Нема шанси да имаме исти интереси, 8 милијарди луѓе. 1.800.000 не можиме да се договориме... море дома со 2-3 не можиме, не пак цела планета исто да гледаме Па уште и тоа гледиште да биде од бенефит на сите.
Се возев. Навистина беше чудо невидено за балканскиот регион (Хрватска на пр. е во ЕУ но со запоставени железници, додуша нешто подобри од Македонија). За некоја година ќе се заврши првично планираната траса, Белград Будимпешта велат за 3 часа ќе се стигало. А долгорочно идејата е железничка врска токму со пристаништето во Грција. А Македонија уште ја гради пругата кон Бугарија... речиси триесет години, а велат проекти имало уште од крајот на 19. век. Ова си во право многу. Мислам дека сè уште го сонуваме сонот за ЕУ кој беше добар деведесетите и раните двеилјадити. Но бидејќи светот се менува, тој сон се претвора полека во кошмар, меѓутоа досега немаше силна алтернатива во Русија и Кина. Во иднина тоа можеби ќе се промени. Македонија мора вешто да процени кога и како да се откачи од едното за да се нафати на другото оро. Од една страна премногу доцна ако го стори тоа, возот отиде, но и премногу рано ако го стори тоа, може да се изначека на возот. Не би се согласил со ова целосно, барем не за првите деценија и пол независност, самиот велиш: Со други зборови, не се виновни западот туку локалната корупција и менталитет. Да не беа разните европски фондови, USAID животот во Макеоднија ќе беше многу помизерен. Русија и Кина не даваа во тој поглед помош во вид на донации. Кога се осамостои Македонија дали се сеќавате дека имаше доволно лекови, анестетици, хируршки конци и сл.? Тоа го овозможи испоплуканиот Сорос од трулиот запад. Но медицинска грижа имавме, и тоа не треба да се заборави и омаловажува. Честопати имам работа со огромен број на Американци и Канаѓани, моето искуство е сосема спротивно. Покажуваат емпатија, се восхитуваат на интересните работи во Македонија и би сакале да ја видат безбедна и напредна. Колку тие во тоа активно би можеле да придонесат (воглавно станува збор за обични луѓе) е друга приказна. Кинезите знаеле да кажат, имате такви и такви проблеми па што? Не сте единствени, што се замислувате вие тука во Македонија... Едни руси еднашка ни ја критикуваа азбуката, погрешна била. (ајде можеби биле исклучок ќе речеш) но не сум забележал дека русите нешто посебно нè ценат, ниту нас ниту србите само затоа што ете тука воглавно живее словенски православен народ. Но ако се одигра паметно на ниво на билатерални односи меѓу државите мислам дека Македонија може да профитира во иднина, во контекст на орото што го спомна. Ова за жал е голема вистина. Почнаа да садат холандско и незнам какво семе, од тогаш поретко гледам квалитетни домати. Ги има, ама не толку како порано. Во кочани нема кочански орис, само турски... зошто? и тн .
Доколку соработуваш нема, но ако одбиеш... Па токму тоа ѝ го прават на Украина русите во поглед на нивната историја и јазик(за волја на вистината и украинците не ги почитуваат правата на руското малцинство), што на Македонија сакаат да ѝ го направат бугарските политичари. Кај и да е русите ќе ја натераат и Србија да го признае Косово. Кинезите на тибетанците (иако мислам дека Тибет просперираше далеку повеќе со Кина отколку сам) и на ујгурите, да не збориме за кинеските планови за Тајван и односот кон САР Хонг Конг. Е сега работата е да се процени дали кон Македонија би биле маќеа или мајка? Сакам да верувам дека попвро ќе бидат мајка (па макар од интерес) но само да преживее Македонија до тогаш. Во една емисија на Васко Ефтров прераскажа случка дека (наводно) Путин на некој од поранешниве претседатели на Македонија му рекол „Што седам тука со претседател на држава која за 10-15 години повеќе нема да ја има?!„ . Се надевам дека приказната е само сензационалистички пренесена и дека Македонија ќе опстане уште долго време.
