Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Ќе растат цените до плафон на се’ , ќе мизерваме со истите плати и ќе кратиме на храна и струја само за да стигни платата од први до први, амааа САНКЦИИ СПРЕМА РУСИЈА ОБЈАВИВМЕ ПО ПРИМЕРОТ НА БРАЌАТА ОД НАТО, јеј.:|
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.312
    Многумина чекаа да умре севернокорејскиот водач, верувајќи дека тоа ќе ги подобри животните услови и слободи на народот таму. И умре. Не еден, туку двајца (1994 едниот, 2011 другиот).
    Речиси ништо не се промени во Северна Кореја. Сфатете, не е до личноста туку до резонирањето на групата луѓе околу човекот кој е поставен како лидер.
    Во теорија да, во пракса меѓутоа војната ќе заврши откако на преговарачка маса сериозно ќе седнат САД и Русија, Украина за жал е само пијун во целата претстава.
    Мислам дека Македонија требаше да одигра поитро. Требаше да дозволи прелет, ионака другите земји не дозволиа прелет. А ООН требаше да гласа воздржано. Така не ќе беше ставена на листа на непријателски земји, и ќе имаше евтин или релативно евтин гас и нафта а тоа ќе ја спречеше во голем дел инфлацијата.

    Можеби да, можеби не, но не му доликува на претседател на парламент да се бави со менталното здравје на претседателите на други држави. Тој е инаку оддамна познат по контроверзни изјави, на пр. дека луѓето кои немаат деца не биле нормални и сл. Имајте во предвид дека Украина е источен сосед на Унгарија и дека во задкарпатието има унгарско малцинство, тоа е една од териториите на историската Унгарија а отцепена со Трианонскиот договор во јуни 1920 (кога Унгарија губи над 70% од територијата и над 50% од населението). Дел од унгарското општество до денес го нема преболено тоа и сèуште имаат луди фантазии по тоа прашање, но кои според сериозните унгарски аналитичари немаат реална основа. Така да таквите препукувања не треба да изненадат.

    Унгарските аналитичари инаку велат дека украинскиот претседател одлично ја исполнува својата професија - актер. Глуми претседтел кој во меѓународните односи ја прилагодува глумата соодветно на државата со која разговара а со цел да стекне поголеми симпатии и подршка во тој поглед пи-ар-от одлично му оди.
     
    На sonuvana, Bratot и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Да, ама тета Кејти не е натопорчена на Калето за да пие нафта, туку да мава со камшикот ако му текне на некого некаква итроштина.
    И тоа е се што треба да знаеме за сувереноста на "нашата земја" и суштината на односите со нашите евро-атлантски "партнери".
     
    На sonuvana, oblace1, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.312
    Не сакам да верувам дека е така, но праксата од самостојноста (1991) до денес покажува дека е така. Но сепак мислам дека ќе поминеше ако Македонија речеше, повелете госпон министер на РФ прелетајте, ако ништо друго ќе се купеше можеби време. Или мислите дека се калкулираше за возврат САД да ја притисне Бугарија околу Македонија во ЕУ?

    Како не помина референдумот за Маседоуниа да стане 51 членка на сојузните држави на САД со Хаваи, Калифорнија и тн.? Тогаш ќе можевме да се половооргануваме (qрчиме) како суперсила... Или немаше таков референдум кај нас? Не се ни сеќавам више од толку референдуми, избори, гласања што поминаа... :?:
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Дејлајт, не тргнувај од твојата искрена и наивна природа кога ги толкуваш работите поврзани со западните хегемони. Ништо Македонија не очекувала за возврат, па да калкулира со бугарските случувања. Всушност, наивно е да се верува дека Бугарија туку-така сама се сетила да ни ги јаде џигерите, па демек ни ЕУ не може да ја опамети. НЕМА ШАНСИ такво сценарио без кумување од ЕУ и САД (дуото ку*ац и пе*ис во различни опаковки, за посликовито да ти ги доловам нивните политики). Што значи, баш во нивната агенда е зацртано дека ваква Македонија и македонскиот народ не постои, и тие активно, очигледно и без пардон работат на конечно решавање на "македонското прашање". Ако за овие нивни амбиции се уште имаме дилеми, тогаш не знам што да кажам.
    Што значи, САД не гледа партнер ниту во нас, ниту во другите земји, туку за неа сме сите само измеќари во служба на Длабоката држава.
    Туку, голем зрак надеж ми влева дека на повидок е еден нов светски поредок, мултиполарен свет кој ќе почива на сопствени, природни вредности ненаметнати од страна, ќе нема еден светски полицаец како досега, "еден е изборот" оди во историјата итн. Ние треба да ги препознаеме случувањата кои следат, да бидеме мудри и да ја одбереме вистинската страна, вистинскиот свет, во кој ќе опстанеме и ќе се развиваме како свои на своето, па и нас сонце да не огрее!
    А доттогаш да преживееме!
     
