш, очигледно нема волја да нема војни.
     
    На Аргентина * и sonuvana им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Така коментираме дома со маж ништо лично кон никого, ги замразив 1000 пати повеќе нато и америка.
    Па и нека сум русофил!!!!
     
    На christinnn, monpan, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно, која ти е поентата на твоето цитирање :?:
    Ако за тебе 100 000 мртви украинци не е ништо, ок.
    За мене е голема трагедија, поголем пекол од силување и после убиство на жени и деца од страна на руски војници нема. Да ти дојде некој дома, да ти силува фамилија а и тебе и да ги убие пред твои очи, деца и возрасни силуваат и убиваат, а вие ги правдате.
    20220414_174056.jpg
    Оваа жена е нечија мајка, сестра, ќерка. Изгубила ќерка, која била силувана и убиена од вашите руски војници. Истите војници кои силуваа и убија илјадници други цивили. Па има над 50 000 убиени цивили во војнава.
    Ама да, за вас не е војна, специјална операција е. И не се криви тие што убиваат, туку убиените. Оти не знаеле да си ќутат |(

    А за короната, што, зарем ќе кажеш дека не беше страшно?
    Немаше ти блиски болни хоспитализирани?
    Може друга витамина пишуваше километарски постови тогаш :?:
     
    Последна измена: 14 април 2022
    На CameliaMiller, Tanjamm, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Хммм, абе нели ти рече дека врвот бил на почетокот на Април, толку било, го изгубиле Русите моментумот со неосвојување на Киев, и после ќе било порелаксирано? Какво сеа жешко лето, ќе горело, затишје пред бура?
    Ја мислев ќе гори само на грчките плажи каде што ќе се сончаме. :?:


    Во тој пост и старо мислење си и цитирала на Биљарката.

    [​IMG]

    Анализа на која и најголемите македонски аналитичари може да и позавидат...

    Ако го мразиш НАТО и Америка не те прави русофил. Логично е за секој пацифист да не го сака најголемиот воен сојуз кој е одговорен за најголемите злосторства во поновата историја на човештвото.
    Тоа што овде секој кој зборува против Америка и НАТО го прават русофил, е истиот наратив кој го користат политичките пиуни, ако не си за СДСМ, тогаш си за ВМРО, и обратно.
    Мора да лепат етикети, пошто аргументи немаат.
     
    На christinnn, Amellie13, shiro и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    Малку сте ги побркале лончињата дома.
    А Нато и Америка силуваат и убиваат во Украина или Русите?
    Можеш да се идентификуваш со убиец и силувач витамина?:o
    Ова Русите го направиле.

    https://twitter.com/Alisia26064694/status/1513790048600301573?s=20&t=IowNYegRp4Jr5Dpnwa332A
    А исто и ова
    https://fokus.mk/rusite-zarobile-devojki-vo-podrum-vo-bucha-9-se-bremeni/
    Можете да го мразите Нато и Сад до бескрај но неспорен факт е дека Русија врши геноцид во Украина!
     
    На CameliaMiller, lovestoneddd, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Епа реков и погодив, се филмаа дека ќе падне Киев за 72 саати, и ти неколку пати напиша дека ќе падне и тадааам, стварно падна. Ама од десетици илјади силувани и убиени цивили, тие што не сакате да ги видите.

    64 километри конвој имаше што требаше да влезе во Киев и само изгорено железо остана од него. И руски хумус за сончоглед.
    Па си собраа парталите "победниците" и избегаа кон Донбас, сега таму ќе се силат над цивили.
    Ако се мироносци, зошто апсат протестанти во Русија?
    20220414_095410.jpg

    Ама еве веќе 50тина дена како украинците сами себе се рекетираат, само се убиваат со врзани раце зад грб, сами се силуваат, сами рушат свои згради, се прават само русите да ги направат лоши :angel:
    И види, им успеа :clap:

    Русите изгубија моментум, се повлекоа. Сега се прегрупираат и сакаат појако да удрат, оти царот не смее да изгуби. Па макар 100 000 руски војници загинале.
    Ама ако не следиш, почна да стига оружјето од западот. Финска и Шведска се на прагот на Нато, балтичките земји се на готовс, очекуваат напад :(
    Ама тоа на руски телеграм нема до го прочиташ 8)
     
    На CameliaMiller и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Никогаш не сум пишал такво нешто. Еве што сум пишал пред 1 месец, дека војната ќе трае долго и никогаш нема да има мир во Украина, ниту пак ќе успее Путин да наметне про-руска власт на цела украинска територија дури и да го завземе Киев.