Зошто да не сакам да соработувам? И од наш интерес е, да бидеме гасифицирани, да не кубуриме со нафта и жито, сакам добра инфраструктура, брза железница... Тоа е соработка, и Истокот преку нас да се поврзе со Европа, и ние да сркаме од медот. Во однос на руско-украинските односи и историја не навлегувам, проблемот е длабок и комплициран. А за тоа што му рекол Путин на Иванов, па да, само му предочил каква иднина не чека со евро-атлантистите и "еден е изборот". Всушност, му кажал нешто што ние немаме храброст да си го признаеме, барем некои од нас. А сегашноста ни кажува дека Путин имал право.
Точно е дека може, затоа имаме влада и лидери да одлучуваат во наше име, како низ земјиве по светот така и кај нас. Па за клучни прашања што не засегаат сите како народ имаме и референдуми да се изјасниме и да се види што мисли мнозинството од народов. Е сега кај нас што претежно се' е фарса и е однапред одлучено како ќе тераме, а не се слуша што народот навистина сака тоа укажува дека или не знаеме да избереме асални лидери што си го ценат народот и почитуваат неговиот избор или тие едно ветуваат па откако ќе им ги наполнат џебовите некои од страна мн. брзо забораваат што ветиле. На темава ве читам како просечен Американец, Русин или Кинез пишувате гледале кон нас како народ и сфаќам дека мн. се генерализира, а и се влечат заклучоци на лично искуство на поединци што не мора да е фактички така. Ама пред се треба да разграничиме дека како народот таму гледа на Македонците не е во најголем број случаи исто со тоа како власта на тие народи гледа кон нашата власт, политички интереси се во прашање, а не Русите не почитувале или не не почитувале заради тоа и тоа. Путин убаво си кажал според она горе што читам, ако е вистинито, ама кој да разбере е работава.
Ова ти е одличен одговор дека Западот не инвестираше и нема план да инвестира во инфраструктура, индустрија, земјоделие и енергетика. Клучни гранки за развој на секоја држава. Она што ни го даде Сорос е еден залак од морковот, за да го изгубиме сето она што го имавме. Баш под нивна директива се што е вредно се уништи во Македонија. Пошто ја спомна медицината... Сите наши болници се од времето на Југославија, да не инвестирал овде Тито, ќе испоцркавме сите. 10 години правиме нацрт планови за нов клинички центар, и нема уште темели удрено. Сите фабрики ни се/беа од времето на Југославија, повторно, масовни инвестиции од страна на Тито. Истите тие фабрики се опљачкаа, уништија и приватизираа од страна на тој Запад. Во истите погони денес им се фабриките, или пак направија лимени бараки кои лесно се размонтираат, за еден ден да ги повлечат од овде кога ќе си заминуваат. Главниот коридор е изграден, исто така во Југославија, Е75. Од тогаш, нашите се фалат со 2 км асфалтиран автопат земен на луд кредит од тој Запад. Повеќе од 80% од нашите кредити се земени од Запад со висока каматна стапка која којзнае како ќе ја вратиме. А знаеш, ако не можеш нешто да вратиш, тогаш може да ти конфискуваат имот. Железничките пруги и тунели се градени од време на Османлиската империја. Впрочем, може да се види дека повеќе објекти и инвестиции имаат овде вложено Турците за нивното 5 вековно владеење за да ја модернизираат Македонија, отколку што има САД. Кој им се главните цели на УСАИД и каде одат тие пари? Им ги пишува на нивната страна: Од независноста на Северна Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваземјата да: Стане просперитетна, стабилна и инклузивна демократија во чија иднина се цврсто втемелени принципите на евро-атлантските институции. - Просперитетна. Државава е се само не просперитетна во овие 30 години. Тонеме како да сме во жива песок. - Стабилна. Дал да се смее човек на ова или да плаче. - Инклузивна демократија со принципи на евро-атланските институции. Читај: Вазалење и слушање