    На sonuvana, Billy Idol и oblace1 им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.330
    Допаѓања:
    190.068
    Свесна си дека вториот пасос ти е комплетно негиран од првиот, така?:wasntme:

    Туку зошто никој не ја пренесе веста дека Нато сојузниците дискутираат како да прекине војната во Украина, без Украина? :?: https://edition.cnn.com/2022/06/03/...gular-meetings-potential-ceasefire/index.html
    Нели борба за слобода, ќе им дадеме се што треба, колку што треба...(waiting)
     
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Мислиш, тие првите нема да го дозволат новиот свет на вторите?
    Процесот е почнат и нема запирање, јасно им е тоа и на западните. Отиде грутката снег низ планина, и само ќе се наголемува. Мислам дека за неколку години ќе биде искристализирано кој во чив свет и влијание е, а за тоа нема да одлучува тој кој до сега ги кроеше светските шнитови. Мое мислење, секако.
    А ако мислеше на нешто друго, пиши поподробно, сепак сум плавуша. :D
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Директорот на руската вселенска агенција денеска им се закани на три источноевропски земји дека Русија може да ги гаѓа со балистички ракети, откако тие го забранија летот на авионот што требаше да го донесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Србија.

    ,,Значи, рускиот природен гас што го добиваат овие земји апсолутно не е отровен за нив, додека летот со руски министер е сериозна загриженост. Прашањето е, можеби дали тие земји воопшто треба да се снабдуваат со руски енергенси“, напиша Џабаров.

    По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија.

    Секако, ова не е битно. Битно е убаво да се прослави роденденот на ДУИ.
    :party::party::party::party::party::party::party::party:
     
    На Konfetka, sonuvana, Bitter-Sweet и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.330
    Допаѓања:
    190.068
    Викаш, да бидеме умни и да одбереме, а претходно и послеходно јасно ни е дека ништо уствари не одбираме, што ќе ни одберат, тоа ќе биде. Кој кај ќе се погоди.
    Само да кажам дека не ми се живее во Кина и општества со сличен поредок- ако ме прашува некој мене:|
     
    На Konfetka, Billy Idol, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Во право си, никој ништо нема да не праша, ниту не прашал. Најважно е сепак, да препознаеме дали нешто е конечно и во наш интерес. А ние барем овде на Балканот, немаме ништо заедничко со Кина, така што стапчињата за јадење ќе ги чуваме само за во кинески ресторан.
    Издиши се сега длабоко Биљо :)
     
    На Billy Idol и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Еве им дадоа слобода уметнички да се изразат и да победат на Евровизија со огромна поддршка од сите, сега бендов собираат пари за Украина преку настапи, па го продале и трофејот за да се набават беспилотни летала https://www.slobodenpecat.mk/kalush...vime-bespilotni-letala-za-ukrainskata-vojska/
    Еве ќе им помогнат да прекине војната и без тие да знаат како:wasntme:

    Остај ги луѓето да веруваат во што сакаат, ако е тоа нов подобар свет, ете нека биде така.
    Е па и ти што е толку лошо во Кина, во големите градови сите вредно работат како мравки, во внатрешноста сите на нива, здрави работни навики уште од мали имаат втемелено. Како ојачаа толку ако сите изводат и ништо не подработуваат и допринесуваат за државата?:^)
    Е сега да поредокот си доаѓа со цена што треба да ја платат сите, тоа е тоа, нема кој што сака, тоа само по дома:D
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    130.948
    Пол:
    Женски
    Ни САД, ни Русија, ни Кина, ни некој 4-ти.
    Јас не би бирала страна.Ако е за власт+доминација, мене да ми ја дадат. :wasntme:]:)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.330
    Допаѓања:
    190.068
    Неее, ништо со Кина:wasntme:
    Само долг:D
    И традиционално ни се дешава нешто во корист на нашата штета, така што- чорба:doh:.

    Не гледам нешто Кина и Балкан релации, само ако изборот е Кина или Америка лајк поредок, да ти е мерак, кај и да се паднеш... или, како се викаше, од двете подолгото, или:?:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.312
    Немам такви илузии, мислев во смисла Македонија можеби се плашеше ако не се додвори доволно на американците и ЕУ, ќе ја казнат преку Бугарија.
    Како мислиш ќе нема? Русија и Кина што ќе бидат? Само типот на вредности ќе биде поинаков. Е сеа можеби нешто кон подобро, а нешто можеби кон полошо. Русија и Кина не се познати по уважување на слободната мисла на поединецот и вреднување на човечките животи (камо ли тие на животните). САД барем имаат селективност во тој поглед. Во бројни разговори со русите не добив впечаток дека ја негуваат слободарската мисла како американците (зборам за обичниот американски човек, не наметливите политичари) или ја прифаќаш нивната верзија на вистината или не чиниш. Кај американците барем има љубопитност „А зошто размислувате поинаку?„