    Имам пишувано и за жртвите од гранатирањето во Украина.
    Еве:

    И не, не следам само Телеграм, туку и Твитер, Редитт, се информирам од секаде за да имам објективен став и да не потпаѓам под пропаганда.

    За разлика од тебе која не смееш да гукнеш против НАТО, оправда палење и убивање на 40 украинци со руски корени во Одеса затоа што вееле руско знаме, ќутиш за злосторствата што ги вршат нацистите и украинскатa армија во Украина, спинуваш, лажеш и шириш пропаганда, ние немаме проблем со тоа да ги адресираме злочините кои ги прават русите.

    Тебе не ти е гајле што се убиени цивили, тебе ти е единствено гајле ако тие цивили се убиени од Русите за да направиш поента овде.
    Не ти е гајле да заврши војната, туку навиваш за уште оружје да се праќа и уште Украинци да гинат.
     
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    :wasntme:

    Колку пати едно та исто ќе пишиш?
    Темата е руска агресија над Украина, не е тоа дали и колку лажат натовци :?:
    Русите со војнава раселија 4 милиони и убија над 100 000 цивили и мобилизирани мажи.
    Нато е крив што ги "лажеше" дека ќе ги брани. Ама ко што гледам, полни се украинците со бајрактари, стинџери, nlaw и џавелинки. Дошле од негде. Плус имаат ненормална интелиџенс поддршка, ги стопија русите надвор од Киев. Им сотреа една петина од војската, втората најсилна во... Украина :?:
    Донбас, Донбас, Донбас... 14 000.
    Не станаа 14020 со последниот напад шѕо го осудуваше тука?
    Или само 14 000 знаеш?
    Докази нешто?
    Или украинците лажат, ама руските сепаратисти, тие што го симнаа авионот, поштени мајката...

    (facepalm)
    Коју послуку порати? Коме? |( (facepalm)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Па не е ова војна помеѓу Русија и Украина само, туку војна против Русија и НАТО.
    Така да ќе збориме за нато, сакала или не.

    Еве го навивањето оружје да праќаат уште, со што и уште подолго војната да трае. Не за да победат Украина, пошто не можат со ова да победат, туку поголеми жртви да и се нанесат на Русија.

    Кому му е гајле за украинските цивили што гинат, што се селат, што цела земја е уништена и ќе остане уништена со години и години, што се под огромна рецесија, економијата им е уништена и нема никогаш повторно да се репарираат од војнава.
    Кому му е гајле за тоа што обичните луѓе намерно патат низ Европа поради санкциите, нема да знаат како зимото да го поминат, рецесија во сите земји, глад, студ. Домати 200 денари во Април месец. Масло за јадење нема.

    Кому му е гајле тоа, битно војната да трае и Русија да страда, до последниот жив Украинец, нели. :?:

    Среќа па тие на власт не се до толку луди да ве прашуваат вас, до сега 3 светска ќе направеа со "помагање" на Украина и "no fly zone" што баравте овде.
     
    На Amellie13, vitamina, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.312
    Допаѓања:
    259.495
    Ама народот некако се врти против САД, ЕУ и ВБ. Јасно ти е нели? Особено што му удрија по џебот. И ќе гори кога ќе нема гас или ќе биде изгор скап.
    Јасно ти е дека не чека сиромаштија?
    Не знам тогаш дали ќе бидат контра Русија.
     
    На LejlaD, Amellie13, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Барем овде народот се врти. Нормално. Сите сакаме мир. И колку толку стабилни односи, и компромис. На народот под нозе му гори оти веќе рестрикции за гас и не само туку и за струја има.
    Храната секој ден се поскапува. Струјата е до небото отидена. Горивото.. гасот.
    Почнав да плаќам 3 пати поголеми сметки, храна, гас итн.
    И да, народот е за неутралност и мир.
    Да не ни вадат со сила од џебовите и да не останат да кубуриме само колку да преживееме.

    русија можела да почитува договори ама америка и нато не, цело време боцкаат апла. Се нервирам кога зборам. Какви боцки има, чудо.
    Борисче зошто не згрижува украинци?
    Ми се гади бе.

    @malerozna општо зборев дека секој втор збор ти е дека ќе гори, за се, не само за корона и војна .. значи генерално… мијот став према вирусот е тој но не сфаќам што сакаш да кажеш со постовите дека тогаш и тогаш ќе гори и слични предвидувања кои што не знам кај ги читаш искрено. Ниту сум ја компетентна да речам некому да пази оти ќе гори, ова беше генерално пишано. А не во смисла која што си ја разбрала ти.
    Си се почитуваме и со тебе и со косми на други теми, си збориме, се подржуваме ама очигледно овде имаме различни ставови.