на наредби од Кале, па макар по цена на менување име, идентитет и јазик. Не можам да најдам споредба со колку е опадната нашата куповна моќ од пред 1990 и сега, но доволен е показател колкава беше пред 6 години, и колкава е денес (сигурно и во 2010 била поголема отколку во 2016). Така да, за што да сме им благодарни? Дека живееме од ден во ден се полошо и полошо? Пошто темава е за Украина, ќе направам една добра паралела со нив, која веќе ја имав направено и претходно... Животот во Украина до 2014 година не беше добар. Впрочем имаа еден од најниските стандарди во Европа, споредено со државите од Западен Балкан, Молдавија, Белорусија итн. итн. Од 2014 година, откога влегоа под директно управување на САД, Украина успеа да потоне толку многу што животот во погоре набројаните земји беше премија за нив. Наместо подобар живот како што очекуваа граѓаните, им се случи економски колапс, корупција и влегување на фирми на Бајденовци кои им ги црпеа природните ресурси на гас, нафта и рудни богатства. Се рашири корупцијата и криминалот на сурогат мајчинство, посвојување на деца и црни бизниси со човечки органи. Ниту еден долар инвестиција не видоа во ништо стратешко и битно за развој на таа држава, туку во разни НВО организации, пералници на пари за наводно подобрување на "демократските" процеси, "правата на граѓаните и обесправените групи" и остали безвезни работи кои во пракса не вродуваат со никаков плод. Да не заборавиме, најмногу вложуваа во нивната армија, доставувајќи им оружје, инструктори, и под нивно директно поткровителство створија нацистички групи како Азов, Десен Сектор, Ајдар... А видовме и како се сменуваат политичарите и оние кои нема да се сложат со Бајден. А оние што ќе се сложат, ќе бидат поставени за да ја тераат нивната агенда, маскоти, актери и луѓе кои немаат допирна точка со политиката. За Косово пак да не се почнува и како американски холдинзи профитираат од руди, енергенси, инфраструктура итн. итн. Секако, ова се приватни фракции и компании од самиот врв и власт на САД, а не од самата САД како држава. И тука пак доаѓаме до тоа дека криви се нашите корумпирани политичари. Но, нашите политичари се само мали риби во целата голема слика. Дали бил Курто или бил Мурто е помалку битно кога било кој од нив да е на власт, а ќе биде оној што ќе се покаже како подобар вазал, а не дека народот има избор, има, ама само фиктивен. Политиката и одлуките нема да се променат кога мора да ги вршат под директива на Кале. А секако, поддржана е и локалната корупција, криминал и матни бизниси. Во хаос се владее, не во средена држава. Добар пример за нас ќе биде да видиме како ќе се одвива растот на држави како Сирија, Иран, а посебно Венецуела која е најсвеж пример за уништување на држава поради санкциите од страна на САД. Моментално Мадуро успеа да го издржи воениот удар и земјата полека, но сигурно се стабилизира. Воглавно влегуваат кинески, турски и арапски инвестиции, но има и неколку руски инвестиции. Венецуела е огромна држава со огромно количество на нафта и гас. Може да ни биде добар пример за тоа како се однесуваат, посебно Кинезите и дали вложуваат во капитални објекти кои ќе го унапредат животот на земјата, или гледаат само да ја опустошат и да и ги украдат природните ресурси. Сега за сега има микс сигнали. Кина на големо вложува и во Африка, каде што планира да го атусорсира своето производство, и веќе полека, но сигурно го прави тоа. Нејзиното влијание во африканските земји од ден на ден е се поголемо. Африка ќе биде новата Кина за Кина, како што беше Кина за САД и Европа. Ситуацијата со Африка ни е јасна на сите. Луѓето таму беа држени на ниво кое е крајно неморално и неетички за човечко суштество. За секое живо суштество, не само човечко. Беа бескурпурозно прекшувани сите човекови права, деца третирани како