Драги наши отселеници, зошто ни се срдите на нас тука? Ние само се обидуваме да ја видиме објективно ситуацијата, и врз основа на тоа носиме заклучоци. Дали ни се допаѓа или не, тоа е друго прашање, сосема ирелевантно. Ама тие вашите таму горе освен Холивуд, ништо друго не ви ставаат на репертоар. Тотално комунистички финти ви прават, мислам и Северна Кореја е пообјективна од вашите западни шутраци. Не дека овде не се исти, ама барем се обидуваме да добиеме информации од повеќе страни. Вие не се ни трудите да ѕирнете позади завесата,што ви сервираат, тоа голтате. Затоа, да си знаете дека Нато ќе си ги пакува куферите од многу земји, милом или силом, Украина за жал е минато, а Русот ќе ја тегне војната додека не ве папса и истошти на секое поле, та после и Африка ќе ви се види "ветена земја". Џабе гледате како лисицата во мадињата на орелот надевајќи се дека ќе му паднат. Не паѓаат драги мои. И да, владата во Бугарија падна заради Македонија, а во комунистички услови ќе живее поголемиот дел на западна Европа. Кој разбра - разбра. И за крај, никого не го тангира што сакате вие (ние веќе си имаме такво искуство, и никој од страна не се испотресе за нас, па нема ни за вас) затоа не си ја гневете душата за џабе. Останете со здравје.
Зошто @orevokrsacka се кара со мене, шо згрешив сега Јас барем по сите теми зборам дека во Африка е иднината, ако ништо друго барем греење не треба. Лична исповед- со месеци веќе, не читам вести, известете ме ако се деси нешто битно
Не за тебе, реакцијата ми се однесуваше за Косми и Локејшн. А за Африка... Еее, од кога велам да бирав каде ќе се родам, ете таму сакав. Да трчам боса по цел ден, да ловам жирафи по саваните и да ѕенѕам навечер покрај огнот. Ни струја, ни греење, ни факинг ЕУ стандарди. Ама ете сме...
Мене ми е криво што овде се продолжува со истиот наратив и евтиниот хумор и после толку месеци, кога веќе е излишно да се говори околу војната кога работите веќе стануваат по кристализирани и веќе и очигледно е дека војната ја добива Русија. Не затоа што ние овде сакаме, навиваме, туку затоа што тој е логичниот тек на настаните за кој пишувавме од почетокот на војната. Сите се сложивме впрочем дека војна не сакаме, и најмалку што ни беше нас потребно, на Македонија, беше баш ова. Но, кога е веќе случено, наше е да се прилагодиме на новонастанатата ситуација и поразот за Украина и Западот кој следи. Тоа може да се заклучи и по менувањето на наративот на сите западни медиуми каде што ја тргнаа Украина од насловните страници и скоро па ништо не известуваат за војната, а многу од нив почнаа да ги припремаат оние хардкор заслепени следбеници кои веруваа дека ќе победи, дека уствари губи. Денешната критика на Бајден дека Зеленски не слушал за предупредувањата. Онаа чудната изјава на Арестович нарекувајќи ги европските армии "toy army" и во евентуално обединување (окупирање) на Украинската армија, никој во Европа не може да сопре едно такво соединување. Па и се погласните одекнувања во Западот дека Украина мора да се откаже од територии и да потпише мировен договор. Го припремаат теренот за пораз, а полека медиумски ќе ја фрлат сета вина на Зеленски и Украина. Што, впрочем не е ништо ниво... Ако некој се сеќава од лекциите по Историја за 2СВ, тогаш знае дека Хитлер е поставен и поддржуван медиумски и политички од страна на Западот за да влезе во војна со Советскиот Сојуз. Но, во меѓувреме кога решава да ја нападне Франција, тогаш гледаат сојузник во СССР и ги претставуваат како спасители на Европа, за подоцна, во Студената војна да го сменат повторно наративот и да бидат најголемите негативци. И сега ќе биде така, веќе видено. Ако во нешто победува Западот, тоа е медиумската војна. Но, од друга страна, како што веќе пишувавме претходно, губи воено, губи економски, политички, и ја губи својата моќ на доминирање со светот. Санкциите, за кои сите се надеваа дека ќе ја дестабилизира Русија и ќе им ја крахира економијата, се врати како бумеранг и гледаме инфлација и крах на цел западен свет како што до сега немало во поновата историја. А тек најлошото доаѓа за граѓаните, не за државите. Едни од клучните санкции како што веќе имав пишано овде кога се смееа како Русите ќе живеат без Ајфони, беше тоа што за производство на Ајфони и цела електроника потребни се гасови каде што Русија не држи монопол, но држи огромно количество од колачот. Ги напоменав веќе неонот, ксенонот и аргонот. Неонот