    и не можеш да речеш ни најмалку дека темава не е нато и америка оти и тоа како Е. Тие прават војна со русија. Украина за жал е колатерална штета.

    Мојот град е преплавен со украинци. Знам како и е, еве една под тераса во моментот збори на телефон и ја слушам и ич не и лесно.
    Не сакала и не се прашувала жената за војна.

    народот знаеме како и каде свртен.
    Знаеме сите дека очигледно не сакаат да престанат. Боцкат. Како боцкат страшно притисокот ми се качува.

    украина е слободна да бира што сака да, ама тоа како на филм, знаеме сите дека во вистинскиот живот работите одат поинаку.
    Греота само за народот што изгина.
    Па греота и за сите нас што не пељаштат по џебот.
     
    На LejlaD, Amellie13, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Абе вие уште се карате?
    Баталете ги и Украина и Русија.Одлепеници.Да сакаа да заврши, ќе речеа: греота луѓево, доста беше.И заболе нив за луѓето, виши циљ имаат.Ретардирани и двете страни ебате беља.Испоумре народ недужен ради нивните хирови
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    Не е проблемот, контра или за Русија. Никој овде не е за Русија, ама досега светот функционираше така што секој си го гледаше интересот. Е сега, ај ќе навиваме за интересот на Бајден и на Борис, и секако од џеб ќе им платиме. Абе ајде.
    И така ќе плаќаме без да прашаме, дури не умре Путин ваљда, јер такво беше пророштвото погоре мислам:wasntme:
    Тие мртви цивили, деца и силувани жени, хушкачите на вечна војна да си ги пишат на сметка, по пола со Путин, ако може. Јер тоа е војна, а за мир никому не му чуе.:|
     
    На LejlaD, Amellie13, shiro и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Па двојни се....Русија и се што е руско е сатанизирано на незапамтен начин . Америка беше ли?

    Ако е така,ако никогаш не биле братски народи со заедничка историја,култура и семејни врски...ако толку им била вкоренета омразата кон се руско....ако историјата ги научила дека Русите им се најголеми непријатели , како дозволија да изиграат толку наивно и да си направат војна?
    После вековна борба да добијат држава, која со богатства обилува и така лесно да си ја продадат.
    Прежално.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.797
    Пол:
    Женски
    И ако се тргне целиот дим и галама обрни-окрени повторно ''oпција'' или фашизам или комунизам,ама овој по-фенси е со твитер,фејс и такви ми ти ствари
    за будали
    Благо нама (само нека ме заобиџат Титофили ко Бога вас молим :D хвала лепо довиџења )Дај нека се јават њуејџери да не научат збор два за закон за привлекување и можда да престанеме да привлекуваме глупости одново и одново и ги правиме реалност,можда и конечно се опаметиме,активираме и престанеме да се носиме упм одново и одново мајка му.

    Иначе ви текнува како цензура -филијата ќе траеше само додека се заврши ковид и оф корс ковид ''дезинформациите ''
    (шо се покажаа точни сите до една али добро )
    Сега чекаме да заврши војната,па после иде борба со клајмат чејнџ и денајерс на ред so that's a no then :?:Колку време требаше за стварање навика?
     
    Последна измена: 14 април 2022
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    :D
    Што им фали на титофилите ма, само Тито им рече Не на русите, и среќно си живеевме до крајот на животот (од Тито животот, фала богу).
    Овде основни закони на логика и математика не се јасни, полека , далеку сме уште од толку напредни закони и теории....
    Клајматот ќе го решиме по брза постапка, само фали за нуклеарки да се фати некој:|
    Ама ај, може ќе се најде некој фб регрутиран хитмен, ќе го реши лошиот чичко, па пак среќно ќе живееме:o: (facepalm)
     
    На shiro, Lianna Anna, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    9.831
    Пол:
    Женски
    Беше и се уште е помеѓу обична раја, ни Едвард Бернајс не и помага. Толкав хејт постои спрема Америка, што кога Русија започнува војна во Европа, едно чудо ботови навиваат за неа како во Украина да се игра фудбалска утакмица, оти слепо веруваат дека Русија е контратежа на САД, што ирл воопшто не мора да значи дека е случај.

    Туку, што планира Русија да прави со Украина откако ќе ја заврши својата специјална операција, како мисли Украинците да ги претвори во трајни сојузници, и засекогаш да исчезнат бандерашите?
    Или само купува време и ширењето на западната империја кон исток, го успорува за некоја деценија?

    Или е нешто трето? Јас мислам дека некои се договориле да ја парчосаат Украина (доколку на светот не му спремаат нешто полошо), секако не сметам дека знам се, отворена сум и за алтернативни објаснувања?
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.