Може под Г? Пошо Г7 рекоа да штедиме. Еден план е само, затоа. Па во право си е жената, не сме сами. Сите сме заедно во игнорантноста и затоа ќе си ја дочекаме истата судбина. Оти целосна независност од руските залихи е само желба, никако реалност. Нема шанси навремено да обезбедат ниту 50% во кој филм се само не знам. Долевање за мир, греење за војна! Сакам да кажам, веќе не се работи ниту за греењето за да не мрзнеме, туку за работни места на милиони луѓе. Ова е веќе егзистенционално прашање. Не знам како е можна ваква ароганција, за низата последици кои ќе ги повлече сега прекинот на испорака. Страшно!
Искрено не мислам дека е игнорантност. Очигледно е дека и Европа вака организирана е неспособна за решавање на сопствените прашања и интереси, под водство на корумпирани лидери кои едноставно се марионети на другите поголеми сили. Веројатно и тоа беше една од целите на целава работа, слабеење на ЕУ, рестарт на економијата преку хипер инфлација.
Во меѓувреме на еврото и денарот им паѓа вредноста, додека доларчичи си растат. 1 долар = 57,3 денари. Рубљата такоџер си расте. 1 долар = 74,7 рубљи. Ама рубљаши сме штом го спомнуваме ова.
Другари и другарки не сум во тек со последниве дешавања со темава, шо се дешава ај некое инфо, пропадна ли Русија, колабира ли руската економија, санкциите имаат ли ефект? Читам нашиот драг и ценет учк борец за правда се сторил Украинец, еве му искусен преговарач на Зеленски Талат Џафери – Денес сум Украинец
Австрија, Унгарија, Словачка, Германија и Грција ја согледуваат новата реалност и се прилагодуваат соодветно на истата: Пет земји отвораат сметки во Газпромбанк - Шок за Брисел, погодок за Русија
Прекрасен човек, идол на многу млади генерации... Не се секирајте за економска криза, нема потреба. Сите ќе не рокне, само да задоволи его. https://novatv.mk/video-porealno-e-...priznae-poraz-veli-urednichka-vo-rasha-tudej/
Јасно, ама не им е. Крив им е дотурот на оружје. Не дека ако Путко не решеше да си игра војна, да нападне туѓа, независна и суверена држава, ќе немаше на кој да се врши дотур на оружје. Шо ќе се умараме со коренот на проблемот, кога можеме се останато да го пафкаме под тепих. И кога Украина очигледно не сака да се жртвува за сите нас, а и зошто би иначе, ние во името на загриженоста на жртвите треба сите заедно да ја жртвуваме Украина. Се мислам кого следно со истата леснотија ќе го жртвуваме, само за нас да ни е арно? Екс советски прво? Или можда Шведска да ја пуштиме низ брдо? Само таман работа, ѓавол да не не чуе, пу пу, да се даде отпор кон Русија. Чувај боже. Помести се 3 пати Кукличка.
Знаеш ли дека Украинските амбасади активно регрутираат и кој сака може да се пријави и оди? Ете ви можност и директно да ја поддржите Украина која се жртвува за сите вас. Како така низ вода да ја пуштите како Јемен, Сирија, Авганистан, Либија, Ирак, Србија... Срам да ни е нас овде, бесчувствителни суштества што мислиме само да ни е нас комотно и топло со руски гас.
Абе се испотресивте сите за гасот. Еве и' шанса на Европа да се префрли на алтернативни извори на енергија, за да не зависи од никој. Ако ова успее да го убрза тој процес, многу ќе добиеме, а Русија ќе остане засекогаш запишана во историјата како качак.
Абе ска проблем, помислено, сторено, воала Еве од утре пробај префрли се на алтернативни извори на храна, без продавници на пример. Или еве, од јуни Алтернативниот извор на суровини се вика Америка, Австралија, Кина... Полска алтернативно ќе увезуваат гас од Германија Не по врат, по шија Не се карам со тебе лично, никој од нас нема ни доволно знаење ни информации како се поврзани системите. Проблемот се тие што носат одлуки и би требало да го знаат тоа, зошто не возат како што не возат За 3 месеци, се е поскапено минимум 30 посто, од јајце до стан. И нема абер да запре Welcome во предворјето на робовладетелството.
Па нема технологија со обновливи извори во моментов која може да опслужува индустрија и домаќинства. Буквално нема сегмент од економијата која директно не зависи од нафта, гас или јаглен. Алтернативни извори се само за да се поднамали таа потрошувачка, инаку не постои моментално начин тие да ги заменат конвенционалните извори на енергија, ни приближно.
Ма нема врска со робовладетелство. Не е ни прва, ни последна економска криза. И во 2008ма имаше. Па ја преживеавме. И не зборам за алтернативен извор на фосилни горива, туку за еколошки извори на енергија. Знам дека знајш. Технологијата ја имаме, само некој треба да инвестира и да ги изгради единиците.
Не, ја немаме технологијата која може да опслужува сѐ во денешново општество енергетски. Која технологија ја имаме која може да генерира толку многу енергија? Ако се најде начин да генерираат повеќе енергија, да, ама факт е дека наредниве 50-100 години минимум не можеме да сме независни од фосилни горива.
Да де, знам. Еве имаме технологија сончев колектор, ќе си инсталираме сите еден по дома и ќе тераме. Тоа шо сонце овде имаме вкупно 90 дена нема везе, ќе еволуираме во мечки, рестото во зимски сон ќе го минеме
Абе така ако го релативизираш 'еден панел' и заврши работа. Ако имаш 15 панели, може и ќе продаваш струја. А замисли 50. А 50 ветерници? 5 ходроцентрали? Настрана фактот шо ако најскоро можно не го напрајме ова, децата наши и децата нивни, ќе умираат како резултат на климатските промени. Ама не се тие битни. битно ние да имаме руски (или било каков) гас.
Ама не може да се инвестира во инфраструктурата, кога и цела Македонија пример да е сончеви колектори и ветерници, помалце струја ќе генерира отколку гас и нафта, и недоволно за потребите. Едноставно многу помалку енергија генерираат и се дури не се најде начин со исти ресурси да генерираме повеќе енергија, немаме ни доволно обновливи ресурси за комплетно да ги замениме фосилните горива. И без разлика на инфраструктурата.
Комбинација од повеќе алтернативни извори. Може да се задоволи потребата. Башка субвенции за субјекти кои местат колектори, изолација, термална, ПВЦ дограма
Ама остај ти дома, тоа е најмал проблем, индустријата како ќе ја снабдиш со обновливи извори? Нема, едноставно нема начин во моментов за тие да генерираат доволно струја. Сигурно да имало, не би бил никој глуп да купува нафта, ќе си изграделе од се по малце. Западниве земји имаат цели плантажи со сончеви колектори и ветерници и сите тие генерираат помалце од 5% од вкупната потрошувачка.