е посебно клучен гас за изработка на семи - кондукторите кои се клучни елементи за изградба на процесорите. Русите го снабдуваат пазарот со 50%, додека Кинезите со 30% кои исто така прекинаа да ги извезуваат овие гасови поради недостигот за изработка на чиповите. Моментално се трошат последните залихи кои ги имаат, пред да се случи тотален недостиг до крајот на оваа година, доколку не се смени нешто во меѓувреме. Одличен потег на Путин беше и тоа што датумот за овие санкции му се до крај на 2022, со што ги оневозможува потенцијалните инвеститори да бараат алтернативно решение за изработка на семикондуктори поради можноста на пропаѓање на инвестициите доколку се реши, во иднина повторно да ги извезува овие гасови. А алтернативно решение нема да може да се најде бар во наредните 2-3 години. Доколку имате во план да купите некој електронски уред, автомобил, бела техника, купете сега затоа што цените ќе пораснат драстично во иднина затоа што ќе следи огромен недостиг. Ова беше мудар план на Путин кој со таков мал удар успеа да зададе непоправлива штета на Западот и да им приреди хаос и крах, во индустрија каде што нема да има огромни парични загуби. А можеше тоа да го направи безглаво и да им сопре гас и нафта како што многу повикуваа, и да си ја осакати домашната економија. Со плаќањето во рубљи (сите се сложија на крај како попчиња), склучувањето на нови пазари за извоз на овие енергенси, енормниот раст на цената, Русија има рекордна заработка во последниве неколку месеци, поголеми од заработката за цела мината година. И тоа е разликата помеѓу рационални санкции каде што нема да патат граѓаните, и нерационални санкции каде што цел терет ќе падне врз грбот на граѓаните кои ќе плаќаат огромни цени, инфлација, а многу од нив и ќе останат без работа. Тешко нас, на цела Европа кога ќе дојде зимото. И во САД не е сјајна ситуацијата. На воен план е веќе јасно секому дека војната е загубена, но ќе оди споро освојувањето и ќе трае и трае се додека не се седне на маса и Украина се реши да потпише договор. Освоените територии нема никогаш да ги вратат. А она што ќе остане од земјата, ќе биде економски осакатена за навек и самостојно неиздржлива, во ранг на банана републики како севернава. Веќе прекинаа да исплаќаат пензии, плати и останати приходи за Херсонската област, Запорошката, ДНР и ЛНР. Така да, свршен чин е тоа. Последна новост е дека почнала регрутација и на жени во армијата, после 6 регрутации на мажи. Моментално се водат огромни битки и полека попушта фортификацијата на Украинците долж линијата Северодоњецк/Лисичанск. Зеленски нареди повлекување на линија Сиверск - Бахмут - Авдеевка, додека главниот генерал предложи да се повлечат уште повеќе на линија Славјанск - Краматорск - Авдеевка. Ова создава голем проблем, бидејќи со овакво намалување на линијата на фронтот, се ослободуваат околу 35-40к руски војници кои може да се префрлат во некоја друга област. Најверојатно ќе биде во правец на Николаев - Одеса, со што ќе започне третата фаза на операцијата, како што ја најавија Русите уште пред месец дена. Планот им е тој, кога ќе паднат уште овие 3 града (Севернодоњецк е 90% под нивна контрола), ќе се префрлат на освојување на цело крајбрежје на Црното море и освојување на Одеса. Ова се најбитните и најпрофитабилните региони во цела Украина кои сочинуваат 40% од БДП на цела земја. За како тоа всушност Западот им помага(ше) на Украина и колку животот им стана полош таму, сведочат и податоците за БДП. 2013 година до 2020 год, пред Мајдан и превземањето на директна контрола од САД. 2013 - 183 милијарди долари. 2014 - 133 милијарди 2015 - 91 милијарди 2020 - 150 милијарди - раст, но со раст на долгот од 30% во 2013, до 80% во 2015. Во 2020 е спуштен на 64% поради приватизацијата на сите капитални претпријатија (продавање на се што вреди). Е оваква е помошта од Запад, и "демократијата" која ја наметнуваат. Секоја сличност со Македонија во транзицијата не е само сличност. Моментално којзнае колку им е БДП-от, а колкав долгот. Сигурно е се отидено во плафон. И за крај, големите сили веќе го прават следниот потег. Огромно количество на оружје кое е праќано од САД во Украина, по некои чудни канали завршува во Африка. Каде што се спрема новата војна, и новото жариште. Веќе напишав како Кина на големо инвестира таму и го шири своето влијание. Истото го прави и Русија. Следната војна ќе биде токму за колониите во Африка.
