Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    17.404
    Пол:
    Машки
    Крим е руски и не жалам што не можам да влезам во Украина, децидна е Ле Пен
    000.jpg
    Француската претседателска кандидатка и лидерка на националистичката десница, Марин Ле Пен, изјави дека се уште го смета Крим за руски и не жали поради забраната за влез во Украина.

    – Крим е украински 26 години, но порано беше дел од Русија, па луѓето таму решија да се обединат со Русија, изјави претседателската кандидатка во интервју за телевизијата БФМ.

    Таа истакна дека сега нема да оди во Киев, дури и да има можност. Ле Пен изрази надеж дека по победата на претседателските избори, украинските власти ќе ја укинат нејзината забрана за влез.

    – Но, не жалам што сум прогласена за персона нон грата. Приказната не може да се препише, додаде Ле Пен.

    Во неделата се одржа првиот круг од претседателските избори, според кој во трката води претседателот на земјата Емануел Макрон, но гласовите за него – 27,84 отсто, малку се разликуваат од оние на Ле Пен, 23,15 отсто. Вториот круг на гласање ќе се одржи на 24 април.

    Ле Пен призна дека ако стане претседател на Франција, ќе ја повлече земјата од Северноатлантската алијанса и ќе се залага за стратешко зближување меѓу НАТО и Русија.

    Ле Пен е прогласена за персона нон грата во Украина поради нејзините коментари за референдумот на Крим.
     
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Кога го спомна веќе Тито, дали всушност можеме да направиме една паралела на тогашна Југославија и денешна Украина?
    Кога ќе подразмисли човек, не било тогаш до "Титовото одлучно - не"на Сталин тоа што ја одржало да остане "неврзана земја", туку што било од интерес и на Западот и на Истокот тогашна Сфрј да биде тампон зона меѓу големите сили, двата блока. Токму она што се бараше и од Украина. Веројатно тој тампон е неминовен за мир во (сечија) куќа.
    А тоа што Тито беше ербап човек, па им продаваше пуфки на Нехру, Насер и остало друштво за да им измкне нафта и кредити, е друга убава и романтична приказна. Си го бивало човекот, и користел ситуација. Успеал дури да им продаде непостоечка, неприменлива вселенска програма на Американците, за дебели пари. А може Американците само глумеле дека веруваат во функционалноста на програмата, може било во прашање рушвет за да продолжи Тито да си биде неврзан. Кој ќе ги знае какви игри играле.
    И до кога така? Додека не падна Берлинскиот ѕид и не се насети падот на Ссср. Тогаш веќе Сфрј беше непотребна за Западот, и веднаш ја парчосаа. Ова ќе се случеше и Тито да беше жив во тоа време, несомнено. Немаше веќе потреба од тампон зона, противникот беше на колена, и Амерот почна со офанзива кон источните земји. Остатокот на приказната ни е познат.
    И сега ќе се чудиме зза некои работи, епа не е за чудење, си постојат некои непишани меѓународни правила, ама некој ги заборавил.
     
    На Zhukov, Passenger555, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.313
    Во Украина се слева мошне многу оружје од западните земји, делумно преку Полска и Словачка.
    Дали креаторите на европските политики се прашуваат што ќе биде со тоа оружје по завршувањето на војната? Полска, Унгарија и Романија кои до сега немале сјајни односи со Украина, би добиле сосед вооружен до заби.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    Знаеме, знаеме, и филмот за фамозната вселенска програма ни е гледан:D.
    Да можеа и Полска ќе ја поделеа на времето, ама немаше баш некој основ за делење. Инаку замисли , место една консолидирана држава, 8 заникаде, плодна почва за корумпирање и алаш вериш, шо има поубаво од тоа.
    Уште на почетокот на оваа војна, едно од можните конечни решенија беа неколку нови држави, неколку-повеќе од 20 мислам. Од каде, како и дали, ќе видиме, зошто- јасно ни е ваљда.

