Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Ништо да си распишат нов конкурс и да си објават нови огласи за вработување на нови и свежи лица поасални за функцијата европратеници дека на овие им се виде умот, ако го имаат воопшто.
    Кој па да ги знае по кои критериуми се регрутирани и селетирани постоечкиве, ама па очигледно не им чинат:D
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Поима немам стварно, ама дека сме дужни ко Грчка на кого стигнеме насекаде по светов јесте да. Ама па и мн. се надеваат дека ќе ни бидат отпишани долговите како неа, ама ете се уште една и единствена е, Грција :D
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.754
    Пол:
    Женски
    Македонија, толку слаба и зависна држава, а силна се прави. Е од тоа се плашам.
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Македонија токму зависност покажува,но бидејќи е членка на НАТО и не може поинаку....слушаат и Франција и Германија,на пример...
    Од друга страна,Србија само поради огромната поддршка која народот ја искажува кон Русија, од околу 90 проценти, сеуште не смее да и воведе санкции на Русија и балансира измеѓу....
    Изгледа дека е голема паниката во НАТО штом забрануваат дипломатска посета, незапамтено досега..
     
    На orevokrsacka, Bratot и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    41.051
    Пол:
    Машки
    Lavrov on Montenegro and Macedonia.

    Never confuse the people with the government, because those countries are protectorates of Western countries.

    Исто така изјави дека не планира Русија да го отежнува животот на народот во овие две земји поради нивните политички одлуки.

    Ова е една од најдобрите изјави кои можевме да ги слушнеме во овој период. Добро е што руската дипломатија е крајно мека кон нас како народ, затоа што поданициве наши имаше да не остават на питачки стап до сега за храна, горива и гас како што сме зависни од Русија.
     
    На Summerbaby, IRBBB, sonuvana и 9 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Не осеќам сигурност кога зборовите не доаѓаат од самиот Путин.
     
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    41.051
    Пол:
    Машки
    Нема што Путин да се меша во дипломатија и надворешна политика кон непријателски небитни републики, како нашиве овде, кои слушаат наредби од Нато. За тоа им е тука Лавров како министер.

    Јас очекував вакви зборови од Бајден. Да ни даде некоја сигурност дека ќе ни достави храна, течен гас и горива по намалени цени поради нашата поданичка политика што ја водиме.
    Изгледа сеуште не може да не најде на мапа, тоа е проблемот... :?:

    Ем слушаме што ќе ни кажат, ем го јадеме, ем коленичиме кај Русите и Вучич да ни пуштат ресурси за да преживееме.
    :clap:
     
    На Summerbaby, IRBBB, sonuvana и 10 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Од Бајден-злото само зло искача.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.312
    @orevokrsacka Во поголем дел се согласувам со тебе но прашањето останува, што се подобри во тој поглед русите и кинезите како владетели? Зошто мислите дека се тие некаква посветла алтернатива за светскиот поредок?
     
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Затоа што верувам дека мултиполарноста е вистинскиот и праведен светски поредок. Заснован на свои, изворни, природни постулати за секое општество, држава, цивилизација. Секој знае што е најдобро за него, а не некој друг од страна. А еднополарноста вели дека еден знае и кажува за уредувањето на цел свет, по негова мерка. А тоа раѓа репресија, обезличување, војни, страдања итн. Не може светот да почива на еден столб како досега, едноставно ќе се сруши.
    Плус, гледам дека новиве сили на Истокот не ги засноваат партнерските односи со другите земји по пат на уцени, условувања, бесмислени преговори и сл. Ако двајцата имаат интерес да соработуваат, ќе соработуваат, и друго ништо не е важно. Русија и Кина никогаш нема да речат: Чекај сега, прво името смени го, историјата продај си ја, обезличи се до даска, па после ќе видиме дали да ќе тераме соработка.
    А дека Истокот ни подава рака и сугерира дека и најмалите и најслабите како нас ќе бидат третирани како достојни партнери, ми кажуваат некои "знаци", пораки кои ни ги испраќаат. Неслучајно преку единствениот нивен отворен поддржувач на Балканот, Србија, добивме жито, зејтин, идејата за Отворен Балкан, признавањето на МПЦ, реториката на Вучиќ дека од нас ништо не бараат освен да бидеме браќа и пријатели...
    Ништо не е случајно, тоа е идеологијата на мултиполарниот систем, и затоа мислам дека тоа е единствениот спас, посебно за нас.
    А со овие од Запад, фрлени сме во Црна дупка, па сега ти види.
     