    Се согласувам дека на тнр. западен свет деновите (или годините) му се одбројани, но до настанување на вистински поправеден свет мислам дека ќе помине уште доста време и дека до тогаш и истокот ќе пропадне, дали од себе дали од природните катастрофи (концизно наречени: промена на климата) кои сè повеќе земаат замав...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.392
    Пол:
    Машки
    Тоа дека им ја поклонија победата е веќе јасно, но ете барем ако не повеќе хуманитарно да помогнеле на украинскиот народ кога веќе го шитнале трофејот, вака се за џабе фрлени парите.

    Путин се закани: Ако Украина добие ракети со долг дострел, Русија ќе гаѓа нови мети

    Прашање на време е кога Зеленски ќе го остават целосно на цедило.
    ЗЕЛЕНСКИ ГИ ИЗМАМИ И ИСКОРИСТИ СИТЕ ЗАПАДНИ ЗЕМЈИ – НЕ ТРЕБАШЕ ДА ПОМАГАМЕ СО ОРУЖЈЕ – ИЗЈАВИ ФРАНЦУСКИ ЕВРОПРАТЕНИК

    Во Киев се појавија плакати на кои Зеленски е прогласен за предавник: Се подготвува ли пуч за украинскиот претседател?!
     
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Леле Дејлајт, па има ли поголем непочитувач на слободната мисла и човечкиот живот од Американецот? Не навлегувам во внатрешните работи на Америка, не ме ни тангира тоа, но зарем гледаш некаква почит кон мислата и голиот живот на сите други народи вон северноамериканскиот континент? Зарем ние Македонците не го чувствуваме нивниот "демократски" капацитет со децении? Не избомбардираа и озрачија (ене каде е Косово и Србија), не разобличија со уцени, толчења, наместени лејки на власт, наметнување нивни и само нивни "вредности", ни го изгазија секое човечко достоинство, не месат како пластелин за да не формираат како аморфна маса по нивна мерка. Буквално не расчовечија!
    И сега треба нешто да ми значи дека обичниот Американец бил барем љубопитен и ќе ме прашал што мислам јас за нешто таму?
    И гледај колку е моќна таа нивна грозна пропаганда, сите не чинат освен нив, и ќе ти ги набројат работите кои всушност, самите тие ги прават на остатокот на светот! Кој го запали светот од војни, жртви, уривања неподобни влади?
    А за другото, Истокот нема да пропадне. Ќе пропадне западниот хегемонистички свет и поредок, како што порано пропаѓале империите одвнатре, кога го достигнувале критичното ниво на декадентност.
     
    На Konfetka, sonuvana, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Ако Зеленски, како актер, илузионист што год и да е сам успеал да ги измами или пишале плени сите европски престолнини па тоа европратениците од престолнините што му наседнале да фатат слободно да си ги искинат дипломите и да се откажат од местата што ги фатиле.
    Ама не ќе да е сам тој во планот за Украина и во глумата, а таа рака што го храни, таа и ќе го уништи, ништо ново во тоа сценарио.
     
  18. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Е не гледаш Кина и Балкан релации поточно со нас релации кога Циле зафркна работа по ветената милијарда од Тајван, па Кина ни сврте грб и ефектите беа необезбедена северна граница.
    '' Милијардата на Циле и тајванската авантура, за жал, завршија катастрофално за Република Македонија. Македонската северна граница остана необезбедена по ветото на Кина во Советот за безбедност и повлекувањето на превентивната мисија на Обединетите нации (УНПРЕДЕП). ''
    https://denesen.mk/na-deneshen-den-...koi-bea-raskinati-poradi-milijardata-na-cile/
    Шуќур се потсмиривме со Кинезите подоцна:D

    На темава што прочитав Американците биле љубопитни, Русите не се ни прашувале како да мислат како им се каже така, ама па Кинезиве цело време вредно си работат се јача економијата и ете ги во светските сили. И што научивме од многу распрашување и незнаење ништо не бива, само на работа на труд треба народот да се научи тоа обезбедува успех.
     
    На Billy Idol, orevokrsacka и Zhukov им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.330
    Допаѓања:
    190.068
    Шуќур. Кон кого има Македонија најголем долг и зошто?
    Малку стари вести, може во меѓувреме некој се задолжил на друго место повеќе
    https://www.dw.com/mk/кинеската-мрежа-на-балканот/a-50805850
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.392
    Пол:
    Машки
    Досега не дека видовме кој знае колку правилни и паметни чекори од страна на европските политичари, а ова е само префрлање на топката кој да биде виновникот и кој да ја сноси одговорноста за се ова што се случува.
     
    На sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.