робови за да работат во рудници за кобалт, никел, литиум, сребро... притоа сите беа водени од Западни компании кои им ги црпеа сите ресурси за да се богатат. Колонијализмот одамна е заминат во историјата, но само на хартија. Моментално Кина гради автопати, железници, индустрии, масивни хидро објекти за снабдување со вода, електрична енергија. Буквално ја модернизираат Африка. Секако, со цел утре тоа нив да им се исплатии и да имаат бенифит. Ништо не е џабе. Но, наместо лажното лицемерие на Запад кој "помага", а во пракса не се гледа никаков бенифит, "помошта" од Кина е видлива за око и напредокот, иако мал, сепак е во нагорна линија. Партнерство, кое ќе носи бенифит за двете страни, повеќе за инвеститорот, секако, но и за земјата која добива овакви инвестиции. И тука е огромната разлика помеѓу Западот и Истокот, посебно во оваа ситуација како што се менува светот. Истокот за да се додвори на нови земји, нуди добри бенифиции, а за возврат не му се потребни природни ресурси затоа што ги има во изобилие, не му е потребна евтина работна рака (бар не на Балканот), затоа што ја има во изобилие. Единствено што му треба е партнерство кое ќе му помогне да се наметне на Западниот пазар, и за истото е спремен да инвестира во клучни инфраструктурни проекти кои ќе носат бенифит за локалната економија. И секако, отворени за културолошко приближување, иновации и луѓе кои веќе го познаваат Западниот пазар. А такви луѓе сме баш ние, овде на Балканот. Нашите земји може да бидат мост во една оваква конекција помеѓу Западна Европа и Азија. Заклучокот на цел мој пост го имаш одлично напишано овде. Светот се менува. Моќта се пренесува од САД во Азија. Кина го превзема приматот на светска супер сила, сакале ние или не. Треба да се процени мудро кога да се излезе од едниот воз, а да се влезе во другиот. Само да не ни се деси како што и се деси на бабата. Дала 5 гроша да се фати на оро, а потоа давала 10 за да ја пуштат. Тонењето на Западната империја, со себе ќе донесе големи турбуленции кои највеќе ќе се изразат на земји кои се на периферијата на една оваква империја. Кога нешто колабрира и се руши од внатре, секогаш најмногу страдаат најслабите.
Да не го заборавиме и тоа дека војната во 2001 беше директна последица на признавањето на Тајван. Под директен притисок на САД, и мито де, го признавме Тајван, по што следуваше повлекување на кинеските миротворци кои ја штитеа северната граница на земјава. И после знаеме што се случи. Секој нас чекор е контра Русија и Кина, и секоја таква одлука ни се одбива од глава набрзо потоа. Да се надеваме дека нема да ни се одбие и оваа...
Русија ја знае позицијата во која се наоѓа Македонија....тоа што МПЦ доби автокефалност е добар знак и сигурно не е без руско влијание.
На Русија не и е гајле за МПЦ и автокефалноста, да и беше одамна ќе ни помогнеше по тоа прашање. Туку сега и тера инает на Бугарија и нивната црква кои отсекогаш ОА ја сметале за своја и тоа баш ради руското влијание и наметнување на тоа дека се' македонско е бугарско, па откако Бугарија и сврте грб и е дел од ЕУ, Русија тера инает па неднаш почна така да не уважува нас и МПЦ- ОА.
Jaс како што знам кинески миротворци немало никогаш кај нас, тоа беа војници на УНПРЕДЕП во Македонија кои имаа мандат да ја обезбедуваат северната граница до 26.02. 1999 и беа повлечени бидејќи Кина ни стави вето во Советот на безбедност како контрареакција од нашето признавање на Тајван. Иако тоа што се повлекоа миротворците кои беа околу 1000 на број не беше единствена причина за воениот конфликт кај нас. Во тоа време на Косово беа присутни околу 50 000 војници на КФОР па кога тие не спречија влез на терористите зар 1000 ќе направеа нешто. Сепак конфликтот беше резултат на мн. внатрешни фактори во земјава, а масло имаат долевано и големи сили не е тоа неоспорно.