    На sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Нема.
    Ќе те нападнат со воена сила... ако можат.

    Исти се и едните и другите.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.463
    Допаѓања:
    41.051
    Пол:
    Машки

    Иако не сум повикан, ќе пробам да одговорам на прашањево зошто би било за нас подобро влијанието на Русија и Кина на овој регион, отколку Америка.

    Поради експанзионистичката политика на овие две земји кои се борат да најдат повеќе држави со плодна политика спремни за економска размена, нудат партнерство кое би било повеќе поволно за нас отколку Америка и ЕУ кои немаат никаков бенифит од нас, па затоа имаат вазалски пристап.

    30 години сме поданици на Западот и како што гледаме од нивната политика немаме никаква корист, туку огромна штета. Едноставно не им требаме како земја и не сакаат ништо да вложат во нас, па затоа ни поставуваат секакви услови за да влеземе во нивни сојузи каде што ќе ја користат нашата држава за геостратешки игри и владеење. Наместо партнерство ни нудат робовладетелство. Наместо градење на клучна инфраструктура во државава, подигање на стандардот за живот, вложување во примарни гранки кои би биле неопходни за живот и индустриски развиток, тие уништија се што можеше да се уништи останато од Југославија за да го откупат по мали пари, аутсорсираат своето производство и да не користат како евтина работна рака овде. Буквално фабрики кои што утре за 24 часа ќе можат да се иселат од државата и ништо да не остане во земјава, само еден куп невработени кои претходно крпеле крај со крај за 300 евра плата.
    Притоа цело производство им е за експорт без никакви даноци и приливи во државната каса.

    Користење на нашите рудни богатства, приватизација на клучни сектори како телекомуникациите, водостопанство, електростопанство итн. итн.
    Вршење притисок над енергетскиот сектор под закрилата на "екологијата" за да го доуништат и тоа малку останатото производство во Македонија, па да останеме без струја и да мора да ја импортираме од ЕУ земји по зголемена цена. Резултат: енормно високи сметки кои што не можат никако да се покријат.

    Ни го уништија земјоделието и од земја која не беше толку зависна за земјоделски култури, раноградинарски и овошје, сега мора да увезуваме домати, праски и жито. И за тоа повторно мора да коленичиме кај Путин или Вучич за да ни дозволат увоз.

    Од друга страна, Кина и Русија бараат партнерски земји каде им нудат поголеми поволности, без притоа да ги уценуваат за промена на име, јазик, идентитет, да те обезличат и да ти менуваат буквално домашна политика, да ти наметнуваат нивни правила на живот, "демократија", или пак да ти ги експортираат сите ресурси што ги имаш и да те прават зависни од нивните индустрии.

    Имаше некој спомнато овде колку лоши биле кинеските кредити за инфраструктура, а не спомна дека мораше да се свртиме кон нив затоа што Европските кредити не беа достапни за нас, и беа по далеку повисока каматна стапка кои никако не ни одговараа нас. Секако, тука и криминалот, мито и корупција си го направи своето, ама за тоа не се криви Кинезите, туку криви сме ние што има(в)ме криминалци во власт.
    Од друга страна нека се прочита добро за да се види какви "инвестиции" и услови им наложи САД кога им го градеа автопатот во Косово, буквално протекторат и нивна територија. Да не заборавиме и дека фрлаа бомби со осиромашен ураниум па секоја година им умира народот таму и идат да се лечат по наши болници. Во војната гранатираа намерно албански цивили во Косово и имаа масовни убиства на луѓе какви што ни Србите не правеа. Ете, толку им беше гајле за тој народ, кој ги слави сега и му гради споменици на Клинтон. Ама тоа си е нивни проблем.