Такви работи кружат од личности кои се подолго во оваа проблематика и имаат познавања и информации од прва рака за да ги пласираат во јавноста. Дејан Бериќ, последно кажа дека огромно количество на оружје од Америка не завршува во Украина, туку во Косово и Полска, па потоа се транспортира во Африка каде се спремаат нови жаришта. Имаше и доста инфо со Џавелини и NLAW кои се продаваат на црниот пазар во Европа и Блискиот исток. Којзнае колку од нив ќе завршат кај терористички организации кои во иднина може да прават напади во Европа. Има огромен одлив на оружје и секоја будала има пристап до него. Што би ги спречило утре да гаѓаат некоја зграда или трговски центар? Се плашам дека стабилноста ќе се влоши рапидно по извесен период во Европа.
НЕ ЗА ВОЈНА , ДА ЗА МИР ВО СВЕТОТ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Сега откако санкциите против Русија најмногу ја погодија Европа, толку ли беше од поддршката за Украина!? СТОЛТЕНБЕРГ: Украина да отстапи територија за мир, НАТО помага тоа да не биде многу Инаку биолабаратории и во Бугарија, тестирале вируси врз Бугарите, сега ми е јасно зошто ваква штракната политика водат. ШОЙГУ: ЕТО ГРАДОВЕТЕ КЪДЕТО ИМА БИОЛАБОРАТОРИИ В БЪЛГАРИЯ
https://btvnovinite.bg/bulgaria/deputatite-stignaha-do-boj-v-narodnoto-sabranie.html Не била Македонија крива, Украина е крива. Денес тоа. Од утре ќе видиме кој ќе е крив. Сите се прошетаа низ Киев, само Путин не. А само тој сам си го плаќаше превозот до Киев. Со куп обезбедување, со сФе. Мислам дека треба да ги тужи за дискриминација денес Утре за друго. Spoiler: Гревов https://twitter.com/BBCSteveR/status/1537481465528832002?t=pI1_z997-9orVt3dKCRAjA&s=19 Не сме безгрешни, но сме истински Западот праќал оружје, ама без муниција Август ќе е жешко и тешко. Изгледа и Макрон кандисува веќе, нема да и го бели образот на Путина ама кроце, полека. Деспасито. Нема потреба од брзање Русите окупираа 20% од територијата на Украина. А на 24 фебруари имаа 70% ама јбг, сега е 20. Идемо даље накај 30ка сега. Може тогаш на Европа да и се уклучи црвеното светло. После Молдавија, па Литванија... има уште 15-6 дела за да биде цела
Истата реторика на Русија,таа што патриотите масовно ја подржуваат. Овој пат од страна на Бугарија. Македонија за нив е Бугарија. Украина за русите Русија. Ама кој да им нацрта на нашиве русофилски подржувачи. Исто колку што ова на нас Македонците ни смета им смета и на Украинците бидејќи ниту ние сме Бугари ниту Украинците се Руси. https://sdk.mk/index.php/naslovna/m...vfNgE6nu9-FVceBQKEBRoYs#.YrbatqxWUpA.facebook
Само разликата е што Украина ја притиска од едната страна Русија, а од другата страна ЕУ позади затворени врати така намазано и софистицирано. Исто како што нас нѐ притиска да се бориме да влеземе во ЕУ и не смееме да кажеме ,,не" на ниту еден нивни предлог - така и они ја притискаат Украина да се бори до последно, и да влезе во ЕУ и НАТО, ѝ раскажуваат бајки пред спиење, ради тоа што поентатата е Русија да ја направат сечив непријател и не смеат да им свртат грб како што ние не смееме и секоја наша одлука е претходно издиктирана од некаде. У превод - немаат никаква корист од нив (освен долевање на оружје), ама ги залажуваат со тоа влегување во НАТО исто како нас што ни прават. Така што да не беше НАТО и нивното финансирање и мешање од страна, Украина ќе капитулираше одамна. Т.е. немаше ни да дојде до војна. Под капитулирање не подразбирам Украина да стане дел од Русија како што дел од темава тука уште мислат. И, да. Има огромна разлика како и кога се формирала Украина, а како и кога Македонија.