    @daylight не се секирај, штанцаат фабриките оружје, за сите има, и поново, и поубаво, и поскапо, никој не се остава без оружје до заби сега. Е пари од каде за таа насушна потреба, не знам, ваљда од буџет, а буџетот не се наши пари, нели...
     
    Последна измена: 15 април 2022
    На Lianna Anna, vitamina, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    Сфрј беше глупост и сама се парчоса,не може да опстои нешто каде секој сакаше да биде газда.
    Вештачко творештво каде имаше силни националисти Хрвати,Срби и Словенци.
    Си сакаа свои држави каде ќе бидат сами владетели.
    Тоа ја растури Југославија.
    Добивме корумпирани држави но тоа го научија уште во СФРЈ.

    Како и да е,тоа е сосема друга приказна од агресијава на Русија.
    Тоа е она што реално се случува.
    Големата сила која не освои ништо.
    Изгуби војници,генерали последно и бротчето “Москва” и потона.
    Изгуби соседски народ кој Рус не сака да види со очи.

    Ама битно е нели само да тече ефтин руски плин,украинскиот селанец да копа пченка,пченица и компир бидејќи западњакот не е учен да работи тој треба ефтино да откупува.
    Па сега размислува,само нека е исто ко што беше па ќе му бидеме и подлизурковци на Путин ако треба.
    Па и агресијава ке ја нарекуваме специјална операција,а народот кој страда сам е крив.
    Само да тече ефтин плин.
    Без да се размисли за поголемиот проблем,зависноста и неспособноста држави да произведуваат храна наместо да ја увезуваат и да имаат енергетски алтернативи.
    Ама еве ко баби на чешма ќе викаме Америка и Нато се криви кога пред очи ни се случува агресија од една сила која видивме дека е сила само во непочитување конвенции и убивање цивили.
     
    На MemoryOfUniverse, WildMk, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    17.404
    Пол:
    Машки
    Југославија беше државиште голема и влијателна сила а Тито лидериште, не за џабе и ден денес политичарите пробуваат да го копираат, но на тоа и остануваат бледа и лоша копија кои освен што продаваат гол патриотизам друго за ништо не ги бива, потоа "политичари" инволвирани од страна под директива на западот си го одработија своето и ја уништија како што сега ја уништуваат и Украина со Зеленски, доволно е да се следи од каде доаѓаше патот на оружјето за нејзино уништување и се е јасно, но како што кажа и Ле Пен, приказната не може да се препише.

    Инаку темава е Украина, а Зеленски продолжува со погрешната политика.
    Зеленски одбил да го прими германскиот претседател
     
    Последна измена: 15 април 2022
    На oblace1, vitamina и Billy Idol им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.342
    Допаѓања:
    190.179
    Поголемиот проблем се вика глобализација. Уште една измислица на Тито, нели:wasntme:
    Нели таа беше логиката, како русите ќе живееле без јаболкцето. Нели во првите 5 дена ќе дадеа ефект санкциите и Русија ќе ја завршеше инвазијата?(waiting)
    Ниту плинот е ефтин, ниту нафтата, ниту житото, ама тоа е помалиот проблем, малку поголем проблем ќе биде ако ги нема. Или ај ако не, асфалт од по улици ќе јадеме. Сто пати беа објаснети на почетокот global supply chains ама ваљда е комплицирано да се сфати, логикава Нато гуд, Путин бед, ништо повеќе од тоа не постои.
     
    Последна измена: 15 април 2022
    На WildMk, Celltica, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Украина е најголем извозник на жито во светот. А житна индустрија ако падне, (а на добар пат е) ќе треба да се соочиме со перманентно празни рафтови по маркети. Според статистиките, глобалните цени за храна, се на највисоко ниво и веќе достигнаа нов историски максимум.