    Русија спремаше масивна инвестиција од која ќе имаше голем бенифит Македонија доколку се реализираше Јужниот тек. Во Русија за гас, во зима, а какви само зими имаат они, за двособен стан од 60м2 плаќаат отприлика околу 1000-1500 рубљи (исто е во денари), што е буквално ништо споредено со нашите сметки за струја овде кои годинава за Јануари надминуваа и 200 евра, а можам да замислам какви ќе бидат следното зимо. Да не заборавиме, поголемиот дел од граѓаните се греат на дрва, крајно нееколошки, непрактично и скапо. Метар кубен дрва изнесува сега 4000 денари. Којзнае што ќе биде во Август и Септември кога ќе почне сезоната...
    Ние секогаш гледаме и го чувствуваме инпактот во малостопанството, но можеше да се замисли каков само инпакт ќе имаше ова врз индустрискиот сектор. Сега, за жал, наместо да проаѓа гасот низ наша територија, проаѓа низ Бугарија која го собира медот.

    За Кина, Западен Балкан е од стратешко значење за пробивање на трговски пат кон Европа. По купувањето на пристаништето во Пиреја, Грција, имаа замисли на мега проекти за развиток и унапредување на инфрструктурата овде. Еден од нив беше градење на брза железница за транспорт. Во Србија ја пуштија, Београд - Нови Сад. Многу побрзо се патува отколку Скопје - Битола кои се далеку поблиски.
    Исто така се спомнуваше и мегаломанскиот проект за пловен Вардар и поврзување со канал со Дунав со што ќе можат со карго бродови да патуваат стоките до Виена. Ова е малку тешко остварливо, но во една поволна политичка клима, зошто да не? Ако сите имаат бенифит од тоа?

    И едно од најголемите поволности е тоа што Кинезите, од мое лично искуство гледаат со краен почит кон нас, белците, посебно пак ние од екс Југославија. Секогаш не третираат еднакви на нив. Додека, повторно од лично искуство, Америка и Европа не гледаат како луѓе од третиот свет, поданици, и нелуѓе. Дури Индијци, Пакистанци се далеку повеќе ценети од нас кај нив и подобро третирани.

    Друго што е најбитно е тоа што до сега, со склучување на секој договор со овие две земји, се имало искрена соработка без прекршување на правилата кои однапред биле договорено. Додека со Америка, секогаш се менувале, како што нив им одговарале, наметнувајќи ни ги нивните ставови, да играме онака како што ни свират.

    Дали ќе биде сјајно и бајно доколку овие земји завладеат со светот? Сигурно нема да биде. Кога си слаба земја која нема што многу да понуди, никогаш нема да бидеш третирана добро. А, и во светот секогаш владее политика каде што посилниот го користи послабиот. Но, поради огромната моќ која ја имаше САД до сега, буквално можеше да прави што сака со овакви банана земјички како нашата, додека другата страна има далеку помеки ставови, не за друго, туку затоа што сака да не придобие на нивната страна и сеуште не е толку моќна за да си игра курташак. Затоа е многу битна мултиполарноста.

    Клучно да знаеме како да одиграме во прав момент во следниот период кој ни доаѓа. Да се фатиме на орото рано, за да можеме да искористиме поголеми бенифити, отколку да чекаме последни, па да не шупчат наредните 30 години како што не шупчеа до сега наметнувајќи ни секакви услови за да влеземе во унија од која немаме корист, само загуби.

    Пример, Вучич е поим за лидер кој успеа да наметне политика каде што има бенифит од двете страни. Така успеа да издејствува најповолен кредит за изградба на Грделичката клисура и другите нови делници со кои ги обнови сите автопати во Србија, и со нас, и со Бугарија, и со Црна Гора. И сето тоа затоа што доби ултра поволен кредит од ЕУ која буквално сама му го понуди само за да не ја прифати поволната понуда од Кина. Ете, така се преговара.
    Се наметна како лидер на Балканот, ги снабди сите соседни земји со пченица, масло за готвење (кое после им го препродававме на Косоварите), со вакцини кога не добивме ништо од Западот. Всушност првите пратки на вакцини ги добивме од Русија за да си го заштитиме медицинскиот персонал. Којзнае уште колку доктори ќе се заразеа и изгинеа ако не ни излегоа во пресрет. И во Србија договорија производство на Спутник, иако не знам што бидна со тој проект. Имаат голем наплив на кинески, руски и секако европски капитал.

    Србија пред 15 години беше далеку позади нас економски затоа што трпеше последици од војната во Косово. Во меѓувреме се консолидираше, го зајакна динарот, ги зголеми просечните плати, сега им се повисоки од кај нас. И како земја се велесила во споредба за нас, и за живот, и за просперитет, и сеуште им расте стандардот.
    Притоа водат крајно добри и пријателски политики кон нас, давајќи ни помош онаму каде што ни е најклучна.