Lugje ova so vojnava vo Ukraina otide v bestraga. Sega koga stetata e napravena pravo so samiot napad na Rusija vrz tugj suverenitet. Se napravi steta I vrz ostatokot na svetot kade ja osekjam posebno so hranata . Se napravi greska Sto voopste ne sednat Kako lugje Zelenski I Putin.Malce rezoniranje.n Sega koga vojnata otide predaleku I vekje gubi teritorii Zelenski ne po diktat na zapadot,tuku da sednat so putin.dosega trebase da sednat I toa bese najgolemata greska.n
Еве го и Драги падна. Англија, па Италија, следни се Германија и Франција. На Шолц им извадија тешки скандали со силување, Макрон со Убер. И нашава нема да тера долго... Пишав тогаш дека со доаѓањето на зимото, ќе има немири меѓу народот и промена на многу влади, ама кој можеше да претпостави дека сред лето ќе почнат да паѓаат како кула од карти, и тоа на главните ЕУ држави. Со престигнување на еврото од страна на доларот, се потврди и таа теза дека Европа ќе тоне и тоне, а Америка ќе има привиден раст. Но, како ги губи третите земји од каде што црпи ресурси, така ќе почне да ја опоравува својата економија на грбот на "пријателските" земји, ЕУ, Британија, Канада и Австралија. Тешко на нас, поданиците.
Последно вака ги повика пред 24 февруари. Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина Соединетите Американски Држави синоќа ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина. „Безбедносната ситуација низ Украина останува брутална и непредвидлива поради континуираните напади од Русија, активните непријателства во земјата и неизвесните безбедносни услови. Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани да не влегуваат во Украина, а оние во Украина веднаш да ја напуштат, користејќи превоз ако е безбеден“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев, пренесува ПРМ.УА. Амбасадата, исто така, бара од Американците да избегнуваат масовни собири и организирани настани, бидејќи тие би можеле да станат цел на руската војска каде било во Украина, вклучително и западните региони.
ВИДЕО: Зеленски нареди евакуација на Донецк Украинската влада нареди задолжителна евакуација на Доњецк, источниот регион кој е место на жестоки борби со руските сили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во телевизиско обраќање до јавноста, Зеленски рече дека стотици илјади луѓе кои се уште се во конфликтните зони во пошироката област на Донбас исто така мора да заминат. „Колку повеќе луѓе го напуштаат Донецк сега, толку помалку луѓе Русите ќе имаат време да убијат. Колку повеќе луѓе го напуштаат Донецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие“, рече тој, додавајќи дека евакуираните ќе бидат обештетени. „Многумина одбиваат да заминат, но сепак треба да се направи“, рече тој. „Ако имате шанса, ве молиме разговарајте со оние кои се уште се во конфликтните зони во Донбас. Ве молиме убедете ги дека мора да заминат“, рече Зеленски. Вицепремиерката Ирина Верешчук изјави дека евакуацијата треба да се изврши пред почетокот на зимата бидејќи се уништени резервите на природен гас во тој регион, пренесоа украинските медиуми.
Овој стварно е зелен во паметот. Имашливите и снаодливите заминаа.Немашливите немаат средства, не е дека им се седи таму во ваква ситуација.Ретки се тие што седат оти не им се напушта. Ако е толку грижлив што не им среди евакуација, туку седи, лапа и им вели сами да заминат? Кретен исто колку и Путин.
Небаре греењето и индустријата во Македонија се на руски квас а не на гас. Не разбирам зошто ѝ се потребни на Македонија вакви донирачки авантури, сосема непотребно провоцирање на РФ. https://plusinfo.mk/skop-e-napravi-...n-iskara-zoshto-doniravme-tenkovi-na-ukraina/