    И ај ние ќе мрзнеме што ќе мрзнеме, ама најголемиот дел од руското долевање во Европа е за индустриското производство. Целосен економски колапс ќе ни се случи без производство, со скроз парализирана индустрија и масовна невработеност. Јас не знам како ова не е проблем за вас. Може ќе живеете од воздух и ќе храните деца со истиот. Се прашувате ли на пример што ќе се случи со и онака постоечкиот проблем во Африка?

    Европа е зависина и тоа не е нешто што се решава за два дена, туку е процес за кој што е потребно многу време. И секако дека е проблем, за кој очигледно не сте свесни.

    Зелениот е под импресии и воодушевен од санкциите, па уште и притиска за целосно ембарго на руските залихи. Манипулаторска и неразумна реторика од светски размери. Тешка артилерија за Украина, парадоксот со кој што ќе ја завршат војната.

    Двете страни се испоубија меѓу себе, невино население страда, умира и нема крај на повидок. Светот тоне во економска криза, дипломатските преговори умреа уште пред војната. Затоа Столенберг има фини желби за Финска и Шведска во НАТО алијансата. Да видиме до каде ќе оди сонот за нацистичка свастика и големата руска империја. Ми се гади!
     
    На MemoryOfUniverse, Waverly Raven, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.667
    Пол:
    Женски
    Глеам се е исто од последниот мој коментар. :yawn: Азов ги опраивте битно, тоа е најбитно. И Америка и НАТО. Фино се тоа дечки. Војнава повеќе или помалку, на сите отвори очи за Америка и за НАТО што е добро, оти никој не би требало нив да ги велича, ама истовремено омразата кон првиве, на многу затвори очи за Русија, што не е така добро. Гледам истата реторика е цело време. Украина, сам себе убијал. Цел свет е крив за тантрумите на Путин, сем Путин. Боринг. :yawn:

    Вчера вечер не можев да заспијам, па ај реков да видам што се дешава овде. Се изнасмеав со Малерозна на претходната страница кога го посочи Били дали негде пишал за жртвите на Украина ради Русија. Од цело слободно и толку посветено време, на читање, истражување, преведување и копирање на темава, меѓу сите есеи на кои путкољубци ревносно се клањаа и аплаудираа, најде душава дури 4 реда посветени на жртвите во Украина ради пази сеа, специјалнава руска операција. :!:
    Али секоја чест. Цело слободно време, ден и ноќ да вложиш во темава не е мала работа.


    Да заокружиме, на кратко вака звучите. Украина мора да престане да дава отпор за ние како рече Косми, да топлиме гзови на евтин гас и да јадеме свеж помфрит утопен во литар, евтино сончогледово. Не ни е нас гајле за украинците. Ама имаме ние апсолутно разбирање за бомбардирањето на србите, за пустошењето на Сирија, Авганистан, Ирак, Виетнам, али кој се украинците бре да се спротистават на Русија. :) Нема зошто да се дава оружје на Украина, за да може нели Русија уште полесно да влезе, да потепа се што мрда и да земе се што сака, што има на Украинците да им се дае шанса да се бранат. Битно НАТО војна праи. Украина не е битна. А најбитен од се, е нашиот гз залепен за радијатор каде тече ефтин руски гас дур мацкаме помфрит во кечап мајонез и дробиме дневни политики. И се тоа фино прикриено зад превез на убави зборови "видиме колку сум мирољубив/а". :makeup:

    Јебала вас и специјална операција и путко и НАТО. Али вие секако Путко ќе го изберете. Нит сте мирољупци, нит ви е страв од војна, нит сте против војна. Освен што сте против нато. :D

    Ајде дечки, останете ми поздравени, до некој следен пат кога ќе/ако најдам време. :l: :*
     
    На staycalm, happygirl, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Зарем ботовите што навиваат за Украина се повисока класа раја?
    Несериозно е да тврдиш дека е тоа битно.
    Ова што го доживува рускиот човек,руската култура,наука, ширум навидум демократскиот и напреден свет е за мене незапамтена хистерија и чиста сатанизација.