    За споредба, го гледаме односот на Бугарија кон нас, како со нивните политики не туркаат и ствараат омраза кај населението тука. Е истото го прави и САД, додека Русија со пријателската политика, поддршката за името, јазикот, гледа да не добие на нивна страна. Изјавата на Лавров е токму тоа. Претходно изјавата на Путин дека Кирил и Методиј се Македонци и Кирилицата потекнува од Македонија, а не од Бугарија го докажуваат нивниот став во спорот што го имаме и ги собираат симпатиите на нашиот народот.

    100% сме зависни од рускиот гас, од руските горива, добар дел од пченицата и од репро материјали. Затоа и нашава влада после 1 ден противење, го смени наративот и реши да плаќа во рубљи. Наместо да го користат тоа против нас за да не уништат (можат лесно да направат такво нешто, тие гледаат со мека сила, помош, да успеат да ја променат политичката состојба кај нас. И оваквите добри чинови на помош, нашиот народ ги гледа и ги цени. Посебно што доаѓаат за нас во најтешките мигови.

    Како членка во НАТО и сојузник на Америка и Западот, зар не треба овакви бенифити да добиваме од нив, тие да се први кои ќе ни излезат во пресрет, ќе инвестираат во нашата економија, инфрструктура, енергетски сектор и ќе ја издигнат индустријата на земјата? Каде ни се како партнери кога највеќе ни треба?
    Ги нема.

    Во таков случај, ќе се бара алтернативи и ќе се врти на другата страна. Се што сака Македонскиот народ е да биде почитуван достоинствено, да не му се меша во внатрешната политика, да не му се менува идентитет, име, јазик. Да се остави да се издигне економски, индустриски, да му се подаде рака, да му се помогне...
    Да не заборавиме дека ние сме како Пиреј. Корни не, ништи не, малку да фатиме, ќе потераме повторно. Не ни треба многу.
     
    Последна измена: 7 јуни 2022
    На La-loca, IRBBB, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.008
    Нема мултиполарен свет, само мулти-поларизиран.
    И на русите им беа украинците ,,браќа,, ама брат за брат, сирење за пари. Веќе богдачува од браќа, од сите страни браќа, ние без куќа останавме:|
     
    На WildMk и daylight им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Биљо, кучата го продадовме од глупавост, мора да најдеме начин да си ја вратиме назад.
    Брат брата не рани, ама тешко кој го нема.
    Не сме самоодржливи, мора да научиме да играме во наша полза. И секој кој ќе ми помогне, ќе го сметам за брат, нормално.
     
    На Konfetka, Waverly Raven, Demi_ и 4 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Ама, никој не сака да ти помогне од што има емпатија, туку гледа да те залаже за да те искористи.
    Единствената разлика меѓу нив е што едниот не би ти мењал сè, а другиот сè или скоро сè.
    Од што народот наивно ѝ верува или на едната или на другата страна сме на ова дереџе.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.008
    Кој го продал кучата, јбг, нема назад. И нема веќе ништо за продавање. Не дека е Мк единствена де, во која тема пишуваме и за што Украина го продаде кучата на пример?
    Романтизирате дека едниот господар ќе биде подобар од другиот. Господарот е господар, тој другиот роб. И толку е.
     
    На WildMk и daylight им се допаѓа ова.
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Секој има свој интерес, идеално е кога интересите се заеднички. Тоа треба да ни биде императив.
     
    На Demi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Јас не гледам така...
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.008
    Може дека не си запознала Руси и Кинези во животот :).
    За другиот дел, секој да си го гледа интересот, све е тоа супер, ама за тоа се учи школа. Школа за дипломатија. Грција и Србија очигледно не бегале од часови, Мк за жал до таа школа не стигнала. И осеќам дека дебело оф топик заминавме, па ќе престанам тука.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.754
    Пол:
    Женски
    Епа тоа, дека е членка на НАТО, ќе игра по нивни правила и ќе го јаде од Русија заради тоа. Се заканиле гасот ќе го запрат па и дека ќе ги нападнат земјите што му забраниле на Лавров да лета, а на ова земјиче, ако го навлече гневот руски, лошо му се пишува.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.