Русите знаат дека " лажливи браќа " се кријат во Бугарите и дека лесно менуваат курс....не станува збор за инает, туку за прерасподелба некаква, во која Македонија ќе остане со свој идентитет....поради тоа мислам дека токму во овој момент МПЦ доби потполна независност...знак на подадена рака...
Како не знаеа какви браќа се кријат во Бугарите пред да им свртат грб и влезат во ЕУ? Да останеше Бугарија продолжена рака од Русија на Балканов во тој случај планот на Русија ќе си останеше ист како тој на Бугарија, ист народ во две држави кои зборуваат бугарски јазик, ОА е бугарска итн. Ама Бугарите и свртеа грб на Русија, епа исто и таа на нив. Со Русите нема играње игрици за мали деца, нема никаква прераспределба тука, туку само обична реакција на акција од нивна страна.
Не мислам дека е акција на реакција, бидејќи Бугарите беа и со фашистичка Германија, на пример.. Признавањето на МПЦ, како израз на почит и љубов го посматрам. Секако дека многу тоа не знам, испишувам мислење А за Бугарите несомнено е дека во најскоро време ќе променат страна Впрочем, малите државички се секогаш зависни,така е тоа некако....
EU foreign, defense and security policy today can be described in a single sentence. The European Union became the 51st federal state of the United States but without the right to vote. Не очекував овакво нешто од Хрватите. Им прекипе и нив од нивото на кое е спадната ЕУ.
Каде преку ред, Македонија е 51ва. На сите поединечни народи им е прекипено и тоа одамна, ама никој не ги прашува
Уште се присутни навивачите на Русија тука и мантрањето,запад е крив? Да не беше западот,Украина ке се предадеше и се ке беше супер! НАТО, ЕУ,САД се главен виновник , а Русија чиста ко солза,не ни ја започна таа оваа агресија на соседна држава,ниту масакри на цивилно население.Дегутантно! Сега и на Литванија им мрчат.Литванија е НАТО . https://www.danas.rs/svet/kremlj-pr...da-ponisti-nezavisnost-litvanije/?ref=twdanas Ruska Duma razmatra oduzimanje nezavisnosti Litvanije pozivajući se na zakon, prenosi TASS. Naime, predloženo je ukidanje priznanja nezavisnosti Litvanije od strane Sovjetskog Saveza jer ga je, kažu, “usvojio neustavni organ kršeći ustav SSSR-a“. Ниеден путинофил не сфаќа дека Русија ја загуби оваа војна.Русија нема да ја промени власта во Украина. Во меѓувреме пропаста под водството на еден болен автократ е почнато . Крвта на руски војници искористени за мегаломанските територијални апетити на идиотот од Кремљ ,течат во потоци.
Цел нормален свет бега на запад, ние ќе сме се вртеле кон комунизмот Имало бенифиции, ајмооо Голддигеризмот пуштен на најјако Море кажете фала на најголемиот, Тито. Прво Тито, па Господ за македонците. @Cosmi за минута ме претрка за Литванија. На нелегален начин се отцепиле од советите Па после Естонија, Латвија, Молдавија, па ко ќе пуштат таа пресилна руска армија Падна владата во Бугарија. Причина, Македонија. Мхм, обавезно Америка ја нападна Македонија заради признавањето на Тајван Нешо нешо црквата заради Македонија. Азов, Азов, Азов Македонија. Азовци нацисти. Македонија до Индија. Азов 100 и кусур дена, најсилната светска сила не може да ја освои Украина. А па да тргнеа на Полска, леле леле. За 24 минутки ќе ја поминеа Да се редакторам на време за бугарите https://btvnovinite.bg/predavania/l...elezhka-tova-bil-planat-na-petkov-za-rsm.html Ќе сме го добивале на права бре хеј