    Бандерашите и треба да исчезнат.Нивната идеологија е идеологија на смрт и живот за само мал број избрани во кои секако самите спаѓаат.
    Мислам дека е крај на западната цивилизација во овој облик.


    И јас мислам дека Украина поделена ќе биде. Посакувам некоја нова Јалта набрзина,за да се прерасподелат и стават крај на ова лудило во кое невини страдаат, во кое плачат толку многу деца.
    Русија сигурно нема да се повлече во овој момент...можеби ќе превлада разумот кај поедини европски лидери притиснати од сопствениот народ...тешко инаку со Украина да се заврши..
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Грешка си. Пред да изнесеш некоја констатација прво изгуглај батем една реченица.
    Screenshot_20220418-125223_Chrome.jpg
    Има разлика од петто место до "најголем извозник во светот".
     
    Последна измена: 18 април 2022
    На Tanjamm, marlonbrando69 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Другото име на Украина и Русија, конкретно југозападниот дел на Русија е "кошница за леб". Затоа што имаат најплодна почва во светот. Станува збор за околу 30% од светски пазар. Не е малку да се допуни, чини скапо да се обезбедат резерви. А држат дури 80% од светскиот пазар, за сончогледово. Ти текнува зашо го нема? А тоа што го има, го плаќаш близу 5 евра, затоа што и транспортот е сериозно афектиран.

    Државите се во својство на поддршка во глобалниот систем за храна. Експерти од областа на економијата, предупредуваат на глобална криза со глад, на катастрофални нивоа! А не треба ниту елементарно познавање од економија, за да знаеш како е врзан светот, за да функционираат егзистенционални и безбедносни добра.

    Кога синџирот на снабдување со храна е прекинат или било како афектиран и цените на храната се драматично погодени. Многу држави, се комплетно зависни од Украина. И од Русија секако. Ама тоа е делот што не ве интересира, а глумите солидарност. Европа, треба да го надополни тој дел. И да си ја обезбеди егзистенцијата.

    Сега размисли кој истресе глупост. Знам дека ни ти текнува, затоа ќе ти кажам дека Русија е санкционирана, а Украина е во војна. Држави кои се на листа на светско ниво во житна индустрија. Деловите кои се обработуваат се отцепени поради војната и санкциите.

    И има уште две интересни дефиниции, во случај да одлучиш да се информираш. Инфлација и рецесија. Немам намера и натаму да ти објаснувам.
     
    На Waverly Raven, green.eyes, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.168
    Пол:
    Женски
    Сега да видиме, како бива тоа, за вас збунети поборници за солидарност, допуна на оружје, целосно ембарго на руското долевање и санкции, дали ќе се освестите што бодрите, кога рецимо:

    Убаво ќе залади и ќе ни дојде зимата дома, исто како да сме на улица. Ќе се покачат сметките за парно многу повеќе, па дури и кога ќе плаќаме поскапо, ќе го нема во доволни количини. Што мислите, од каде советот да штедиме? Затоа што ќе се транспортира преку Атлантикот, во бродови пуни тешка нафта и дури две функционални цевки во Балтичко. Цените ќе експлодираат. Од храна, до медицина.

    Работните места исто загрозени, затоа што голем дел од фирмите се вклучени во синџирот на производство, кој е сериозно погоден од војната и непромислени одлуки! Им се смеете на Русите, млеко не ќе можеле со платата, прашање е ние леб дали ќе можеме да купиме, а не пак да прехраниме деца. Масовна невработеност!

    И тука ќе глумите жал за Украина и за жртвите. Ќе бодрите долевање и ќе навивате. Се запрашавте како Украинците се прехрануваат среде куршуми? Поддржувате долевање тешка артилерија и војна. Грижа за изгубени животи нула, грижа за цената од војната што сите ќе ја платиме нула. Грижа за сиромашни држави и население кое и без ова едвај врзува крај со крај Н У Л А!
     
    На Waverly Raven, Amellie13, Celltica и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Минативе денови, во Мариупол беше заробен англискиот платеник војник Aiden Aslin кој беше дел од Украинската армија изминативе 4 години.

    Graham Phillips, англиски новинар кој известуваше за борбата во Донбас последниве 8 години го интервјуираше Aiden за Јутјуб додека е во заробеништво.

    Aiden беше ѕвезда на интернет, ставаше цело време видеа од страна на украинската армија, ако не сте го знаеле до сега кој е.

    Интересно е да се види како го соочуваат со фактите и злосторствата на Азов.
    А, и човекот сам признава какви мачења правеле Азов во Мариупол, и со руските заробени војници.
    40 минути хорор за сите злосторства што ги правеле.

    Инаку, се очекува дека Аиден, со другите команданти и платеници од Англија и САД да бидат разменети за заробени руски војници, или пак за Медведчук.
    Медведчук е иначе најголемиот опозиционер на Зеленски кој беше заробен во војнава пошто е про - руски ориентиран.

     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    28.036
    Оваа па оваа најде да кажува. Истава шо ќе ги брка алжирците и тунизиците од Франција додека е горда на колонијалното минато на Франција. Фино им беше да го зимаат богатството на земјите на Северна Африка, сеа ќе ги брка луѓето.
    И она најде да кажува за Крим. :puke:
     
    На Tanjamm, staycalm, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Коментари на интернет од Македонец кој има луѓе во Украина:

    Тука некој му вратил:

    Одговор од дечкото:

    Истото вчера го кажа и Аиден во видеото, дека со украинската армија командаат НАТО, дека намерно ги оставиле во Мариопол да изгинат сите и не ги пуштиле да го напуштат градот или да се предаваат.
    Дека пробал да дезертира и избега, но не успеал кога видел како користат цивили за жив штит.

    Вчера почна нападот на Донбас, а воедно и гранатирање на цела Украина.
    Нека им е некоја виша сила на помош на луѓето таму.
    Ова ќе биде најкрвавата војна на европско тло од ВС2.

    После изјавата вчера на Зеленски дека нема да преговара и ќе војува ако треба 10 години, решени се двете страни да одат до крај.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На oblace1, Amellie13, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.397
    Пол:
    Машки
    Не е од ,,интернет" ова, туку од кајгана форум препишуваш мислења. :rofl:
     
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    Па, и Кајгана е на интернет. :?: Затоа и цитирав, дека не е мое мислењето.

    Не познавам никој од Николаев, не знам каква е таму ситуацијата. Овака е добро да се види од прва рака што се случува.

    ***

    Николовски: Стигна маслото за јадење од Србија, Русија, Бугарија и Украина

    Добро е што се освестија конечно и дигнаа санкции.
     
    На Lianna Anna, vitamina и NPN им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Cosmi , конкретниве две држави одамна се во традиционална кавга со Русија. Подбуцнувања има нон стоп. Традиционално имаат страв во коски oд Русија. Шведска заради Готланд најмногу, многу важна стратегиска точка е. Векови наназад има безброј инциденти меѓу нив. Заканите им се сериозни, и овде се убедени дека ќе ги спроведат на дело, дека нема да останат само закани. Повеќето безбедносни експерти кажуваат дека се во небрано фатени. Ако не влезат во Нато, Нато ќе ги нападне. Ако влезат во Нато, Русија ќе ги нападне. Како и да го завртиш, лошо им се пишува. Ако некој им врши притисок на Шведска и Финска да влезат во Нато, ако некој им кажува како да играат, тоа се ЕУ и САД, никој друг.
     
    Последна измена: 20 април 2022
    На oblace1, Cosmi и Lianna Anna им се допаѓа ова.